Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Проблематичната Ева се пробивала со својата убавина како тв водителка, па стекнала висок политички статус. Но како вечен фракционер во ПАСОК е испратена подалеку од националните граници. Така, вирусот од ова поднебје - не ми треба функција ако нема гоолема лична корист – се раширил на „трулиот“ Запад, кој за Балканците и онака е простор каде парите лебдат во воздухот како пелудот од тополата и само треба да се соберат. „Како што тргнало, овие ...
Вечерва (22 декември), со почеток од 19 ч. во Europe House ќе се одржи промоција на трите книги од едицијата АРГО на издавачката куќа Или-Или: „Вистинска приказна“ од Лукијан од Самосата (превод од старогрчки), „Медеја“ од Л.А. Сенека (препев од латински) и „Втора филипика“ од М.Т. Кикерон (превод од латински). Преводот на книгите е на Светлана Кочовска Стевовиќ. За книгите од едицијата АРГО ќе зборуваат: Весна Димовска (Институт за класични ...
Во студената ноќ на 22 декември во 1908 година во Велес, мајката Марија и таткото Апостол Солев се радуваа на својата прва рожба. Ниту сонуваа дека новородениот син ќе биде значен дел од конечното создавање на државноста на македонскиот народ, кој заедно со создавањето на државата ќе придонесе и за отворањето на патот кон слободата и социјалната правда коишто ќе ги воспева низ неговата поезија. На тој ден се роди Коста Солев Рацин, човекот ...
Во доцните 1980-ти, селото Дафен во Шенжен, Кина - дом на неколку стотици луѓе – се претвори во она што денес е познато како „светска фабрика за уметност.“ Во текот на изминатите триесетина години, производителите произведоа илјадници копии на добро познати слики од западните мајстори како Винсент Ван Гог, Леонардо Да Винчи и Едгар Дега. Во долгометражен документарец под наслов Кинески Ван Гоговци, филмаџиите прават интимен портрет на ...
Организацијата Pesticide Action Network Europe (PAN Europe) уште еднаш предупреди дека европските земјоделци не ги поддржуваат напорите употребата на пестициди во овоштарството да се сведе на минимум. Иако европската стратегија планира да ја преполови употребата на овие хемикалии до 2030 година, последниот извештај покажува дека овошјето никогаш не било позагадено како во последните години. Повеќе од 44.000 примероци на свежо овошје биле ...
Приказна за permacrisis, gaslighting, woman и goblin mode. Првите пе-чес збора склепани во насловот пред „или“ се мои (некои се као демек општоприфатени) преводи на четирите предбожиќно и новогодишно објавени зборови на годината у енглеско говорно подручје со коешо ја се занимавам; значи, по насловски редослед, permacrisis (според Колинс речникот, мојот најмалку омилен); gaslighting (според Мерием-Вебстер, речник шо баш го сакам, зашо зборот ...
Објавата на Леонел Меси, споделена на Инстаграм откако Аргентина стана светски првак во фудбал, со над 68 милиони лајкови стана најлајкуваната фотографија во историјата на социјалната мрежа Инстаграм, според Гинисовата книга на рекорди. Иако победничкиот гол го даде Гонзало Монтиел, и донесе триумф за целиот аргентински тим - а всушност и за целата земја, која вчерашниот ден (21 декември) го прогласи за национален празник, - победата беше ...
Тајванскиот скулптор Хан Хсу-Тунг наоѓа невообичаен начин да ја изрази својата уметничка визија. Користејќи мек западен кедар или лаосска ела, Хан изработува дрвени животни и фигури кои покрај нивната основна форма се изматени во пиксели. Секое дело ја меша компјутеризираната визија со традиционалниот медиум, укажувајќи на "расфрланата" природа на виртуелниот свет и на тоа како индивидуалните елементи се суштински за целината. Извор: ...
Чобане врати се!,- покажува анктетата на ИРИ според која македонските граѓани довериле највисок политички рејтинг на Никола Груевски. Зошто воопшто во анкетната листа се нашло името на илегалецот од Будимпешта кој воедно е на црната листа на САД е друго прашање, но довербата што му ја дале граѓаните навистина е феномен за подлабока анализа. Анкетата дава и други интересни психолошко- социолошки сигнали –две третини од граѓаните (73 отсто) ...
Изгледа дека Илон Маск во еден момент почувствувал празнина - доволно голема за да плати цели 44 милијарди долари за Твитер. Тој е еден од пионерите на онлајн плаќањето, човек кој ја промени автомобилската индустрија, го револуционализираше патувањето во вселената и експериментираше со директен интерфејс помеѓу мозок и компјутер. Револуционерните технологии го направија најбогат претприемач во светот. Но бројните достигнувања и богатството не ...
