Украинската и американската страна составија список на услови за завршување на војната, кој вклучува 22 „многу конкретни акции“, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог. – На Украинците не им се допаднаа сите услови, но никому нема да му се допадне конечниот став што ќе го заземете. Тоа е во ред кога имате преговори. Но, ние сме во прилично добра позиција со нив – изјави Келог за „Фокс њуз“. ...

Најмалку седум лица се повредени, меѓу кои и две новороденчиња во шумските пожари во областа на Ерусалим во Израел. Стотици граѓани беа евакуирани од ова подрачје откако пожарите излегоа од контрола. Евакуации имало на најмалку 5 места, соопшти израелската полиција. Црн чад е видлив од многу делови на областа. „Тајмс оф Израел“ наведува дека идентитетот на тројцата осомничени кои ги уапси полицијата, како и нивниот мотив, сè уште не се познати. ...

Членовите на Судскиот совет на денешната седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелацискиот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд. Не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар. Како што ...

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани. Пандов смета дека тоа е чин на одмазда за борбата со затворскиот криминал што тој ја почнал откако дојде на функцијата. – На што се должи? Се должи на кукавичлукот и на стравот ...

Членовите на Судскиот совет на денешната седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелацискиот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд. Не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар. Како што ...

Лихварка од Охрид е пријавена за изнуда на речиси 45 милиони денари од сограѓанин во период од четири години. Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.Д. (39) од Охрид, поради основано сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“ по член 23 од Кривичниот законик, во врска со кривичното дело „лихварство“ по член 260. Кривична пријава е поднесена и против Љ.Д. (35) од Охрид, кој се сомничи за ...

Советниците во Советот на Општина Охрид денес ја одржаа 56- та Седница на која беа усвоени Записниците од 54-та и 55-та вонредна седница. На дневен ред беа 28 Предлог одлуки од областа на образование, култура, детска и социјална заштита, туризам и урбанизам. Дневниот ред беше надополнет со 18 точки кои се однесуваат на измени на буџетските програми. Сите предлог одлуки и програми беа усвоени. Меѓу нив беа Предлог-одлука за усвојување на ...

Зголемување од 1,3% на прометот во Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун и од 0,4% во Трговијата на мало со автомобилски горива регистрира Државниот завод за статистика (ДЗС) во март годинава во однос на март минатата година. Прометот во трговијата на мало во март 2025 година, во споредба со март 2024 година, гледано по групи и класи изгледа вака: Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемен за 4,3%, а реално за ...

„Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја“. Вака соопштија од Македонија 2025 за настанот кој се реализираше во соработка со реномираната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада и, како што се велат од Македонија ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, максимално ги искористил своите 15 минути со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Ватикан, притискајќи го да заземе поостар став кон Владимир Путин и да го врати приоритетот на примирјето, изјавиле два извора, запознаени со саботната средба, за Аксиос. Contents Зошто нивната средба е важна? Советниците на Зеленски биле поделени околу тоа дали тој воопшто треба да ја ризикува тет-а-тет средбата по ...

Украина е подготвена да потпише договор за природни ресурси со САД, што можеби ќе се случи уште во текот на денешниот ден, изјавиле извори за Блумберг. Нацрт-договорот, кој предвидува создавање заеднички фонд за управување со украинските инвестициски проекти, е финализиран и би можел да биде потпишан уште денеска, а украинската министерка за економија, Јулија Свириденко, е на пат кон Вашингтон за потпишување, рекле изворите. Во рамките на ...

Постигнувањето договор за прекин на војната меѓу Русија и Украина е премногу сложена постапка за да се случи брзо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги фрустрациите на САД поради бавниот напредок во преговорите за воспоставување мир во Украина. – Свесни сме дека Вашингтон сака да постигне брз напредок, но се надеваме на разбирање дека решавањето на украинската криза е премногу сложено за да се постигне брзо. ...

Уставниот суд ја укина одлуката со која е одобрено основањето на Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во скопското село Кондово, која е донесена од Владата на 26 март 2024 година. Судот оцени дека владината одлука е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, односно дозволила Исламската верска заедница (ИВЗ) да биде основач на средно училиште, гимназија. – Ова е во спротивност со членот 7 од Законот за средно образование, ...

Довербата во правосудството ќе се врати кога ќе се спроведат успеши реформи и кога судството ќе ја добие финансиската независност, порачаа денеска претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски и претседателот на Здружението на судии, Иван Џолев. Според Камбовски, довербата во судството е ниска, но тоа не значи дека не треба да се продолжи со реформите. – Очигледно реформите од минатото не вродиле со плод. Треба да се промени начинот на ...

Министерот за правда Игор Филков соопшти дека најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. – Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители – вели Филков ...

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2% во однос на март минатата година, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година за 2%, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5% во секторот „рударство и вадење на камен“, а пораст од 4,8% во „преработувачка индустрија“ и од 12,9% во секторот ...

