Cat Art Show е насловот на изложбата која вклучува 70 дела во кои уметниците ги користат мачките како инспирација за нивните дела. Изложбата е составена од скулптури, слики, колажи и различни други дела од уметници од 16 земји, и е дело на Сузан Михалс, кустос и новинарка која во 2019 ја напиша и книгата „Мачки. Фотографии 1942-2018 година“, собирајќи стотици фотографии од фотографот Валтер Чандоха. Александра Дилон Ванеса Стокард Ендре Пеновац ...

14/10/2022 12:02 - Окно

О, умеам јас да викам и вриштам, умеам и да се смеам и пеам, но кога сакам да свиркам - е тогаш само зевам. Технички имам добри методи и устата ја вежбам, главно кришум; но кога дувам само воздухот оди и не се слуша ни шум. Ќе се трудам сепак да дознаам како се свирка гласно и јасно, за еден ден, кога ќе свирнам, сите да речат: прекрасно. Превод: П. В. Jack Prelutsky (1940), американски поет, роден во Бруклин. Пишува исклучиво поезија за деца и ...

(Елена Алексиева: „Светиот волк“, Прозарт, Скопје 2022; превод на македонски јазик: Александар Прокопиев) Бугарскиот Роман на годината за 2019 година – „Светиот волк“ од Елена Алексиева, неодамна објавен од „Прозарт“ во превод на македонски јазик од Александар Прокопиев, е светлосни години оддалечен од романескните трендови во регионот. Создаден, залепен од испокршени парчиња различни прози (а сепак компактен и монолитен); од срчи напуштено ...

Културно социјалниот простор Центар Јадро организира две работилници за критичко пишување. Првата работилница ќе се одржи на 15 октомври (сабота), во салата на Советот на општина Центар со наслов „Критичка материја и материја на критика: експериментално пишување преку феминистички и пост-хуманистички партиципативен уметнички пристап,“ под раководство на Егле Амбрасаите од Литванија. На истата локација ќе се одржи и втората работилница, во ...

Кубанците на народен референдум рекоа „да“ за истополов брак, ратификувајќи еден од најпрогресивните семејни закони во светот. За него се изјаснија повеќе од 66 проценти од гласачите. На референдумот одржан кон крајот на септември право на глас имаа повеќе од осум милиони Кубанци постари од 16 години, а одзивот беше 74 проценти. Новиот Código de las Familias ќе го замени оној од 1975 година. Со новиот закон се легализираат истополовите бракови, ...

13/10/2022 03:06 - Окно

Сега, кога излегов од гратчето, неговите малечки гради, некако срамежливо збрчкани, тихо чкрипea под тежината на моите чекори. Но во тоа чкрипeње не се чувствуваше тагата што со полни раце ја влеваше есента. Патот нешто негодуваше. Неговиот глас беше сличен на глас на шеесетгодишен старец. Се исплашив од него и избегав, дојдов во тревата, не газејќи веќе по него. Потоа дојде испрекинатото липање на ветрот. Потоа дојдоа врапчињата. Сите избегаа ...

Четири настани кои се фокусираат на жените се најдоа на насловните страници изминатиов месец: изборната победа на Џорџија Мелони во Италија, смртта и погребот на кралицата Елизабета Втора, објавувањето на филмот „Жената крал“ и масовните протести во Иран по убиството на Махса Амини од страна на моралната полиција на земјата. Земени заедно, овие четири приказни ги истакнуваат суштинските карактеристики на политичкиот терен. Бидејќи левицата не ...

Иако од 1978 е културно наследство, вака изгледа просторијата каде на 23 септември 1943, скоро цела година пред АСНОМ, во училиштето во Подвис учителот Василко Ристески им кажал на учениците дека ќе учат на македонски јазик, велејќи „смрт на фашизмот“, а тие возвратиле „слобода на народот“. (Фото: СДК.МК) Распадната е училницата каде пред 79 години за првпат во Македонија започна првата настава на мајчин македонски јазик, во кичевското село ...

Escape movies Еден од подвидовите на авантуристичкиот филм чии приказни се посветени на бегствата, најчесто од затвор или логор, но оние преку разни граници и забранети линии. Најпознати меѓу нив се: Loneliness of the Long Distance Runner (1962), The Hill (1965), Papillon (1973), Midnight Express (1978), Down by Law (1986), The Shawshank Redemption (1994), O Brother, Where Art Thou? (2000)… Ластово, 1953. На најоддалечениот населен јадрански ...

Најлошо од сè е што нашето време допрва доаѓа! Милан Р. Симиќ Тоталитарната власт без купот кодоши, полтрони и лесно поткупливи, и без бескарактерната толпа, е никој и ништо. Лесно ги преминаа сите граници на вкусот. Тие граници никој не ги чува. Стрпете се, ќе има и фатаморгана. Горан Иванковиќ Нема баш сè да ни земат. Нешто ќе треба и самите да дадеме. Кај нас најмногу зборуваат оние кои не знаат што говорат. Кратката памет е практична. ...

