Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Вчера вечер, во рамки на Малиот новогодишен саем на Темплум кој се одржува во Галеријата Метаноја, беа доделени наградите на победниците на конкурсот за стрип наградата Лифт. На петтиот конкурс за стрип наградата Лифт стигнаа 19 стрипови од 18 автор(к)и. Единаесетгодишниот Борјан Андреевски, кој беше најмладиот натпреварувач,на конкурсот учествуваше со три стрипа, а Петар Миљковиќ со два. Два авторски тандема испратија по еден стрип, ...
Следнава статија* е објавена за прв пат на 8 јануари, 2015 г. во весникот „Македонска Трибуна“, печатениот орган на Македонската патриотска организација (МПО)**. Во текстот тогашниот претседател на МПО, Џордан Лебамов, ги споделува своите видувања за стратешките насоки во кои треба да се движат дебатите поврзани со современите манифестации на Македонското прашање. Уште од времето кога за прв пат ѝ се посветив на МПО, пред многу години, ја ...
Буџетот е во Собранието, е најголем до сега, но она што е одвоено за животна средина е маргинално, само 0.65%, посочуваат од О2 Иницијатива - организација за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина. . Сите овие изминати години, овој процент е минимален и почнува со НУЛА, со исклучок на 2022 година каде се издигна над 1% од Буџетот, но колку ќе биде реализирано на крај на годината, останува отворено ...
Европската иницијатива за климата (EUKI) упати 7-ми јавен повик за климатски акциски проект на 25 ноември, за забрзување на климатските активности во Европа. Непрофитните организации од граѓанското општество, академската заедница, приватниот сектор, образованието и општините можат да аплицираат до 13 јануари 2023 година. Повикот се однесува на земји во Централна, Источна и Југоисточна Европа (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, ...
Сакав да ти го покажам родниот крај: сиромашни села во кои се рони црвеница од фасадите. Нашиот стисок беше топол како во пролет додека зујат пчелите, а снежните траги се завеваа по ридовите со смрека и шилест камен... Сега е минато тој лековит ден, таа зима, и ние неутешно сме сами. Да не се заборавиме, во писмата ми праќаш малечки сонца. Место одговор, чекаш во собата да влезам. Јас уште не се враќам, а толку силно сакам, па дете-лик ме ...
Вечерва со почеток од 20 часот, во галерија Метаноја, ќе се одржи доделувањето на петтата по ред стрип наградата Лифт, која ја доделува издавачката куќа Темплум. На петтиот конкурс за стрип наградата Лифт стигнаа 16 стрипови од 18 автор(к)и. Тројцата најдобро оценети автор(к)и ќе бидат наградени со книги и стрипови од книгоиздателствата Темплум и Бункер во вредност од 500 евра (250 евра за првата/првиот, 150 евра за втората/вториот и 100 евра ...
На 1 декември во киното Фросина во МКЦ од 21 ч. ќе се одржи промоција на романот „Засолниште во времето“ со гостување на авторот, прославениот бугарски писател, Георги Господинов. Романот од бугарски на македонски го преведе Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ на издавачката куќа Или-Или во Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. ...
Со одлуката на грчките судови да го регистрираат Центарот за македонски јазик во Грција во Лерин, објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година, на сите оние коишто злонамерно го толкуваа Преспанскиот договор сега им се отвори можност да си олеснат на душата и да ја прифатат реалноста: Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес. Вредно е да се нагласи и прифати дека во случајов ...
Земјоделското производство последниве години станува се поактуелно и атрактивно за инвестирање или започнување на семеен бизнис. Случувањата со пандемијата и војната во Украина уште повеќе ја потенцираa важноста на оваа стопанска гранка, бидејќи се работи за храната на граѓаните. За нашата држава земјоделското производство е стратешка стопанска гранка која има директна поддршка со субвенции од буџетот. Нашите земјоделци годишно на располагање ...
Хелга Стенцел е уметница родена во Сибир, со седиште во Лондон, Велика Британија. Таа работи со широк спектар на медиуми, вклучувајќи илустрација, фотографија, видео и стоп анимација. Серијата на фотографии со наслов "Модна линија - животни" содржи некои од најпознатите дела на Хелга. Разиграноста и едноставноста на идеите се во контраст со фините детали на употребените ткаенини и на пејзажот. Секој лик има своја уникатна личност, ...
