На 04.04.2025 од страна полициски службеници од СВР Охрид бил извршен претрес по претходна судска наредба во домовите на 20 и 18 годишни лица, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека со употреба на сила и погоден алат извршиле кривично дело тешка кражба од киоск. При претресите се пронајдени и одземени производите кои ги одзеле. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, велат од СВР Охрид. ...

Не чека еден сериозен натпревар, еден сериозен противник, актуелниот шампион во Македонија. Ние сме со два повредени играчи. Ќе дадеме се од себе да одиграме најдобро што можеме, да постигнеме што подобар резултат, изјави пивотот на ГРК Охрид, Живан Пешиќ посочувајќи дека целата на тимот е да се стигне до Европа следната година. Натпреварот со Еурофарм Пелистер се игра утре во салата „Билjанини извори“ со почеток во 18 часот. Билетите по цена ...

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната учебна година процесот целосно да се дигитализира. За ова министерката за образование и наука проф. ...

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред ...

Народен театар Охрид вечерва со хит-претставата „Секс, лаги, љубомора“ во режија на Коле Ангеловски гостува на театарскиoт фестивал „5ре“ во Велес. Ве очекува урнебесна комедија што ги разоткрива љубовните триаголници, тајните и лагите во модерните врски! Што се случува кога лагите ќе станат вистина, а љубомората ќе ја преземе контролата? Оваа комедија носи неверојатни пресврти, динамични дијалози и многу хумор што ќе ве насмее до солзи!, стои ...

Понекогаш е доволна само една причина за да се чувствувате подобро. А ние имаме точно 4.000. Од 4 април до 4 мај, во сите аптеки на „Виа Фарм“ започнува акција со намалени цени на над 4.000 производи – витамини за повеќе енергија, суплементи за секојдневна поддршка, бебешка храна за најмалите, козметика за нега и убавина и уште многу други производи што се дел од вашето секојдневие. Ова не е само акција – ова е наша одлука за уште еден чекор ...

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2025 година во однос на истиот период минатата година е зголемен за 6,2 отсто, додека во однос на декември 2024 година е зголемен за 0,8 проценти. Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 6,9 отсто, а во споредба со февруари 2025 година, е зголемен за 1 ...

Денес од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ во организација на Младински Центар Охрид. На базарот ќе можете да најдете и да продавате облека од втора рака, рачно изработени сувенири, книги, торби, обележувачи за книги и креативни изработки. Креативниот клуб на Младински Центар Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги, кои ќе бидат изложени на пазарот. Сè уште има место ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 20 степени. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Утре ќе има продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на ...

Дваесет и девет годишниот Александар Крадакоски управител на кочанската дискотека „Пулс“ е 60-тата жртва од несреќата во Кочани, потврди министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари истакна дека Карадакоски бил испратен на 17 март на лекување во Литванија, вториот ден по несреќата во Кочани, а претходно бил хоспитализиран во стара Градска општа болница. Воедно, Карадакоски бил во најтешка состојба од четворицата критични пациенти кои се ...

Поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за останатите граѓани се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2025 год, информираат од Општина Охрид . За ранливите категории на граѓани повикот продолжува се до исцрпување на предвидените средства, потенцираат од Општина. Според Јавниот повик субвенцијата на ...

Николаос Лиапис е новото засилување за гладијаторите од сезона 2025/2026! Првиот пивот на грчката репрезентација се обврза на верност од миниум 2 години со ГРК Охрид. Дваесет и пет годишниот Лиапис доаѓа од тимот на Олимпијакос (Грција) каде што и ја има почнато својата ракометна кариера. Пред тоа бележи одлични настапи и во дресовите на Аек (Грција) и Адемар Леон (Шпанија). Тимот има големи амбиции и подготвен сум да работам посветено и да ги ...

СДСМ Охрид реагира за прекумерното градење во Охрид. Се повикуваат на изјавата на градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков во која посочува дека под контрола е ставено урбанистичкото планирање. Но, велат, народот е сведок на нешто сосема поинаку. Градоначалникот Пецаков со став дека партијатата која реагира за свои лични интереси и интересите на нивните бизнис партнери штанцала урбанистички планови по нарачка. Ставање ред во урбанистичко ...

СДСМ Охрид реагира за прекумерното градење во Охрид. Се повикуваат на изјавата на градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков во која посочува дека под контрола е ставено урбанистичкото планирање. Но, велат, народот е сведок на нешто сосема поинаку. Градоначалникот Пецаков со став дека партијатата која реагира за свои лични интереси и интересите на нивните бизнис партнери штанцала урбанистички планови по нарачка. Ставање ред во урбанистичко ...

На 03.04.2025 СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Охрид, поради сомнение дека сторил кривични дела – „противправно лишување од слобода“ по чл.140 ст.1, и „изнуда“ по чл.258 ст.1 од КЗ на РСМ. Пријавениот на 31.03.2025 година околу 21,00 часот отишол во домот на оштетениот во Охрид, влегол во станот, извадил пиштол и почнал да му упатува закани и го држел се до 06 часот на 01.04.2025. Потоа побарал од ...

Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека има уште една жртва од трагедијата во Кочани. Според првичните информации, се работи за Александар Карадакоски, управителот на дискотеката „Пулс“. За жал, утрово, ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија, кој беше од тие четири пациенти, најкритичниот. Од први април му откажаа и бубрезите, беше ставен на дијализа, утрово ја добив лошата информацијата дека починал. Да се ...

Во Медија клубот при Младинскиот центар Охрид, веќерва ќе се одржи трета средба на тема „Основи на фотографија“ Гостин предавач ќе биде Анамарија Момироска – професионален фотограф на Охридњуз. Доколку сакаш да ги подобриш своите фотографски вештини, те покануваме на третата средба на Медија Клубот во Младински Центар Охрид, каде ќе зборуваме за основите на фотографијата, информира организаторот. Предавањето ќе опфати основни принципуи на ...

Во рамки на второто коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид ја прчекуваат екипата на Еурофарм Пелистер. Со победа на гости го отворивме плеј-офот. Сега пред нашите навивачи сакаме да одиграме добар натпревар против првакот на Македонија. Нема да ни биде лесоно со оглед на повредите, но ќе дадеме се од себе да го изненадиме Пелистер, изјави средниот бек на ГРК Охрид Ловро Јотиќ. Натпреварот се игра во недела, 6 април, во салата ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17 степени. Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. Утре ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ...

За големиот број жртви во катастрфалниот пожар во Кочани придонело и тоа што многу лица несвесни за опасноста од токсичниот гас во дискотеката „Пулс“ без никаква заштита се враќале и по неколку пати со цел да спасуваат луѓе, а ги изгубиле животите. Полицијата не смеела да го дозволи тоа изјави во „Интервју“ на Охридњуз поранешниот пожарникар Александар Тасески. Тасески во „Интервју“: Лица кои влегувале да спасуваат ги изгубиле животите ...

Се комплетира дуото од најдобрата лигa на светот! Анте Иванковиќ е новото засилување за ГРК Охрид од сезона 2025/2026! Хрватскиот репрезентативец ќе биде “гладијатор” миниум 2 години! 24-годишниот Иванковиќ е дел од поширокиот состав на хрватската репрезентација под кормилото на Перковац и Сигурдсон, а ги има поминато и сите младински категории на репрезентацијата на Хрватска. Бев многу импресиониран од луѓето во клубот кои имаа голема желба ...

Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Црвениот крст на РСМ досега изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата, велат и посочуваат дека од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства. Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, ...

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава, по што согласно протоколите ќе биде задржан под 24-часовен надзор. Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови. Во изминатото деноноќие на ...

Од вчера, граѓаните и туристите во Охрид добија нова можност за брза и сигурна размена на валути со отворањето на Xchange Office – современа менувачница во градот. Со поволни курсеви, транспарентни услови и најсовремена опрема, менувачницата нуди безбедна и ефикасна услуга за сите клиенти. Покрај стандардната размена на валути, тимот на менувачницата гарантира професионален пристап и секојдневно ажурирани информации за курсевите. Новата ...

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 19 степени. Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. До сабота ќе има локална појава на нестабилност со ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори “ по член 215 став 1 од КЗ. При извршување работни задачи на ...

Ракометарите на Охрид со победа ги започнаа натпреварите од плеј-офот во Супер лигата. Попладнево во Скопје, Охрид го совлада Бутел на гости 20:22, полувреме 8:13. „Гладијаторите“ одиграа моќно прво полувреме. Чаневски беше одличен на голот, нападот течен и ефикасен за комотна предност од +5 на паузата. Во вториот дел Бутел го засили темпото. Домаќините заиграа поагресивно и побрзо и почнаа да ја топат предноста на охриѓани. Во финишот на ...

Канадската компанија за производство на автомобилски делови Магна денеска свечено го отвори на својот втор објект во земјава, лоциран во Штип. Овој нов објект следи по успешното отварање во Струга во 2022 година. Експанзивниот најсовремен објект од 18.200 квадратни метри е посветен на производство на иновативни брави за странични врати, задни брави и системи за напојување со чеп. Се очекува да отвори до 600 нови работни места, што ќе поттикне ...

Тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска, информираат од Министерството за здравство. Посочуваат дека согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор. Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и ...

Општина Дебрца објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед во 2025 година. Со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2025 година, Општината ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, мерка “Живеј здраво – ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
42%
1011
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.6
44%
1006
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1004
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
50%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.01
48%
1008
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
93%
1005
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
44%
1010
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
44%
1009
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
45%
1008
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
71%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
73%
1010
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15115.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.91

Сребро

1175.79

Злато

106390.91

Бакар

10.08

Паладиум

35751.63

Платина

43727.40

Родиум

176829.11

Цинк

2.71