Момче од Македонија родено 1998 година во Кушадаси се здобило со тешки повреди на вратни пршлени. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување веднаш побарале од Службата за општи и заеднички работи да се обезбеди владин авион за негов транспорт. -Транспортот е одобрен и повреденото момче утре ќе биде донесено во земјава со тим лекари од Универзитетската клиника за трауматологија, ...

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека била добиена пријава за пожар на отворен простор во реонот на Момин Поток во Скопје. Според информациите, во пожарот гори ниска вегетација. За интервенција е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која треба да постапи на терен. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека била добиена пријава за пожар на отворен простор во реонот на Момин ...

Едно од најпрепознатливите места во срцето на градот, фонтаната која со години ги привлекуваше погледите на скопјани, гостите и туристите, а која поради долгогодишна негрижа беше оставена да пропаѓа, наскоро повторно ќе блесне во полн сјај, најавува денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој смета дека таа ќе стане симбол на градот. Денес, правиме темелно и трајно решение. Станува збор за комплексен систем со специјализирана ...

Владата на Велика Британија денес го одобри планираното преземање на „Ворнер Брос. Дискавери“ од страна на „Парамаунт Скајденс“ во вредност од 110 милијарди долари, проценувајќи дека трансакцијата нема да ја загрози конкуренцијата на пазарот. Британските власти објавија дека нема да покренат дополнителна интервенција врз основа на јавен интерес, откако „Парамаунт“ даде дополнителни гаранции во врска со понудата на програми и зачувувањето на ...

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство. – На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се ...

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денес потпишаа договор за колективна одбрана, објави пакистанското Министерство за надворешни работи, пишува АП, со оценка дека ова дополнително ја продлабочи соработката меѓу трите регионални сили во услови на растечки безбедносни предизвици. Во заедничката изјава од трите земји се нагласува дека договорот има за цел да го зајакне колективното одвраќање од каква било форма на агресија. Спогодбата ...

Руската амбасада во Париз ги отфрли обвинувањата за наводно мешање на Москва во претстојните претседателски избори во Франција, откако париското обвинителство започна истрага за обвинувањата. – Русија, за разлика од западните земји, нема практика да се меша во внатрешните работи на други држави. Во Франција, за жал, стана вообичаено неосновано да се обвинува Русија за речиси секој проблем – соопшти руската дипломатска мисија, пренесува ...

Момче загина попладнево на патот Радишани кон Побожје по сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл, информацијата за МИА ја потврди доктор Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Според првичните информации, момчето – мотоциклист, кое починало на лице место, било на возраст од 21 година. – По пристигнувањето на лице место на наша екипа, констатирана е смрт на лице место без витални знаци на живот – изјави ...

Милиони корисници на Gmail ќе мора да се прилагодат на важните промени што доаѓаат на почетокот на 2027 година. Google потврди дека ќе ја прекине поддршката за функцијата „Испрати како“ за е-адреси од други даватели на услуги, како што се Yahoo или Outlook, почнувајќи од јануари 2027 година. Компанијата вели дека причината за оваа одлука е високата и тешко предвидлива цена за одржување на системот, објавува Fenix. Досега, корисниците можеа ...

Германската влада објави вонредни мерки за ублажување на прекините во синџирите на снабдување поради ниските нивоа на реките, сигнализирајќи префрлање на товарот на патишта и железница и долгорочни прилагодувања на инфраструктурата. Мерките треба да ѝ помогнат на економијата да ги зачува синџирите на снабдување на важните водни патишта како што се Рајна, Дунав и Елба, чии нивоа на вода значително се намалија по серијата топлотни бранови. „Не ...

Иако јули е месец кога се очекува инфлацијата да „папса“, со оглед на изобилството на понуда, пред се на земјоделски производи, годинава се покажа „жилав“, во однос на јуни, па трошоците на живот се зголемијна незначително за о,1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Сепак, на годишно ниво, односно јули годинава во однос на истиот месец лани, инфлацијата како да го губи здивот, односно трошоците за ...

Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите ...

Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше 131,1 во јули, што е ...

Земјоделци од Струмица, производители на пиперка – куртовска капија и денеска протестираа незадоволни од откупната цена на пиперката. Над стотина земјоделци се собраа кај крстосницата за селото Робово, на патот од село Дабиле и село Босилово, возилата поминуваа. Дел од земјоделците беа дојдени со земјоделска механизација, трактори и товарни возила. На протестот имаше поголемо присуство на полицијата, дел го регулираа сообраќајот. Истовремено, ...

Над 50 хектари земја во плодната Гевгелиска Котлина цели четиринаесет години се држат во заложништво на една од пропагандните макети на ДПМНЕ. На оваа површина нема фабрики, производствени погони, инвеститори ниту ветените работни места. Има празни парцели, трње и депонија, додека Македонија увезува храна и домашните земјоделци молат за обработлива површина, стои во реакцијата на Левица за една од индустриските зони што никогаш не заживеа. ...

