Градот Охрид со низа свечености и манифестации го одбележува 2 Август – Денот на Републиката. По тој повод утрово цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа и кај „Прентов мост“ положија делегации на локалната самоуправа, политички партии, здруженија, граѓани… По повод Илинден денеска во селото Плаќе се одржа историски час со културно-уметничка програма, а чествувањата ќе бидат заокружени вечерва во селото Елшани ...

Петар Цеков од ПК Вардар 2018 – Скопје во машка и Сара Јанковиќ од ПК Скопје, се победници на 46-то издание на малиот пливачки маратон, што традиционално се одржа денеска на празникот Илинден во водите на Охридското Езеро. Во конкуренција на пливачи 16+, Цеков патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид ја мина најбрзо со време 28.04.16 минути пред Евгениј Поп Ацев од ПК Вардар 2018 (29.30.02м.) и Теодор Тасевски исто така од ПК Вардар 2018 ...

Клубот Ребел познат по уникатните забави и квалитетна музика, ова лето во Охрид носи извонредни гости кои високо котираат на светските денс листи. Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на Денот на Републиката, 2 Август. Гостува норвешкиот диџеј и продуцент Микас (DJUMA SOUNDSYSTEM). Тој е креатот на модерната класика успешно комбинирајќи диско и афро хаус. Претстојниот е само еден од низата квалитетни настани што се случуваат во клубот ...

Клубот Ребел познат по уникатните забави и квалитетна музика, ова лето во Охрид носи извонредни гости кои високо котираат на светските денс листи. Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на Денот на Републиката, 2 Август. Гостува норвешкиот диџеј и продуцент Микас (DJUMA SOUNDSYSTEM). Тој е креатот на модерната класика успешно комбинирајќи диско и афро хаус. Претстојниот е само еден од низата квалитетни настани што ќе се случуваат во клубот ...

Македонија денес го чествува Денот на Републиката, зачната на Илинден 1903, а родена на АСНОМ во виорот на Втората Светска војна. На денешен ден во 1903 година почнало Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт. Најголем успех востанието имало во Крушево каде е формирана Првата Република на Балканот, која, како и востанието, биле задушени во крв по 10 дена. На 2 Август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор ...

Екипата на Инекс Олгица е последен патник во четвртфиналето на 20-то јубилејно издание на турнирот вои мал фудбал во Велгошти, откако вечерва со 3:2 ја совлада екипата на Вила Мина. Екипата на АСП ПАК, пак, се пласира во полуфиналето по убедливата победа над Ресен со 3:0. Резултати 01.08.2025 Инекс Олгица – Вила Мина 3:2 АСП ПАК – Ресен 3:0 Денеска на е слободен ден, а турнирот продолжува во недела, со преостанатите средби од 1/4 финалето. ...

Од 16 до 30 август Охрид повторно ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма во градот. Годинешното, трето издание ветува богата спортско-рекреативна и социјално-едукативнaта програма. Спортската програма започнува на 16 август со Меѓународен ватерполо турнир за ветерани, по кој следуваат Ред Бул падалинка, Меѓународна кајак регата, Меѓународен OWF пливачки митинг, ...

Утре традиционално по 46-ти пат во водите на Охридското Езеро ќе се одржи малиот Илинденскиот пливачки маратон во организација на П.К. „Охридски бранови 2008”-Oхрид. Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица до кејот на Охридското Езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км., а пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години, информираат од клубот. Првиот ...

Вечерва продолжува програмата за одбележување на 2-ри Август, Денот на Републиката, во организација на Општина Охрид. Во 20:30 часот во селото Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, каде е предвидено обраќање на градоначалникот Кирил Пецаков, полагање на цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците, како и културно-уметничка програма. Од 21:00 часот, пак, кај црквата Св.Илија во селото Рамне ќе се одржат ...

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 јули 2025, во периодот од 21 јули до 10 август, се реализира националната јавно-здравствена кампања за подигнување на свеста, превенција, рана дијагностика и елиминација на вирусните хепатити и црнодробниот карцином. Оваа голема кампања се организира под покровителство на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, во соработка со Хепар Центар Битола, Универзитетските ...

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 29 степени. Во деновите од викендов ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе ...

Екипите на АСП ПАК, Кафе бар 9, Стоматолошки центар Др. Баткоски и Сатеска, изборија пласман помеѓу осумте најдобри на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Најдраматично синоќа беше во осминафиналната пресметка меѓу ланските финалисти Кафе бар 9 и Бел Мерцедес која беше решена по изведувањето пенали. Резултати 31.07.2025 – 1/8 финале АСП ПАК – Топлина 4:0 Кафе бар 9 – Бел Мерцедес 1:1 (4:3) Чардак Велгошти – Стоматолошки центар Др. Баткоски ...

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Утре и во сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи ...