Познато како рај за фотографи поради својата исклучителна живописност и куќи во пастелни бои, ова место добива дополнителен шарм од шармантните ресторани и продавници… Камоли, кој се наоѓа на околу 30 километри од Џенова во северозападна Италија, го освои првото место на листата на списанието „Архитектурален дајџест“ за најубави крајбрежни градови во светот, победувајќи ги Кејптаун, Рио де Жанеиро и Хонг Конг. Се наоѓа на лигурската ривиера и е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп накратко се обрати на новинарите пред Белата куќа пред да замине на митинг во Мичиген по повод неговите први 100 дена на функцијата. Една новинарка беше заинтересирана за тоа кој според него треба да биде новиот папа. Трамп се насмевна кога го слушна прашањето, одговарајќи: „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор.“ Тој продолжи да нагласува дека нема фаворити, но посочи дека Тимоти Долан, ...

Дронови на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во текот на ноќта нападнале фабрика за производство на уреди за активирање муниција и компоненти за морнарицата и воената авијација, во Муром, во Владимирската област на Русија, јави Укринформ. „ПУТИН САКА МИР И ПОКРАЈ НЕОДАМНЕШНИТЕ НАПАДИ“ Трамп не е среќен што Русија лансира ракети во Украина Извор од органите за спроведување на законот изјавил за Укринформ дека во текот на ноќта во фабриката ...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека е забележан раст на индустриското производство, а после подог период забележан е и пораст на квартално ниво. „На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: Раст на индустриското производство за Март од 5,2% на годишно ниво, споредено со Март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво. Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од ...

Холестеролот е често невидлив непријател – не предизвикува видливи симптоми, но на долг рок може сериозно да го наруши здравјето на срцето и крвните садови. Иако генетиката игра улога, начинот на живот и секојдневните навики се клучни фактори за одржување на здраво ниво на холестерол. Добрата вест е дека малите, но постојани промени можат да донесат големи резултати. Наместо строги диети и екстремни режими, воведувањето неколку едноставни навики ...

Во време на брзи трансформации во енергетскиот сектор, ЕДС ја зајакнува својата стратешка улога како дел од PPC Групацијата, водечка енергетска компанија во Југоисточна Европа. Со неодамнешното именување на Александар Сарџовски за главен извршен директор, ЕДС не само што го засилува своето оперативно работење, туку и ја потврдува својата посветеност на иновации, одржливост и пазарно ориентиран развој. PPC Групацијата, која покрај во земјава ...

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 п.п., при што во март таа изнесува 2,18%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,35 п.п. и изнесува 5,15%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2025/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2025_mart_mk.pdf ...

Шведската полиција соопшти дека уапсила осомничен по вчерашната пукотница во која загинаа три лица во градот Упсала, објави Ројтерс. Лицето е осомничено за убиство и е едно од неколкуте лица кои се испрашуваат како дел од истрагата, изјавија полициски службеници за новинарите.Полицијата соопшти дека се верува дека станува збор за „изолиран инцидент“ и дека не е поврзан со големите прослави на Валпургиската ноќ што се очекуваат во Упсала во ...

Американски функционер му рече на Меѓународниот суд на правдата (МСП) дека постојат „сериозни загрижености“ за непристрасноста на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА). Судиите на МСП оваа недела одржуваат сослушувања за да формулираат советодавно мислење за обврските на Израел кон агенциите на ОН за доставување помош на Палестинците во Газа. „Постојат сериозни загрижености во врска со непристрасноста на UNRWA, вклучително и ...

Skype беше првата програма од ваков вид што им овозможи на обичните луѓе да остваруваат видео повици преку интернет, низ целиот свет. Во тоа време, платформата беше револуционерна, но пред нејзиното затворање во мај, Ели Муир го поставува прашањето – како се случи таков спектакуларен пад токму во моментот кога потребата за онлајн комуникација го достигна својот врв? Скајп виде сè. Стресни интервјуа за работа. Незгодни семејни средби преку ...

Американската веб-страница „Дејли бист“ денес пишува дека кога еден новинар го прашал: „Кого го гледате како папа?“ Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник без двоумење одговори: „Како папа? Би сакал да бидам папа“. „Тоа би бил мојот избор број еден“, додаде тој. Новинарот повторно го праша Трамп кого би сакал да го замени папата Франциск, кој почина минатиот понеделник на 88-годишна возраст. „Не, не знам, немам преференции“, рече ...

Тензиите меѓу Индија и Пакистан дополнително се влошија откако висок пакистански функционер рано утринава изјави дека има „веродостојни информации“ дека Њу Делхи планира воена акција против Исламабад во следните 2 дена, објави Си-Ен-Ен. Contents Оваа изјава доаѓа додека и САД и Кина ги повикуваат двете страни на воздржаност. – Пакистан има веродостојни информации дека Индија планира да изврши воена акција против Пакистан во следните 24 до 36 ...

Времето денеска наутро ќе биде ведро и посвежо и преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 1 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 1 до 27 степени. В четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1012
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.0
87%
1013
weather icon

Софија

10ᴼ / 5ᴼ
2.57
60%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.5
82%
1012
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
1.16
94%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
56%
1010
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
79%
1007
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
78%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
100%
1010
Currency

61.6117

Currency

52.929

Currency

70.6253

Currency

34.7079

Currency

37.8698

Currency

66.5709

Currency

7.43263

Currency

0.66793

Currency

0.34682

Currency

0.52589

Currency

1.26277

Currency

0.60001