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик. Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, на кого му е поднесена кривична пријава врз основа на која е и осуден на година и пол условна казна затвор бидејќи ...

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште. Од пожарите ставени под ...

Откривањето на 13 мртви ирваси на Свалбард ги збуни научниците, а сè уште не е познато зошто умреле, изјави во четврток висок функционер на норвешкиот архипелаг. Мртви ирваси – двајца мажјаци и 11 женки – беа пронајдени во две долини на архипелагот за време на пребројување на популацијата. „Исклучително е невообичаено репродуктивно способните женки и возрасни мажјаци да умираат во текот на летото“, рече висок функционер на Свалбард. ...

Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и ...

ДУИ обвинува дека коридорите 8 и 10-Д не се градат сразмерно зашто постои политичка наредба за патот Прилеп-Битола да биде завршен до следните избори. Оттаму тврдат дека во моментов се работи во сооднос речиси 4 спрема 1 во корист на Коридорот 10-Д. Иако се работи за ист проект, кој го спроведува американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, од ДУИ велат дека механизацијата и работната сила се префрлени, на штета на Коридорот 8. „Денес ...

Жители во градот Доваџиак, Мичиген, со години се жалат на постојаната бучава што доаѓа од блискиот центар за податоци во кој се сместени платформи за рударство на криптовалути, според извештајот на WXYZ-TV. Локалниот новинар Мајк Дафи објави сторија за центарот за податоци Hyperscale, кој е во сопственост на Alliance Cloud Services LLC од Лас Вегас. Во видеото може да се слушне гласен, продорен звук, за кој жителите тврдат дека го слушаат 24 ...

Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски ...

Регулаторната комисија за енергетика под раководство на Ацо Ристов почна медиумска кампања за наводно проширување на евтината тарифа, додека зад рекламата за „4 евтини часа“ се подготвува целосно прекројување на тарифниот систем, велат од партијата Левица преку соопштение. Владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, во регулаторната фотелја постави поранешен градоначалник од нивните редови и бизнис-партнер на Мицкоски во енергетскиот сектор, а сега ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Гаши соопшти дека одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и од сите надлежни институции побара изборниот процес да биде спроведен професионално, ...

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива за кризата со загадувањето на водата за пиење во Општина Гостивар, за да се утврди како дошло до директно нарушување на уставно гарантираното право на граѓаните за чиста и безбедна вода, објави ТВ Сител. Иако беа побарани извештаи од сите клучни локални и здравствени установи, од Канцеларијата на Омбудсманот информираат дека добиените одговори не ги содржат сите потребни детали. ...

По тридневниот спектакл на стадионот Кошево, кој собра рекордни 200.000 посетители, градоначалникот на Сараево, Самир Авдиќ, организираше прием за БиХ во Градското собрание за кантавторот и регионална поп-ѕвезда Дино Мерлин. – Сараево и граѓаните на овој град се исклучително горди, но и благодарни – рече градоначалникот Авдиќ, со искрени честитки за уметникот, за неговиот историски успех и придонес за неговиот роден град. Дронови над Сараево ...

Дваесетгодишната Ева Величковска од Скопје ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам, објави организацијата „Мис Македонија“, носител на лиценцата за националниот избор. Величковска е студентка на Славјанскиот универзитет во Скопје и годинава ќе ја наследи Чарна Невзати, која лани ја претставуваше Македонија на светскиот избор за Мис во Хајдерабад, Индија. Јавноста ја памети по ...

Индексот Биг Мек е создаден во 1986 година од економистката и новинарка Пам Вудал за „Економист“. Неговата цел не беше да се создаде целосен економски модел, туку да се илустрира теоријата за паритет на куповната моќ на едноставен и донекаде хумористичен начин. Се заснова на претпоставката дека споредливите стоки треба да чинат приближно исто на долг рок, земајќи ги предвид девизните курсеви во различни земји. Биг Мек беше избран за споредба ...

Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер од 18 часот почнуваат чествувањата по повод 25-годишнината од „Карпалак“ каде во заседа на армискиоот конвој на патот Скопје-Тетово беа убиени 10-те прилепски бранители. Чествувањата во спомен на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце ...

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ на 2.000 метри надморска висина постави дополнителни камери кои ќе ги детектираат дивите животни, но и други случувања на планината. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека превентивните активности даваат резултати и тој процес ќе се интезивира. -Новите камери ги поставивме на висок регион, над 2.000 метри надморска висина. Нашата цел е зачувување и мониторинг на живеалиштата на животните, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Калај

46.54