Во недела (22 март), во периодот од 07.30 до 11.30 часот, во скопската општина Аеродром ќе се одржи атлетска улична трка, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, пренесе МИА. Трката ќе започне и ќе заврши на булеварот „Јане Сандански“, а учесниците ќе се движат по делови од булеварите „Јане Сандански“, „Србија“ и „АСНОМ“, како и по улицата „Васко Карангелевски“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение до Основниот кривичен суд Скопје против едно лице за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание. Според обвинението, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, обвинетиот примил вкупно 50.000 евра со намера да посредува и да го искористи своето влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје. ...

Разговор со проф. д-р Едвард Јанев, специјалист по орална хирургија Воден од моето секојдневно искуство и контакт со различни профили на пациенти, можам да заклучам дека постои огромен расчекор во поглед на начинот и пристапот кон негувањето на оралното здравје, од оние кои се премногу внимателни (за жал, се во помал број) до оние кои се комплетно незаинтересирани (во значајно поголем број). Социјалниот статус, фамилијарната генеза, здравите ...

Тековните енергетски проекти и продлабочувањето на соработката во областа на одржливата енергетика беа главна тема на денешната работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со новата раководителка на одделот за енергетика во германската развојна банка КфВ за Европа и Кавказ, Бабет Штајн вон Камиенски, пренесе МИА. Како што соопшти Кабинетот на Божиновска, на средбата се дискутираше за клучни ...

Отворањето на петтата самостојна изложба на реномираниот македонски ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов во Кавадарци од вкупно 94 кои досега ги има реализирано несомнено претставува несекојдневно доживување на ликовна интерпретација на женскиот принцип како извор на живот, енергија и креативна преобразба. Во оваа изложба женската фигура претставува централна енергетска и симболичка оска на композицијата а мотивите на грозјето, виното и ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека и покрај глобалната економска неизвесност, приоритет на Владата останува одржувањето на стабилен буџет и навременото сервисирање на сите обврски. Во интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија, таа посочи дека се можни одредени корекции на буџетските проекции, но дека фокусот е задржување на буџетскиот дефицит во рамките на планираното и заштита на животниот стандард на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осуди секое незаконско и коруптивно однесување, поврзано со последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Од Министерството побараа Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите. Тие нагласија дека злоупотребата на службената положба за личен интерес мора да ...

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи го уапсија директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев (41) од Кочани, под сомнение дека примил поткуп од 50.000 евра. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за делото „примање поткуп“. Според МВР, осомничениот како службено лице, преку шпедитер побарал поткуп од сопственик на фирма за ...

Во Службен весник на Република Македонија е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинските енергетски планови, со кој за првпат се воспоставува структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Со новиот правилник се напушта досегашниот ад-хок пристап и се воведуваат јасни ...

Кина во денеска понуди, како што рече, енергетска стабилност за Тајван како дел од кампањата на Кина да го убеди островот во придобивките од обединувањето, објави Ројтерс, повикувајќи се на изјава на портпаролот на Портпаролот на кинеската Канцеларијата за прашања за Тајван, Чен Бинхуа. Бинхуа изјави дека „мирното обединување“ ќе му гарантира на Тајван поголема безбедност во однос на енергијата и ресурсите, пренесе агенцијата БТА. – ...

Репортажа од најдлабоката депресија во светот И додека повеќето македонски градови со денови се задушуваат во магла и смог, постои место на светот каде што концентрацијата на кислород во воздухот е најголема, каде што загадувањето го нема, каде што сите дишат со полни гради, каде што сонцето и во овие зимски денови зрачи со својата топлина, место сместено на најниската точка на планетата, место познато како Мртво Море. За него сите учевме од ...

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (10) Патописот на англискиот лекар Едвард Браун, објавен во Лондон во 1673 година, претставува еден од клучните секундарни извори за проучување на Балканот во XVII век. За разлика од претходните средновековни записи, кои често се потпираа на религиозни догми или патнички митови, делото на Браун е производ на раната научна револуција. Како член на Кралското учено друштво ...