Во 1912 година во Првата балканска војна Србија мошне брзо воено влезе на Косово и таа територија мошне брзо ја присоедини на српската држава со територијата на Санџак и дел од Македонија. Тогаш весниците биле полни со патриотски восклици, се зборувало дека е осветено Косово, дека е остварено лазаровото ветување, дека е вратена српската средновековна држава и така натаму. Во тој момент никој не му одолеал на таквиот патриотизам, па дури ни ...
По смртоносниот пожар во станбена зграда во кинескиот регион Ксинџијанг - за кој многумина вината ја бараат во затворањата поради Ковид-19 - кинеските демонстранти излегоа на улиците за да бараат крај на строгите ограничувања спроведени поради пандемијата. Дури и пред да избијат протестите, имаше знаци дека администрацијата на претседателот Кси Џинпинг се подготвува да ја повлече скапата политика нула , иако точната временска рамка сè уште ...
„Ми треба ново тело“ е дело на младата кореографка и изведувачка Викторија Илиоска која живее и работи помеѓу Северна Македонија и Германија, каде што всушност магистрира на одделот по Кореографија и Перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг. Таа и во ова дело, како и во нејзините претходни, ги истражува односите меѓу поимите за идентитет, женската енергија, женската изведбеност и застапеноста на ...
Формирање на фонд за медиумски продукти е законско решение на кое ќе работи Здружението на новинари во првите шест месеци од новиот мандат, со цел да се подигне и квалитетот на сите медиуми. Тоа значи дека новинари, групи на новинари, сниматели или фоторепортери, па и самите медиуми ќе можат да аплицираат за добивање пари за креирање на квалитетна содржина, најави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски и ...
Една вечер кога тој пак доцна се прибра дома, жената не ја запали ноќната ламба. Не го праша каде се задржа. Ништо не му рече. Само се сврти кон ѕидот и подобро се завитка со јорганот. Тој застана кај вратата. Почека малу. Жената како да не го сети неговото доаѓање, мирно си лежеше во креветот. Тој почна да се соблекува. Жената сè така си лежи смолчена... Тој неколкупати погледна кон креветот. За секое нејзино прашање имаше готов одговор. Но ...
Заблудите никогаш не можеш јасно да ги видиш. Тоа е како да бркаш сенка. Пренесено од Дојче веле Оваа есен филмскиот свет беше погоден од неверојатно силната германска воена драма за Првата светска војна „Сѐ е мирно на Западниот фронт“ работена според прочуениот роман на Ерих Марија Ремарк. Филмот е именуван така според преводот на англиски на романот на Ремарк. Оригиналниот германски наслов на романот е Im Westen nichts Neues и во поранешна ...
Пердасдефогу изгледа како секое друго село на Сардинија. Има црква од предроманскиот период, централен плоштад и шармантни мали продавници. Ништо особено впечатливо, може да се каже, сè додека не сфатите дека таму живеат повеќе стогодишници по глава на жител отколку на кое било друго место во светот. Сега во селото има девет стогодишници од 1.780 жители, што е признато како рекорд во Гинисовата книга. Најмладата стогодишничка во Пердасдефогу ...
На 30 ноември, во 12 часот во МСУ-Скопје, професорот Душан Перчинков ќе одржи предавање во кое што тој ќе се осврне на различните фази на креативниот процес. На 30 ноември, во 12 часот во МСУ-Скопје, професорот Душан Перчинков ќе одржи предавање насловено „Концепт за ликовен израз“ во кое што тој ќе се осврне на различните фази на креативниот процес со акцент на концептот како нешто што е дел и од практичното приближување кон формирањето на ...
Објектот на месната заедница Тафталиџе, популарно наречен „Домче“ во првите години од своето постоење послужил за сместување семејства чии домови биле разурнати од земјотресот во Скопје во 1963 година. Потоа, во просториите на домчето се сместило Културно-уметничкото друштво „Цветан Димов“. Во еден дел од објектот имало народна библиотека со голем фонд на книги, а некои од просториите преминале во своевидни сали за спорт и рекреација. ...
