Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш го остави својот дом и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј ...

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (49) годишно лица од селото Долно Лакочереј, охридско, удрило во (65) годишно лице од Австралија, со престој во Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената пешак констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ...

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан, кој беше еден ѕвероподобен човек. ...

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски во придружба на Заменик министерот за економија и труд, Маријан Ристески присуствуваше на Информативниот ден за Оперативниот план за вработување на Владата на Република Македонија што денес се одржа во Охрид. Претседателот на Совет, Перчо Божиноски го поздрави Владиниот Оперативен план за вработување, а укажа и на активностите што општината ги презема со цел да се намали бројот на ...

Состанок со раководството на УНЕСКО во Париз. Заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро е приоритет и тие мора да одат рака под рака со развојот и благосостојбата на жителите на општините Охрид и Струга. Мора да потенцирам дека вакви состаноци недостасувале во минатото. Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и често се носеле еднострани одлуки на штета пред се на жителите на Охрид и Струга. Тоа мора да се промени. Свесни сме ...

Охридскиот вински фестивал кој стартува утревечер е настан кој полека но сигурно станува попрепознатлив белег на нашата туристичка понуда. Фестивалот и оваа година ќе понуди вистинско уживање на брегот на Охридското Езеро – со дегустација на најдобрите македонски вина, богата музичка програма и весела атмосфера, пред самиот старт на летната сезона во Охрид. Би сакал посебно да нагласам дека и оваа година се погриживме музичката програма да биде ...

Отсекот за превенција при СВР Охрид интензивно спроведува превентивно едукативни активности со цел заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти. Полициски службеници од Отсекот за превенција, на различни локации во градот, остваруваат кратки средби со граѓани и туристите кои престојуваат во Охрид и низ кратки разговори ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави: „Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои што нудат ...

На 24.06.2025 околу 19.00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од (22) годишно лице од Охрид и велосипед управуван од (60) годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид. ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(22) од Прилеп, со престој во Охрид и К.М.(19) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. – На 19-ти јуни 2025 година, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да го управува неговото патничко возило „Голф“ без да поседува возачка дозвола и притоа со возилото удрил двајца пешаци, ...

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден ...

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци во должина од 218 метри и тоа: – Профил ф225 мм во должина од 140 метри – Профил ф63 мм во должина од 78 метри – Профил ф25 мм во должина од 112 метри Средствата во вредност од 3.081.378,00 денари за реализација на проектот се ...

Станува збор за рентакар возила кои многу трошат многу бензин, а бидејќи дистанцата на пример од Швајцарија до Струга финансиски е долга да се извози, повеќе луѓе кои рентаат вакви возила, за да си поминат поевтино си организираат превоз со камион до Струга за потоа да возат со нив низ струшките улици каде дистанците се многу кратки, па иако возилото троши многу гориво, ќе поминат поевтино додека вртат кругови по улиците. Фото : Фејсбук ...

Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел неговиот ...

Викендов 21 јуни 2025 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираа меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар “ ОХРИД ОПЕН 2025” на кој зедоја учество над 270 натпреварувачи од 30 клуб од 8 земји од регинот , од Италија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија ,Грција, Албанија и Македонија. „Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат ...

По пауза од две години на културната понуда во Охрид повторно се враќа Првиот професионален Охридски детски хор „Бамбино“ во склоп на проектот „Културата расте со децата“ поддржан од Општина Охрид. Талентирани деца на возраст од 6 до 14 години во просториите на Младинскиот центар во Охрид секоја среда, почнувајќи од 2 јули во периодот од 19:00 до 21:00 часот ќе имаат можност да бидат дел од Охридскиот детски хор „Бамбино“, под уметничко ...

Како советник во Општина Охрид, со гордост го одбележувам денот на мојот народ – ден на истрајност, достоинство и отпор. Овој ден не е само симбол. Тој е порака – дека Балканските Египќани заслужуваат видливост, еднакви можности и глас што се слуша. Нашата борба не е за милост, туку за правда. Затоа, мојата заложба е институционална, конкретна и непоколеблива. На мојот народ му порачувам: Не молчи. Не се откажувај. Не дозволувај да те претворат ...

Во периодот од 21 до 24 јуни 2025 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов“, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро. Притоа, на околу 1500 метри над „Еврохотел“, пронајдени и одземени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од 100 ...

На 23.06.2025 година во 20.30 часот на улицата „Богомилска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода (31) и (29) годишни лица, двајцата од Охрид. Тие беа затекнати во момент кога едното лице на ддугото му предал две пакувања со марихуана, кои ги исфрлил откако ги забележал полициските службеници, а кои подоцна беа пронајдени. По целосно документирање на настанот ќе бидат ...

Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани. Нека овој празник биде потсетник дека различностите не прават посилни и побогати. Вашата традиција и култура се важен дел од духот на Охрид и се вградени цврсто во мултикултурниот мозаик на македонското општество. И во иднина, како и до сега, да продолжиме да го негуваме нашето пријателство и ...

Премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање по повод една година од работата на Владата вечерва нагласи дека економијата и битката за подобар живот беа главниот фокус и дека е задоволен од реализираниот пораст на БДП во првиот квартал, но оти постои можност за уште поголем прогрес. Тој истакна дека е остварен највисок процент на градење патишта од независноста до сега и најави дека отсечката Врбјани-Охрид во должина од 40 километри од ...

Еден од дванаесетте големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил, по сè изгледа, се две имиња за едно лице; името му е Натанаил, а Вартоломеј е според татковото име, односно значи „Син на Толомеј“. Заедно со светиот апостол Филип и сестрата на Филип, девицата Маријам – а некое време и со свети Јован Богослов – го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички. Овие Свети апостоли ја ...

Денес сме овде токму на местото каде што, според предизборната програма на актуелниот градоначалник Кирил Пецаков, требаше да биде изградена велосипедска патека – еден од носечките проекти со кои ги освојуваше гласовите на охриѓани. Четири години подоцна, што имаме? Ниту патека, ниту проект, ниту барем обид да се започне нешто. На местото каде требаше да се движат велосипеди, денес расте трева, жбунови и летна прашина. Тука има само молк, ...

На завршна свеченост која на 19 јуни 2025, се одржа пред „ЅИДОТ НА ХУМАНОСТА“ во седиштето на Црвен крст Охрид, на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, им беа доделени интернационалните сертификати за успешно завршено соодветно ниво од БОБ програмата. Настанот беше можност и за меѓусебно дружење, на децата, но и на родителите. Во оваа пригода, горди што секојдневно, ...

Компанијата ДМЦ БАЛКАНС започна со имплементација на нов систем за резервации на целокупната понуда во туризмот на глобално ниво кој ќе работи со помош на Вештачка интелигенција и ќе нуди интегрирана понуда од целокупната понуда која постои на интернет глобално, притоа давајќи ви можност за кратко време, системот да пребара се за вас и да ви даде предлог сместување, билет за авион, воз, брод или изнајмување возило според вашето барање. Сисетмот ...

Со богата програма и низа активности од едукативен, спортски и културен карактер денеска во Охрид беше одбележан Денот на Охридското Езеро. Програмата беше реализирана со цел да се истакне важноста на заштитата на овој природен бисер и да се подигне јавната свест за потребата од негово одржливо користење. Во организација на Регионален зелен центар, на брод во водите на Охридското Езеро се одржа панел-дискусијата на тема „Дали навистина ги ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 16ти до 22ри Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Даме Груев“ бр.58 – „Славеј Планина” бр.67 – „Кеј Македонија” – „Питу Гули” бр.212 – „Крали Марко” – „Абас Емин“ – “Шар Планина” бр.31 – “Сатеска” – С.Лескоец (3 дефекти) ...

Остварив работна средба со Амбасадорката на Литванија во Република Македонија, Н. Е. Вилма Дамбраускиене. На средбата стана збор за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент се стави на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио линии кон бројни светски дестинации, а градов станува попристапен ...

ℹ️Мапирани дури 16 мини-депонии, подигнати 36м3 кабаст и зелен отпадℹ️ ‼️Со вонреден ангажман на дежурните служби и ангажирање на специјална механизација расчистени дури 16 мини-депонии на различни локации во градот каде се подигнати се 36м3 кабаст и зелен отпад ‼️Овие слики кои не можеме да ги избегнеме, ги фрлаат во вода сите наши напори и организирани акции за чист град и урбана средина која сите ја посакуваме и заслужуваме ...

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски кој дискутираше за патната инфраструктура во Македонија, и ангажманот од страна на Владата за изградба на патишта и автопати. Трајановски на самиот почеток истакна дека со неговото назначување како директор и со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се прават големи напори и интензивно се работи автопатот Охрид-Кичево да биде ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1010
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
65%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
83%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.57
77%
1009
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
0.7
81%
1008
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
71%
1008
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1011
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
79%
1005
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
88%
1010
Currency

61.6117

Currency

52.929

Currency

70.6253

Currency

34.7079

Currency

37.8698

Currency

66.5709

Currency

7.43263

Currency

0.66793

Currency

0.34682

Currency

0.52589

Currency

1.26277

Currency

0.60001