Безбедниот секс може да стане поскап ако војната во Иран продолжи да ги нарушува глобалните синџири на снабдување, според ново интервју со извршниот директор на најголемиот светски производител на кондоми. Го Миа Киат, извршен директор на „Карекс“, изјави за „Ројтерс“ во вторник дека компанијата може да биде принудена да ги зголеми цените за најмалку 20% до 30%, во зависност од тоа колку долго ќе трае нарушувањето. Глобалните синџири на ...

Зоонегувателот Виктор кој работи во скопската Зоолошка сподели неубаво искуство кое го посведочил денеска. Камења биле фрлани кон слоницата во Зоолошката, додека, како што вели, професорите седеле на кафе. – Денес имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во кафич. Не сакам да генерализирам — не се сите деца исти, ниту сите ...

Осумнаесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека била жртва на силување, а случајот се истражува. Според информациите од МВР, на 23 април околу 00:15 часот во СВР Скопје, девојката пријавила дека претходниот ден на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот поранешен вонбрачен партнер извршил обљуба врз неа. Според пријавата, таа била во поодмината бременост. Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот. објави ...

Европската унија предупреди дека Европа се соочува со „многу сериозна криза“ поради падот на снабдувањето со гориво за авиони предизвикан од војната во Иран, што би можело да ги принуди патниците да ги променат своите планови за одмор ова лето, објави Скај њуз. „За жал, многу е веројатно дека одморите на многу луѓе ќе бидат засегнати, или од откажувања на летови или од многу, многу скапи билети“, рече европскиот комесар за енергија, Ден ...

Мал град во источна Германија има дозвола да чува златни прачки, богатство вредно десетици илјади евра, откако ќе истече законскиот рок за чување. Никој не можеше веродостојно да ја докаже сопственоста на 10-те златни прачки што ги пронајде општински работник додека ја косеше тревата во октомври, изјави градоначалникот на Баневиц, Хајко Версиг, за ДПА. „Добив многу е-пошта, повици и писма“, рече тој. Сепак, ниту еден од наводните сопственици ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, откри кого смета за фаворит за освојување на Лигата на шампионите во сезоната 2025/26. Во декември, тренерот го именуваше Реал Мадрид како водечки кандидат, но „Лос Бланкос“ беа елиминирани во четвртфиналето, губејќи со вкупен резултат 6:4 од Баерн Минхен. -Велам, тоа ќе биде ПСЖ – го цитира Анчелоти „beIN Sports“. Во полуфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ ќе се соочи со Баерн ...

Драмски со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА. Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на реномирани професионални театри од Белград, Загреб, Љубљана, Скопје и Сараево претставува ...

Русија доби покана за учество на Самитот на Г20 во САД, кој ќе се одржи во декември, јави Анадолија. – Постои покана за учество на највисоко ниво – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Александар Панкин. Тој додаде дека сè уште не е прецизирано кој ќе ја претставува Русија на овој собир, информирајќи дека одлуката се очекува да биде донесена поблиску до датумот на самиот настан. Самитот е предвидено да се одржи во Мајами, Флорида, ...

Изградбата на патниот и железничкиот дел од Коридорот 8 ќе чини околу 5 милијарди евра, проектите за железничкото и за автопатското поврзување кај нас се одвиваат добро и се надевам дека со иста одговорност ќе работат и нашите соседи Албанија и Бугарија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници ...

Skopje City Mall ве поканува на третото издание на Outdoor & Travel Fair 2026, кое ќе се одржи од 24 до 26 април. По успешните претходни изданија, саемот повторно носи свежа енергија за сите љубители на природата, спортот и патувањата. Посетителите ќе имаат можност да истражат селектирани брендови со најнова outdoor опрема, да учествуваат во интерактивни искуства и да пронајдат инспирација за својата следна авантура Во текот на трите ...

Барселона подготвува големо реструктуирање на тимот на крајот од сезоната, а според шпанските медиуми, дури пет играчи би можеле да го напуштат клубот ова лето. Каталонскиот гигант моментално е девет бода пред врвот на Ла Лига и е на добар пат да освои нова титула пред Реал Мадрид. Сепак, ново разочарување во Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани од Атлетико Мадрид, ги принуди управата и тренерот Ханси Флик да направат сериозни ...

„Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје — Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се ...

Левица со настапи со филибастер на Комисијата за економија за да ја развлече постапката и да ја алармира јавноста за исклучително штетните предлог-закони за концесии и јавно-приватно партнерство и за минерални суровини. Координаторот на пратеничката група , Борислав Крмов вели дека со предложените измени се отвора простор приватни фирми сами да иницираат јавно-приватни партнерства и потоа, преку формални механизми, да ги добиваат тендерите, ...

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, објави заверена изјава пред нотар дека нема друго државјанство освен македонското и ги повика своите колеги пратеници, но и сите функционери, да заверат исто така дека немаат друго државјанство , па и дека немале двојно државјанство во моментот кога стапиле на функцијата. „Во моментов изглегов од нотар каде што дадов изјава дека ниту сум поседувала ниту во моментов поседувам друго државјанство освен ...

Кога ЕУ беше формирана во сенката на Втората светска војна, таа беше изградена за економска интеграција, а не за тврда моќ – нејзината безбедност беше аутсорсирана на САД, а нејзината политика и институции беа поставени за консензус. Но, светот што го роди блокот повеќе не постои. И во Брисел и пошироко, огорченоста расте со брзината и итноста со која нејзините 27 лидери, колективно познати како Европски совет, се соочуваат со предизвиците и ...

