Светската здравствена организација (СЗО) во вторник ги бранеше своите препораки за вакцинирање на деца засновани на наука откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ќе се намали бројот на вакцини препорачани за деца во Соединетите Американски Држави. Наредбата на Трамп бара распоред од 11 вакцини, тврдејќи дека тоа ќе им обезбеди на американските деца „златен стандард“ на заштита и ќе ги доближи Соединетите ...

Варшава – Полската фабрика за авиони број 1 во Лоѓ и американскиот Боинг потпишаа договор за основање центар за одржување на 96 борбени хеликоптери АХ-64Е Апачи, кои Варшава ги нарача од САД, објави ТВП Инфо. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека центарот во Лоѓ ќе биде најголем од ваков вид во Европа и ќе игра клучна улога во одржувањето на новата флота борбени хеликоптери во текот на целиот нејзин оперативен век. Според планот, Полска ...

Вчера во 14:45 часот на патот Тетово–село Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ.(34) од Селце, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, како што информираат од МВР, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во ...

Велешанец уапсен поради сомение за силување на млада девојка во Охрид. Од МВР информираат дека К.С. бил приведен вчера во 18:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид. Претходно истиот ден, во 14:35 часот, 21-годишна девојка од Шведска пријавила во СВР Битола дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа. К.С. е задржан, а по целосното документирање на случајот, МВР најавува дека ...

Бред Пит повеќе „не е трезен“. Во разговор со Esquire објавен во понеделник, 10 август, 62-годишниот актер – кој претходно откри дека се приклучил на програма од 12 чекори по разделбата од поранешната сопруга Анџелина Џоли – сподели дека решил да ја прекине својата трезвеност од алкохол по седум години. Откако Пит му понудил вино Рајан Д’Агостино од Esquire, новинарот прашал дали пијалокот е достапен само за гости – што ја натерало ѕвездата ...

Почитувани граѓани на денешен ден или во 1992 година, Македонија го усвои своето знаме и Македонија ја усвои својата химна. Ете точно кога Владата на Мицкоски го направи скандал, овој дебакл со нашето македонско знаме. На нивната официјална организирана прослава по 35 години од независноста на државата, платена со милиони евра народни пари, Мицкоски и неговата Влада ги понижаа државата и ги понижија граѓаните, се посочува во соопштението на ...

Хулијан Алварез (26) ја известил управата на Атлетико Мадрид дека престанува да тренира со тимот. Аргентинскиот напаѓач ја донел одлуката откако во понеделникот не успеал да разговара со тренерот Диего Симеоне за трансферот што го бара, објави Мундо Депортиво. Алварез сè уште инсистира да оди во Барселона, желба што првпат јавно ја изрази за време на последното Светско првенство. Откако дознал дека клубот ги нема ниту тренерот ниту извршниот ...

Дипломатка од Костарика се појави како фаворитка за нов генерален секретар на Обединетите нации, привлекувајќи претпазливо одобрување од израелските медиуми кои веднаш детектираа дека има еврејско потекло. Доколку биде избрана, костариканската економистка и дипломатка би станала првата жена, прва јужноамериканка и прва еврејка што ќе ја води организацијата. Гринспан обезбеди 10 гласа „за охрабрување“, четири гласа „без мислење“ и еден глас ...

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец тајно ја напуштил Турција со воено-транспортен авион, додека Белата куќа тврдела дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс 1“ (Air Force One), а воената операција за измама била преземена поради веродостојна иранска закана за атентат, објави ексклузивно „Вашингтон пост“. Трамп на самитот на НАТО во Анкара допатувал со неодамна преуредениот авион што Катар им го донираше на ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека Општината ќе додели бесплатен анатомски ранец и училишен прибор за секое прваче. „Првиот училишен ден е празник за секое семејство. Мојата цел како ваш градоначалник, е тој ден да биде исполнет исклучиво со детски насмевки, а не со финансиски грижи за вашиот домашен буџет! Затоа, и оваа година ја продолжуваме оваа убава традиција. Општина Кисела Вода ...

Во текот на жешките летни денови, клима уредот е еден од најоптоварените апарати во домаќинството. Иако уредот работи тивко и без проблеми, малкумина размислуваат за неговото одржување. Сепак, појавата на необични звуци може да биде првиот знак дека нешто не е во ред. Многу сопственици на клима уреди ги припишуваат непознатите звуци на староста на уредот или на фактот дека работи речиси без престан за време на високи температури. Сепак, ...

The Weeknd е тука за да остане. Иако имаше време кога добитникот на Греми мислеше дека можеби ќе го отфрли своето сценско име, повеќе не. „Малку го тестирав пензионирањето и не ми се допаѓа како се чувствува“, им рече уметникот на публиката на концертот во саботата во Стокхолм, според снимката снимена од обожавател. „Ќе бидам тука засекогаш со тебе“. Уметникот, чие вистинско име е Абел Тесфаје, моментално е на својата турнеја „After Hours ...