На самит на ЕУ неделава ќе се дискутира за одредување цена на јаглеродот од Системот за тргување со емисии на ЕУ (ЕТС) – прв дел Деновиве околу сто европски компании ги повикаа лидерите на ЕУ да се обврзат на поддршка на системот за одредување цена на јаглеродот од Системот за тргување со емисии на ЕУ (ЕТС), во пресрет на самитот што треба да се одржи следната недела. Компаниите инсистираат на „оддалечување од нестабилниот увоз на фосилни ...

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека НАТО ќе распореди уште еден американски систем за противракетна одбрана „патриот“ во јужната турска провинција Адана, во воздухопловната база Инџирлик, каде што се наоѓаат трупи на САД и други членки на Алијансата, пренесуваат турските новински агенции и медиуми. Минатата недела, НАТО распореди систем „патриот“ и во југоисточната провинција Малатија, во близина на радарска база, како дел ...

Убиството на Али Лариџани, шефот на иранската служба за безбедност, нема да влијае врз стабилноста на Иран. Политичкиот систем во Иран е цврст и отпорен, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. „Не знам зошто Американците и Израелците сеуште не ја сфатиле таа фактичка состојба: Исламската Република Иран има силна политичка структура со воспоставени политички, економски и општествени институции“, рече Арагчи. Тој уште ...

Физичарите од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) открија нова честичка како резултат на експерименти во рамките на Големиот хадронски судирач – ЛХЦ. Таа е слична по структура на протонот, но е четири пати потешка од него по маса. Ова е втора таква честичка откриена последниве речиси 10 години, објави организацијата. „Новата честица којашто се состои од два т.н. „волшебни“ кварка и долен кварк е откриена при експеримент во ...

Репортажа Многу патници што претходно не биле на крстосување со поголеми бродови сметаат дека станува збор за патувања во кое ќе можат да одмораат, да јадат и пијат и да се коцкаат. Но сето тоа е далеку од вистината, затоа што крстосувањето со брод, особено крузер, е многу повеќе од тоа. Крстосувањето е преубаво доживување, патување со кое се комбинираат преференциите на патниците за одмор и релаксација. Крстосувањето со совршен брод е убаво ...

Надуеноста често е предизвикана од секојдневните навики, а не само од одредена храна. Пребрзото јадење, газираните пијалаци и нередовните оброци може да го влошат проблемот. Мали промени во исхраната и повеќе движење може значително да ја намалат надуеноста. Надуениот стомак е еден од најчестите проблеми со варењето. Иако многу луѓе мислат дека причина за тоа е одредена храна, честопати се виновни секојдневните навики што на прв поглед ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повика претседателот на САД Доналд Трамп, и британскиот премиер Кир Стармер, да се состанат за да ги подобрат односите и да најдат „заеднички јазик“, откако американскиот лидер повеќепати го критикуваше шефот на британската влада. Во интервју за Би-Би-Си по разговорите со Стармер, Зеленски рече дека не сака да му кажува на Трамп што да прави, но дека двајцата лидери треба да се состанат за ...

Уште еден аспект во насока на енергетската стабилност, растот и развојот на Македонија од областа на енергетиката Во време на енергетска нестабилност, ценовни шокови и засилени климатски предизвици, прашањето за енергетската иднина на Македонија се инкорпорира во најсуштинските прашања на една долгорочна национална стратегија. Во таа равенка, хидроенергијата не е само уште еден обновлив извор туку таа е еден од столбовите на енергетската ...

Шал или марама може веднаш да ја освежи комбинацијата и да додаде боја. Завиткан, префрлен преку рамо или како ремен, шалот дава елегантен и модерен изглед. Трикот е едноставен, практичен и совршен за дами над 50 години. Со само едно парче ткаенина можете да го промените тонот на вашата облека, да го нагласите вашето лице или да додадете визуелна динамика на целиот ваш изглед. Наједноставен и најефикасен трик: завиткајте го шалот еднаш околу ...