На петтиот ден од војната со Иран, на 4 март, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, испрати прилично остра порака до непријателите на Америка. „Терористите се обложуваа дека претседателот Трамп ќе биде како многу од неговите претходници – дека само ќе зборува и ќе одбие да ги спроведе своите јасно поставени црвени линии. Тоа се покажа како катастрофална грешка во проценката“, рече Ливит dодавајќи: „Претседателот Трамп не блефира“. ...

Сè поголем број девојки премногу рано влегуваат во светот на рутините за убавина за возрасни, а експертите предупредуваат дека ваквите производи можат сериозно да ја оштетат чувствителната кожа на децата Серумите, киселините, маските и кремите против стареење сè повеќе завршуваат во рацете на девојки кои сè уште не влегле во пубертет, а овој тренд сè повеќе ги загрижува родителите. Наместо нежна грижа соодветна на возраста, децата сè повеќе ...

„Дента кога наполнив 45“ е новата песна на „Нокаут“ со Дарко Гелев-Брејк. Од бендот велат дека оваа песна е приказна за нештата со кои се судира секоја зрела личност по 45. година. „Нокаут“ ќе прослави 30 години на сцената со концерт на 9 мај во салата „Јане Сандански“. Гости ќе бидат Игор Џамбазов, Дарко Гелев-Брејк, „Дупер“, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиноски и други. Билетите се продаваат преку мрежата на wayin.mk. „Дента кога наполнив ...

Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјата, кој предупредува дека евентуалната примена на ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче му постави ултиматум на премиерот Христијан Мицкоски Владата да ги повлече измените со кои се укинува техничката влада или СДСМ ќе ја напушти работната група за Изборниот законик. „На овој начин, што е целосно автократски манир на владеење, оваа влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори. Кога власта има целосна контрола врз судството и се именуваат ...

Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно, во услови на кревко примирје на војната против Иран. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за ...

Опозициската СДСМ денес на прес конференција обвини дека зад проектот за изградба на рудник за антимон кај Крива Паланка стојат донатори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и се кријат бизнис интереси. „Она што Христијан Мицкоски се обиде да му го продаде на народот како наводен ‘државен интерес’ и стратешки дијалог со САД, всушност е само уште еден бизнис план. Профит, пред здравје, бизнис пред народ“, изјави на прес конференција Богданка Кузеска – ...

Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа што утринава се случи на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“ во близина на поликлиниката „Букурешт“. Велосипедистот, кој се движел по пешачки премин, бил удрен од автомобил. Неофицијално, со возило на Брза помош бил пренесен на лекување. На местото веќе е излезена екипа на Министерството за внатрешни работи. Засега нема информации за состојбата на ...

Во издание на издавачката куќа „ТОПЕР“ од печат излезе романот „Златниот ангел“ на познатиот македонски адвокат и колумнист Марин Гавриловски. Ова е негова трета книга и прв роман, во кој Гавриловски на интересен и возбудлив начин не’ води низ приказната за тајната скриена во ѕидовите на една куќа во Охрид и откривањето мистерија скриена од јавноста скоро повеќе од илјада години. Книгата, иако фикција, изобилува со голем број историски ...

Поранешниот украински министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, предупреди дека земјата се соочува со продолжен период на воена и геополитичка неизвесност, без очекување на значаен пресврт во конфликтот во блиска иднина. Во опширно интервју за „Киев Индепендент“, Кулеба рече дека „2026 година ќе биде уште една година во која Украина ќе мора да преживее“. Тој нагласи дека земјата влегува во нова фаза на исцрпувачка војна на издржливост. ...

„Реплек“ уште еднаш потврдува дека стратешкиот и современ пристап во менаџирањето со вработените е еден од клучните предуслови за деловен успех. Оваа фармацевтска компанија освои второ место за најдобра регионална HR практика во категоријата компании до 1.000 вработени, на 14-тото издание на конференцијата HR Days, која се одржува од 21 до 23 април во Ровињ, Хрватска. Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на „Реплек“ беше препознаена ...

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...

Нова научна анализа даде интересни, но донекаде неочекувани резултати: повременото пиење пиво може да придонесе за внесување на витамин Б6, хранлива материја која е неопходна за здравјето на мозокот, крвта и имунолошкиот систем. Иако пивото во никој случај не се препорачува како извор на витамини, истражувањата покажуваат дека една „порција“ може да обезбеди до 15 проценти од дневните потреби за овој неопходен витамин, а во некои случаи ...

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели), соопшти Асоцијацијата за е-трговија која ги анализираше објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година. Во ...

На армискиот полигон „Криволак“, вежбата „БЛЕСОК 26“ продолжува со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија, а процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ. Активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
8.23
71%
1010
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
77%
1011
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
92%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.17
76%
1013
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
10.9
77%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
96%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
63%
1007
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
63%
1007
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
9.83
71%
1002
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
88%
1004
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Родиум

320703.70

Сребро

2585.69

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Калај

54.16

Паладиум

46843.64

Платина

65233.86

Иридиум

253540.09

Бакар

12.70

Злато

150267.72

Алуминиум

3.50