Наградуваната претстава „Уна“ на белградскиот театар „Звездара“ со маестралниот Никола Ристановски во главната улога, гостува на фестивалот „Охридско лето“. Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а ќе биде изведена на 16 август во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во 21 часот. Во „Уна“ од Стеван Копривица, покрај Ристановски, настапуваат и Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо. По Охрид, ќе ја види и скопската ...

Марк Цукерберг стана предмет на критики откако неговата јахта не пружила никаква помош на чамец на кој му снемало гориво… но, извршниот директор на Мета вели дека тука нема што да се види. Драмата наводно започнала минатиот понеделник навечер кога еден крузер направил заобиколен пат за да му помогне на чамецот долг 21 метар во југоисточна Алјаска. Мајкл Лав, еден од патниците на крузерот, напиша на социјалните мрежи дека капетанот објавил ...

Вашингтон – Во Ајдахо, на 8 август, најмладата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис, Талула го кажа судбоносното „да“ на Џастин Ејси. Уникатната венчаница изработена за 712 часа е една од првите креации на Пјерпаоло Пичоли, креативен директор на „Баленсијага“. Меѓу гостите беа колешката на нејзината мајка од „Чарлиевите ангели“, Луси Лиу, актерот Ендру Гарфилд и дизајнерот Зак Позен. Нејзините сестри, Румер (37) и Скаут (35) беа деверуши во ...

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна новинарка и актуелна сопственичка на ПР-агенција и адвокат се тројца од петте номинирани идни амбасадори за кои Владата неодамна на седница дала зелено светло, пишува „Слободен печат“. Во Атина заминува Филип Пасху, кој на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. ...

Секоја голема промена започнува со еден чекор. Одлуката да започнеш да трчаш, да поставиш нова цел или едноставно да направиш нешто добро за себе може да биде почеток на патување кое ќе те промени. Токму таква можност носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, а пријавувањето е во полн ек. Сега е вистинскиот момент да се пријавите и да започнете со подготовките, бидејќи до трката остануваат уште неколку ...

Судскиот совет и Здружението на судиите на Македонија возвратија на јавно упатената опомена од Уставниот суд дека судија од Основниот граѓански суд Скопје, кој постапувал во предметот на новинарката Наташа Стојановска, не ја извршил неговата одлука. Според реакцијата, „секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на ...

По земјотресот со јачина од 7,4 степени што го погоди западна Колумбија во понеделник, во кој загинаа повеќе од 111 лица, колумбиската пејачка Шакира испрати порака за поддршка за својата татковина. Пејачката родена во Баранкила ја објави пораката на социјалните мрежи. Порака за единство и поддршка „Моја сакана Колумбија, моето срце е со сите оние што го почувствуваа овој земјотрес и со семејствата што минуваат низ тешки времиња“, напиша ...

Суд во Сирија го осуди поранешниот владетел на земјата Башар ал-Асад на смрт во отсуство. Според сириските медиуми, Асад и неговиот брат се осудени за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната во оваа земја. Покрај нив, многу блиски соработници на Асад се осудени на слични казни. „Јавниот обвинител побара обвинетиот Атеф Наџиб и другиот обвинет во бегство споменат во списите на предметот, имено Башар ал-Асад, ...

Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на РТВ21 во Приштина изјави дека побарал од Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорноста доколку ја злоупотребил неговата доверба. Ахмети потенцира дека бара вистинска и неселективна правда и се надева дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи. — Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Северна Македонија за да ...

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ синоќа имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова. Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена. Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во секој ...

Од вчера сите вработени во МВР немаат здравствено осигурување – враќани се од хемотерапија, од дијагностички процедури, од лаборатории, со образложение или приватно да си платат, или да чекаат да се регулира состојбата. „Слободен печат“ се обрати и во Министерството за внатрешни работи и во Фондот за здравство од каде очекуваме одговори на што се должи ваквата состојба. Од поодамна во системот на МВР има системски проблем што од време на ...

СДСМ алармира дека во околината на изворот за вода Рашче тлее нова еколошка катастрофа. -Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски. Околината на изворот од кој со вода се снабдуваат Скопје и 25% од граѓаните во Македонија е затрупана во депонија. Стравична е оваа слика што ја објави наш познат новинар. Страшно е тоа што го гледаме тука на терен. За ...

Додека новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан ја освојува светската публика и повторно го насочува вниманието кон легендарниот свет на Хомер, во древна Троја продолжуваат археолошките ископувања предводени од Министерството за култура и туризам на Турција, со кои се откриваат нови детали. Во рамки на археолошката сезона оваа година, истражувачите работат на неколку локации. Во Долниот град се откриваат улици со колонади и продавници од ...

Партијата за Движење на Турците – ТХП со сериозна загриженост ги следи последните случувања поврзани со заканите и повиците за насилство кон новинарот и писател Ерол Ризаов. -Сметаме дека заканите кон новинар, особено кога се проследени со говор на омраза, навреди и етнички мотивирани пораки, не се само напад врз една личност. Тие претставуваат сериозен удар врз слободата на мислата, слободата на изразување и слободата на медиумите, а со тоа ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка (НБ) до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. -И покрај тоа што девизните ...

Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34