Донесено Решение за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болески и посебни потреби во Општина Охрид за учебната 2024/2025. Согласно записникот за спроведена евалуација донесена од страна на комисијата, постапувајќи по Јавниот повик за доделување на стипендии на ...

Ракометарите на Охрид натпреварите во плеј-офот во ракометната Супер лига ги започнуваат денес во Скопје каде ќе се сретнат со екипата на Бутел. На стартот од плеј-офот нè чека тежок натпревар со Бутел на гостински терен. Бутел е квалитетна екипа, игра цврсто, особено дома. Ние ќе се подготвиме најдобро што можеме и секако посакуваме успешно да го започнеме плеј-офот, вели левото крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески. Натпреварот се игра со почеток ...

Во знак на поддршка на лицата со аутизам, а по повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот – 2 Април, синоќа во сина боја беше осветлена зградата на Општина Охрид. Сината боја е заштитен знак за грижата на лицата со аутизам и потсетник за зголемување на јавната свест за инклузија на овие лица во општественото живеење. Втори април се одбележува како светски ден од 2008 година. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН, а Македонија се ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18 степени. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Денес и утре ќе има изолирана појава, а ...

На 5-ти април, од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ во организација на Младински Центар Охрид. На базарот ќе можете да најдете и да продавате облека од втора рака, рачно изработени сувенири, книги, торби, обележувачи за книги и креативни изработки. Креативниот клуб на Младински Центар Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги, кои ќе бидат изложени на пазарот. Сè уште ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар. Со ...

Екипата на Воска Спорт, вчера забележа вредна победа на госувањето кај Гостивар. Стрелци на головите за прволигашот од Охрид беа Виноградац во 30 минута и Клинтон во 83 минута. Со оваа победа Воска се искачи на 10 место и ја продолжува битката за опстанок во најсилната лига на Македонија. Резултати 1 лига 25 коло: Силекс – Тиквеш 1:1 Струга – Шкупи 0:0 Гостивар – Воска Спорт 0:2 Шкендија – Брера Академија Пандев 2:1 Работнички 0 Беса ...

ФФМ отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, што се случи вчера пред почетокот на натпреварот со Брера што се одигра во Тетово. За време на минута молк додека играчите на двете екипи на центарот им оддаваа почит на жртвите од катастрофалниот пожар, навивачите на Шкендија од Тетово свиреа и пееја песни, што ...

Тилен Стрмлјан е новото засилување за ГРК Охрид од сезона 2025/2026! Тилен ќе биде “гладијатор” миниум 2 години, соопшти клубот. Средниот бек на Словенија е моментално на првото место со неговата екипа Хановер Бургдорф во најдобрата лига на светот – Бундес лигата. За Охрид се одлучив затоа што слушнав многу добри зборови и за клубот и за навивачите овде и едвај чекам се да почне. Ќе биде многу тешка лига, голем број тешки натпревари, ќе ...

Во тек се градежни активности за асфалтирање на локалниот пат до село Куратица, со вкупна површина од 6200 м2, должина од 1200 метри и ширина од 5 метри. Овој инфраструктурен проект, велат од Општина Охрид, се реализира со средства обезбедени преку Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа. Општина Охрид останува посветена на подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови ...

Тилен Стрмлјан е новото засилување за ГРК Охрид од сезона 2025/2026! Тилен ќе биде “гладијатор” миниум 2 години! Средниот бек на Словенија е моментално на првото место со неговата екипа Хановер Бургдорф во најдобрата лига на светот – Бундес лигата. За Охрид се одлучив затоа што слушнав многу добри зборови и за клубот и за навивачите овде и едвај чекам се да почне. Ќе биде многу тешка лига, голем број тешки натпревари, ќе направиме се за да ...

Над 340.000 пензионери во државава од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во септември и мартовската пензија во април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада, велат од од Министерство за социјална политика, демографија и млади. Покачувањето на пензиите, велат, било едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина ...

Одделението за електромашински работи во ЈП Водовод Охрид изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот Студенчишта (бунар 2). Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 59 kw во бунарот Студенчишта, велат од претпријатието. Воедно, посочуваат дека продолжуваат со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети. Претходно, беше извршено ...

Сто пациенти сеуште се лекуваат од вкупно 193 повредени во несреќата во Кочани, а од нив тројца се во критична состојба, информираше министерот за здравство Арбен Тарвари. Дваесет пациенти се лекуваат во Македонија. Од нив 5 на Клинички центар, во старата Градска болница 7, во „8-ми Септември“ 5 пациенти, и во приватниците болници 3. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денес се враќаат уште двајца пациенти од Полска и Белгија. Најави ...

Денес со почеток во 11.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во организација на Здружението на лица со дијабетес, когнитивниот психолог и психо-биолог Изабела Николовска ќе зборува на тема „Дијабетесот и менталното здравје“. Акцент на презентацијата ќе се стави на тоа како дијабетесот има влијание врз менталното здравје, со фокус на тоа како инсулинот влијае на расположението и когнитивните функции. Присутните ќе можат да ги пренесат лични ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени. Во Охрид променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната ...

Катастрофалниот пожар во Кочани кој одзеде 59 животи мора да биде сериозна опомена за сите чинители во општеството, но и за граѓаните, бидејќи во нашиот систем речиси ништо не функционира така како што треба. Поука мора да извлечеме сите. Охрид посебно бидејќи е туристички град, а се уште нема пловен објект за гаснење пожари на и од вода, но и специјализирано возило со скала за интервенции на висококатници и хотелски комплекси. Ова во емисијата ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годиен жител на Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје – Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил ...

