Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, со мотиви од стариот дел на градот, на потегот од Градското пристаниште, преку Мостот на желбите до плажата „Потпеш“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од црквата Свети Јован Богослов Канео во стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 6 Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Највкусните торти и колачи за кои зборува целиот град, полна година се уште поблиску до охриѓани и сите вљубеници во најслатките вкусови, преку слаткарницата „Кај Мама“ на „Мама Љубинка“. Истата е лоцирана во склоп на Градскиот пазар, помеѓу КАМ маркетот и пазарот и нуди одличен избор на торти и колачи, но и најквалитетно кафе за сите сладокусци. – Зад нас е полна година дружење и заедничко уживање во ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – И повторно… мапирани и исчистени диви депонии во населбите Воска и Даљан. Службите на ЈП „Охридски комуналец“ и овој пат го расчистија она што несовесни граѓани го одложиле таму каде не треба, деградирајќи јавни површини и загрозувајќи ја животната средина на околното население. – Мапирани се диво создадени депонии на 6 локации во овие населби од каде се подигнат 55 м³ кабаст и зелен отпад. Апелираме до ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Високи црковни гости од Романија, предводени од архиепископ на Јаши и митрополит на Молдавија и Буковина, Теофан и неговиот викарен епископ, Никофор се во посета на МПЦ-ОА и на Република Македонија, во рамките на која ќе ги посетат и манастирите во Охрид и Струга. Четиридневната посета на Македонија романската делегација почнала од Струмичката епархија со посета на манастирите Свети Леонтиј и Покров на ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17-ти април, денот кој православните верници ги одбележуваат во чест на Св. свештеномаченик Симеон, епископ Персиски. Свети Симеон беше епископ на Персија во четвртиот век, кога во оваа земја христријаните ги гонеше царот Сапор. Царот покрај Симеон погуби уште околу илјада персиски христијани. Свети Симеон беше погубен на крајот, откако самиот успеа ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска во сообраќај се става и клучката „Требеништа“, со што се завршува уште еден дел од автопатот Кичево-Охрид. – Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано, откри заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Изградбата на овој патен правец официјално започна на 22 февруари ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локален дожд и изолирана појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15 степени. – Под влијание на влажна и постудена воздушна маса денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 29. април 2029 (ОХРИДПРЕС) – Температурата на езерската вода од 10,3 степени, денеска беше сосема пријатна за повеќе граѓани, кои уживаа во попладневното капење кај плажата „Горица 3“. Неколкуте поврзани сончеви денови, и температурите секојдневно се зголемуваат, „измамија“ се’ повеќе охриѓани и гости кои уживаат во прошетка покрај езерото, а најхрабрите го искористија сонцето и за капење во езерото. Метеоролозите за денеска во Охрид ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е големиот христијански празник Ѓурѓовден. Дали се пости за Ѓурѓовден 2026? Дознајте дали славата е посна или мрсна, што вели православната традиција и што задолжително треба да има на трпезата. Ѓурѓовден, празник посветен на Светиот великомаченик Георгиј (Св. Ѓорѓи), секоја година отвора исто прашање меѓу верниците: дали се пости или не? Одговорот не е секогаш ист и туку зависи од денот во ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, од 12 до 14 јуни 2026 година, во Охрид ќе се одржи јубилејниот, 10-ти по ред, меѓународен ИПА Вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“. – Централниот настан-традиционалната велосипедската рекреативна тура Охрид-Струга-Радожда закажана за 13 јуни 2026 година. Стартот ќе биде од градското пристаниште во Охрид во 08:00 часот од ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 април 2026 година, во 22:35 часот во СВР Охрид, 73-годишна жена од Охрид пријавила дека на 26 април 2026 година, околу 16:30 часот во нејзин имот во охридското село Косел, била физички нападната од едно лице, кое претходно го предупредила да не поминува со трактор во нејзиниот имот. – Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: архива ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 април 2026 година, во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата било донесено 36-годишно лице од струшкото село Мороишта. – Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 април 2026 година, во 14:35 часот на паркинг просторот на улицата „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 60-годишник од Охрид. – Претходно, тој со патничко возило марка „Опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал, движејќи се наназад удрил во патничко возило „КИА“ со охридски регистарски ознаки, паркирано од страна на 50-годишно лице од Охрид, и се ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 април 2026 година, во 21:02 часот во СВР Охрид ое пријавено дека на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид било опожарено патничко возило марка „Ауди“ со австриски регистарски ознаки, сопственост на лице од Австрија, со привремен престој во Охрид. – Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи и од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид. Се превземаат мерки за расчистување на настанот, ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Леонид Тодороски, со освоени 23 поени го освои бронзениот медал на Европската математичка олимпијада (ЕМО 2026), која се одржа во Вилнус, Литванија. Олимпијадата годинава се одржа за првпат од 23 до 29 април, а македонската делегација се состоеше од шест ученици: Дамјан Давков, Ивано Божиновски, Леонид Тодороски, Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски; предводени од Илија Јовчески и Лука ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младиот македонски пејач Дамјан Стоименовски ја претстави својата најнова музичка нумера „Рингишпил“, емотивна поп балада која ја раскажува внатрешната борба со љубовта што заминала, но сè уште живее во мислите и спомените. – Песната носи длабока и искрена интерпретација, при што низ музика и текст се доловуваат чувствата на загуба, копнеж и немир кои остануваат по една недовршена љубовна приказна. ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Драмската секција при ОСУ „Св. Климент Охридски“, во понеделник, на 4 мај, ќе ја изведе претставата „Перфектни странци“, во режија на професорката Ирена Бачиќ. – Претстава што ќе ве насмее, ќе ве затегне… и ќе ве натера да го погледнете сопствениот телефон поинаку. Што ако една обична вечер се претвори во игра без правила? Еден телефон. Седум пријатели. Без тајни…или барем така мислат?! Во свет каде што ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на засилени контроли на работењето на управителите со станбени згради, Регулаторната комисија за домување (РКД) донела одлука за одземање на лиценците на четири правни субјекти, по утврдени неправилности при вонредна проверка на усогласеноста со законските обврски. Како што информираат од институцијата, акцијата е спроведена со цел да се провери дали управителите постапуваат согласно измените на ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Познатата канадска кантавторка Sarah McLachlan го претстави својот нов сингл „All This Disaster“, кој беше објавен неодамна, на 24 април 2026 година и веќе е достапен на сите поголеми дигитални музички платформи. Песната е уште еден и современ придонес на нејзината богата дискографија, потврдувајќи го нејзиното континуирано уметничко присуство на меѓународната музичка сцена. „All This Disaster“ ги задржува ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Бразилскиот диџеј и продуцент во подем, Zerb, соработува со poznatata Rita Ora на новиот сингл „If It’s Not Love“, кој беше објавен на 17 април 2026 година. Оваа соработка беше најавена преку социјалните медиуми на двајцата уметници во текот на претходните недели, создавајќи интензивен интерес кај нивната публика. Станува збор за денс-поп песна, со силни електронски влијанија кои ја носат карактеристичната ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Bruno Mars неодамна го претстави својот прв компилациски албум насловен „Collaborations“, издание кое ги обединува некои од најуспешните соработки во неговата кариера. Албумот беше издаден на 18 април 2026 година за Atlantic Records и беше негов придонес на Record Store Day, за кој Bruno беше најавен како амбасадор за 2026 година. Изданието е објавено во ограничен тираж од само 11.000 примероци, што го ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека советниците го изгласаа зголемувањето на цените на услугите на јавните претпријатија, изминативе 24 часа е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. Градските советници вчера ја одржаа деветтата седница. Во првиот дел од седницата се разгледуваа и беа донесени повеќе одлуки за работењето на општинските јавни претпријатија, а во вториот дел се усвоија повеќе ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Порториканскиот уметник Rauw Alejandro го објави новиот сингл „Dando Vueltas“, кој е дел од поширока културна кампања поврзана со Светското првенство во фудбал 2026 година. Песната носи порака за почит кон енергијата, страста и културниот идентитет што латиноамериканските заедници ги внесуваат во глобалниот фудбал. Создадена во соработка со реномирани продуценти како што се Eduardo Cabra, Edgar Barrera, ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од некогашниот хотел „Радиќ“, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. – На фотографијата е хотел „Радиќ“, изграден 1923 година во центарот на градот до 1960 година ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Lady Gaga и Doechii го објавија својот нов заеднички сингл „Runway“, кој е дел од саундтракот на претстојниот филм „The Devil Wears Prada 2“. Во филмот, песната се слуша во сцена сместена за време на Неделата на модата во Милано, кога се снимаат моменти кога моделите се подготвуваат зад сцената. Филмот ја продолжува приказната за легендарната Miranda Priestly, која ја игра Meryl Streep, фокусирајќи се на ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со порастот на дневните температури и зголемувањето на фрекфенцијата низ градот се актуелизира потребата од редовно и навремено средување на зелените појаси. Читатели на OhridPress повторно испратија фотографии со апел да се искоси високата трева кај поранешното игралиште кај Историскиот архив. – Просторот може да биде засолниште за живина, а во топлите денови што ни претстојат и потенцијален ризик од ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот Евроамбасадор во Република Македонија, ирскиот дипломат Ерван Фуере, деновиве е повторно во Охрид, каде го искористи сончевото време за априлско капење во Охридското Езеро, а утрово беше во друштво на еден прекрасен лебед. И по завршувањето на функцијата тој e чест гостин во Република Македонија, а особено во Охрид. За охриѓани тој е посакуван гостин и за многумина и пријател, пред се’ поради ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, со мотиви од стариот дел на градот, на потегот од Горна порта до „Сараиште“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...