Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Особено сум горд што токму Охрид е градот кој го избраа за одржување на овој настан бидејќи Охрид има со што да се пофали во грижата за пензионерите. Во таа насока сакам да истакнам дека на моја голема радост во финална фаза е постапката за отворање на Дневен центар за стари лица од нашиот град. Тоа ќе биде место каде што пензионерите ќе можат да се дружат, да бидат кретивни и да добијат потребна поддршка. Просторот е обезбеден од страна на ...
За прв пат во Македонија ќе се организира Европско кадетско првенство во џудо, најголемо првенство од овој карактер во 2025 година, според наше скромно мислење, настан над сите спортски настани во Македонија. Европа доаѓа во Скопје и ние мораме да ја оправдаме довербата, вели Дејан Мицкоски, спортскиот директор на Македонската џудо федерација(МЏФ). –Европското првенство за кадети и кадетки, Скопје 2025, кое ќе се одржи од 26 до 29 јуни, ќе биде ...
Лага ли е изнесена од Перчо Божиноски во врска со средните стручни училишта ?! Перчо Божиноски, претседател на Советот на општина Охрид, вработен во охридската гимназија а претходно вработен во средно СТРУЧНО училиште, бесрамно манипулира со изјави со цел да го исправи она што го направи во гимназијата со самото негово доаѓање – обид за уништување на угледот на гимназијата. Перчо Божиноски изнесе дека учениците од средните стручни училишта ...
Денеска во периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско ...
Главниот заштитник на православната вера којшто ја водеше борбата со еретикот Ариј. Светиот Александар управуваше со Александриската Црква од 313 до 326 година. Живееше во тежок период на историјата на Црквата, кога беше неопходно да се заштитува православното вероисповедање од ереста на Ариј. Стремејќи се да го зачува единството на Православната Црква, светиот Александар со сета решителност се подигна на борба за вистината. Во многубројните ...
Во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, кој дебатираше на повеќе теми од кои и за локалните избори, за тоа колку градоначалници веќе се избрани од страна на партијата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш го исполнува ветеното и отчетно го презентира на јавноста. „Ние сме чекор напред по однос на изборот за кандидати за градоначалници, повеќе од пола година ...
Утре 11 јуни, ЗП Охрид и Дебрца ќе бидат домаќини на 29те спортски пензионерски натпревари од 4от регион. Спортските натпревари се во организација на СЗПМ а ќе се одржан на спортските терени Билјанини Извори. Спортистите пензионери ќе се натпребаруваат во повеќе дисциплини како шах, табла, скок од место, тегнење јаже, пенали на мали голови, слободни фрлања на кош, пикадо, домино, фрлање ѓуле и сл. Во овие спортски натпревари ќе учествуваат ...
Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со особена чест, задоволство и возбуда Ви го најавува овогодинешното јубилејно десетто издание на „Вдиши Театар“-Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал. „ВДИШИ ТЕАТАР“ како најава за кутурното лето во Охрид, е проект што ги поврза младите, театарот и критичкото размислување од ...
Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“. Главен предавач на средбата ќе биде м-р Јелана Петровска, библиотекар – советник од Регионална мрежа на хортикултурни библиотеки која ќе говори на тема: „Новите концепти во трансформацијата на библиотечното работење – хортикултурни библиотеки“. На тема „Охрид град на цвеќето“ – предавач ...
Сведоштвата за овој архијереј и Христов маченик се оскудни. Се знае дека беше Охридски архиепископ. При една своја обиколка, пострада за вистината, во градот Велес. Таму беше жестоко убиен – прободен со јатаган – од месните Турци, а телото му беше фрлено во реката Вардар. Поради страв од казна од Турците, телото на светиот маченик остана во реката цела седмица. Водата го однесе до едно село, на два часа пеш од Велес, каде што го најде еден ...
Вчера на игралиштето за мал фудбал во ОУ Братство Единство – Лескајца се одржа Бајрамскиот турнир во мал фудбал . Преполните трибини и големата спорстка еуфорија за овој несекојдневен и атрактивен настан, се показатели за одличното ниво на организација и реализација на турнирот од страна на Здружението на Египќани Пирамида Зем и ГФК Пирамида кој помина без забелешки од учесниците и посетителите. Вчера се започна од Натпреварот за петто место ...
Утрово, оперативниот центар на ПСС доби аларм за интервенција на планината Јабланица, каде женска особа од Струга, се здобила со сериозна повреда на скочен зглоб. Поради комплексноста на теренот и далечината од најблискиот пристапен пат, ПСС се обрати до ЦУК со барање за воздухопловна асистенција. Во меѓувреме, еден тим од 6 спасувачи со теренско возило се упати кон планината со цел пешки да пристапи во случај да нема можност за интервенција со ...
Врз основа на Правилникот за пофалување, наградување и изрекување педагошки мерки, на денешниот Наставнички совет ООУ ,,Св. Климент Охридски ” го избра својот првенец на генерација за учебната 2024/2025 година, а тоа е ученичката Лана Трпкоска. Како училиште сме горди што имавме ученичка која освен одличниот успех и низа освоени награди на регионални и државни натпревари се истакнува како пример за другарство, негување позитивни вредности, ...
