Папата Лав, силен застапник за правата на затворениците, денес за прв пат посети шпански затвор, повикувајќи ги затворениците да се искупат за своите злосторства и да водат подобар живот. Зборувајќи со затворениците во затвор во близина на Барселона, папата рече дека историјата на една личност „не ја одредува иднината, туку нуди можност да ги промениме нашите одлуки и избори“. Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, е во ...

Тејана Тејлор ќе ја добие наградата „Икона на годината“ на овогодинешните награди БЕТ, како признание за нејзиното културно влијание и креативни достигнувања. Церемонијата на доделување на наградите, која ќе ја води комичарката Друски, ќе се одржи во недела, 28 јуни, пишува Пипл. БЕТ објави во вторник дека 35-годишната Тејлор ќе биде наградена како „разновидна креативна сила“. „Тејана Тејлор го отелотворува она што значи да се биде икона ...

Општина Аеродром продава градежно земјиште по 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до хотелот „Русија“ и спортската сала Јане Сандански. За оваа електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен се бара банкарска гаранција од приближно 2 милиони евра, соопшти денеска советникот на СДСМ во Општина ...

БИТОЛА – Обвинетиот Пеце Матевски, екс-директор на РЕК „Битола“ на вчерашното рочиште во Основниот суд во Битола рече: „Не се чувствувамни трошка виновен“ затоа што јавната набавка била спороведена по закон и критериумите на АД ЕСМ за ископ на јаловина во 2022 година со фирмата „Рудкоп “ Битола. „Јас како директор на подружница РЕК ‘Битола’ морам да ги спроведувам наредбите од Управниот и Надзорниот одбор. Никаде нема повреда на планот за ...

Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска, а во продукција на Унита Филм. „Врзани“ е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот. Кога неочекуван сплет на околности ќе ја донесе пред одлука што изгледа невозможна, Ева е принудена да се соочи со границите на љубовта, жртвата и личната ...

Силни експлозии се слушаа на три клучни локации кај Ормускиот теснец. Иран најави дека ги преиспитува преговорите Иранските државни медиуми објавија дека силни експлозии се слушнале ноќеска на островот Кешм, во градот Бандар Абас и во округот Џаск, три стратешки важни локации долж Ормускиот теснец. Островот Кешм се смета за клучен дел од одбранбениот систем на Иран во Ормускиот теснец. Бандар Абас, најголемиот пристанишен град на Иран на ...

На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Издавач е римската куќа „Cue press“, во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери… Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша легендарниот директор на Венецискиот филмски фестивал Алберто Барбера. „Manchevski: ...

Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, што се одржува во Скопје во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за киберпростор и дигитална политика (CDP) при Стејт департментот. ...

Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании, соопштија од Министерството. Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. Ова претставува 92% ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, гувернерот Славески, како ...

СОФИЈА – Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес. Тоа е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржа денска во ...

Со 1,5 милијарди евра државата самостојно ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, за кои моментално се работи на физибилити студија, откако во изминатите триесетина години пропаднаа дури 14 тендери за изградба на овие значајни енергетски капацитети. Оваа информација ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. „Чебрен“ се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечен 81 км од нејзиното устие во реката Вардар, во близина на селото Манастир, а околу ...

Европа се обидува да пренасочи сè повеќе патници од кратки летови кон брзи возови што ги поврзуваат поголемите градови, а како што расте интересот за шармот на железничкото патување, се отвораат бројни можности. Сепак, постои еден голем проблем: географијата. Планинските венци и морињата отсекогаш ги делеле европските земји, а возовите, за разлика од авионите, не можат едноставно да летаат над нив. Затоа низ целиот континент се во тек некои ...

Градот Скопје соопшти дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се вели во соопштението. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита ...

Италијанскиот астронаут од Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави вчера раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, Џаред Ајзекмен. Се очекува лансирањето да се случи во 2027 година. Но, не се очекува вселенското летало да слета на Месечината, туку само во орбитата на Земјата заради тестови. Посадата ќе ги ...

Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај на глобално ниво откако постојат записи, соопшти Службата за климатски промени „Коперникус“ на Европската Унија. Европа доживеа брза промена од температури под просекот до еден од најинтензивните топлотни бранови на почетокот на сезоната некогаш регистрирани во западните делови на континентот, покажаа податоците собрани од мониторингот. Топлотниот бран доведе до бројни нови температурни рекорди ...

Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува во ...

