При сечење на старо дрво оштетен е дел дрвената конструкција кај пешачката патека во каналот Студенчишта. Дрвата се сечени бидејќи дел од нив биле трули и накривени над каналот каде поминуваат пловила, од нив се кршеле гранки кои паѓале над пловилата со што претставуваа опасност за луѓето. На местото на исечените дрва се засадуваат нови. При сечење на старо дрво оштетен е дел дрвената конструкција кај пешачката патека во каналот ...

Целосно е санирано оштетувањето на дрвениот дел од пешачката патека кај каналот Студенчишта во Охрид, кое настана откако врз неа падна дрво што било труло и претставувало опасност за пловилата и граѓаните кои се движат низ овој дел од каналот. Како што утрово информираше порталот Охрид1, дрвото морало да биде пресечено поради безбедносни причини, а при неговото отстранување бил оштетен дел од дрвената конструкција на патеката. Во текот на ...