На иницијатива на Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид во текот на вчерашниот ден беше организирана Обука на Просторните сили на локално ниво за гасење пожари на отворен простор. Обуката беше реализирана од страна на тим на Одделението за обука при Дирекцијата за заштита и спасување и овластени лица од Општина Охрид. Покрај теоретски дел, обуката опфати и спроведување на практично показна противпожарна вежба. Со обуката беа опфатени ...

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски синоќа во СРЦ „Билјанини извори“ присуствуваше на отворањето на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ што се одржува по 26-ти пат во грарадов. Годинава настапија 38 изведувачи, а беа испеани 33 нови композиции. На отворањето во своето обраќање Божиноски истакна . – Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што вечерва учествувам на отворањето на детскиот музички фестивал ...

На 6 мај 2025 година, Македонското кредитно биро (МКБ) и Американскиот Универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка. Од МКБ велат дека меморандумот означува „почеток на една значајна институционална врска насочена кон унапредување на знаењето, образованието и практичната примена на вештини меѓу студентите“. Меморандумот го потпишаа директорот на Македонското кредитно биро м-р Тони Трајанов, ректорот на Американскиот Универзитет ...

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало од 2,7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март годинава бележи раст од 0,6 %. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5,1 %, Облека и обувки за 1,5 %, Рекреација и ...

Министерството за енергетика, операторот на системот за пренос на гас „ Номагас“ и „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаа договорот за изградба на гасоводниот кон Грција. „Рапид Билд“ ќе треба да го изгради гасоводот за помалку од 2 години, бидејќи во 2027 година кога треба да биде пуштен во употреба. Компанијата на вториот тендер понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на ...

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, ...

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц синоќа ја повика администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се „држи понастрана“ од внатрешната политика на Германија, откако неколку американски функционери ѝ дадоа поддршка на крајно десничарската партија АфД. Најавувајќи дека утре ќе го има својот прв телефонски разговор со Трамп, новиот германски лидер изјави за телевизијата ЗДФ (ZDF) дека сака да „ја охрабри и да ја повика американската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на неговата посета на Саудиска Арабија следната недела да објави дека САД ќе го нарекуваат Персискиот Залив – Арапски Залив, соопштија американски официјални лица. Персискиот Залив е познат под тоа име уште од 16 век, но употребата на името „Арапски Залив“ е доминантна во многу земји на Блискиот Исток. Арапските земји инсистираа на промена на географското име на Заливот, додека Иран ...

Најмалку 2 лица загинале, а шестмина се повредени во воздушни напади што руските сили ноќеска ги извршиле врз главниот град на Украина, Киев, објави Би-Би-Си. Според извештаите, сирените за предупредување од воздушни напади во Киев се огласиле нешто пред полноќ, по што за кратко време одекнале неколку силни експлозии. Тамошните власти велат дека дел од експлозиите биле звуци од руска балистичка ракета, уништена од системите за противвоздушна ...

Дојран пладнево беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во моментов се движи нова нестабилна маса од Гевгелија кон Дојран, по што се очекува невреме со истите појави. „Пред 20-тина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Во моментов нова нестабилна маса се движи од ...

Тетовската полиција ги уапси лицата кои насилно втурнаа две лица, меѓу кои и малолетник во „БМВ Х5“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Судија во претходна постапка им одреди 30 дена притвор на 56-годишниот Џ.Д од тетовско Гајре и на 52-годишниот Л.Д. од Тетово. „На 05.05.2025 во 23.00 часот и на 06.05.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с.Гајре, тетовско и Л.Д.(52) од Тетово, ...

„Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас…вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување, кога станува збор за членството во ЕУ“. Вака порача хрватскиот претседател хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во својата посета на Македонија. На заедничката прес-конференцијата со македонската ...

Трговскиот дефицит на САД достигна рекордни 140,5 милијарди долари во март, што е зголемување од 14% во споредба со февруари, објави денеска Министерството за трговија на САД. Износот е највисок од 1992 година, кога министерството почна да објавува месечни извештаи. Во однос на првиот квартал од минатата година, дефицитот е зголемен за 92,6%, бидејќи компаниите брзаа да увезуваат стоки во очекување на царините. Најголем дефицит е забележан во ...

Германските фабрички нарачки во март се зголемија за 3,6% месечно, над очекувањата на аналитичарите и со најбрзо темпо од декември минатата година, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис). Растот е забележан во сите главни сектори во Германија. Особен раст има кај нарачките за производството на електрична опрема каде што се бележи раст од 14,5% во однос на претходниот месец, потоа производството на машини и опрема со ...

Претседателскиот кандидат на Алијансата за обединување на Романците (АУР), Ѓорѓе Симион, денес потврди дека, доколку победи на изборите, ќе го номинира Калин Георгеску за премиер, нагласувајќи дека постојат различни опции за идниот политички пат, вклучително и можноста за предвремени избори. На прашањето во интервју за телевизијата „Диги24“ дали планира, доколку биде избран за претседател, да го назначи Георгеску за премиер, Симион рече дека тоа ...

Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, денес се обрати до јавноста по средбата со Дејвид Лами, министерот за надворешни работи на Велика Британија, кој од вчера е во официјална посета на БиХ. На почетокот од разговорот, Беќировиќ рече дека Велика Британија е докажан пријател на Босна и Херцеговина и ѝ се заблагодари на Лами што дојде директно да разговара за ситуацијата во нашата земја. „Би сакал да кажам дека наскоро ...