Граѓаните од денеска можат да летаат директно од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што истакнува во објава на Фејсбук, овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. – Развојот на авиосообраќајот претставува еден од ...

Актуелниот воен конфликт на Блискиот Исток го потенцира геополитичкото значење на водата ЦИА ја нарекува „стратегиска стока“ на Блискиот Исток. Но тоа не е нафтата или природниот гас, туку водата за пиење. Ако продолжат да ескалираат воените дејства во Иран, тогаш таа вода може да стане геополитичка стока што ќе одлучи за војната меѓу САД и Иран, пишува американската информативна агенција „Блумберг“ во својата анализа со наслов ...

Загрижувачки извештај на Обединетите нации (ООН) за водата Извештај на Обединетите нации за состојбата со водите на глобално ниво, објавен неодамна, испраќа предупредувачка порака до сите оние што одлучуваат дека повеќе нема време за чекање, односно ако не се поведе сметка за водата, светот ќе се соочи со најголема егзистенцијална закана. Во извештајот се наведени низа статистички податоци, меѓу кои и дека големите езера низ целиот свет ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека Украина ќе мора да ги обнови испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“ доколку сака да добие финансиска поддршка од Европска Унија. – Ако нема нафта, нема пари – порача Орбан во видео објавено на социјалните мрежи. Тој информира дека разговарал со претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, како и со премиерот на Словачка, Роберт Фицо, во врска со блокадата на испораките на нафта. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази разочараност од британскиот премиер Кир Стармер, оценувајќи дека направил „голема грешка“ со тоа што не ги поддржал Соединетите Американски Држави во воениот конфликт со Иран. Изјавата следува по неговите критики кон сојузниците од НАТО, кои одбиваат да се приклучат на операцијата, при што Трамп порача дека САД ќе продолжат самостојно додека ескалира ситуацијата околу еден од најважните светски ...

Пред македонскиот Парламент, денеска, на 94. седница, на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената ...

Во светската геополитика постојат места што изгледаат мали на картата, но имаат голема специфична геополитичка и геостратегиска тежина. Едно од таквите места е Ормускиот Мореуз, морскиот теснец, за кој повеќепати досега пишувавме и анализиравме. Тоа е тесниот морски премин меѓу Иран и Оман што го поврзува Персискиот Залив со Индиски Океан, а во реалноста Ормускиот Теснец е „артеријата на глобалната економија“. Но ако досега пишувавме за ...

Шефот на Националниот центар за борба против тероризмот поднесе оставка, станувајќи првиот висок функционер од администрацијата на Доналд Трамп кој се повлекува поради војната со Иран. Во писмо објавено на социјалната мрежа „Икс“, Џозеф Кент наведе дека не може да ја поддржи тековната воена политика, оценувајќи дека Техеран не претставува непосредна закана за Соединетите Американски Држави. Според него, конфликтот бил поттикнат од надворешни ...

Национален парк Шар Планина е побогат за уште два балкански риса, со што вкупниот број на оваа ретка животинска врста на територијата на паркот се зголеми од три на пет единки. Од Паркот информираат дека новите рисови биле регистрирани со помош на камерите поставени за редовен мониторинг, на подрачје што припаѓа на Општина Врапчиште. Според надлежните, двете нови единки се во добра здравствена состојба, што укажува на постепено стабилизирање ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
66%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
60%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
2.06
51%
1020
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
49%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
6.1
57%
1014
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
57%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
58%
1015
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
54%
1016
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
54%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
50%
1012
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
6.17
57%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
76%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Рутениум

53788.20

Паладиум

46843.64

Алуминиум

3.59

Сребро

2399.81

Бакар

12.11

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

50.34

Цинк

0.00

Родиум

326330.08

Злато

151336.48

Платина

64365.79