Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 6 јули во Охрид ќе се одржи јубилејниот 65. Балкански фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите. Честа да го отвори фестивалот и годинава му припадна на нашиот културен амбасадор, Ансамблот за народни песни и игри „Танец“, а претходно „Билјана платно белеше“ ќе ја изведе КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид. ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека во пресрет на шпицот на главната туристичка сезона, на сила е нов сообраќаен режим на кеј „Македонија“ во центарот на градот е помеѓу најкоментираните деновиве на нашиот Facebook профилот на OhridPress. Според она што може да се забележи на терен, затворен е за моторен сообраќај кеј „Македонија“, на потегот од кружната крстосница со улицата „Македонски Просветители“, до крстосницата со ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од Сараиште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера па заклучно со 31 август на сила е одлуката за ограничување на пловидба на скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, донесена од Владата, а на предлог на министерството за транспорт. Забранета е пловидба на скутери во периодот од 11:00 до 19:00 часот. Согласно одлуката од 3 јуни важи забраната за пловење на чамци во периодот од 21:00 до 05:00 часот сé до 31 август. Во септември ...

Охрид, 2. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во предвечерјето на празникот посветен на големиот Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета, OhridPress ви нуди неколку стари фотографии од пред многу години, кои доловуваат една друга димензија на ова прекрасно место. Свети Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа, каде работел како учител од 886 до 893 година. Како еден од ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Паисиј Велики. Мисирец по раѓање и јазик. После едно видение во сон, мајка му го заветуваше да Му служи на Бога. Како момче дојде кај преподобен Памво, а овој го прими за ученик и соученик на преподобниот Јован Колов, којшто и го опиша житието на Паисиј. На голема радост на својот духовен отец, Паисиј најусрдно се трудеше, додавајќи подвиг ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците на празнувањето на споменот на Охридскиот закрилник и Мизискиот чудотворец, свети Наум Охридски, кој е наш постојан молитвеник и кој повеќе од 1.100 години непрестајно се застапува за нас пред Божјиот престол. По тој значаен повод, вечерва од 19:00 часот, во манастирот посветен на свети Наум Охридски ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба, со која ќе ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне ќе имаме променливо облачно време, со услови за повремен локален дожд и грмежи попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29 степени. – Денес и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на шпицот на главната туристичка сезона, на сила е нов сообраќаен режим на кеј „Македонија“ во центарот на градот. Според она што денеска веќе можеше да се забележи, затворен е за моторен сообраќај кеј „Македонија“, на потегот од кружната крстосница со улицата „Македонски Просветители“, до крстосницата со улицата „Ванчо Николески“, каде веќе се поставени и типизираните куќарки, но и сите останати ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Специјалистичката биохемиска лабораторија „Сонце“ од Охрид одобрува летен попуст од 20% за сите приватни лабораториски анализи, во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година. „Сонце“ е првата регистрирана специјалистичка биохемиска лабораторија во Република Македонија, која работи од 1993 година, а официјално со работа започна на 6 февруари 1995 година. Повеќе од 30 години искуство, прецизност и грижа за ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од викендов, како дел од поголемиот пакет летни промотивни активности, започна бесплатното летно Plazma TAXI. Ова е само продолжување на соработката на OhridPress и Супер радио со најголемите компании во државата и регионот. Основната идеја на Plazma TAXI е да им овозможиме на охриѓани и гостите бесплатно возење до саканата дестинација секој викенд во петок и сабота. Кога ќе го забележите нашето посебно ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 4 јули 2026 година, во Куќата на Уранија во Охрид, од 20:00 часот ќе се отвори изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски. На изложбата ќе бидат прикажани 30 мозаици, симболично претставувајќи ги 30-те години активно творештво на авторот во оваа вековна сликарска техника, a на отворањето свој музички перформанс ќе има професорот Драган Даутовски. Томовски е еден од ретките ...

