Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Јубилејот, 10 години Меѓународен аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе биде одбележан утревечер со изведба на интернационалната театарска претстава „Балкандром“, копродукција на организации на Црвениот крст од Охрид, Суботица, Крагуевац, Ужице и Бар. Ова дело на повеќе јазици, зборува гласно, храбро и лично за суровата реалност во сите овие балкански држави каде луѓето поради секојдневието, ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – За една недела ќе завршат активностите на пристаништето во Охрид, од 20-ти јуни ќе продолжат во „Св. Наум“, за до 30-ти јуни да биде комплетиран целиот процес, информира за Супер радио и OhridPress Илија Арнаудовски, капетан на Капетанија на пристаништа. – Езерото се чисти од тиња и се работи парцијално, се вади дел по дел, се остава на цедење, па се носи на депонија. Сите активности се за поголема безбедност ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледаат три стари фотографии од легендарните Садиловци, направени пред многу години, меѓу кои и од охридска свадба од далечната 1946 година, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар), православните верници, на 14-ти и 15-ти јуни 2025 година, во сабота и недела, го слават во чест на Св. Еразмо Охридски. Поради неговата мисионерска дејност и големите заслуги за ширењето на христијанството свети Еразмо во нашиве краишта бил сликан заедно со Седмочислениците. Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до вторник ќе се спроведе првото електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни. Пријавувањето ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска продолжуваат настаните посветени на најмладите во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ . Од 18:00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена детска театарска претстава „Пинокио“ на Балада продукција. Следниот петок, 20-ти јуни на истата сцена и од истиот термин ќе биде изведена детска театарска претстава „Во царството на другарството“ на театар Хит Комедија. ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес официјално ќе биде пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид – Св.Наум во должина од 24,3 километри. На настанот ќе присуствува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). – Со реконструкцијата заради зголемување на ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажата „Горица 1“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секојдневно во медиумите читаме за случаи на тепачки, селективна правда, неказнивост, дрога на сите страни, пребрзо возење, жртви… Покрај овие, случаите на семејно насилство во регионот на Охрид се се’ почести, што доволно зборува за состојбата во која се наоѓаме како општество. Заклучно со вчера, 12-ти јуни, во текот на 2025 година, регистрирани се 16 случаи на загрозување на сигурноста, 15 случаи на телесни ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Тој беше токму онаков каков што би требало да го измислиме доколку не постоеше. Тој беше Вангел Скребатски, тој беше Нав Муан, тој беше едноставно Вангел Наумовски. Македонската и охридската јавност се сеќава на својот Вангел, кого најмногу го препознаваат како сликар. Супер радио и OhridPress Ви презентираат и една друга страна на генијалниот уметник, која не и’ е толку позната на пошироката јавност. Во ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 2006 година, на 82-годишна возраст во Охрид почина познатиот македонски ликовен уметник Вангел Наумовски.. Роден е на 22-ри март 1924 година, во охридското село Скребатно. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е иусклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени. – Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, утре и во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Од 26-ти мај 2025 година, започнаа градежни активности, санација на мост на река ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Светиот апостол Ерма. Еден од Седумдесеттемина. Се спомнува во Посланието на Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во ...

Охрид, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со концерт, кој се одржа во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, охриѓани и годинава не дозволија да избледи споменот на Климе Садило. „Заборавениот звук на Садило“ беше насловен концертот, на кој, во спомен на Климе Садило настапија КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Охридскиот камерен оркестар, а беше изведена и драмата „Виолина што одекнува низ вековите“ од м-р Михаил ...

Охрид, 13. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 13-ти јуни, во 2006 година, на 82-годишна возраст во Охрид почина познатиот македонски ликовен уметник Вангел Наумовски. Со своето творештво Наумовски во 60-тите години на дваесеттиот век стана познат не само во Република Македонија, туку и во европски и светски рамки. Охрид и особено езерскиот имагинарен свет постојано се присутни во делата на Наумовски. Покрај ликовно творештво, тој остави ...

Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Наречението на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски, Георгиј ќе се изврши на Петровден, на 12-ти јули 2025 година, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник. – Епископската хиротонија и интронизацијата за Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 13-ти јули 2025 година, на Павловден, во Соборниот храм на Охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид, информираат од Светиот ...

