Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината – пишува порталот „Екс-ју авиејшн“. Како што посочуваат, ...
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, денеска изјави дека резултатите од анализите на водата за пиење во Гостивар нема да бидат јавно објавени сѐ додека трае предистражната постапка. На прес-конференција во Владата, Андоновска посочи дека резултатите ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, кое ќе одлучи кога и на кој начин ќе бидат соопштени на јавноста. -Нагласено ни е резултатите да ги доставиме до ...
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, соопшти дека директорката на ЈП „Комуналец“ и дел од раководството на претпријатието се суспендирани од своите функции, по прогласувањето на епидемија во градот поради зголемениот број граѓани со стомачни тегоби. На денешната прес-конференција, Лимани изјави дека мерката е преземена за да не се попречува работата на надлежните институции, додека трае истрагата. -Во контакт сум со директорката на ЈП ...
Владината портпаролка Марија Митева денеска порача дека Јавното обвинителство треба брзо и ефикасно да постапи во врска со случајот во Гостивар, каде е прогласена епидемија поради зголемениот број граѓани со стомачни тегоби, пренесе МИА. На заедничка прес-конференција во Владата, Митева истакна дека, покрај навремената реакција на институциите, од клучно значење е да се утврди одговорност за да не се повторат вакви ситуации. -Постапувањето ...
На Армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржат активности во рамки на мултинационалната НАТО-вежба „Neptune Strike 26-03“, во која ќе учествуваат воздухоплови на земји-членки на Алијансата, пренесе МИА. Според соопштението на Генералштабот на Армијата, воздухопловите ќе бидат наведувани од два тима за наведување на борбена авијација (JTAC), составени од припадници на вооружените сили на Обединетото Кралство и Армијата на Северна ...
Резултатите од анализите на водата во Гостивар, изработени од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на денот ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, соопшти директорката на Институтот, Марија Андоновска, на прес-конференција во Владата, пренесе МИА. Андоновска нагласи дека покрај утврдувањето на причината за случајот, најважно е да се утврди и одговорноста. -Не е важно само да се утврди причината, туку и кој е одговорен. Никој ...
Министерството за здравство во ниту еден момент не криело информации за состојбата во Гостивар, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, пренесе МИА. Тој посочи дека уште во саботата јавно соопштил дека првите случаи на лица со стомачни тегоби биле регистрирани на 13 јули и нагласи дека Министерството ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста. -Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се ...
Собранието на денешната пленарна седница ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски, со што официјално му престана функцијата, пренесе МИА. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, информираше дека Наумовски нема да ја образложи својата оставка пред пратениците. -Согласно член 121 од Деловникот на Собранието, уставниот судија има право да ја образложи оставката. Бидејќи сум известен дека тоа нема да го направи, ...
Општина Гостивар од денеска воведува дополнителни мерки за справување со состојбата предизвикана од загадената вода за пиење. Активиран е Кризниот штаб, а ќе биде отворена и телефонска линија преку која граѓаните ќе можат да побараат помош и достава на вода за пиење, пренесе МИА. Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот Ваљбон Лимани, кој најави дека Кризниот штаб наскоро ќе одржи седница и ќе носи препораки и мерки за ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата денеска ќе донесе одлука за намалување на акцизите за безоловниот бензин и дизел-горивото, со цел да се ублажат последиците од растот на цените на нафтата на светските пазари. Говорејќи по посетата на Општина Велес, Мицкоски рече дека повторното зголемување на цените на нафтата, предизвикано од воените случувања во Персискиот Залив, претставува сериозен предизвик за македонската економија. – ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за состојбата со загадената вода во Гостивар морална одговорност треба да понесат сите локални функционери, почнувајќи од градоначалникот, додека за евентуална кривична одговорност, како што рече, треба да се произнесе Обвинителството, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Велес, Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да им помага на граѓаните на Гостивар со ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница запре повеќе постапки и отфрли неколку пријави, откако утврди дека по наводите веќе постапувале надлежните институции или биле преземени соодветни мерки во рамките на нивните законски овластувања, пренесе МИА. Еден од затворените предмети се однесува на анонимна пријава за исплата на додаток на плата од 15 проценти во Агенцијата за финансиска поддршка. По вонредниот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Владата преку АА програмата и проектите со Светската банка досега инвестирала, или во моментов инвестира, околу девет милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, пренесе МИА. Говорејќи при посетата на градот, Николоски посочи дека станува збор за значајни инвестиции кои се реализираат преку повеќе проекти. -Денеска започнува реконструкцијата на две улици, а една ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“. Според Управата, пријавениот А.З., кој работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, во периодот од март 2020 до февруари 2023 ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули изнесува 68.498 денари и е пониска за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според пресметките на ССМ, доколку во трошоците се вклучи и кирија за изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на минималната синдикална кошница достигнува 83.873 денари. Најголем дел од месечните трошоци и натаму се однесуваат на ...
Убавините на островот Крит (втор дел) Крит со векови има богата култура, разнолика природа, интересни градови и убава музика што треба да се видат и истражат доколку сте таму. Па така, и ние се решивме да прошетаме да видиме неколку значајни града богати со историја. Првата одредница беше градот Ханиа, кој се наоѓа на речиси три часа пат од Херонисос. Тргнавме со автобусот, со Бранко и патувачката дружина, а патот нè водеше преку планини и ...
