Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
СДСМ реагира на манирот во Владата сите да се занимаваат со туѓата работа, место со својата. „Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање“, велат од СДСМводенешнатареакција,обвинувајќидека во услови на повеќе здравствени и еколошки проблеми во земјава, министрите се занимаваат со прашања надвор од нивните ресори. Од опозициската партија посочуваат дека граѓаните се соочуваат со последици од ...
Соединетите Американски Држави планираат до 30 септември да ги повлечат сите свои војници од Ирак, со што ќе биде ставен крај на американското воено присуство во земјата што започна со инвазијата во 2003 година и соборувањето на режимот на Садам Хусеин. Ирачкиот премиер, Али ел Заиди, денеска се сретнал со адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, по што било соопштено дека 30 септември е „фиксен и конечен датум за ...
Демократскиот сенатор од Конектикат, Ричард Блументал, побара од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и од вршителот на должноста секретар на морнарицата, Хунг Цао, одговори за условите на носачот на авиони „Ју-Ес-Ес Абрахам Линколн“, што е на море повеќе од 250 дена. Блументал објави на „Икс“ дека е потребно итно внимание поради извештаите за недостиг на залихи, проблеми со водоводот и влошување на менталното здравје кај морнарите ...
Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на приоритетен пристап до пораките на претседателот предизвикува сериозна загриженост и се ...
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2. Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, направи шест двојни грешки и реализираше една од четири брејк топки. Во финалето, ...
Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот. Без вода денеска од 8:30 ...
На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, што е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, објавија руските медиуми. Тоа е негова прва посета на Курилските Острови. Путин пристигна во Итуруп од Јужно-Сахалинск, каде вчера присуствуваше на последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота од гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“, водечкиот брод на руската Тихоокеанска флота. ...
Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, наведувајќи дека стратешкиот поморски пат и натаму е „блокиран“, јави ДПА. Повеќекратните објави на американски претставници на социјалните мрежи за укинување на блокадата не ја менуваат ситуацијата, соопшти на мрежата „Икс“ новата иранска служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив. „Ормуската ...
Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на Крсте Роџевски, „Дине Донеф трио“, Националниот џез оркестар, Питер Сомуа, Нубаја Гарсија и британскиот состав ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да и продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети. Во интервју за американската телевизија„ Си-Ен-Ен“ Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден отсто од американските ракети-пресретнувачи за „Патриот“. ...
Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ќе ја напушти својата позиција на крајот на август и додаде дека таа ќе остане „влијателен глас“ во рамките на Републиканската партија пред среднорочните избори во САД во ноември. Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека Ливит одлучила да ја напушти прес-службата на Белата куќа за да „поминува повеќе време со децата и семејството“ ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...
Корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“ во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на улица „Мирослав Крлежа“ бб. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите. Корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“ во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат ...
Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод одбележувањето на 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на Владата на „Фејсбук“ и „Јутјуб“. Рамковниот договор беше потпишан пред 25 години, на 13 август ...
Чави е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Холандија, објави прес-службата на Холандска фудбалска асоцијација (KNVB). Договорот е со важност до 2030 година. Чави на селекторското место го наследува Роналд Куман, кој поднесе оставка на 1 јули. На 30 јуни, Холандија загуби од Мароко (1:1, 2:3 на пенали) во 1/16финалето од Светското првенство 2026 година. Чави ја тренираше Барселона од 2021 до 2024 година. 46-годишникот ги одведе ...
Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. – Фудбалската федерација на ОАЕ објави дека потпишала договор со хрватскиот селектор Златко Далиќ, кој ќе ја води сениорската репрезентација, заменувајќи го Романецот Космин Олароиу, се вели во соопштението. Далиќ претходно работеше во фудбалот на ОАЕ, откако го водеше ФК Ал Аин, ...
ПСЖ ја победи Астон Вила со 2:1 во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот се одигра вечерва на „Ред Бул Арена“ во Салцбург. Хвича Кварацхелија им донесе водство на парижаните во 20. минута. Брајан Маџо постигна гол за тимот од Бирмингем кон крајот на првото полувреме. Седумнаесетгодишниот напаѓач стана најмладиот стрелец во историјата на Суперкупот на УЕФА. Во 61. минута Дезир Дуаи го постигна победничкиот гол за Пари Сен-Жермен вреден трофеј. ПСЖ ...
Заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски, и екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, се наоѓаме во село Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране, објави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и додаде дека противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и околните населени места. -Поради ...
Повеќе десетици граѓани попладнево се упатија кон скопската тврдина Кале со очекување дека ќе присуствуваат на делумното затемнување на Сонцето кое што беше најавено дека ќе биде видливо и од нашите краишта. Сепак, конфигурацијата на теренот, односно скопската котлина и високата Шар Плнина на запад, го попречија спектаклот, па Сонцето се спуште зад видикот непосредно пред затемнувањето. Некои од присутните беа седнати на прекривки и ...
До крајот на септември може да очекуваме подобрување на состојбата со комуналниот отпад во Скопје, за кога е најавена набавка на 3.000 контејнери, како и камиони за собирање отпад. СПоред најавите на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, контејнерите треба да пристигнат на почетокот на септември, а потоа и камионите кои ќе го одвезуваат сметот, па до крајот на септември, состојбата треба да се подобри. Сепак, тој смета дека доколку не ...
Шпекулациите за наводно присуство на опасната бактерија Escherichia coli во скопскиот водовод, кои брзо се раширија преку приватни пораки и социјални мрежи, за кратко време предизвикаа масовна паника меѓу граѓаните и стопанството. Иако официјалниот лабораториски извештај бр. 6637 на Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје потврди нула присуство на штетни бактерии, со што беше демантирана небезбедноста на ...
Денес, пред изгрејсонце, на небото може да се забележи интересна глетка. Меркур, Јупитер, Марс, Сатурн, Уран и Нептун се распоредени по должината на утринското небо, што често се нарекува планетарно усогласување или парада на планетите. Сепак, важно е да се нагласи дека планетите не се буквално наредени во права линија во вселената. Ова е нивниот очигледен распоред како што се гледа од Земјата. Што значи планетарно усогласување во ...
Денешното затемнување на сонцето ќе го привлече вниманието на многу луѓе, но промените во количината на светлина и температура можат да влијаат и врз животните. Од особен интерес е нивното однесување за време на тоталните затемнувања, кога накратко можат да се создадат услови слични на самрак во средината на денот. Реакциите варираат од вид до вид. Додека некои животни почнуваат да покажуваат однесување карактеристично за вечерните часови, ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска има рекорден број на пожари за ова лето. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар. – Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар – информира директорот на ЦУК Мухамед Али. Пожари има во: 1.Општина Македонски Брод м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска ...
Полскиот вицепремиер и министер за дигитализација, Кшиштоф Гавковски, денеска побара од компанијата „СпејсИкс“ итно да ја врати Полска во европскиот роаминг на сателитската мрежа „Старлинк“, откако полските корисници останаа единствените исклучени од оваа услуга во Европа, со што од 17 август за нив стапуваат во сила значително поскапи пакети и дополнителни административни проверки. „Одбивам глобална технолошка компанија да ги третира ...
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов сопственик, а продажбата ќе биде најголемата во историјата на спортот, објави ESPN. Според американскиот тв канал, Лејкерс ќе бидат продадени за 12 милијарди долари на бизнисмените Боб Игер и Џош Кушнер, помладиот брат на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп. – Како доживотни навивачи на НБА, длабоко ја почитуваме можноста да станеме сопственици на Лос Анџелес лејкерс, ...
Фудбалерот на Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Лионел Меси, објави прв пост по смртта на неговиот татко, Хорхе Меси. Постариот Меси почина во петок во 22 часот по локално време во болница во Росарио. Имаше 68 години. Погребот беше одржан на 9 август. – Тато, сè уште не можам да верувам дека си заминат. Не можам да го сфатам тоа, или поточно, не сакам да го сфатам. Толку ми е тешко да замислам дека никогаш повеќе нема да те видам, ...
Орце Ѓорѓиевски денес повторно покажа дека функцијата градоначалник ја разбира првенствено како ПР-платформа за лична промоција и партиски пресметки. Од непроверена порака што кружеше низ преписки за наводна неисправност на водата, успеа да произведе политички спектакл, да ги прогласи скопјани за хистерични и да ја обвини опозицијата дека е единствениот причинител на недовербата на граѓаните во власта, реагира Левица. „Надлежните институции ...