Струга/Скопје, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти јуни 2025 година, во 04:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, две лица, со употреба на сила внеле 22-годишна девојка од Скопје во патничко возило и заминале од местото. – Во 09:11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје пријавил дека девојката побарала помош кај нив и ѝ биле ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – На 8-ми август 2024 година, полициски службеници извршиле претрес на апартмани во Охрид, кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и дробилка ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на претстојниот празник на Св. Еразмо, кој и оваа година традиционално ќе се прослави на 14-ти и 15-ти јуни 2025 година, во сабота и недела, на профилите на социјалните мрежи каде се објавуваат активностите на манасторот, беше објавено сведоштвото на жена, која сведочи за чудотворната моќ на Светецот Еразмо Охридски. На 14-ти јуни 2024 година донесов масло, алишта, проскур и вода за здравје на мојот ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – По традиција, продолжува соработката на Супер радио со најголемите компании во градот, државата и регионот. Во најубавиот период од годината, време е за уште едно лето со Тамаро и Плазма во Охрид. Во големиот маркет на Тамаро на улицата „АСНОМ“, синоќа се одржа првата дружба за ова лето. Поделивме многу подароци и донесевме многу насмевки кај купувачите, особено најмладите охриѓанчиња. – И ова лето продолжува ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во месец април во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Од нив по пет се на физичко лице и деловен субјект. Предвидена е градба на 207 станови, најмногу двособни, со вкупна корисна површина од 12.431 м². Во анализираниот период во општина Струга нема издадени одобренија, додека во Дебрца дури 13 одобренија. На ниво на Република ...

Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) доби нов духовен водач за Дебарско-кичевската епархија. На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, за нов митрополит е избран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски). Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј, еден ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Охрид, утре, 13-ти јуни, започнува Ипа вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“, во чии рамки, во сабота, на 14-ти јуни, ќе се одржи рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда. Овој спортски настан, се одржува по деветти пат, а главната цел е актуелизирање на ИПА иницијативата за велосипедско поврзување на двата крајезерски ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува деградирањето на животната средина во Охрид и околината и неодговорниот однос на поединци кон најскапото што го имаме – чистата околина и убавината на градот и Охридското Езеро. Потврда за ова е и вистинската мини депонија, во непосредна близина на тениското игралиште кај плажата и хотелот „Орце Николов“. Градежен шут, предмети од домаќинство и секаков вид ѓубре е исклучително лоша слика за сите ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година во Охрид се регистрирани вкупно 399 живородени бебиња, покажуваат конечните податоци на Државниот завод за статистика. Оваа бројка е за 28 помалку во однос на 2023 и за 15 помалку во однос на 2022 година. Од новороденчињата 206 биле машки, а 193 женски. Според брачната состојба, 375 се добиени во брак, а 24 се вонбрачни. Инаку Охрид и 2024 година, како и претходните три ја заврши со негативен ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јуни 2025 година, во 21:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се поднесувал кон неговиот 26-годишен брат, оштетил дел од покуќнината и без дозвола го зел возилото на брат му. – Тој бил пренесен во здравствена установа и по целосно документирање на случајот, ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец април Охрид го посетиле вкупно 27.920 туристи, од кои 7.984 биле домашни, а 19.936 се странски. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 48.592. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 4.558, следуваат гостите од Германија 2.825, Србија 2.101 и Франција 1.745. На ниво на Република Македонија во април ја ...

Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска на седница треба да избере митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополит, господин Тимотеј. Засега единствен кандидат за оваа висока црковна позиција е јеромонахот Георгиј, кој на празникот Педесетница доби ново ...

Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажите „Славија“ и „Орце Николов“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1019
weather icon

Белград

12ᴼ / 7ᴼ
3.13
76%
1020
weather icon

Загреб

14ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1020
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.6
54%
1019
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
95%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.12
42%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
63%
1020
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
0.45
64%
1019
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
68%
1016
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

65.3624

Currency

7.32285

Currency

0.65608

Currency

0.35603

Currency

0.52523

Currency

1.28138

Currency

0.60103