
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Родена е во Рим како ќерка-единица на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители, па за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно, заедно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христоуподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по ...
На денешен ден во 1893 година во Охрид починал Григор Прличев, еден од темелните македонски поети и писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, како и познатото дело „Автобиографија“. Со поемата „Сердарот“, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров венец, историски ја верификувал големината на својот поетски талнет. Ова поетско дело и до ...
Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милиони денари. Директорот на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници. „Годинава се издвоени финансиски средства кои се достојни за една вака голема ...
Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како сопствен син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ ...
Со цел возобнување на долгогодишната традиција која некогаш се одржувала во црквата Св. Никола во селото Подгорци, струшко, денес на иницијатива на Отец Ристе Наумоски, Отец Димитрија Павлески и Отец Зоран Попоски се отслужи парастос во чест на големиот великан и македонски револуционер Гоце Делчев. -Некогаш се одржуваше познатата државна манифестација која за жал после триесетина години згасна , а ние како иницијатори за повторно да заживее ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (63)г и лице на (52)г, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа. Од овластен градежен инспектор градилиштето било ...
Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аква култура и Законот за внатрешна пловидба. Притоа, откриени се 18 прекршоци и 15 прекршители кои се затекнати како вршат ...
Отсекот за превенција при СВР Охрид, денеска (04.02.2025.) во детските градинки „Росица“ во населбата „Лескајца“ и централната детска градинка „Јасна Ристеска“, го спроведе превентивно-едукативниот проект „Мојот пријател полицаец“. Пред 80 дечиња од градинките, полициски службеници низ интерактивен приод, се обидоа на најмладите да им дадат основни знаења за улогата на полицаецот во демократското општество и во заедницата, да им ја приближат ...
Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, ги известуваме граѓаните дека општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид од ден 05.02.2025 година (среда) ќе се одржува со изменет возен ред. Во периодот од 08:00 – 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј. Во ...
Григор Прличев е светилник на македонската преродба, кој и денес го осветлува патот на нашата култура и јазик. Со неговата заложба за афирмација на националната самобитност и љубовта кон татковината останува вечен симбол на Охрид и Македонија. И оваа година, во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“, со низа културни настани ќе го чествуваме неговото големо дело и ќе се потсетиме на неговото литературно наследство. Ве покануваме да бидете ...
По повод месецот на ретки болести, претседателот на советот на Општина Охрид Перчо Божиновски и советниците на Советот на Општина Охрид се вклучија во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2025“, која започна денеска и ќе трае до крајот на месец февруари. Со боење на дланките како симбол на пациентите со ретки болести кои имаат пристап до лекови, охридските советници испратија порака за поддршка и изразија надеж дека ќе се обезбедат подобри ...
Еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за ...
“Преку јавна набавка, во вредност од 1.8 милиони денари во ЈЗУ Општа Болница Охрид се обезбедени околу 500 хируршки инструменти од различни видови. Инструментите се наменети за одделенијата: хирургија, урологија, гинекологија со акушерство и оперативен блок. Средствата се обезбедени преку донација, а со оваа набавка значително ќе се зголеми квалитетот на работа во операционите сали кои функционираат во склоп на ЈЗУ Општа Болница Охрид” изјави ...
Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и ...
Викендов на 31.01 2025 (сабота) во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии , каде учество зедоја членови од стие клубови на федерацијата. После зимскиот распуст и празниците, и покрај зимските вируси, одзивот беше повеќе од очекуваното, при што спортската сала беше преполна, што тоа не радува дека ...
Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и ...
На 02.02.2025 година во 05.50 часот, на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патнички автообил „Фиат Пунто“ со струшки регистарски ознаки, управуван од лице на (29)г. од Кичево, излетал од патот. Притоа, возачот и сопатничката лице на (20)г. од Кичево, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево додека вториот сопатник лице на ( 31)г. од Кичево, се здобил со телесни повреди. Од преземените мерки, ...