Последниве денови вистински хаос ја зафати Аргентина, земјата која дише, сонува и живее за фудбалот. Откако италијанската компанија Панини го објави на пазарот последниот албум со сликички од фудбалери, во пресрет на Светското првенство кое за два месеци започнува во Катар, Аргентинците со часови чекаат во редици пред киосците за да купат пакетчиња сликички и се жалат дека нема доволно. Целта е да се пополни традиционалниот албум на Панини, што ...

Украинскиот уметник и сликар, Александар Исаков, израснал во Хановер, Германија. Таму студирал дизајн на осветлување, со фокус на инсталации и уметност која како медиум го користи светлото. Никогаш неговата намера не била да учи сликарство, тоа е нешто што го научил попатно. Често ги истражува симетријата и метежот, полни со сложени детали, а неговата работа може да се најде на глобално ниво, при што секоја локација раскажува различна приказна. ...

Конфронтација - дигитално уметничко дело на Катја Лима ▪︎ Пријавен ко почестен - Почна пријавувањето за вакцини против сезонски грип, ама вакцини сè уште нема. ▪︎ Ќе фотокопира коментар, па ќе ве бара - Основните училишта и натаму без доволно учебници – учениците фотокопираат, министерството недостапно за коментар. ▪︎ Битно тендерот не е заглавен - Патот Скопје - Блаце заглави! Не се завршени ни првите 2 километри, а Груби се пофали со видео од ...

За раѓањето без штрк Мајчице моја, сјајно си се понела. Драго ми е што птица не ме донела, оти шест години, наместо твоја, ќе бев штркова. Прстовден „Колку години има шеќерчево Вера?“ „Третиот прст го наполнив вчера.“ Разбушавено девојче Пред огледало: Зошто би се чудела? Само косата ми е разбудена и станата. Борба за слобода „Ќе настинеш, не може надвор, немам јас сина два туку само тебе.“ „Мамо, пушти ме да си играм, а роди си друг син за ...

Под него се изгуби земјата. И беа само, тој небото и сонцето. Под него остана денот како распеаните пердуви на модрите гулаби. Раздвиженото пченкино зрно. Под него се изгуби земјата. И беа само, тој небото и сонцето. Ацо Караманов (Радовиш, 1927 - 1944, Беровско) – поет и раскажувач. Од неговите сочувани книжевни текстови, запишани во ученички тетратки и бележници во гимназиските денови од неговиот прерано прекинат живот (загинал како партизан ...

11/10/2022 03:45 - Окно
-

Мурал на тема “Национално ослободителните борби на македонскиот народ” од Борко Лазески Октомври Бевме робје еднаш, бевме црно робје, тирани по земја ни газеа само. Од маката своја соѕидавме гробје во родната земја, под родниот камен. Наша беше потта - плодовите туѓи. О, кој веќе да трпи, кој да трае, пати? Та нели сме ние како сите луѓе! На душманот еднаш треба да се плати! И дојде Октомври. Вкрвавена зора, над Прилеп го плисна црвениот пламен. ...

Одамна ја надминавме мерката во трошењето на енергетските и природните ресурси. Пренесено од Дојче веле Германските весници ова лето постојано истакнуваат дека зимава ќе била многу студена, затоа што ќе поскапи греењето, така што дури и во сончевиот август почнавме да чувствуваме студ. Не од реален студ туку од страв пред зимата што доаѓа. Вчера читав во ФАЦ дека ни претстои „ера на откажување“. Тоа значи дека ќе треба да се откажеме од многу ...

Илустрација: Lucy Dickson Издавачката куќа ТЕМПЛУМ по седумнаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. За наградата може да конкурираат исклучиво дебитанти, кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга. Ракописите, треба да бидат напишани на кирилица, во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат и не смее да бидат подолги од 160 ...

Како дете, Руфаи Закари Џабре и неговите пријатели шетале по улиците на Бавку, Гана, барајќи расфрлени пластични кеси и амбалажи од храна. Потоа, тие седнувале заедно и од нив си правеле играчки и скулптури. Денес, години подоцна, Руфаи изгради цела уметничка кариера од истата премиса - создава уметнички дела користејќи исклучиво рециклирани материјали. Неговите дела, со сите нивни живописни бои, се направени со намера да ги осветлат темите за ...

Министерството за економија доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија, беше информирано вчера од страна на владината прес-служба, по 88. седница на владиниот кабинет. Тоа би значело дека нема да има поместување на стрелките на часовникот на крајот од овој месец, во зимските месеци ќе се ...

