Американската тенисерка Медисон Киз, победничка на минатогодишниот Австралија Опен, годинава беше запрена во Мелбурн во осминафиналето, поразена од сонародничката Џесика Пегула со 6-3, 6-4. Во двата сета, Пегула создаде рана предност. Водеше со 3-0 во првиот сет и 4-1 во вториот сет. Во двата случаи, Киз беше блиску до враќање во мечот, но не успеа и мораше да го признае поразот по еден час и 18 минути игра. Како и обично, Киз имаше повеќе ...

Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети стигна до четвртфиналето на Австралија Опен, првиот Грендс-слем турнир во годината, откако го победи Американецот Тејлор Фриц со 6-2, 7-5, 6-4 во осминафиналето. Музети во четвртфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ, десеткратен победник на турнирот во Мелбурн. Србинот ја прескокна пречката во осминафиналето без борба, Чехот Јакуб Меншик му го предаде мечот поради повреда на стомачниот мускул. Ѓоковиќ и ...

Бројот на жртви во несреќата со фериботот „Триша Керстин 3“ во јужните Филипини се искачи на осумнаесет, соопшти телевизијата GMA News. Дваесет и четири лица се водат како исчезнати, соопшти телевизијата. Крајбрежната стража соопшти дека како резултат на инцидентот не се случило истекување на гориво. Патничкиот ферибот што патувал од градот Замбоанга до Џоло потонал во близина на островот Балук во покраината Басилан. На него имало повеќе од ...

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: СДС изгледа мислат дека имаат многу јака тема за соопштение, па се фатија за вредноста на часовниците на претседателот Мицкоски. Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено. Тоа е се до моментот ...

Општина Ѓорче Петров од оваа година обезбедува 8.000 денари финансиска поддршка за секое новородено дете, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски. „Со оваа мерка им даваме конкретна поддршка на семејствата во најважните моменти и испраќаме јасна порака дека децата, семејството, иднината се наш приоритет. Инвестираме во животот од самиот почеток. Продолжуваме со политики што носат грижа, сигурност и поддршка — таму каде што е најважно“. ...

Општина Битола објави конкурс за кандидати за избор на членови во Управен и Надзорен одбор за материјално-финансиското работење на КЈП „НИСКОГРАДБА“ Битола, ЈП „ЈППЈЛП“ Битола, ЈП “ЗУППУ” Битола, ЈП СИЗ „ЖАБЕНИ” Битола, ЈП „ПАЗАРИ” Битола, ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ Битола и ЈКП „ВОДОВОД” Битола. Предмет на јавниот повик за секое од претпријатијата е спроведување на постапка за избор на седум члена во управниот и три члена во надзорниот одбор. Постапката ...

Лос Анџелес Клиперс го победија Бруклин со 126:89 во неделата ноќта во НБА лигата. Во текот на втората четвртина, Клиперс водеа со 47:14, а до тој момент Кавај Ленард и Џејмс Харден постигнаа по 15 поени, или повеќе од целиот противнички тим. На полувремето, домашниот тим водеше со 68:37 и натпреварот веќе беше решен. Бидејќи неизвесноста брзо исчезна од теренот, многу од најдобрите играчи на Клиперс не минаа многу време на паркетот. Прв ...

Најмалку 13 жртви досега однеле опасните снежни бури во САД, при што над 800.000 домаќинства се без струја. Откажани или одложени се повеќе од 11.000 летови. Се смета дека околу 200 милиони жители на САД се опфатени со арктичките студови, а кулминацијата на снежната бура се очекува утре, но веројатно обемните врнежи на снег и леден дожд може да продолжат уште неколку дена. Извонредна состојба е прогласена во 18 сојузни држави. И Канада е во ...

Министерката за надворешни работи на ЕУ, Каја Калас, ја критикувала претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, според европски претставници, цитирани од „Политико“. Министерката за надворешни работи на ЕУ, Каја Калас, приватно ја нарече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, диктатор, објави „Политико“. Висок европски претставник изјавил дека Калас „приватно се жали дека фон дер Лајен е диктатор, но ...

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот) треба исклучиво да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот на Западен Балкан во целост, е ставот на Стопанската комора на С Македонија. Блокадите не може да бидат ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) – Оддел за гранични работи и миграција извести дека на јавниот протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој треба да почне напладне на граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато, ќе се пропушта патничкито сообраќај, односно автомобили и автобуси.. „Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, ...

Сеќавањето е како тивка казна, нужен, но неуморен потсетник на сите патеки што исчезнале. Што сме ние без нашите сеќавања? Без сеќавање осудени сме на тивко пропаѓање. Сеќавањето не’ обликува со текот на времето – тоа е галерија на моменти, живописни и прогонувачки. Некои се како стари фотографии што ве враќаат во времето. Ослободувањето на сеќавањето е деликатен и храбар чин на пркосење на времето. Понекогаш посакувам да можам да се ...

Голем пожар избувна кратко пред четири часот наутро во понеделникот, во добро познатата фабрика за бисквити „Виоланта“, меѓу местата Трикала и Кардица во централна грацја, а развојот на настаните е трагичен, бидејќи информациите што ги пренесуваат дописниците на ЕРТ во областа, јавуваат дека од првично исчезнатите пет работници, четворица се пронајдени мртви од подрумите на фабриката. Во времето на експлозијата, 13 лица работеле во фабриката ...

Европејците се разочарани во врска со состојбата во светот, нивните земји, нивните околности и опасностите што ги претставува американскиот претседател Доналд Трамп. Речиси две третини од испитаниците рекле дека „најдобрите години се зад нас“ (63 проценти), додека 77 проценти веруваат дека животот во нивната земја „ќе биде потежок за следната генерација“, според анкета на фирмата за стратешки комуникации FGS Global, која анкетирала повеќе од ...

