Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, повика на воспоставување механизми за колективна безбедност на Блискиот Исток без учество на САД. Тој ја даде изјавата за време на состанокот со оманскиот султан Хајтам бин Тарик Ал Саид во Мускат, главниот град на Оман. – Искуството од 40-дневната војна против Иран покажа дека американското воено присуство во регионот создава само нестабилност и поделби, наведува Арагчи во изјзвата ...
Министерот за одбрана на Мали, Садио Камара, е убиен во напад извршен од групата Џамаат Нусрат ал-Ислам вал-Муслимин (JNIM), поврзана со Ал Каеда, врз неговата резиденција во воената база Кати во близина на главниот град Бамако, објави француското радио РФИ. Нападот се случил вчера, а одговорноста ја презеде групата JNIM. Вооружени групи во Мали, кои претходно се судрија едни со други, започнаа координирани напади врз владините сили и ...
Утре Јане Ченто ќе сподели информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април. Според иницијалите што ги споменува, станува збор за Вилча Рускоска. -Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12 часот пред Основното јавно ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон. Во објава на социјалната мрежа Икс, Муцунски нагласи дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани. Тој истакна и дека е олеснето што американскиот ...
Осумдесетгодишен жител на скопското село Љуботен почина по тешките повреди здобиени во несреќа што се случила во неговиот двор, додека го поправал сопствениот трактор. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 25 април 2026 година во 09:30 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив бил донесен Н.М. (80), кој се здобил со тешки телесни повреди. Според пријавеното, несреќата се ...
Во последното деноноќие, полицијата регистрирала шест пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, соопштуваат надлежните. Во Куманово, 49-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од сопругата, а случајот е во фаза на расчистување. Во тетовско, 70-годишна жена пријавила дека била нападната од снаата (37), по што таа била лишена од слобода и задржана во полициска станица. Во Неготино, 37-годишен маж ...
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, вели дека изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека земјава децении ќе чека за европскиот пат е признание дека оваа Влада не сака во ЕУ. „За жал, вистината е разочарувачка. Немојте ништо да очекувате од европскиот пат. Ама буквално ништо. И тоа не го кажувам јас, тоа го кажува премиерот Христијан Мицкоски. Човекот вика дека, ако треба, децении ќе чекаме за Европа. ...
Во изминативе денови, сведоци сме на уцени и на еден длабоко неодговорен и деструктивен однос од страна на СДСМ и Венко Филипче, особено во контекст на измените на Законот за Влада. Со овие измени, јасно е предвидено дека техничката влада ќе важи за следните парламентарни избори, а потоа ќе биде укината како модел, изјави на прес-конференција Никола Мемов од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, владиниот коалициски партнер. – Ваквиот модел ...
Членовите на Тајната служба прво го евакуираа потпретседателот Џ.Д. Венс за време на пукањето на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, а дури по некое време се вратија по американскиот претседател Доналд Трамп, кој се сопна и падна при неговото излегување. Инцидентот се случи за време на драматичната евакуација од хотелот Хилтон во Вашингтон, откако вооружен човек отвори оган на безбедносен контролен пункт додека Трамп, првата ...
Од Европската Унија многу се заинтересирани за Коридор 8. Го прогласија за втор најзначен безбедносен коридор во НАТО Алијансата, затоа што почнува во Италија преку Драч, Тирана, Охридското Езеро, Скопје, Деве Баир, Софија, Бургас и Врана и завршува во Одеса, и е многу значаен во овие глобални случувања, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во поткастот на порталот Курир, како што информира Министерството за ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека предложените измени на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство имаат за цел модернизација на системот, но без отворање простор за привилегии или директно доделување договори. Според него, измените не го менуваат основниот модел на јавно-приватно партнерство, туку воведуваат можност за поголема ефикасност и пристап до иновации. „Овие измени не го менуваат основниот модел на ...
Според евиденцијата на Федералната изборна комисија (FEC), напаѓачот во хотелот Хилтон во Вашингтон, каде што беше свечената вечера на Доналд Трамп, Кол Ален, донирал 25 долари на ActBlue во октомври 2024 година, со меморандум дека неговиот придонес е „наменет за Камала Харис за претседател“. Ова беше единствената политичка донација наведена на веб-страницата на FEC во изминатата деценија. Ален дипломирал на Калтех (Калифорниски институт за ...
Четири години по целосната инвазија на Украина, Русија се соочува со пролет на незадоволство. Дигиталните прекини во руските градови допреа до нерв кај обичните граѓани, а се појавува и јавен отпор против рускиот претседател Владимир Путин. Русија ги издржа економските тешкотии од воено време, додека нејзините безбедносни служби ги држат протестите под контрола. Конфликтот на Блискиот Исток им даде на воените напори на Русија неочекуван ...
Два автомобили целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при што благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено ширење на огнот кон други возила и објекти. Според сведоштва на станари од околните згради, пред да го забележат пожарот, слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис. Пожарот избувнал на паркинг простор каде биле ...
Кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало утре попладне од 17 часот Општина Центар организира одбележување на роденденот на големиот драмски автор. Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе ги потсети присутните на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина. Во рамки на настанот, хорот „Мирче Ацев“ ќе изведе неколку од омилените песни на Горан Стефановски, а ...
Напаѓачот на синоќешната вечера на дописниците во хотел Хилтон во Вашингтон, кој е идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, призна дека мета му биле американските политичари. Тој утре ќе биде изведен пред суд под две обвиненија – употреба на огнено оружје и за напад врз сојузен агент со опасно оружје. Истражителите соопштија дека Ален од предградие на Лос Анџелес е учител и програмер на видеоигри. Тој во хотелот бил пријавен како ...
МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка на нови возови. На ова го додаваме и проектот за Градски воз, првата линија ќе започне да функционира на 1 септември и набавката на нови електрични автобуси, изјави вицепремиерот Николоски. Во поткасот за Курис, како што информира Министерството за транспорт, Николоски нагласи дека ова е „еден од најзначајните проекти кои го ...
Правникот и член на раководството на ЛДП, Илија Чилиманов, посочува дека обидите со закон да се регулира прашањето на државјанството на пратениците, без притоа да се отвори Уставот, е свесна манипулација, се наведува во соопштение на Либерално-демократската партија (ЛДП), кое МИА го пренесува интегрално: Либерално-демократската партија (ЛДП) повикува на итно прекинување на празната реторика и лажниот патриотизам што се сервира преку ...
Еден момент беше сосема познат: Огромната балска сала во хотелот „Вашингтон Хилтон“ беше исполнета со нејасен звук од илјадници претежно неважни разговори, сите измешани заедно преку море од стотици маси, исто како што секогаш се случува пред да започне формалната програма на годишната вечера на дописниците од Белата куќа. Следниот момент беше сосема бизарен: Жени во фустани, мажи во смокинзи, речиси сите присутни клекнаа на подот додека ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче со своето политичко делување го блокираат евроинтегративниот пат на државата, оценувајќи дека нивните позиции се мотивирани од поранешниот лидер Зоран Заев. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче делува под влијание на Заев и дека неговите јавни настапи се засилени по неодамнешните политички случувања. „Зоран Заев инспирација и мотив за политичкото делување на Венко ...
Напаѓачот кој синоќа предизвика хаос на новинарската вечера во Вашингтон успеал да го заобиколи надворешниот безбедносен прстен благодарение на тоа што бил регистриран како гостин во хотелот „Вашингтон Хилтон“, потврдуваат официјални извори, отворајќи сериозни прашања за безбедносниот протокол на настанот. Според информациите, 31-годишниот Кол Томас Ален веќе престојувал во хотелот во моментот кога објектот бил затворен за јавноста, неколку ...
Граѓаните и бизнисите утре ќе добијат одговор дали ќе има ново поскапување или евентуално намалување на цените на горивата, кога Регулаторната комисија за енергетика ќе ја донесе најновата одлука. Движењата на глобалниот пазар на нафта во изминатиот период се непредвидливи, најмногу поради тензиите на Блискиот Исток и дипломатските напори меѓу САД и Иран. Овие случувања директно влијаат врз цената на суровата нафта и создаваат неизвесност на ...
Основното јавно обвинителство Гостивар информираше дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1, како и Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина по член 152-а став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Од таму информираат ...
Во момент кога безбедносните теми повторно доминираат во јавниот простор, на Западен Балкан е отворена сезоната на закани со бомби. Новиот бран на дојави за поставени бомби открива стара шема, но доволно предупредувачка за да предизвика сериозна институционална и јавна реакција. Последните случаи во Северна Македонија и во регионот отвораат прашање: дали станува збор за изолирани инциденти или за поширока, можеби координирана појава, иако ...
Опозициската СДСМ обвини дека поранешниот премиер Никола Груевски подготвува ново бегство, додека премиерот Христијан Мицкоски, според нив, сѐ уште не презел конкретни чекори за негово враќање во земјава. Од партијата тврдат дека во услови кога, како што наведуваат, блиски луѓе до унгарскиот премиер Виктор Орбан префрлаат средства во трети држави, Груевски подготвува заминување во нова земја. „Додека во Унгарија луѓето на Орбан масовно ...
Изгледа моето „чувство“ е посилно од она што го гледавме на ТВ и го слушнавме во Собранието. Како што најавив, акцијата за разоткривање на Орбановите мафијашки бизниси во Унгарија започна, напиша на платформата Х, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „На ред се и неговите медиумски мрежи, а со нив и тесните врски на Мицкоски и целата криминална организација ВМРО со Орбан. Конечно, граѓаните ќе можат јасно да видат сè што најавуваме во ...
Маж вооружен со пушка и ножеви упадна во лобито пред гала вечера за новинари, на која присуствуваа и претседателот Доналд Трамп и повеќе високи американски функционери, пред агентите на Тајната служба да го совладаат и приведат. Трамп беше итно евакуиран и не е повреден. Гостите легнаа под масите додека се одвиваше инцидентот, а некои пријавија дека слушнале истрели пред огромната подземна балска сала во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што ...
Кралот на Данска, Фредерик X, го обиколи Гренланд со санка со кучиња, објави вечерва Кралската палата. Тој помина неколку дена со патролата „Сириус санки“, според соопштението на палатата. „Никогаш не можам да се наситам од Гренланд“, го цитираше палатата. Тој, исто така, спомена дека играл рачен фудбал во една од станиците на источниот брег на островот, кој му припаѓа на Кралството Данска. Претседателот на САД, Доналд Трамп, се потсмеваше ...
Претседателот Доналд Трамп го откажа патувањето на двајца американски претставници во Пакистан, посредникот во војната со Иран, во саботата, предизвикувајќи нов удар на мировните перспективи откако министерот за надворешни работи на Иран полета од Исламабад по разговорите во главниот град. Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека ја откажал планираната посета на неговиот специјален претставник Стив Виткоф и зет Џаред Кушнер, ...
Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, денес објави дека се повлекува од функцијата пратеник во унгарскиот парламент откако неговата партија Фидес претрпе тежок изборен пораз со кој заврши неговото 16-годишно владеење. На 12 април, Орбан загуби од проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, чија партија освои двотретинско мнозинство во Парламентот, на избори обележани со рекордна излезност на гласачите во Унгарија. Шеесет и ...