10/10/2022 10:17 - Окно

za Jean Aristeguieta, za Arbol de Fuego. Пишувајќи, прашував, губев. Во оваа ноќ, во овој свет, гушкајќи те, радост на бродолом. сакав да ги жртвувам своите денови и недели за обредите на песната. проколнував толку од дното на сите длабочини на сопственото пишување. Не постојат придавки за ебење и умирање. 1972. Превод: П. В. Алехандра Пизарник (шп. Alejandra Pizarnik; 1936—1972), родена како Флора Пизарник (шп. Flora Pizarnik), била истакната ...

Cliché Фраза или изрека која е толку пати употребена што го загубила своето значење. Во филмот најчесто се користи како израз за нешто што е веќе видено, банално и излитено. Загреб, 1987. На гости ни дојде Питер Брук. Работи интернационална поделба за англиската верзија на Махабхарата. Ќе ја работи во својот Théâtre des Bouffes du Nord во Париз и сака главниот актер да му биде од Југославија. Ме моли да ги одберам двајцата најдобри актери од ...

10/10/2022 02:01 - Окно

Пиперката, која истовремено е зеленчук и зачин, внела јазична конфузија која трае и денес: името на пиперката доаѓа од името на биберот, кое е индоевропско. Шпанските колонизатори, според некои дури и самиот Колумбо, на ова ново растение кое имало случен вкус му го дале името што го знаеле (бибер), односно лутина. За да се утврди разликата, во англискиот јазик множината го одредува растението, а еднината зачинот (peppers - pepper). Преку ...

Во сабота, 8 октомври, со почеток во 19 часот, во Социјалниот центар Дуња ќе се одржи промоцијата на публикацијата „Мапирање на супкултурите“, што ја иницираше Одделението за едукација на Манифеста 14 и која помогна да се расветли природата на супкултурните движења во Приштина, Скопје и Тирана. Автори на истражувањето во Скопје се Артан Садику и Ѓорѓе Јовановиќ, а е спроведено во рамките на 14- тото издание на Манифеста биенале во партнерство со ...

Програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува утре (сабота, 8 октомври) во социјалниот центар Дуња, со почеток во 17 часот. Гостуваат Бен Вотсон (Велика Британија) и Сезгин Бојник (Косово, Финска). Бен Вотсон ќе одржи панк поетско предавање за неговите искуства во Лидс 1979-1993 година, кога панкот беше поврзан со „Ф Клубот“, а потоа „Рок против расизмот“, кога локалните ...

„Стравот и надежта се заемно тесно поврзани. Кога ја губиме надежта, го губиме и стравот.“ Светот упаѓа во сè подлабока криза која добива толку чудовишни размери што веќе заличува на морничав сон во кој сите се возиме на ролер-костер, или, како што го викавме во едно дамнешно минато – луда железница. Како во секојсоновен кошмар, совршено ни е јасно дека неверојатната брзина што збеснатата машина ја развива неминовно ќе заврши со катастрофа, со ...

Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2022 година на еден поединец и на две организации. „Лауреатите на наградата за мир го претставуваат граѓанското општество во нивните матични земји. Тие долги години го промовираат правото да ја критикуваат власта и да ги штитат основните права на граѓаните. Тие направија извонредни напори да ги документираат воените злосторства, злоупотребата на човековите права и ...

Алин Дешамп е тајландско-француска фотографка, во моментов со седиште во Бејрут, Либан. Водена од страста кон геополитиката и визуелните уметности, работата на Дешамп се фокусира на општествени прашања како што се идентитетот, егзилот и културното наследство. Во нејзината последна серија, „Јас не сум твое животно“, таа го следи секојдневниот живот на работничките -мигрантки од Сиера Леоне кои ги запознала во Бејрут во 2020 година, документирајќи ...

Гадинки во градинки јаделе останки од наполитанки! *** Мали единки во градинки имале каснатинки од гадинки! *** Манекенки Британки танки ко сенки јадат десетинки па и стотинки од деланки. *** Муслиманки јадат маслинки, Палестинки јадат палачинки, Италијанки јадат наполитанки, Шпанки јадат мешунки. *** Финки се фини, Филипинки се финки. Индијанки јадат индијанки. *** Други единки од племето Инки заедно со младинки Кинезинки и Аргентинки седат на ...

На 7 октомври (петок), со почеток во 20.00 часот, во Младинскиот културен центар целовечерен концерт ќе одржи скопската група „Културно уметнички работници“. Покрај нив, како гости на концертот ќе настапат и пријателските бендови „Катран“ и „Сватовски“. На концертот ќе биде презентиран материјалот од најновиот, седми по ред албум на „Работниците“, насловен „Панк кабаре“, кој е веќе снимен и е планирано да биде објавен до крајот на оваа година. ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
95%
1020
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
4.63
69%
1021
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.37
93%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
98%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
79%
1016
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
91%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
1018
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Калај

43.93

Цинк

3.04

Бакар

11.07

Кобалт

58.42

Сребро

2159.01

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Злато

139515.92

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.95

Платина

64479.52