
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Во овој ден Црквата го одбележува споменот на светите Праотци, односно сите древни родоначалници на богоизбраниот народ – Израилот, и нивните потомци, почнувајќи од Адам, вклучувајќи ги Сит, Енох, Ное, Авраам, Исаак, Јаков па сè до Јосифа Обручник, коишто го очекувале доаѓањето Христово. Помеѓу ова мноштво на луѓе, коишто ја претставуваат целата историја на дохристијанското човештво, особено се издвојуваат имињата на старозаветните пророци, ...
Апелот за помош до јавноста го испрати семејството Рустем чиј дом изгоре на 16 декември во пожар, кој уништи се што тие имаа. Почитувани , ве молиме за помош според вашите можности, кој колку може дали парично или со материјали ( песок, цемент, абриб, лепак, материјали за струја , врати,прозорци, мебел и друго ) да помогне на Семејството Рустем, кое остана без ништо среде зима и пред празниците. Жиро сметки и телефон за контакт во продолжение ...
Рамиз Мерко ставен на стоп листа,поради опасност од бегство одземени му се сите патни и други исправи за преминување на државната граница. Првиот функцонер од ДУИ кој се најде на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси се соочи со ново обвинение. Овој пат за скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга, а пет месеци беше поставено на влезот од општинската зграда надвор од сите правни ...
Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“ годинава ја доби Ениз Хилми за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“. Ениз Хилми е родена во Охрид, таму учела основно и средно образование. Студирала во Истанбул. Работела 13 години во три македонски министерства во Скопје. Еден претпрвомајски ден ја земала ташната и дала отказ. Живее на релација Охрид – Берлин, виа Скопје. За самиот ракопис авторката вели: „Поттикот за ...
Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Кога тој го виде Елефтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година го ракоположи за ѓакон, во ...
На ден 24.12.2024 во ЗП Охрид и Дебарца се одржа четвртата седница на собранието во мандатниот период од 2023 до 2027год, во проширен состав со која раководеше Ристо Трајкоски, претседател на собранието. Покрај членовите на собранието присуствува и членови на повеќе органии тела на ЗП. Согласно усвоениот Дневен ред седницата на собранието беше поделена во два дела (работен и свечен) . Во работниот дел беше избран записничар и два заверувачи на ...
Поградец Марина, луксузниот проект кој од корен ќе ја замени досегашната туристичка понуда на овој град на ( како што стои во текстот ) „Поградечкото Езеро“ – вака медиумите во Албанија го најавуваат најновиот проект за развој на овој крајезерски град во кој во следниот период ќе се инвестираат милиони евра во градба на овој мега проект. Интересно е што во официјалното соопштение за оваа инвестиција, името на Охридско Езеро ( кое во цел свет се ...
Веќе втора година по ред во клубот кој го донесе борењето во Охрид најмладите членови добија новогодишни пакетчиња, спортски маици, а секое дете се фотографира со Дедо Мраз и фотографиите ќе бидат постирани на интернет. Борачкиот клуб ,,Аждер” работи повеќе од две години. Клубот го основа и води Илија Спасески кој го донесе борењето во Охрид и за кратко време успеа да го популаризира овој спорт кој постојано добива нови членки. Илија Спасески ...
Новогодишната забава за свечениот дочек на Новата 2025 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec. Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5. Во 21:00 часот ќе започне настапот на миленикот на младата публика Пајак. Од 22:15 минути за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески. Во 23:30 е резервиран настапот на ...
Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и разобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против својата душа, Кумврикиј?“ Разјарениот судија нареди веднаш да го бијат и да го мачат и најпосле да го убијат со меч. ...
Во духот на дарувањето и со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска подели новогодишни пакетчиња на најмладите. – Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението „Во мојот свет“; здружението „Тајните на моето срце“; дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“; дневниот центар „Зраци“, како и дечињата кои се згрижени во Општата Болница во Охрид. Исто така ги ...
Има многу пријави за Универзитетот на Мерко. Ќе продолжат посетите и контролите на оваа институција во Струга, порача денеска на седницата за советнички прашања во Собранието на Република Македонија министерката за образование и наука Весна Јаневска. На почетокот на октомври годинава беше поништена одлуката за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, затоа што не ги исполнувал условите за почеток со ...
На 25.12.2024 во 07.40 часот на улицата „Чеде Филипоски“ во Струга, полициски службеници лишија од слобода (47) маж од Струга, кој се сомничи дека е сторител на кривичното дело „измама“. По наредба на судија на претходна постапка, припадници на криминалистичката полиција од СВР Охрид и ОВР Струга, извршија претрес во неговиот дом, при што пронајдоа и одзедоа повеќе налози, уплатници и други документи, значајни за расветлување на кривичното ...
Вчера (25.12.2024), полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта, во основно училиште во селото Лабуништа, заедно со дефектолог и педагог, одржаа превентивно едукативни предавања за штетноста од пиротехничките средства. Притоа, низ интерактивен пристап, пред учениците и родителите, посебно беше потенцирана штетноста и опасностите од неовластено користење на петарди и други пиротехнички средства, односно им се укажа на ...