Француски суд му изрече условна казна од четири месеци затвор на 81-годишен ловџија кој уби женка мечка, за која се верува дека е потомок на словенечки мечки, во природен парк во 2021 година. Францускиот ловец тврдел дека пукал во самоодбрана и дека немал друг избор. Но, обвинителството инсистираше дека тој и другите 15 ловци со кои ловел диви свињи во ноември 2021 година не требало воопшто да бидат во природниот резерват Пиринеите, каде што ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе пристигне во официјална посета на Црна Гора на 15 мај, каде што ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ, со кого ќе потпише билатерален договор за безбедност, во пошироката рамка на соработка меѓу Украина и земјите-членки на НАТО, дознава подгоричкиот портал „Дан“. Според црногорскиот портал, станува збор за документ што го следи моделот на безбедносни договори што Украина претходно ги склучи ...

Пакистан денеска го повика на разговор вршителот на должност амбасадор на Индија во Исламабад по размената на оган меѓу двете нуклеарни сили. „Вршителот на должност индиски амбасадор беше повикан да му се врачи протест поради бомбардирањето. Нападите се јасно кршење на суверенитетот на Пакистан“, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан. Пакистанската војска соопшти дека од синоќа се „убиени 26 цивили“. Најмалку 19 лица загинаа ...

Денес, ја одбележуваме не само историјата на македонската полиција, туку и нејзината жива мисија – да биде штит на граѓаните, чувар на правдата и симбол на државноста, порача премиерот Христијан Мицкоски. – Полицијата не е само униформа и службена должност. Полицијата е човек. Човек што станува порано од сите, излегува на терен и се соочува со ризици од кои сите ние се обидуваме да се заштитиме. Тој човек – полицаецот – не размислува само за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кoj престојува во посета на земјава. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, процесот на нашата европска интеграција, низ призма на меѓународниот поредок, ЕУ амбиентот, како и ...

Конзервираната храна како што се грав или туна може да содржи опасни бактерии кои можат да предизвикаат парализа, па дури и смрт, предупредува експертот за хигиена Пол Џексон. Имено, многу конзервирани производи што ги чуваме во оставата со години може да бидат контаминирани со опасни бактерии, вклучувајќи го и Clostridium botulinum, бактерија која произведува токсини кои го напаѓаат нервниот систем и можат да предизвикаат фатална парализа. Пол ...

Како што старееме, одржувањето на здравјето на мозокот станува сè поважно. Освен исхраната и движењето, она што го пиеме има големо влијание и врз концентрацијата, меморијата и расположението. Иако е познато дека газираните сокови и енергетските пијалоци можат да имаат негативни последици, постојат и пијалоци кои содржат корисни материи за мозокот. Експертите, како што се нутриционистите и диететичарите Варша Катри и Крутика Нанавати, издвоија ...

На маргините на Форумот на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), на кој од денес започнува Претседателството на Северна Македонија со Стратегијата и Јадранско-јонската иницијатива, министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари билатерални средби со министерот за кохезија и регионален развој на Словенија, Александер Јевшек и со Жил Кител, раководител на одделот за Инструментот за претпристапна помош и проширување при ...

Оризопроизводителите од населените места во општина Чешиново-Облешево денеска излегоа на протест и со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип за да го изразат незадоволството од актуелните политики на почетокот на сеидбата. На протестот земјоделците изнесоа три барања за кои очекуваат брзо исполнување од надлежните институции, а го повикаа премиерот Христијан Мицкоски на средба со нивни ...

Европскиот парламент го одобри барањето на Белгија за пакет помош во вредност од 8 милиони евра преку Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата за отпуштените работници (ЕГФ), за поранешните вработени на пропаднатата белгиска автомобилска компанија „Ван Хол“. – Европската автомобилска индустрија се соочува со невиден притисок од надворешни и внатрешни предизвици, како што се нарушување на конкуренцијата и високите трошоци за енергија, ...

Итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот на стоки, бара Стопанската комора од надлежните институции во Косово, откако доби информација од извозници дека неоправдано се задржуваат македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи. Комората, како што соопшти, испратила официјален допис до надлежните институции ...

За време на неодамнешно интервју, американскиот претседател Доналд Трамп повторно го изрази својот интерес за преземање на Гренланд, со што ја оживеа контроверзната идеја од неговиот прв мандат. Паралелно, на американските разузнавачки агенции минатата недела им беше наредено да ги интензивираат шпионските активности поврзани со Гренланд, како и движењата таму што ја поддржуваат независноста на оваа самоуправна данска територија. Според ...

Остатоците од руски дрон паднаа врз станбена зграда во Киев. Две лица беа убиени, неколку беа повредени. Две лица загинаа, а неколку други се повредени во рускиот напад врз Киев откако остатоци од дрон паднаа врз станбена зграда во градот, соопштија денес спасувачките екипи и градоначалникот Виталиј Кличко. Пожари избувнаа во неколку области на украинската престолнина. Кличко напиша на мрежата Телеграм дека остатоците од руски дрон паднале врз ...

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц ги повика САД да не се мешаат во германската политика кратко време по неговиот избор. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази загриженост за развојот на настаните во Газа во медиумските настапи по неговиот избор на функцијата во вторник. Тој рече дека Израел има право да се брани, но дека мора да го почитува меѓународното право. Тој, исто така, ги повика САД да не се мешаат во германската политика и рече ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1012
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
47%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1008
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
44%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.71
42%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
73%
1007
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
41%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
6.71
43%
1012
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
4.63
66%
1007
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
63%
1013
Currency

61.625

Currency

53.0011

Currency

70.5337

Currency

34.5108

Currency

37.8478

Currency

66.6324

Currency

7.44275

Currency

0.66572

Currency

0.34687

Currency

0.52556

Currency

1.2636

Currency

0.60372