Здружението на транспортери на Црна Гора започна со блокада на товарниот сообраќај во близина на девет гранични премини во понеделник, од кои два се со членката на Европската унија, Хрватска Црногорските транспортери паркираа камиони на проширувањата во близина на неколку гранични премини, Дебели Бријег (Карасовиќи) и Илино брдо (Витаљина) и го блокираат преминувањето на сите видови товарни возила, освен на оние што превезуваат лекови, ...

На плоштадот Крал Петар Крешимир IV во хрватското гратче Велика Горица, веднаш до загрепскиот аеродром, синоќа околу 22 часот уапсиле маж додека провалувал во дипломатско возило. Во полициска станица е утврдено дека станува збор за 46-годишен Австриец, кој легално престојувал во Хрватска. Повеќе детали не се откриваат, а криминалистичката истрага е во тек, соопшти Полициската управа на Загреб. На плоштадот Крал Петар Крешимир IV во ...

Како општествено одговорна компанија, Џенерал Хералдинг стои на располагање на Јон Фрчковски да му донира средства за лекување од зависности, на какво никогаш не отиде иако беше експлицитно фатен во конзумсција на кокаин. Психотропните супстанции очигледно и понатаму влијаат негативно на неговото расудувањето, па токму затоа изнесува вакви целосни лаги за нашиот медиум, реагираат од медиумот „Лидер“ на денешната прес-конференција на Јон ...

Македонија2025 со задоволство информира дека е објавен Отворен повик за доделување на 20 стипендии за шестиот по ред Охрид Камп за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи во периодот од 05 до 11 јули 2026 година во Охрид. Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност е еднонеделна едукативна програма по кодирање, роботика и инженерско размислување, наменета за деца на возраст од 11 до 15 години од Македонија и од македонската ...

Музејот Лувр во Париз беше затворен во понеделникот, четврти пат откако започна мобилизирањето на дел од неговите вработени во средината на декември, барајќи подобри услови за работа, објави институцијата. Со речиси урнато реноме на најпосетуваниот музеј во светот по грабежот на 19-т октомври минатата година, Лувр има тешкотии да го заврши овој социјален спор, еден од најдолгите во неговата историја, и покрај неколкуте рунди преговори со ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на ГП Блаце, по најавата на транспортните превозници за блокада. Николоски искажа поддршка за протестот на превозниците. „Причината зошто сум денеска тука на овој граничен премин е за да искажам поддршка во мое име и во име на Владата. Овој протест е предупредувачки протест. Превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10-ти април ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува составен дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство. Протоколот овозможува практична и правна примена на проширената кумулација со материјали со потекло од ...

До денеска вкупно четири пријави пристигнале на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија. Од собраниската прес-служба потврдуваат дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали за тоа кои се подносителите. Рокот за пријавување во согласност со законот истекува денеска на полноќ. Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Македонија, што го распиша ...

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар. Цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цела на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 66,50 денари за литар. За 0,112 денари поскапува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе се продава за 33,099 денари. ...

На граничниот премин „Табановце“, на излез од земјава, бил уапсен П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која била барана преку Интерпол. Полицијата утврдила дека Камерунецот бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1.000 евра. Тој е предаден на СВР Куманово за ...

Цените на гасот во Европа остро пораснаа во понеделникот, во услови на поларни температури и знаци на прекини во снабдувањето од Соединетите држави поради арктичка бура. На холандската референтна дигитална берза TTF, еден мегават-час гас за испорака во февруари се тргуваше по 41,11 евра претпладнево, што е за 2,52 отсто поскапо отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмица. Цената со тоа се стабилизира на највисоко ниво ...

Талентираниот играч за врска на Барселона, 18-годишниот Педро „Дро“ Фернандез Сармиенто, ќе ја продолжи кариерата во актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен, објавија шпанските медиуми. Фернандез, кој има филипинско потекло, произлезе од академијата на Барса, Ла Масија, и оваа сезона се проби во првиот тим на „блауграна“. Сепак, одигра само пет натпревари и беше само еднаш во почетниот состав. Незадоволен од минутажата, поднесе барање за ...

Армијата на Соединетите Американски Држави е сè уште најголемата воена сила на планетата, по неа следува Русија, додека Македонија е 114-то место, според рангирањето на порталот „Глобал Фајерпауер“, кој се занимава со компаративна анализа на воената моќ на сите земји во светот. Порталот ја одредува воената моќ на една земја врз основа на копнените, водните и воздушните капацитети, бројот на војници, опремата, природните ресурси, финансиите и ...

Неговите агресивни методи на терен, јавните настапи и внимателно конструираниот имиџ предизвикуваат силни реакции низ САД, претворајќи го во симбол на политиката што ги продлабочува општествените поделби и предизвикува сè погласни обвинувања за авторитаризам. Еве кој е Грегори Бовино. Само пред една година, името на Грегори Бовино беше познато само на тесен круг луѓе. Денес тој е едно од највидливите лица на имиграциската репресија на ...

Без индустријализација нема Македонија, пишува во својата последна колумна, Виктор Грозданов, рударски инженер и колумнист велејќи дека Македонија не смее да биде заложник на утопии кои се стратешки создадени врз стравот на граѓаните. Нашата држава не смее да биде увозно зависна од други држави кои не ги почитуваат правилата на ЕУ за заштита на животната средина. Според Грозданов, нашата држава мора сама да создава и произведува материјални ...