Со три натпревари од 1/8 финалето, синоќа, почна елиминациската фаза од турнирот во мал фудбал во Велгошти. Пласман во следната рунда обезбедија екипите на Гранит Х, Ресен и екипата на Кибо Пласт која меѓу осумте најдобри стигна по дожд и пенали. Резултати 30.07.2025, среда Форт кафе – Гранит Х 2:5 Ресен – Аце Најдески 2:0 Кибо Пласт – Мартиник мебел 2:2 (3:2) Турнирот продолжува во четврток со четири натпревари од 1/8 финалето каде ќе се ...

Во сообраќајна несреќа што се случила вечерва на булеварот “Туристичка” во Охрид, повреден е малолетен пешак. Според првичните информации од истрагата, при обид да го премине булеварот на необележан дел за тоа, односно надвор од пешачки премин, во пешакот удрило возило, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Повредениот е пренесен во болница, но се уште не е потврден карактерот на неговите повреди. На местото на несреќата извршен ...

На состанокот што се одржал синоќа помеѓу претставници на организацискиот одбор и учесниците на турнирот Велгошти 2025, надминати се недоразбирањата и направен е нов распоред на натпреварите од елиминациската фаза која почнува вечерва со три натпревари. Во елиминациската фаза на турнирот продолжуваат екипите на: Форт кафе, Гранит Х, Ресен, Аце Најдески, Кибо Пласт, Мартиник мебел, АСП ПАК, Топлина, Сатеска, БЗ Груп, Кафе бар 9, Бел Мерцедес, ...

Во рамки на деветтата вечер на „Summer Comedy Marathon“ вчеравечер беше изведено шоуто „Comedy Jam“ во Џез Ин. Комичарите Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев приредија спонтано шоу со импровизација и вклучување на публиката. Оваа вечер за загревањето на атмосферата беше задолжен Јован Цветкоски. За сите кои пропуштија да го погледнат шоуто Comedy Jam истото ќе биде повторно изведено на 8 август во Џез Ин со почеток во ...

На 30.07.2025 во периодот од 02.00 до 04.00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спречување на незаконит риболов. Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи“ со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од ...

На 29.07.2025 во 08.45 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 58-годишно лице од с.Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на ...

Општина Охрид ги објави избраните апликанти чии проекти се целосно усогласени со развојните приоритети на општината за 2025 година врз основа на Јавниот повик за поднесување на предлог проекти од граѓански организации, објавен на 26.03.2025 година. Како што посочуваат од Општината избрани се проeктите „Пулсот на езерото“ на Нукрачкиот центар „Амфора“ и „Од домашна кујна до локален бренд“ на ЦОР „Импакт“, првиот во областа на туризмот и ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 28 степени. Денес во попладневните часови, во ...

Ново културно катче се раѓа во центарот на градот. Охрид конечно ќе го добие она што му недостасуваше: културен центар во кој луѓе од различни возрасти ќе можат слободно да ги изразат своите уметнички, занаетчиски и воопшто своите креативни потреби. На отворањето посетителите ќе имаат можност да ја погледнат заедничката изложба ПЕРСПЕКТИВА/ POINT OF VIEW од охридските талентирани млади фотографки Ива Јовановиќ и Анамарија Момироска. Изложбата е ...

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на ...

Претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка во посета на Охрид, Струга и Вевчани остварија средби со градоначалниците и претставници на секторите за туризам. Во изминатите два дена, претставници од Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA беа гости на директорката Билјана Стефаноска, која активно работи на тоа токму Македонија да биде избрана за новиот JICA проект во Западен Балкан. Предложен е Југозападниот регион, ...

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција, информираат од Министерството за внатрешни работи. Со него, велат, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција. Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана ...

Осмата вечер на на „Summer Comedy Marathon“ го донесе шоуто Dos Cómicos во Cuba Libre. Присутните уживаа во изведбата на двајцата комичари Никола Тодороски и Бранко Крсмановиќ кои приредија една луда вечер под ѕвездите! Спонтан хумор, импровизации и смеа без граници. За загревањето на атмосферата беше задолжен Никола „Братучед“ Сиљаноски. Деветтата вечер ќе се одржи во Џез Ин, а публиката ќе може да го погледне шоуто Comedy Jam со Никола ...

На 28.07.2025 во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32-годишно лице од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишно лице од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо“, ...

На 28.07.2025 во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32-годишно лице од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишно лице од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо“, ...

Шеснаесет поети, музичари и уметници од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија) ќе бидат дел од 37. Поетска ноќ во Велестово. Програмата ќе започне на 15 август во 21 часот во Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“. Ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Стефан Младеновски. ...

Екипите на Кафе Бар Коко и Кибо пласт службено се пласираа во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал во Велгошти, откако нивните противници одбија да ги одиграат натпреварите. Организаторот најави дека наскоро ќе излезе со став во врска со новонастанатата ситуација на турнирот. Според распоредот, вечерва на програмата треба да бидат четири 1/8 финални средби. 29.07.2025 (вторник) 1/8 финале 20:00ч Топлина – Асп Пак 21:00ч Инекс Олгица Хотел – ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
92%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 8ᴼ
2.57
64%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.73
95%
1016
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
94%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
91%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
94%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056