Членовите на Комисијата за култура и туризам денеска ќе расправаат по повеќе точки. Ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Предлогот на законот за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Предлог на законот за изменување на Законот за музеите, Предлог на законот за изменување на Законот за издавачката дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за филмската ...
ВОЗИЛА, ТРАНСПОРТ И РЕПАТРИЈАЦИЈА Ги вршиме следните услуги: СЕ НА ЕДНО МЕСТО – Превземање, припрема на починати лица. – Превоз на било која дестинација во Р. Македонија и странство со обезбедување на целокупна документација. ПРЕВОЗ ( ОХРИД-СКОПЈЕ и СКОПЈЕ- ОХРИД ) ден. – Изложување во капела – Извршување на погреб (ископ-закоп) на територија на општина Охрид. – Уредување на целокупната потребна документација, одобренија и погребална опрема кои ...
Во духот на траспарентното работење, би сакал да ја информирам јавноста дека основниот буџет на Општина Охрид за наредната година изнесува 1.210.850.000 денари, а вкупниот буџет е 1.957.195.223 денари. Станува збор за историски најголем буџет на општината, перспективен и развоен и истиот ќе значи многу за Охрид и неговите граѓани. Општина Охрид втора година со ред, 2023 и 2024 година уште на почетокот на ноември остваруваше 100% од приходната ...
Возљубени, По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово и Велигден, нашата Свештена Обител секоја година се обраќа до јавноста со цел да повика на солидарност, милостивост и автентично прославување на празниците, испраќајќи апел до сите правни субјекти, односно до сите трговци и сопственици на маркети и на големопродажни објекти, да се вклучат конструктивно и сеопфатно во иницијативите за намалување и непоскапување на ...
Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. Но, тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и ...
Денес советниците, ја одржаа педесет и првата седница. На дневен ред беа осумдесет и две точки, од кои најголем дел – програми за работа на општинската администрација и јавните претпријатија. Останатиот дел од денешната седница, се однесуваше на усвојување на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти. Со неколку минутна дебата, сите точки на дневниот ред беа усвоени. Ова беше последна седница на советот за оваа календарска година. ...
Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ. Почитувани сограѓани од католичка вероисповед, Со најискрени желби за мир, здравје и благосостојба, дозволете ми во мое лично име и во името на Општина Охрид да ви го честитам– Раѓањето Христово-Божиќ. Ви посакувам овој голем празник, со својата благодат и спокој, да ги донесе ...
Вчера во „Спомен куќата на Христо Узунов“ беа одбележани јубилејни 100 години од смртта на Петар Чаулев, истакнат охридски револуцинер и војвода. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Денес е исклучителен ден, во кој се одбележува 100 годишнината од смртта на големиот охридски и македонски револуционер Петар Чаулев. Во славната Илинденска епопеја, младиот Чаулев ...
Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Даниил го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде ...
По вчерашната отслужена Богослужба во храмот Св. Никола во с. Враништа на малите дечина кои присуствуваа на Богослужбата им беше доделена сликовница „Христовото Раѓање“ од страна на отец Ристе Наумоски, кој ги подготви и отпечати сликовниците. Во продолжение на настанот следуваше и кратка презентација . Воедно како и во останатите градови и населени места така и во Враништа со полн ек течат подготовките за Божиќните празници со учење на ...
Со детската театарска претстава „Добредојде Нова Годино“, утре на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 12:30 часот започнува празничниот проект „Охридска новогодишна приказна“ во која ќе бидат опфатени 20 забавни настани посветени на најмладите. Во рамки на утрешната програма, со почеток во 18:00 часот, исто така на градскиот плоштад дечињата ќе може да уживаат во театарската претстава за деца „Ех да може и во зима сладолед да има“. ...
Поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Од 14: 00 часот поради врнежи од снег на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар – Маврово, Тетово – Попова ...
Вчера (22.12.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција во соработлка со Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид и РСБСП ја реализираа превентивната кампања „Користи зимска опрема, вози безбедно, вози одговорно “. Притоа, на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, беа контролирани повеќе патнички и други моторни возила со укажување на неопходноста од поседување зимска опрема во возилата, но и од совесно и одговорно ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 16ти до 22ри Декември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Бранко Шотра“ – „Дејан Војвода“ (2 дефекти) – „Винковачка“ бр.53А – „Гоце Делчев“ бр.369 – „Железничка“ – „Прилепска“ – „8ми Септември“ – „Јабланица“ – ...
Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска беа во протоколарна посета на Општина Охрид. На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, гостите од Турција го изразија својот восхит од убавините на Охрид и гостопримливоста на охриѓани. Заеднички се разгледуваа можностите за соработка на двете општини во повеќе области. Се разговараше и за ...
Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и красноречивост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела. Кога пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабошците во Александрија, ...