Новогодишниот Темплум саем - 13-ти пат

26.11.2022 10:32
Малиот новогодишен Темплум саем - 13-ти пат

И годинава, по тринаесетти пат, ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книги на Темплум. Изминатите 12 години саемот најчесто се одржуваше во ГЕМ клубот (одамна згаснат) и во МКЦ.

Годинава за прв пат саемот ќе се одржи во првата недела на декември (обично се одржуваше во последната недела на последниот месец) и за првпат во галеријата Метаноја, во центарот на Скопје, улица Максим Горки број 19.
Како и секогаш, малиот саем има повеќедневна богата програма:

 Времетраење: 30.11.22. - 06.12.22., од 10 до 22 часот

Галерија Метаноја (Максим Горки 19, Скопје)

Учествуваат: Темплум и Сказнувалка

 

ПРОГРАМА

Среда, 30.11., 20.00 ч.

НАГРАДА ЛИФТ #5
Доделување на наградите од конкурсот за стрип Лифт 2022; изложба на најдобрите стрип табли; промоција на зборникот Стрип награда Лифт #5.

 

Четврток, 01.12., 18.00 ч.

- Камишибаи претстави за деца и млади (во духот):
Панда и Дрон, Пргавиот зајак, Страшна ноќ, Споменик од песни...

 

Петок, 02.06., 20 ч.

- Ива Дамјановски, промоција на две стихозбирки, Тријажа и Почнуваме

 

Сабота, 03.12.,

12.00. ч. - книжевен квиз за деца; награди: 10 бесплатни Темплум сликовници

19.00 ч. - Промоција на три книги: стрип-сликовницата Панда во дрон од П. Вулкански и Р. Аврамовски; сликовницата Зборувам како река од канадските автори Џордан Скот и Сидни Смит; стрипот Малечката Сојка од финските браќа Ахонен. Учествуваат: Биљана Ѓонеска, Дарин Ангеловски, Маја Цветаноска, Марина Туфекчиовска и Никола Гелевски

21.00. ч. - Јоана Ристеска, концерт

 

Недела, 04.12.

13.00. ч. Сказнувалка читанка:
„Медените торти на Тон Телехен“

19.00. ч. - промоција на стихозбирката (и флип-книга) за мали и големи „Пу за Мите, пу за сите!“ од Владимир Лукаш. Промотор: Алксандар Прокопиев. Модератор: Билјана Црвенковска

20.30. ч. Концерт: „Звук Караџиќ“

 

Понеделник, 05.12., 17.00 ч.

„За оние по нас. План за поттикнување читачки навики кај младите“
Резултати и дискусија за проект на Сказнувалка; подароци за присутните: разни промотивни материјали

 

Вторник, 06.12., 12 ч.
Доделување на наградата Новите! за 2022.

Слики: Валентин Губарев

Слични содржини

Книжевност / Култура / Настан
Книжевност / Култура / Настан
Фотографија / Книжевност / Уметност / Настан
Книжевност / Култура / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото