
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализација на програмата за крводарителски акции за 2025 година. Под мотото „Секоја капка е важна“, утре во периодот од 09:00 до 12:00 часот, во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција. – Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, потенцираат од ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на утрешниот ден ќе има измени во возниот ред на општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид. – Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, среда, 5-ти февруари општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид ќе се одржува со изменет возен ред. Во периодот од ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни содржини се предвидени на годинашната традиционална манифестација Прличеви беседи, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев. Утре од 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во изложбениот салон, додека од 12:00 часот на малата сцена започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“. ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Несомнено е дека македонскиот мулти-инструменталист и пејач ги користи своите раскошни таленти до максимум. „Let Us Be“ е ода на радоста во 8 дела, стои во рецензијата на престижната германска музичка страна Sonic Soul за новиот албум на нашиот Владимир Четкар. Најголемата Американска музичка страна за соул музика, Soul Tracks, која е задолжителна станица за сите обожаватели на Соул музиката во светот, во ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид денеска ќе се одржи Работната средба „Учи паметно работи стручно“. – Општина Охрид и локалната самоуправа, активно работат на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите. Компаниите и нивните потреби од стручен ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Јустинијана (Јанка) Каневчева била тајна вереница на Гоце Делчев, жената која тој неизмерно ја сакал. Според нејзиното писмо, убиството на нејзиниот Гоце „медиумски“ се подготвувало цела година однапред. Загрижена, учителка Јанка на 8-ми февруари 1902 година пишува писмо, кое следниот ден го испраќа до редакцијата на софискиот весник „Дело“, барајќи да се демантираат гласините за наводното ...
Скопје, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одбележува 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, големиот македонски револуционер, визионер и идеолошки лидер. Како син на Никола и Султана Делчеви, роден е на денешен ден, 4-ти февруари 1872 година во Кукуш. Основното образование го завршува во Кукуш по што заминува да учи во Солун каде науката и литературата ги усовршува во воената школа. Има активна улога во многу политички клубови во ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници, според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска го празнуваат денот на Св. апостол Тимотеј. Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени. – Утре особено долж Повардарието и во источните делови ќе засилува северен ветер. Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има зголемена облачност и ...
Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Намалена видливост од 70 до 100 метри поради појава на магла има има на патниот правец село Гајре-Попова Шапка и Маврово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гитарист со светска слава Дамјан Пејчиновски по трет пат е дел од NAMM (National Association of Music Merchants), најуспешната и највлијателната меѓународна изложба во музичката индустрија, која се одржува во Anaheim, California, САД. – NAMM 2025, вистинска привилегија е да се биде тука по 3. пат. Ви благодарам драги браќа Flo Naegeli и Myhre Niclas за поканата да настапам со вас, беше толку ...
Скопје/Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Проект за популаризација на воената професија денеска почнал во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп. Претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата, ги информирале средношколците за можностите кои ги нуди воената професија. Како што соопшти Министерството за одбрана, на информативните ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата пронајде и одзеде марихуана во два случаи кај лица од Охрид. Во првиот случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29-ти декември 2023 година во Охрид, полициски службеници извршиле претрес во домот на ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просечното за овој период од годината. Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото е на кота од 693,19 м.н.в што е за 20 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и 9 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9 степени и ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри февруари 2025 година, во 00:50 часот, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30-годишно лице од Охрид кое претходно на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид агресивно се однесувало кон полициски службеници кои вршеле службена дејност. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е веќе ставен на мапата дестинации на Turkish Airlines, авиокомпанијата ја промовира директната авиолинија Истанбул – Охрид, што ќе започне на 27-ми март. Ќе се лета во понеделник, четврток, петок и недела со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900. Во описот за градов стои дека е популарна туристичка дестинација на Балканот, македонски бисер и дел од светското културно наследство на ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид/Кичево, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преку едиствениот број за итни повици 112 вчера во 14:12 часот, добиена е пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, локација над село Лавчани поточно на местото викано Два Камења, Општина Кичево, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи РЦУК – Охрид. – Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и не можноста за пристап на моторно возило, ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“. Преку истата, деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Спортската сала на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ во Лескоец, Охрид, викендов се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А, Б класа) и судии, каде учество зедоа членови од сите клубови на федерацијата. По зимскиот распуст и празниците, одзивот беше подобар од очекуваното и спортската сала беше преполна. Како федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери, од кои 12 се А, 11 се Б класа, а имаме и 10 ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Преподобен Максим Исповедник. Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени. – Времето ќе биде променливо облачно, денеска со повремен локален дожд, а во вторник поради продор на постудена воздушна маса со локален слаб снег. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува ...
Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за ...
Струга, 2. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница. Од СВР Охрид информираат дека случајот во полиција бил пријавен утрово во 09:50 часот од страна на медицински лица од Општата болница во Струга. – Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка ...
Кичево/Охрид, 2. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 1. февруари 2025 година, околу 21:30 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар во која се повредени четири лица. – Во незгодата учествувале возила марка „Ауди“ и „Пасат“ од кои едното било управувано од страна на 38-годишно лице од селото Свиништа, а другото од 35-годишник од селото Зајас. Првиот возач и неговата ...
Охрид, 2. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри февруари 2025 година, во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишено е од слобода 42-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј, кое претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанало и избегало од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото. – Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било ...
Охрид, 2. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена во паркот во центарот на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 2. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...