НУ Завод и музеј – Битола организираше меѓународна стручна работилница за конзервација на културното наследство во рамките на „Акт фор Преспа“ (ACT4PRESPA). Не може само од учебници да се научи како се зачувува културното наследство. Највредното знаење се стекнува на самите споменици на културата – преку размена на искуства, различни пристапи и заедничка работа на стручните лица. Токму затоа, НУ Завод и музеј – Битола, како водечки партнер во ...
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека се преземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за ...
Повод: Повикот на Европската комисија секоја држава членка да воспостави национален механизам што ќе ги координира сите институции поврзани со европската стратегија „Глобал гејтвеј“ Со формирањето на „Тим Австрија“, Виена практично го прифати повикот на Европската комисија секоја држава членка да воспостави национален механизам што ќе ги координира сите институции поврзани со европската стратегија „Глобал гејтвеј“ (Global Gateway). Целта не ...
Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на ...
Фељтон: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МЕЃУ НАУКАТА И ПОЛИТИКАТА (5) До крајот на XIX век, македонскиот народен јазик веќе одамна не бил само средство за секојдневна комуникација. Тој живеел во народното творештво, во книгите на преродбениците, во црковната книжевност, во дамаскините и во многубројни ракописни и печатени споменици. Недостигало, меѓутоа, нешто што секој современ литературен јазик мора да го има – јасна научна концепција за неговата ...
ФЕЉТОН „ОД ЃУРЃОВДЕН ДО МИТРОВДЕН“ Историските преданија за Гоце Делчев, како многу важен дел од македонската фолклористика, овозможуваат увид во колективните спомени на македонскиот народ за ликот и делото на Делчев. Неговата организаторска и револуционерна дејност, која е прикажана не само во историските податоци туку и во преданијата, оставила голема трага на овие простори. Првата посериозна научна студија за историските преданија за Гоце ...
Неодамна завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Велушка Тумба во Пелагонија. Истражувањата се спроведуваат во соработка меѓу НУ „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата, а во нив учествуваат Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел, преку кои се изведуваат археоботанички и радиокарбон-анализи. Раководител на истражувањата е д-р Гоце Наумов, а кораководителка виша кустоска е ...
Знаменитостите на Македонија Преспанско Езеро не е само природен пејзаж што ја украсува јужната граница на Македонија туку вистински митолошки хоризонт во кој се спојуваат историјата, преданието и човечката фантазија. Неговата тишина не е обична тишина – таа е длабока како вековите, како да ја чува меморијата на исчезнати светови. Длабочината на езерото не е само вода туку огледало на вечноста, во кое се одразуваат и радост и трагедија и ...
Танцовиот перформанс „Митот за Амазонките“, инспириран од легендата за митската раса жени воини, беше изведен на „Охридско лето“ од грчкиот танцов театар „АРТ денс“. Во сржта на ова атрактивно музичко-сценско дело беа Амазонките, симбол на силата, автономијата и еднаквоста, кои оживеаја на сцената „Долни сарај“ преку динамичен спој на современиот танц и театарски израз, со оригинална музика напишана од Јанис Псимадас, специјално за оваа ...
Од печат излезе книгата „Рацин(е!)“, впечатлива студија од професорката Марија Ѓорѓиева-Димова, која претставува значаен придонес кон рацинологијата. „Студијата ‘Рацин(е)!’ на Марија Ѓорѓиева-Димова, без сомнение, претставува едно впечатливо, оригинално, теориски и илустративно цврсто засновано толкување на поезијата на Кочо Рацин во контекст на неговото и на нашето време, од поетичка, но и од културолошка и од историска перспектива“, пишува ...
Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“. Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. ...
Иницијатива во Словенија за распишување референдум за напуштање на НАТО Додека во Брисел и Вашингтон се договараат нови стратегии за драматично зголемување на воените буџети, во срцето на една членка на НАТО се отвора сосема поинаква дебата. Љубљана како предупредување Имено, Словенија, држава што долго време се сметаше за пример на успешна евроатлантска интеграција, денес станува простор каде што се судираат две визии за иднината на Европа ...
Влажната и топла средина влијае поволно за размножување и ширење на бактериите, габите и на вирусите што предизвикуваат голем број непријатни тегоби. Ако на ова ги додадеме и летниот распуст, семејните годишни одмори и долгото време поминато во базен или во морска вода, можноста за добивање инфекција е многу голема, објаснува проф. д-р Снежана Ивиќ-Колевска, микробиолог во „Ре-медика“. – Водата е погодна средина за раст и размножување на ...
Водата не е само природен ресурс. Таа е предуслов за живот, јавно здравје, економска стабилност и за национална безбедност. Затоа секое постапување што може да ја загрози исправноста на водата за пиење претставува напад врз едно од најосновните човекови права и еден од најсериозните облици на институционална неодговорност, и тоа двапати директно поврзано со (не)функционирањето на институциите на локалната самоуправа. Последните случувања во ...