Полицијата приведе петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни. Како што информираат од МВР, приведени се лицата М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. ...

Репрезентацијата на Аргентина ноќеска го победи Исланд со 3:0 во пријателски натпревар. Натпреварот се одигра на стадионот „Џордан-Хеар“ во Обрн, САД. Во 8. минута Валентин Барко го отвори резултатот. Во 72. минута, Лионел Меси реализираше пенал за да го постигне својот 117-ти гол за репрезентацијата. Меси во игра влезе од резервната клупа во 70.минута. Фудбалерот од средниот ред Тијаго Алмада во финишот ги постави конечните 3:0. Аргентина ...

Во Мексико Сити, 117.000 луѓе поминале специјална обука за добредојде на туристите за време на Светското првенство во 2026 година. информира Алехандра Фраусто, министерката за туризам на мексиканската престолнина. Според Фраусто, Министерството за туризам ја промовира програмата за обука. Меѓу обучените се работници во услужната индустрија, персонал во хотели и ресторани, транспортни работници, водичи, специјалисти за општествено корисна ...

Македонскиот јазик е еден од најцврстите темели на македонскиот идентитет. Токму затоа, неговото зачувување кај најмладите генерации во дијаспората е главната мисија на „Домче“ – првата дигитална платформа создадена специјално за македонски деца кои растат надвор од татковината. „Само неколку минути дневно се доволни детето да слуша македонски, да игра, да се смее и да ја открива Македонија на забавен и современ начин. Првите зборови што ...

Продолжените доцнења на границите поврзани со воведувањето на новиот европски ЕЕС систем би можеле да загрозат до 41 милион посетители и 45,4 милијарди долари потрошувачка на посетителите од четирите најважни пазари во Европа. Ова го предупреди Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC). Анализата, заснована на анкета на повеќе од 2.500 патници од Велика Британија, САД, Канада и Австралија, покажа дека ако патниците се соочат со редовно ...

Македонскиот народен театар утре ќе настапи на јубилејното 60-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој важи за еден од најзначајните театарски настани во земјава и регионот, а годинава одбележува шест децении постоење. „Страв и надеж“ е современа сценска приказна која ги ...

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар – Скопје, утре со почеток во 19 часот во театарот ќе биде промовирана книгата „Да живее Долна Дупка“ од доајенот на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски. На промоцијата ќе се обратат директорот на Драмски театар Роберт Вељановски, театарскиот критичар Тодор Кузманов, писателот и драматург проф. д-р Гоце Смилевски, како и актерите Благоја Чоревски и Ѓокица ...

Американскиот Конгрес синоќа одобри речиси 70 милијарди долари за финансирање на агенциите за спроведување на законите за имиграција, што се смета за голема победа на претседателот Доналд Трамп во неговите напори да ги продолжи своите цврсти имиграциски политики во остатокот од неговиот втор мандат. Мерката, која беше поддржана од Републиканците, помина во Претставничкиот дом со тесно мнозинство од 214 наспроти 212 гласа откако претходно беше ...

Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која во моментов изнесува околу 200 милиони евра. Комисијата исто така ...

Општина Кисела Вода организира бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците под мотото „Спремни за средно!“, наменета за сите ученици кои го завршуваат основното образование во оваа општина. Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ООУ „Невена Георгиева Дуња“ и ќе трае до 23:30 часот. Се очекува присуство на околу 560 ученици, кои ќе имаат можност заеднички да го одбележат крајот ...

Самостојната изложба на слики „Ултрамарин“ на ликовната уметница Јана Куновска ќе биде отворена денеска во 20 часот во Изложбениот салон „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје. Поставката ќе може да се погледне до 24 јуни. Куновска, која дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и моментално е на докторски студии на Универзитетот „Метрополитен“ во Белград, досега има реализирано 68 ...

Во Центарот за култура во Дебар денеска со почеток во 19 часот ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“, посветен на уметноста на немиот филм. Пред публиката ќе настапи гудачки квартет предводен од Пламенка Трајковска, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот нуди можност за доживување на спојот меѓу филмската и музичката уметност, инспириран од традицијата на ...

Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита. Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз нив паднале делови од урнати објекти, изјави заменик-директорот на Канцеларијата за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.42
62%
1021
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
65%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.4
62%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.07
82%
1023
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.25
61%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.74
87%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
6.71
49%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.2
51%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.38
54%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
57%
1021
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
0.45
47%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
5.35
100%
1020
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Калај

50.56

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09