Брисел – Проблемот со ниските нивоа на водата во Дунав ќе биде разгледан денес во Брисел, каде што Групата за координација на електричната енергија на Европската комисија ќе се состане преку интернет. Земјите учеснички сакаат да побараат поддршка, а романските претставници треба да го покренат прашањето за можните последици од ниските нивоа на водата во Дунав, објави порталот „Digi24“. Планот со баржи потопени во Дунав немаше ефект каков што ...

Романската државна нуклеарна компанија „Нуклеарелектрика“ го започна процесот на исклучување на својот единствен оперативен реактор од електричната мрежа поради рекордно ниските нивоа на вода во реката Дунав. Реката погодена од суша веќе ја принуди да затвори еден реактор кон крајот на јули. Компанијата има два реактори од 706 мегавати во Чернавода на Дунав, кои сочинуваат една петтина од производството на електрична енергија во земјата. ...