Опожарен бил паркиран автобус вчеравечер, во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Истрагата на полицијата за причините за пожарот довела до двајца малолетници од Радовиш. При службените разговори во присуство на родители, децата го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот. Запознаен е јавен ...

Фудбалерот од средниот ред на италијанскиот прволигаш Аталанта, 24-годишниот Даниел Малдини, син на легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини, треба да му се приклучи на Лацио во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми. Двата клуба се договориле за шестмесечна позајмица со опција за откуп на договорот. Лацио ќе плати милион евра за позајмицата, додека откупот на договорот би можел да го чини 14 милиони евра. Јувентус, исто ...

Европската комисија започна истрага за Grok, четот за вештачка интелигенција на Илон Маск, за наводна продукција на експлицитни слики, изјави во понеделникот Реџина Доерти, ирска членка на Европскиот парламент. Истрагата ќе утврди дали X ги исполнил своите обврски според дигиталното законодавство на ЕУ, особено барањата поврзани со ублажување на ризикот, управување со содржини и заштита на основните права, рече пратеничката. Комисијата сè ...

Постојат информации дека демонстрантите хоспитализирани по бруталната репресија во Иран биле погубени во нивните болнички кревети, додека Техеран се обидува да обезбеди власт по широките протести, објави LBS. Извештаите наведуваат дека ранетите демонстранти се погубуваат од непосредна близина, додека сѐ уште се поврзани со монитори за срце и цевки за дишење. Тела се пронајдени наредени во медицински мантили, со прострелни рани во главата. Се ...

Општина Центар продолжува да обезбедува непосредна поддршка за своите повозрасни сограѓани преку проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“. Една од корисниците е 72 годишната Снежана Димовска, која се движи со потешкотии и веќе четири години ја користи услугата. Од самиот почеток таа ја има истата негувателка Јулијана Алексоска – Анчевска, која трипати неделно по два часа ѝ помага во одржување на личната хигиена, ...

Клиничкиот центар ќе добие две монтажни катни гаражи, што ќе значи уште 500 паркинг места, со што трајно ќе се реши проблемот со паркирањето, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој вели дека заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржалее координациски состанок со кој официјално почнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот ...

Во понеделникот земјите-членки на Европската унија формално усвоија регулатива со која се воведува правно обврзувачка, постепена забрана за увоз на руски течен природен гас (LNG) и гас од цевководи со целосна забрана почнувајќи од крајот на 2026 година, односно од есента 2027 година. „Се ослободуваме од штетната зависност од рускиот гас и во духот на солидарност и соработка правиме голем чекор кон автономна енергетска унија“, рече кипарскиот ...

Речиси 10 години по неговата егзекуција, името Махмуд Иштиви сè уште тивко циркулира во Газа – изговорено помалку како сеќавање, а повеќе како предупредување. За противниците на железното владеење на Јахја Синвар во Хамас, смртта на Иштиви во 2016 година го означи моментот кога стравот го замени фракциското пазарење и кога дури и најлојалните личности дознаа дека статусот, семејното педигре и квалификациите на бојното поле не нудат заштита. ...

Поставувањето на 30-метарското украинско знаме на Карловиот мост во Прага беше „непотребна провокација“, изјави претседателот на Долниот дом на чешкиот парламент, Томио Окамура. Настанот во чешката престолнина во саботата беше инициран од амбасадата на Киев и беше темпиран за одбележување на 107-годишнината од обединувањето на Украина, рече Окамура. „Ова е непотребна провокација од страна на Украинците кон нашите граѓани кои не се согласуваат ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се извини за коментарите што ги даде, сугерирајќи дека сојузниците на САД во НАТО во Авганистан избегнуваат служба на фронтот, приклучувајќи се на бранот критики од европски политичари и воени ветерани. Трамп предизвика длабоко негодување кај сојузниците на САД кога минатата седмица изјави за Fox Business Network дека на Соединетите држави ...

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, ...

Во следните денови ќе преовладуваат врнежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). В среда кон крајот на денот и в четврток повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Во следните денови ќе преовладуваат врнежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). В среда кон крајот на денот и в четврток ...

Еве во што е работата: светот во кој многумина од нас пораснаа исчезна, и тоа не поради геополитика. Поради сексот. Сексот, некогаш третиран како централен во модерниот живот, тивко се повлекува. А промената е толку распространета што ни кажува нешто непријатно за тоа каде отиде општеството. Лична приказна на човек што израснал во 1990-тите: Kога сексот беше насекаде, не само во приватниот живот, туку и во јавниот простор. Рекламирањето се ...

Општина Центар продолжува да обезбедува непосредна поддршка за своите повозрасни сограѓани преку проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“. Една од корисниците е 72 годишната Снежана Димовска, која се движи со потешкотии и веќе четири години ја користи услугата. Од самиот почеток таа ја има истата негувателка Јулијана Алексоска – Анчевска, која трипати неделно по два часа ѝ помага во одржување на личната хигиена, ...

На европските берзи, најважните индекси осцилираа помеѓу позитивна и негативна територија во понеделникот претпладнето, бидејќи инвеститорите беа вознемирени од неодамнешните геополитички турбуленции, а за нови насоки тие исто така чекаат одлука на американската централна банка (Fed) за монетарната политика на состанокот подоцна оваа седмица. Во првиот претпладневен пресек од тргувањето, пан-европскиот индекс Stoxx 600 беше во раст за 0,07 ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1009
weather icon

Белград

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
88%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
78%
1008
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.97
96%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
96%
1004
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1006
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1009
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1008
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
87%
1003
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1005
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191