Богатството на светските милијардери порасна три пати побрзо минатата година отколку во претходните години, достигнувајќи рекордно високо ниво, предупредува Оксфам во својот последен извештај за нееднаквоста. Во извештајот, објавен пред Светскиот економски форум во Давос, се вели дека комбинираното богатство на глобалните милијардери ќе се зголеми на 18,3 билиони долари во 2025 година, продолжувајќи го силниот раст од 2020 година. ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба, соопшти денеска Јавното ...

Од денеска до 23 јануари во швајцарскиот град Давос ќе се одржи 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум под слоганот „Духот на дијалогот“, на кој ќе учествуваат светските лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и академската заедница, со цел преку дијалог да се одговори на клучните глобални предизвици и да се утврдат приоритетите за следниот период. На Форумот ќе присуствуваат околу 3.000 учесници од 130 земји во ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Данска не успеала да ја отстрани „руската закана“ по Гренланд и оти сега е време за тоа. – Сега е време и тоа ќе биде направено!!! НАТО веќе 20 години и кажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана по Гренланд. За жал, Данска ништо не можеше да направи за тоа прашање, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social). Трамп тврди дека поради националната безбедност и ...

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ се договорија да му дадат шанса на дијалогот со САД, пред да преземат какви било мерки како одговор на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 1 февруари кон осум европски земји, кои, според него, се противат на неговата намера за преземање на Гренланд. Според дипломатски извори, на синоќешниот состанок на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта синоќа во објава на Икс најави дека во наредните денови ќе свика вонреден Самит на ЕУ посветен на најновиот развој на настаните околу Гренланд. – Со оглед на значењето на неодамнешните случувања и со цел понатамошна координација, решив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови, наведе Кошта во објавата. Според извори во Европскиот совет, се размислува Самитот ...

Економскиот раст на Кина во четвртиот квартал лани забави на најслабо темпо во речиси три години, бидејќи домашната побарувачка ослабе, иако растот во текот на целата година се совпадна со целта на Пекинг и покрај зголемените трговски тензии со САД и продолжениот пад на пазарот на домување. Бруто домашниот производ порасна за 4,5% во периодот октомври-декември, покажаа податоците од Националното биро за статистика во понеделник. Тоа беше ...

Судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба во Шпанија, одзеде најмалку 39 животи, а повеќе од 150 лица се со повреди. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседна пруга. Несреќата се случила околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага – Мадрид, излетале од шините на влезните прекинувачи во Адамуз. Вагоните преминале на ...

Златото и среброто скокнаа на рекордно високо ниво, бидејќи засилениот притисок на претседателот Доналд Трамп да го преземе Гренланд ги разгоре стравувањата од штетна трговска војна меѓу САД и Европа. Спот златото се тргуваше близу 4.670 долари за унца, додека среброто порасна за дури 4,4%, бидејќи агресијата на Трамп влијаеше на доларот и ја поттикна побарувачката за безбедни засолништа. САД ќе воведат царини за осум европски земји – ...

Најмалку 18 лица загинаа, а најмалку 20.000 се евакуирани поради катастрофалните шумски пожари на југот на Чиле, поради што претседателот Габриел Борик прогласи состојба на катастрофа во два региона, пишува Си-Ен-Ен. Чилеанскиот претседател Габриел Борик прогласи состојба на катастрофа рано наутро во неделата во регионите Нубле и Био Био, кои се наоѓаат околу 500 километри јужно од главниот град Сантијаго. „Со оглед на сериозните тековни ...

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа минатата недела, но побавно отколку една недела претходно, бидејќи тензиите околу протестите во Иран сè уште се намалуваат. Цената на барел на лондонскиот пазар се зголеми за 1,2 проценти минатата недела, на 64,13 долари, додека на американскиот пазар, барелот се зголеми за 0,5 проценти, на 59,44 долари. Цените на нафтата продолжуваат да растат главно поради протестите во Иран, но тензиите меѓу ...

Најмалку 24 лица загинаа, а 73 се повредени кога два брзи возови излетаа од шините вчера вечерта во градот Адамуз во шпанската покраина Кордоба. Претседателот на андалузиската влада, Хуанма Морено, изјави дека 15 лица се во сериозна состојба и не ја исклучи можноста бројот на жртви да се зголеми бидејќи еден од вагоните е „многу оштетен“. Во несреќата се повредени и четири малолетници, додека 170 лица со полесни повреди се згрижени во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти изутринава АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојниот верски празник Богојавление – Водици апелира до сите учесници во сообраќајот да постапуваат одговорно и совесно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и заштита на човечките животи. Од РСБСП информираат дека се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на ...

Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени. Според ...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го ...

ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни ...

Традиционалната манифестација „Пивтијада“ денеска ќе се одржува на плоштадот во населбата Автокоманда во општина Гази Баба. – Со хуманитарен, натпреварувачки и забавен карактер „Пивтијадата“ повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата. Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести. Повик до сите граѓани – дојдете да бидеме хумани, да се дружиме и да уживаме со убава ...

По голема борба македонските ракометари стигнаа до нерешен резултат (29:29) против селекцијата на Португалија, која на последниот светски шампионат во 2025 година беше полуфиналист. Противникот во вториот дел имаше и предност од пет разлика, но одлично водени од клупата македонските ракометари стигнаа до голем резултат против квалитетен противник. – Не е лесно да играш против светска велесила како што е Португалија. Ремизиравме со ...

Македонскиот ракометен тим успеа да освои голем бод во дуелот со Португалија играјќи нерешено 29:29. Левото крило Павле Атанасијевиќ дуелот го заврши со четири постигнати голови. – Имавме осцилации во текот на натпреварот но се вративме од минус пет. Верувавме дека можевме да го добиеме натпреварот, но на крај немавме среќа да победиме. Како и да е освоениот бод многу значи за нас. Ќе видиме што ќе се случи во последното коло, изјави Павле ...

Македонските ракометри попладнево одиграа нерешено 29:29 против Португалија и со тоа го освоија првиот бод во групата. За пласман во следната фаза ќе ни биде потребна математика за да стигнеме на второто место во групата. Македонските ракометари во првиот дуел загубија од Данска со 24:36 и имаме негатива од 12 гола, додека Португалија по првиот дуел има +6 . Во последното коло противник ни е Романија и за пласман на второто место ќе треба да ...

Хернинг – Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест ...

Сантјаго– Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето западно од пацифичкиот брег на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 10 километри и на 775 километри од градот Пуерто Монт. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами. Сантјаго– Земјотрес со јачина од 5,1 степени според ...

Париз – Рашида Дати, француската министерка за култура и кандидатка за следниот градоначалник на Париз, денес објави дека ќе ја напушти владата пред локалните избори во Париз. „Денес потврдувам дека ги почитувам сите етички правила. Нема потреба да се грижите, секако дека ќе ја напуштам владата пред локалните избори во Париз. Знам што треба да правам“, одговори Рашида Дати на новинарско прашање за нејзиното присуство во француската влада кога ...

Хернинг – Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку, а Никола Маркоски доби и црвен картон во 15.минута. Во неколку наврати Португалија во напад играше и „7 на 6“. Голем проблем ...

Пронајдени се 350.000 евра соѕидани во дом на родители на судија од Апелациски суд во Скопје осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот, информираше вечерва Јавното обвинителство, посочувајќи дека се работи за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во државава поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност. Како што соопшти Обвинителството, во рамки на опсежна истрага на ...

Мелбурн – Еден од мечевите на стартот на Австралија опен кој привлече внимание беше дуелот на 45-годишната Венус Вилијамс против Олга Даниловиќ, кој заврши со победа на српската тенисерка од 2:1 во сетови. Во третиот сет Венус водеше со 4:0 во гемови, но го загуби сетот со 6:4. – Беше феноменален меч, со многу енергија од публиката, која беше неверојатна и тоа едноставно ми даде сила. Таа играше одлично, имаше и малку среќа, но таков е ...

Хернинг – Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди составот за денешниот дуел со Португалија. Тој направи две замени во однос на дуелот со Данска одигран во петокот. На денешниот натпревар на теренот ќе се појават голманот Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои поради ситни повреди „одмораа“ со Данска, а денеска на трибините во салата во Хернинг ќе бидат Иван Галевски и Самуил Ристевски, додека Дамјан Митев ...

Сапоро – Словенечкиот ски скокач победи и на вториот натпревар одржан викендов во јапонскиот зимски центар Сапоро. По вчерашната победа Домен Превц од Словенија беше најдобар и на денешените ски скокови и ова беше негова деветта победа сезонава или 18.та во кариерата. Превц успеа да освои 277,7 бодови со скокови со должина од 137,5 и 136,5 метри, второто место му припадна на Јапонецот Рјој Кобајаши со скокови со должина од 136,5 и 138,5 метри ...

Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите. Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владат, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во реакција на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски. “Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
9.26
81%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
92%
1007
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
71%
1020
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.66
93%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
95%
1007
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
86%
1018
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1013
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
100%
1014
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -4ᴼ
2.24
78%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
96%
1011
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Родиум

339190.38

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Калај

49.78

Алуминиум

3.06