Феминистичката платформа „Медуза“ прославува четврти роденден со промоција на новата публикација „Променливо облачно“, како и промоција на феминистички „зин“, труд на учесничките од школата Фем 101, која оваа година тие ја организираа во соработка со „ТииитИнк“. На 22 декември, четврток, со почеток во 20 часот, тимот на „Медуза“ ќе ги претстави овие две печатени изданија во кафе-барот „Котур“. Роденденот ќе биде прославен и со гледање на ...
Добро, има ли барем некој судија доброволец да преземе одговорност за новиот скандал со случајот Таргет-Тврдина?! Се разбира дека нема таков. Да не си го маеме паметот, другарчиња. А таков нема бидејќи мрежата на фамилијата во судските органи беше ткаена години наназад и таа мрежа е сè уште активна. Како и во сите други органи. На сите нивоа на власта, впрочем. Инсталациите се активни и денес. Сè уште си роварат по познатиот тертип. Таа мрежа ...
Кога Втората светска војна го преработи сценариото на секојдневниот живот на Американците, саканите ликови од цртаните филмови исто така добија свои нови улоги. Пајо Паторот (најголемата ѕвезда на Дизни во тоа време) облече маскирни пантолони како регрут во армијата на Соединетите Држави, додека Мини Маус го рециклираше остатокот маснотии од сланина за да направи експлозиви. Вујко Сем ја ангажираше целата екипа на Дизни, прераспределувајќи ги ...
Војната во Украина, но и загриженоста за долгорочните закани од Русија и Кина, предизвикуваат силен притисок за зајакнување на капацитетите на САД за производство на оружје, пишуваат аналитичарите на Њујорк Тајмс. Изгледите за растечки воени закани и од Кина и од Русија ја поттикнуваат поддршката за зголемување на трошоците на Пентагон. Тоа претставува уште еден потенцијален бум за производителите на оружје, кој најверојатно ќе се прошири ...
Пренесено од Дојче веле Сведоците кои биле скриени во некои долапи, а еден имало бесшумен, како сенка, зад завеса гледале чудни настани. Како во филмот „Враќање во иднината“ во одаите на скопскиот Апелациски суд се премотувале назад филмските ролни кои почнаа да се снимаат кога излезе аферата со прислушувањето за да се вратат настаните на почеток и иднината да се прекомпонира. Барем до моментот кога тогашниот претседател Ѓорге Иванов ги ...
Меѓународната федерација на новинари (IFJ) неодамна го обнови својот повик до меѓународната заедница за конкретна акција за заштита на безбедноста и слободите на новинарите, бидејќи се бележи скок на бројот на новинари убиени или затворени во текот на 2022 година. Повикот, објавен на Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), ја истакнува важноста и итноста на гласањето за предлог Конвенцијата на Меѓународната федерација на новинари ...
Графички генерирани портрети на Блаже Конески, изработени со помош на вештачка интелигенција, по повод 101 година од неговото раѓање. Како направив AI модел од Блаже Конески? За да создадам модел за Конески искористив 24 негови фотографии, двојно повеќе од оние што ги користев за Гоце Делчев, што е добро за машинското учење. За тренирање на модел со ликот на Конески повторно ја користев процедурата опишана во следното видео упатство. Моделите ...
Пред десетина години, кога платформите за олајн прикажување на филмови сè уште немаа земено замав, холивудските ѕвезди можеа да бидат сигурни дека нивното место на А-листата е сигурно доколку нивниот филм ги освоил првите места во кино благајните. Денес постојат поинакви мерила на популарноста, а успехот се мери и според бројките на гледаност на Netflix или соопштенијата за јавноста околу популарноста на филмот на платформата HBO Max. ...
Стојам во мрачна светлина во мрачна улица и го гледам својот прозорец, тука сум роден. Светлата горат, други луѓе по куќата се мотаат. Имам мантил за дожд, цигара меѓу усните, шешир врз окото и рака врз пиштолот. Ја преминувам улицата, влегувам во зградата. Кантите за ѓубре сè уште смрдат исто. Се качувам на првиот кат; Џек Валканото Уво трга кон мене со нож... Истурам во него рафал изгубени часовници. Превод: П. В. Грегори Корсо (Gregory ...
Сексот и врските во голема мера се обработуваат на терапија. Без разлика дали станува збор за конфликт со партнерот или брачниот другар, одлучување дали ќе останете во врска или не, болка и збунетост по раскинување или развод, фрустрации поврзани со одењето на состаноци и самечки живот или прашања поврзани со сексуалноста, терапијата може да пружи интимен и релативно објективен простор за стекнување увид и учење вештини. Проблемот е во тоа ...
