Постојат места што инспирираат уметност. Но постојат и ретки места што самите стануваат уметност. Таков е Галичник. Со 37 години континуитет и повеќе од 400 учесници од Македонија и од светот, Ликовната колонија „Галичник“ се етаблира како една од најреномираните традиционални меѓународни уметнички колонии во земјата и препознатлива платформа за современа визуелна уметност во регионот. Богатата колекција создадена низ годините претставува ...
„Галичник како медиум“ е насловено 37. издание на колонијата што ќе се одржи од 12 до 19 август во инспиративното село на падините на планината Бистра „Галичник како медиум“ е насловено 37. издание на Ликовната колонија „Галичник“ што ќе се одржи од 12 до 19 август во инспиративното село на падините на планината Бистра. Десетмина реномирани уметници од земјава и од странство ќе создаваат дела, инспирирани од природата и од Галичник. ...