На 01.02.2025 година во 21.33 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека кај „Осломејшка раскрсница“ кај Кичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки што го управувала лице на (36)г. од кичевското село Зајас и „Ауди“ со охридски регистарски ознаки,управувано од лице на (39)г. од Охрид. Тој, како и сопатничката во второто возило лице на (66)г. од Охрид, се здобиле со тешки ...
„Јас не учев и не дојдов тука да печалам, ами да лекувам болни , да бидам од полза за народот….“ ова е познатата реченица на Д-р Елена Етингер Каваева – Еврејка која за време на бугарската окупација во 1941 година заедно со нејзината ќерка Рејна била на списокот за депортација во логорот Треблинка, каде што биле испратени 7144 Евреи од Македонија. Тогаш видни охридски семејства превзеле акција да ја спасат познатата лекарка и нејзината ќерка. ...
На 2-ри февруари 2025 година, во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишено е од слобода 42-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј, кое претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанало и избегало од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото. – Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го ...
Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга. – Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната ...
ПРЕВАЛЕНЦА – забележан кај 1 – 9 случаи на 40 000 население. ВОВЕД Гителманов синдром, или уште познат како фамилијарна хипокалемија-хипомагнезиемија, претставува болест од групата ретки заболувања кои ја зафаќаат бубрежната функција. Главната карактеристика на овој редок синдром е хипокалемиска метаболна алкалоза проследена со ниски нивоа на магнезиум и намалена екскреција на калциум преку урина. Поради ниските нивоа на калиум и магнезиум, кај ...
Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, во пустината меѓу Јерусалим и Јерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со ...
На 31.01.2025 во 13.20 часот во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода лице на (47) г. од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа марихуана, семки од канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Февруари е месец на посебна посветеност, месец во кој вниманието го насочуваме кон лицата со ретки болести и нивните семејства. Следните 28 дена треба гласно да зборуваме за предизвиците со кои тие се соочуваат, за нивните секојдневни борби, но и за нивната неизмерна храброст и верба. Со искрена поддршка кон кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, секој од нас може да даде свој придонес. Преку разбирање, солидарност и наменски активности, ...
Египќанец, еден од помладите современици на Антониј Велики. Татко му беше свештеник. Од послушност кон родителите се ожени, но жена му набрзо умре, а тој се оддалечи во пустина, каде што помина полни шеесет години во труд и борба, внатрешна и надворешна, за Царството Небесно. Кога го прашаа зошто е толку сув и кога јаде и кога не јаде, одговори: „Од страв Божји“. Толку успеа да си го очисти умот од злите помисли и срцето од зли желби, што Бог ...
Денеска, во посета на Свештената Бигорска Обител дојдоа претставници од Амбасадата на САД во Македонија, г. Зеус Севила и г. Митко Бурчевски. Гостите имаа официјален прием кај Игуменот на Манастирот, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, во присуство на архимандритите Доситеј и Кирил. Во рамките на посетата, беше разговарано за актуелните состојби во Манастирот, манастирскиот живот и неговото значење како духовен и ...
Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе книгата „Охридските писатели во книжевната критика“, што ја приредија авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Оваа книга е единаесетто издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ и опфаќа избор на дневно-публицистичка и популаризаторска критика за охридските писатели. Во неа се нагласува високото место на писателите од охридскиот крај во македонската книжевност. Книгата има ...
Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на ...
Во Талин Естонија, од 28.04-04.05 2025 година, ќе се одржи Европско Првенство за Такевон-до ИТФ (традиционално). На ова првенство после 2012 година, Давид Велковски во име на М.Т.Т.Ф ќе биде бодовен судија и ќе ја дели правдата на ова првенство. Давид Велковски кој е долгогодишен репрезентативец и лиценциран судија во склоп на М.Т.Т.Ф , кој редовно суди на меѓународна натпревари , ова година ја доби довербата од страна на Е.И.Т.Ф да биде ...