Пукна огромен аквариум со милион литри вода во него, кој се наоѓал во фоајето на хотелот „Радисон Блу“ во Берлин, поплавувајќи ги просториите на хотелот и околните улици. Во „Аквадом“, најголемиот самоносечки цилиндричен аквариум во светот, висок 14 метри, имало 1.500 тропски риби. Од полицијата велат дека две лица се повредени од парчиња стакло додека гостите се евакуирани од хотелот. Аквариумот бил модернизиран пред две години и ...
Твитер синоќа ги суспендираше профилите на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск, а милијардерот одговори со твит дека правилата за забрана за објавување лични податоци важат за сите, вклучително и за новинарите. Суспендирани се профилите на репортерот на Тајмс, Рајан Мек, новинарот на Пост, Дру Харвел, новинарот на Си-Ен-Ен, Дони О’Саливан и новинарот на Машебл, Мет Бајндер. Суспендиран е и ...
Се сеќавам на перчињата коса врз вратот, меки и влажни како винова лоза, на нејзиниот брз поглед, откосо, и блесокот на палава насмевка; кога нешто ќе ја натераше да зборува, лесните слогови сами се занишуваа, а таа балансираше во уживањето на мислите, како царче, среќно, со опашката кон ветрот. Од нејзината песна трепереа гранчињата. Сенката ќе ѝ се придружеше во песната, лисјето шепотот ќе го престореше во бакнежи; во изгорените долини ...
Отпорноста на земјоделскиот сектор на Европската Унија беше на тест последните две години. Пандемијата на коронавирус предизвика прекини во трговијата и ги зголеми цените на суровините, а потоа руската инвазија на Украина доведе до уште повисоки цени на инпутот и енергијата. Како резултат на тоа, цените на храната вртоглаво пораснаа, а трговијата беше дополнително нарушена Тука се и климатските промени кои сè почесто резултираат со неповолни ...
Спенсер Хансен e интердисциплинарен уметник чија имагинација и интелект се испреплетуваат создавајќи игрива уметност, смислено дизајнирана и конструирана. Неговите дела, скулптури на наобични карактери, од најмали ликови до ликови со природна големина, облечени во костуми и со маски на лицата, го истражуваат идентитетот и поврзаноста на нештата. Користејќи првенствено природни, пронајдени и рециклирани материјали, како дрво, метал, коски, ...
Поттикнат од неверојатно брзиот развој на графички генерираната уметност, создадена со помош на вештачка интелигенција, и јас решив малку да експериментирам со неа. Па, зошто експериментот да не биде корисен, да создадеме база на илустрации, фотографии и уметнички дела со ликот на Гоце Делечев. Инспирација влечев и од првите генерирани слики со AI на Горан Стефановски, изведени од Бранко Прља и Владимир Карер, објавени на Arno.mk. Како се ...
Историчарката Латинка Перовиќ вели дека во историската наука е нужно најпрвин да се идентификуваат процесите, па дури потоа да се следат; без оглед дали добиените резултати се непожелни за општеството. А што од сето она до кое дојде оваа угледна историчарка по смената од местото секретар на ЦК на СК на Србија (српски либерали, 1968-1972), стана „непожелно за општеството“? Веројатно нејзините оценки на српската политика во последната деценија ...
Според истражувањето засновано на сателитски снимки од Програмата за безбедност на храната и земјоделството на НАСА, Украина загубила најмалку една милијарда долари од пченицата собрана на територијата окупирана од Русија. НАСА користела модел на машинско учење кој ги мапира промените во текстурата и бојата врз основа на сателитски снимки направени од 12 до 26 јули, и на тој начин ги мапирала локациите на посевите што биле ожнеани, и на оние ...
Додека во Велика Британија се водат дебати дали треба да се воведе закон според кој дофрлањето на жените на улица треба да биде казниво со затврод, до две години, во земјите со привидна демократија, основните човекови права го “нввредуваат” општеството, поточно одредени членови на општество, или нивните традиционални вредности. Мизогено, хомофобично, ксенофобично... општествато како на пример она во Босна и Херцеговина секогаш го бара ...
На 16 декември, со почеток од 19 часот, во спомен-собата „Т’га за југ,“ во Градската Библиотека "Браќа Миладиновци" Скопје ќе се одржи промоцијата на најновата, втора поетска книга на Ирена Јурчева „Огнот наш нестишен“ во издание на „Современост“. За книгата ќе говори Верица Мукоска, а стихови ќе читаат Катерина Гогова и Софија Тодороска. Збирката „Огнот наш нестишен“ од Ирена Јурчева е суптилно, но наполно свртена кон индивидуалниот, ...