"Чувари" е наслов на колекцијата скулптури на уметниците Марија дел Кармен Мендоза Мендез и Јакобо Анџелес Оједа, преку која тие им оддаваат почит на митските суштества од Оаксака, местото каде го поминале нивното детство. Скулптурите се направени од мекото дрво копал (дрво кое произведува смола - темјан) и преку нив се претставени фантастични суштества кои се поврзуваат со мезо-американската духовност и мексиканската народна уметност, ...
Бројни истражувања покажуваат дека фудбалот е најпопуларен спорт на светот. Има околу 3,5 милијарди навивачи, втор е крикетот со 2,5 милијарди, трет кошарката со 2,4 милијарди, четврти е хокејот со 2 милијарди, а петти тенисот со 1 милијарда. Покрај тоа, околу 250 000 милиони луѓе редовно играат фудбал. Бројни се причините зошто тоа е така, но меѓу клучните најчесто се споменуваат брзината, непредвидливоста, демократичноста и друштвеноста на ...
За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година како Македонци се изјасниле 1.143 лица, иако се прикажани во колоната „други“. Ова вчера беше презентирано во бугарскиот Национален статистички институт во Софија. Македонците и другите помали етнички групи ги немало во пописните резултати, но на новинарско прашање на прес-конференцијата кои се другите етнички групи, сосема на крајот биле спомната бројката. ...
На седумнаесеттиот конкурс „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик, годинава учествуваа 11 ракописи: Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ – Лина Димоска Митосказанија – Димитар Арнаудов Недоучен живот – Иван Атанасков Љубов во време на фејсбук – Арлинд Фаризи Љубов низ призма на планините – Ивана Крстова Животот нема цена – Наташа Стојановска Анастасија – Милка Минкова Заглавен во квечерината – Никола ...
И годинава, по тринаесетти пат, ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книги на Темплум. Изминатите 12 години саемот најчесто се одржуваше во ГЕМ клубот (одамна згаснат) и во МКЦ. Годинава за прв пат саемот ќе се одржи во првата недела на декември (обично се одржуваше во последната недела на последниот месец) и за првпат во галеријата Метаноја, во центарот на Скопје, улица Максим Горки број 19. Како и секогаш, малиот саем има повеќедневна ...
Пукнатината беше од внатрешната страна и толку мала што можеше да се забележи само ако се гледа од таванот каде беше прицврстен лустерот. Гостите ништо не знаеја за пукнатината. Кога доаѓаа лустерот си беше на своето место, а оздола не можеше ништо да се види. Но тоа што не можеше и што не му беше никому нужно да го види и знае – во неа, во нејзината свест се запечати како единствен белег, како единствено нешто што можеше и требаше да се види ...
Камерата полека поминуваше покрај фудбалските играчи. Ги гледавме еден по друг, додека крупниот план покажуваше ист одлучен израз на лицата. Не мрдна ниеден мускул, устите им беа стиснати. Десет млади момчиња во црвени дресови и еден во син дрес стоеја рамо до рамо во големиот момент. Тешко е да се знае што се одвиваше во нивните глави. Уште потешко е да се знае како дојде до тоа: кога се договориле дали сите веднаш се сложиле, кој иницирал, ...
И покрај значителното зголемување на државниот буџет планирано за 2023 година, здравствената заштита за превенција се намалува за дури една третина во споредба со претходните две години, а кратење има во дури 7 од 10 превентивни програми, алармираа граѓанските организации ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Платформата на организации за заштита од ХИВ на денешната конференција за печат што се одржа пред Собранието на ...
Новите измени на Кривичниот законик кои беа изгласани на 21.11.2022 (во прво читање) го инкриминираат демнењето како ново кривично дело. Со новите одредби се предвидени и санкции за сторителите, а истовремено се обезбедува и заштита за жртвите. Новиот член од Кривичниот законик, кој беше изгласан вчера (во прво читање) гласи: „Демнење Член 144-а (1) Тој што повторено неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот ...
Најпознатата и најубавата амбиентална улица во Битола, во државата и пошироко на Балканот, битолски Широк Сокак, полека старее и се руинира иако е ставена под заштита на државата како културно наследство. Заедно со велелепните градби на Широк Сокак пропаѓаат и неколку десетици други објекти кои се во централното градско јадро, старите конзулати, објекти покрај реката Драгор, а да не зборуваме за голем број разурнати и оштетени дуќани во ...
По 2017 год. стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Оваа година обезбедивме 500 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно, а бројката ...