Скопје, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Компаниите од приватниот сектор од денеска можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор (К-15), при што минималниот износ за 2026 година изнесува 19.116 денари. Минималниот регрес е пресметан врз основа на просечната нето-плата за февруари, март и април годинава, која изнесува околу 47.790 денари. Согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор, минималниот К-15 изнесува 40 проценти од ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 30 јуни 2026 година, во 15:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во Охрид, едно лице физички нападнало 64-годишна жена од Тетово. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 28 Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 30 јуни 2026 година, во 15:45 часот, во СВР Охрид е ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 30 јуни 2026 година, во СВР Охрид е пријавено дека во црквата „Св. Никола“ во охридското село Трпејца, била извршена тешка кражба, при што се одземени пари и други предмети. – Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 48 Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 30 јуни 2026 година, во СВР Охрид е пријавено дека во црквата ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 30 јуни 2026 година, во 20:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид физички нападнал малолетен сограѓанин. – По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 201-а од Кривичниот законик „насилство врз дете“, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 32 Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 30 јуни ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија, од потегот кај шеталиштето на денешен кеј „Македонија“ пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. – Охридско шеталишче, носталгија во пиксели, напишаа ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Минатата 2025 година во Охрид и Струга биле евидентирани по 35 бесправно изградени објекти, додека во Дебрца ниту еден, покажува извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС). Од вкупно 35 објекти во Охрид, 11 биле за домување, две доградби, надградби и слични адаптации, четири деловни објекти, една гаража, шест огради, осум настрешници и три помошни објекти. Од нелегалните објекти за домување пет биле ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово по кеј „Македонија“ и пешашката патека до плажата Cuba Libre. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Скопје/Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од денес па сé до 31 август на сила е забраната за движење на тешки товарни возила над 15 тони на државните патишта во Република Македонија за време на викендите и во периоди на екстремно високи температури. Се предвидува ограничување на сообраќајот во петок попладне, како и во сабота и недела, со цел намалување на метежот и зголемување на безбедноста на патиштата во летниот период. Дополнително, при ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На сила е целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, мерка што ќе трае до 31 август. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување ваква забрана. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од Градското пристаниште и Светилникот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 31 Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Светиот маченик Леонтиј. Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „висок, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 1. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 30 степени. – Под влијание на серија влажни воздушни бранови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во ...

Ресен, 30. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Годинава, по осми пат, фестивалот „Откријте ја Преспа“ ќе се одржи од 3 до 5 јули како иницијатива, која има за цел да ги обедини преспанците од трите брегови на Преспанското Езеро во три различни земји. Програмата на овогодинешното издание на фестивалот го одразува богатството на различноста, духот и традицијата на Преспа како регион граничи со четири национални паркови во три земји. – Фестивалската ...

Охрид, 30. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на локалните Јавни претпријатија, деновиве ги поставуваат типизираните куќарки на пешачката зона на кејот на Охридското Езеро. Охриѓани секоја година со поделени мислења. Дел го оправдуваат овој вид на понуда за туристите, а дел се со став дека станува збор за несоодветни објекти, во кои тешко се одржува хигиената и на кои не им е местото во строгиот центар на градот. Велат дека има доволно дуќани од ...

Охрид, 30. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Мулти-платинестото шведско дуо Icona Pop го претстави својот нов сингл „Yellow Top“, кој е дел од нивниот претстоен албум „Ritual“, кој се очекува да излезе на 14 август за Ultra Records и Iconic Sound Recordings. Песната го следи објавувањето на синглот „Ritual“, како и „Dance To This“ и „Butterfly Feelings“, продолжувајќи ја новата музичка ера на бендот. Со „Yellow Top“, Icona Pop го задржуваат својот ...

Охрид, 30. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Една од најомилените и препознатливи песни на Monsieur Minimal низ целиот свет добива сосема нова и поинаква димензија. „Love Story“, песната што се издвојуваше по својата мелодична атмосфера и безвременска естетика, се враќа преку динамичен afro house remix насловен како „Love & Hate Story“ од The Kings of Siwa. Со почит кон мелодијата и емоцијата на оригиналот, The Kings of Siwa ја редефинираат песната ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07