Точно напладне превозниците од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ќе ги затворат за товарен сообраќај граничните премини кои водат кон Европската Унија. Најавено е дека повеќе од 300 камиони во земјава ќе ги затворат граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Граничните премини ќе работат за останатиот вид на превоз. ...

Со сослушување на сведоци, законски застапници на оштетените, во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, поради кој животите ги загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која во меѓувреме беше ...

Во Неготино ноќеска половина час пред полноќ бил уапсен Р.А. (41) од с.Криволак, Неготинско. При сообраќајна контрола на бул.„Маршал Тито“ во Неготино е сопрен автомобил „фолксваген пасат“ со неготински таблички, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера учествуваше на тематската седница на Владата на Србија, при што не штедеше зборови за критика на однесувањето на членовите на владиниот кабинет. На почетокот на седницата, министерот за финансии зборуваше за организацијата на светската изложба Експо 2027. „132 земји го потврдија своето учество. Ова ќе биде најголемата изложба досега. Потпишавме договори со 41 земја, уште 16 договори се подготвени за ...

Во болницата во западниот бугарски град Перник (на потегот помеѓу Ќустендил и Софија) сега работат 14 лекари од Индија, Судан, Сомалија, Турција и Ирак. Во обид да се запре кризата со бројот на вработени, медицинската установа привлече лекари од источните земји, наведува Бугарската национална телевизија (БНТ). Д-р Саид е од Индија. Тој почнал да работи во тежок период за болницата во Перник. Детското одделение било пред затворање поради ...

Археолозите открија објект за кои веруваат дека е древна базилика стара повеќе од 2.000 години во италијанскиот град Фано, која му се припишува на древниот римски архитект и инженер Витрувиј, познат и како „татко на архитектурата“. Витрувиј, кој живеел во првиот век п.н.е., е познат по пишувањето на „De architectura“, најстариот зачуван трактат на оваа тема. Неговите учења за класичните пропорции на зградите ги инспирирале уметниците со ...

Поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Барак Обама од опозициските демократи во неделата ги повикаа Американците да ги бранат „демократските вредности“ на земјата по смртта на уште еден граѓанин во Минеаполис, кој беше застрелан од федерални агенти. Американецот Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар кој работел на одделот за интензивна нега во болница за ветерани, беше убиен во саботата за време на протестно попречување на ...

Москва и Вашингтон нема да се вклучат во дијалог со шефицата за надворешна политика на Брисел, Каја Калас, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков ги даде овие забелешки откако САД, Русија и Украина ја завршија првата рунда тристрани преговори во Абу Даби во саботата. Претставниците на ЕУ се пожалија дека, и покрај обезбедувањето воена и финансиска помош на Киев, блокот е во голема мера исклучен од разговорите. Во интервју за ...

Израел се согласи повторно да го отвори преминот Рафа во Газа со Египет само откако ќе се пронајде телото на израелскиот војник Ран Гвили. Израел во неделата соопшти дека спроведува „операција од големи размери“ за да го лоцира последниот заложник во Газа и дека последователно ќе дозволи „ограничено отворање“ на преминот Рафа помеѓу Појасот Газа и Египет откако ќе ги пронајде останките. Во текот на викендот, американските претставници се ...

Ферибот со 332 патници и 27 членови на екипажот потона во јужните Филипини откако се преврте на пат од градот Замбоанга на островот Минданао до островот Џоло, соопшти Филипинската крајбрежна стража (PCG). Првично беше потврдено дека најмалку осум лица се мртви, според Арсина Кахинг-Нанох, градоначалничката на општината Хаџи Мухтамад, каде што се случил инцидентот. Командантот на PCG, Ромел Дуа, од округот Јужен Минданао, подоцна изјави за ...

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна во раното тргување во понеделникот. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово се лизна за 0,2 отсто, на 97,03 поени, блиску до најниското ниво за четири месеци. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона за 1,2 отсто, на 153,90 јени. Силниот раст на јенот е резултат ...

Второто фатално пукање од страна на федерални агенти во Минеаполис го турна агресивното спроведување на имиграциските закони на Доналд Трамп подлабоко во националниот фокус, принудувајќи ги републиканците да ги бранат тврдокорните тактики на администрацијата, а воедно ги мотивира демократите кои го гледаат ова како итно прашање во изборната година. Федералните агенти убија двајца американски државјани овој месец, вклучувајќи го и медицинскиот ...

Хрватка во пијана состојба вчераутро го навредувала а потоа го пробола мажот. Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена за Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и ...

ОВЕН Доколку денеска сте преоптоварени, нема смисла да се лутите на другите, бидејќи тоа не е нивна вина – само престанете да се оптоварувате со премногу задачи, преиспитајте ги критериумите што ги применувате за себе и проценете што е важно, а што не е особено значајно и токму сега е можно да останете во заднина. БИК Денеска може да се појават несогласувања меѓу вас и вашиот партнер, но не грижете се – сè ќе помине исто толку брзо како што ...

Цената на златото надмина 5.000 долари за унца првпат во историјата на почетокот од тргувањето во понеделникот, продолжувајќи го својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии. Според податоците за тргувањето, цената на февруарските термински договори (фјучерси) за златото на њујоршката берза Comex порасна за приближно 40 долари од претходното затворање на пазарот, или ...

Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утронските температури се движат од 3 до 9, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 12 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска, исто ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1009
weather icon

Белград

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
88%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
78%
1008
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.97
96%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
96%
1004
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1006
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1009
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1008
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
87%
1003
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1005
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191