Големото атлетско првенство во Бирмингем требаше да биде спортски спектакл, но празните трибини и високите цени на билетите привлекоа внимание. На стадионот „Александар“, со капацитет од 23.000 гледачи, имаше само 13.623 навивачи за време на финалето на 100 метри за жени, во кое славеше Британката Ејми Хант. Во тоа време, стадионот беше полн околу 59 проценти. Дури и финалето на 100 метри за мажи не ги наполни трибините – дуелот што им ...

Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а најголем предизвик, вели, се пожарите во општините Студеничани и Македонски Брод, додека ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Струга изјави дека е шокантен предлогот на Министерството за култура до Владата, Струшките вечери на поезијата наместо самостојна национална установа да бидат сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга, оценувајќи го како некултурен однос кон институција која е синоним за промоција на културата во светот. Според директорот на НУ Струшки вечери на поеизјата, Никола ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која 17,5 години поминала во затвор за убиство на сопругот, заслужува остатокот од животот да го помине на слобода. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на НУ „Струшки вечери на поезијата“, претседателката го образложи своето решение за помилување на Јакупи во траење од една и пол година. Сиљановска-Давкова посочи дека ...

БИТОЛА – Три лица се лишени од слобода за криволовство во НП Пелистер Битола, дознава АПЛА.мк. Од нив двајца биле од Битола а еден од село во Битолско. Лицата биле затекнати во НП Пелистер во строго заштитена зона и истите биле со оружје во рацете. Уапсените според наши извори биле на возраст од 33, 48 и 53 години. Оружјето било одземено од страна на полицијата, а како дознаваме ловците на дивеч на Пелистер се качиле со четирицикли. ...

Во средината на август, филмовите не се гледаат само во кината во САРАЕВО. Тие се дискутираат на улиците, омилените се споредуваат на кафе, а проекциите на отворено стануваат настани за кои е потребна влезница. Од 14 до 21 август, градот повторно живее во ритамот на филмскиот фестивал во Сараево, со програма што го прави планирањето однапред речиси задолжително. Ако сакате да ги фатите клучните моменти од 32-то издание на Фестивалот, две ...

Епидемијата од западнонилска треска во скопските општини е уште еден печат на неспособноста, неодговорноста и неажурноста на вмровската власт која имаше цела пролет и половина лето да го пресретне ризикот. Комарците не се појавија преку ноќ, сезоната не беше изненадување, а западнонилскиот вирус не е нова и непозната закана. Сепак, ДПМНЕ и вмровските градоначалници успеаја една од најпредвидливите сезонски опасности да ја дочекаат со ...

До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР Охрид. Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници денеска во 12:20 часот, по преземени мерки и активности, ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“. Во содејство со Центарот за социјални работи, таа е предадена на родителите. а Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која ...

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска најави пакет помош вреден 2,5 милијарди австралиски долари (околу 1,7 милијарди американски долари) во период од 10 години за најголемата топилница за алуминиум во земјата, „Томаго алуминиум“. Сопственикот на топилницата, „Рио Тинто“, минатата година соопшти дека размислува да го запре нејзиното работење на крајот од актуелниот договор за снабдување со електрична енергија во 2028 година. – ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво ...

Русија и Украина денеска ги разменија телата на загинатите војници, што претставува прва ваква размена меѓу двете земји од минатиот месец. Пратеникот во руската Државна дума Шамсаил Саралиев за медиумот РБК изјави дека Москва ги предала телата на 261 украински војник, додека Киев ги предал телата на 24 загинати руски војници. Украинскиот Координативен штаб за третман навоените заробеници подоцна ја потврди размената, наведувајќи во ...

Во масовен кибер-напад без преседан беа компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони полски граѓани, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, а пренесе „ТВП ворлд“. Според Гавковски, кибер-нападот бил насочен кон платформа која е еден од најголемите полски обезбедувачи на доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките. – Како што потврди и самата ...

СДСМ реагира на последното интервјку на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во кое негираше дека кога и да е рекол дека има разговори „под радарот“ за преговорите на Македонија со ЕУ, по што се соочи со многу барања да каже што преговара, со тврдења дека го прифатил францускиот предлог и со обвинувања дека дипломатијата се води нетрансапарентно. -Тимчо Муцунски денеска тврди: „Тајни разговори или ‘разговори под радарот’ нема. Никогаш не сум ...

Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид. Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди. Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за ...

Мајкл Вандеверт, инфлуенсер кој јавно го сподели својот секојдневен живот и искуството од живеењето со реткото генетско нарушување прогерија, почина на 28 години. Веста за неговата смрт ја објави неговото семејство, а соопштението на семејството беше објавено претходно оваа недела од фламанскиот јавен сервис VRT NWS. На Вандеверт му беше дијагностицирана прогерија на рана возраст. Станува збор за многу ретко, прогресивно генетско нарушување ...

Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, не е веќе во притвор. Тој е пуштен дома каде што ќе биде во домашен притвор во очекување на почетокот на судењето. Ѓорѓиоски депонирал банкарска гаранција од 500.000 евра се со цел да не биде веќе во притвор. Да потсетиме дека тој е обвинет поради финансиски малверзации, пишува SportSport. Ова значи дека истражната постапка е завршена и судењето може да почне. Инаку претходно и Муамед Сејдини, ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над ...

„Тисенкруп“ ја зголеми долната граница на својата прогноза за профит за 2026 година во четврток, поттикната од нејзините единици за челик, поморство и трговија со материјали, како и намалувањето на трошоците поврзани со тековната програма за ефикасност. Германската компанија, која произведува сè, од делови за автомобили до фабрики за ѓубрива, моментално е во процес на драстично менување на својата структура, одвојувајќи ги сите свои ...

Готовината е сè уште најшироко прифатениот метод на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и другите дигитални плаќања, според нова студија на Европската централна банка (ЕЦБ). Според резултатите објавени денес, 92 проценти од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации прифаќаат готовина, во споредба со 90 проценти во 2024 година. ЕЦБ проценува дека ова го запре падот на ...

Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. – Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, ...

Лионел Меси (39) ненадејно се врати на теренот по смртта на татко му во обид да го обезбеди местото на Интер Мајами во Лига Купот, но неговото присуство не беше доволно. Интер Мајами беше елиминиран од натпреварувањето по поразот од 2-3 на домашен терен од мексиканскиот тим Леон, во натпревар во кој требаше да победат со голема гол разлика за да продолжат понатаму. Неговото појавување на клупата беше целосно изненадување бидејќи не се ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзници – објави „Вашингтон пост“. Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од ...

По неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква излезе со реакција во која порача дека ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност. ...

Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО. Сиљановска-Давкова истакна дека симболично ја избрала Струга за посета ...

Хрватскиот машки штафетен тим во пливање слободен стил на 4×100 метри, составен од Влахо Ненадиќ, Јере Хрибар, Вили Сивец и Тони Драгоја, се квалификуваше за финалето на Европското првенство во Париз со третиот квалификациски резултат, што е и нов хрватски рекорд од 3:13,06 минути. Хрватскиот штафетен тим на тој начин го подобри националниот рекорд за повеќе од шест и пол секунди и ја нагласи својата кандидатура за медал во попладневниот ...

Владимир Путин повеќе не може да прогласи победа во Украина, вели Нобеловецот Дмитриј Муратов. Во интервју за Би-Би-Си, поранешниот главен уредник на „Новаја Газета“ опишува како неговиот весник, некогаш симбол на независното новинарство во Русија, е практично уништен. Ходниците на московската канцеларија сега се тивки и празни. „Весникот го нема“, вели Муратов, чиј весник беше затворен откако Кремљ ги национализираше неговите печатници и му ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ се осврна на, како што рече, ширењето лажни вести и дезинформации од страна на СДС. „Ова е лоша траекторија по која се движи најголемата опозициска партија. Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен ...

Кил – Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра, што е највисоко ниво од април 2024 година, но на долг рок таа и натаму ќе се намалува, покажува истражување на Институтот за светска економија од германскиот град Кил. Во април 2024 година Украина доби 9,04 милијарди евра воена помош, пред САД да го прекинат финансирањето во февруари 2025 година. Според податоците на Институтот во Кил, јунското е трето најголемо зголемување ...

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35