Новиот ресторан со брза лента за послужување отворен неодамна во Кампинг Љубаништа станува омилена дестинација на туристите кои го посетуваат Охрид организирано, но и индивидуално. Екипата на Охридњуз неодамна го посети комплексот каде затекнавме група туристи од Франција и Велика Британија кои уживаа во добрата храна и убавините на Охридското Езеро и планината Галичица. Ресторанот е од отворен тип и е прв таков во регионот. Освен ...

Натпреварувачи од 40 држави од целиот свет дојдоа во Скопје по бодови за олимписка норма на Скопје ОПЕН 2025, Г1 турнир кој се наоѓа на официјалниот календар на светската таеквондо асоцијација. Ненад Целески од Таеквондо Клуб Хваранг Фист освои сребрен медал во категорија јуниори +78 кг и ги заработи своите први бодови на елитни натпреварувања од рангот на Г1 и Е1 каде доаѓа светската елита по бодови за настап на Олимпијада. По убедливата ...

Деветнаесетгодишниот чешки тенисер Јакуб Меншик го освои мастерсот во Мајами откако во финалето одиграно рано утрово по европско време го совлада најдобриот играч на сите времиња и негов идол Новак Ѓоковиќ. Меншик славеше во два сета кои беа решени во тај-брејк. Младиот Чех прикажа извонреден тенис. Нијанси го решаваа мечот, а во клучните моменти Меншик демонстрираше извонредна стабилност и цврстина. Proper respect 🙏@mensik_jakub_ & ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2). Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени. Во вторник не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во ...

Aктерот Ричард Чембрлен, почина на 90 години од последици од мозочен удар, пренсува Variety. Чембрлен ќе остане запаметен како еден од најзначајните актери на неговата генерација, особено во светот на телевизиската драма. Неговата способност да отелотворува сложени, романтични и трагични ликови остави силен впечаток кај публиката ширум светот. Роден како Џорџ Ричард Чембрлен на 31 март 1934 година во Беверли Хилс, Калифорнија, беше ...

РК Алкалоид испиша уште една успешна страница во клупската историја. Во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп, РК Алкалоид ја совлада и елиминираше романската екипа Баја Маре и се пласираше во полуфиналето на ова европско натпреварување во кое противник ќе му биде норвешкиот тим Рунар Сандефјорд. Преполната „Автокоманда“ вечерва им оддаде почит на настраданите во трагедијата во Кочани, а потоа беше ветер во грбот на РК Алкалоид кој одлично го ...

Словенецот на последното натпреварување од сезоната на легендарната Планица леташе 254,5 метри, што е нов најдобар резултат на светот. Тој за еден метар го подобри рекордот на Австриецот Штефан Крафт, кој во 2017 на скокалницата Викерсундбакен во Норвешка оствари скок од 253,5 метри. Успехот на Домен Превц предизвика делириум во публиката, меѓу неговиот тим и скокачите на Планица. Domen Prevc’s FIS World Record #skijumping #skijumpingfamily ...

Ноќеска, триесет минути по полноќ, во СВР Охрид бил пријавен инцидент на ул.„Партизанска“ во Охрид. Охриѓанец со метален предмет нападнал три лица на возраст од 19 до 22 години, сите од Охрид. Според пријавеното, најверојатно причина за нападот е недоразбирање во сообраќајот што на 24.03.2025 го имал еден од нападнатите со напаѓачот. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Охрид. OhridNews ...

Добри животни навики, физичка активност, спорт и рекреација е современиот рецепт за здрав живот. Охриѓани сега ќе можат квалитено да го минуваат времето посветено на своето физичко здравје во новиот фитнес и перформанс центар „Fit Box“ кој свечено беше отворен синоќа. Во овој модерен мултифункционален спортски комплекс лоциран на ул. Егејска бр.6/А, веднаш зад „Бисер“ (хала Отекс), ќе се одржуваат функционални тренинзи и фитнес, а во склоп на ...

По повод празникот Рамазан бајрам, честитка до муслиманските верници испрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, со желби за добро здравје, радост и хармонија. Посакувам празнувањето да ви мине во добро здравје, душевен мир, радост во срцата, љубов и семејна хармонија. Вашите домови нека се исполнат со човечка топлина и среќа, а секоја грижа и тага да стане минато. Со своите ближни да ги почуствувате сите радости на овој голем ден и ...

Кошаркарите на ГКК Охрид ја впишаа третата победа во низа во Втората лига. Вчера на на домашен терен против екипата на Бутел од Скопје во рамките на 19-то коло Охрид славеше 84:74. Натпреварот го имавме во свои раце , во кој цели 40 минути имавме предност , нашите играчи пружија одлична и доминантна игра, велат од ГКК Охрид. ГКК Охрид пред натпреварот им оддаде почит на жртвите од страотниот пожар во Кочани. Кошаркарите и стручниот штаб ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Вам лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и на имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник ‒ Рамазан ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
42%
1011
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.6
44%
1006
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1004
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
50%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.01
48%
1008
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
93%
1005
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
44%
1010
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
44%
1009
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
45%
1008
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
71%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
73%
1010
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15115.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.91

Сребро

1175.79

Злато

106390.91

Бакар

10.08

Паладиум

35751.63

Платина

43727.40

Родиум

176829.11

Цинк

2.71