Според судот, Мерко немал намера да стори кривично дело во врска со јавната набавка на автомобили. Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека Мерко прекршил каков било закон кога купувал автомобили за потребите на општината во вредност од 114 илјади евра, јави порталот press24.mk. Обвиненијата против Мерко беа поднесени во март 2024 година. Претходно, со посебна проверка во обвинителството во Струга беше ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 2ри до 8ми Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Охридска Бригада“ – „Галичица“ бр.42 – „8ми Март“ – „Јане Сандански“(2 дефекти) – „11ти Октомври“ (2 дефекти) – „Абас Емин“ – С.Лескоец (3 дефекти) – С.Велгошти (3 дефекти) ...
Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи ...
Секојдневие им стана на граѓаните да живеат во град, кој освен смет и прашина и по некој фестивал за своја душа на локалната власт, нема што друго да понуди. Пример, Булевар ,,Туристичка” – лицето на Охрид ! Испукани тротоари, дупки на секој чекор, испакнати шахти кои претставуваат опасност и за пешаците и за велосипедистите. Најфреквентната улица во градот изгледа како да сме на периферија, а не во туристички центар. Едната страна од ...
Продолжуваат успесите на нашите ученици и нивните професори на меѓународна сцена. На престижниот натпревар Тирана талент, Христо Дејкоски од класта по виолина на проф. Тони Aрслан освои прва награда (99 поени) и Антонија Михајлоска од класата по соло пеење на проф. Едлира Арифи прва награда (96 поени). Стручната комисија ја сочинуваа светски реномирани музички уметници како: Инва Мула, Габриеле Отаиано, Роланд Џоџи, Арбен Лоци, Пјетр Гуралуми и ...
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово. За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на ...
Денес и утре по 10ти јубилеен пат се одржува Меѓународниот натпревар во џудо „Струга Опен 2025“. Домаќинот ЏК „Дрим“ од Струга и оваа година на едно место собра над 600 натпреварувачи од бројни земји, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Чешка, Романија, Албанија, Косово Холандија, Велика Британија, Турција. Дводневниот настан е поддржан од голем број спонзори и помагатели кои се верни придружувачи поддржувачи на ЏК ...
Сообраќајкна незгода која се случи на стариот пат Охрид-Струга направи долги колони од двете страни. Сообраќајката се случи во непосредна близина на автоп кампот „Андон Дуков“ а додека се чекаше полицијата од двете страни се формираа долги колони возила. Во незгодата e причинета само матријална штета. Инаку поради работа на главниот пат Охрид-Скопје, кај делницата Подмољје, сообраќајот се пренасочува по стариот пат, а зголемената фрекфенција ...
Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените. Затоа, Црквата која на Педесетница упатува молитви за оживотворување со Светиот Дух на сите живи, на самиот ден на празникот, ја проси и за упокоените благодатта на сесветиот и сеосветуваштиот ...
Во времето на прогонството на светиот Јован Златоуст, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Емеса. Оттаму, во времето на нападот на Сарацените таа беше пренесена во градот Комане (каде што беше прогонет светиот Јован Златоуст) и во времето на иконоборството, во 8 век, таа беше сокриена во земја. Кога престана иконоборството, на патријархот Игнатиј за време на ноќна молитва му беше откриено, во видение, местото каде што е ...
На 8.06.2025 година во кругот на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи Четвртиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025, покровител на настанот е ОСМТХ Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид. Се повикуваат сите деца на возраст од 9 до 13 години да се пријават, без никаков надомест да играат, да се забавуваат во духот на хуманоста. Организаторите ги ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија покажа и докажа дека сепак е единствената државотворна партија со секоја одлука која ја носи, особено и со последниот предлог концепт за политички и општествен дијалог, за доброто на народот. Општинската организација на СДСМ Охрид изминатиов период се посвети на анализа на пораките од сопственото членство.На консолидација и реорганизација за поефикасно работење.На детектирање на локалните проблеми како и ...
Духовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва. Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено ...
Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри. Во изјава за МИА од ЈПДП објаснуваат дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на делницата од село Врбјани до ...
Овој прекрасен светител се роди во Антиохија, во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му, Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господа и од Неговите Ангели прими голема утеха и ...
Како што традиционално се избира првенец на генерацијата која го завршува своето образование во нашето училиште, така и оваа година, според однапред утврдени критериуми, за првенец на генерацијата е избран Митко Савев, ученик во IV-5. Помеѓу трите најдобри ученици на генерацијата, покрај првенецот, се и Софија Милевска од IV-7 и Теодора Трајческа од IV-4. Им честитаме и сме бескрајно горди на ваквите ученици за кои сме сигурни дека ги чека ...
Во завршна фаза се активностите за реконструкција на улицата „Даме Груев“. Денеска на оваа улица се поставува првиот слој асфалт со просечна ширина од шест метри. Претходно тука се одвиваа активности спуштање на каблите под земја. Откако ќе се постави и завршниот слој асфалт, ќе следува и соодветно обележување на улица и со тоа охриѓани, а особено жителите на улицата „Даме Груев“ ќе добијат современа и безбедна сообраќајница. Вкупната вредност ...