Во име на уметничката галерија „Метаноја“ со радост и задоволство ве канам на отворањето на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, денес, четврток на 13 април 2023 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања. Тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето како ...

Во уметничката галерија „Метаноја“ во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на уметниците Владимир Георгиевски и Никола Пијанманов. Изложбата ќе ја отвори директорката на галеријата „Метаноја“, Нада Милкова. Краток осврт за темата на поставката и за изложените дела ќе има рецензентот Коста Милков, а ќе се обрати и ко-авторот на изложбата Никола Пијанманов. – Избраните дела за изложбата се инспирирани од ...