
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или откажувања. Оваа одлука, иако индиректно, најмногу е насочена кон ограничување на влијанието на кинескиот челик на американскиот пазар. САД директно увезуваат многу малку челик од Кина, која е најголемиот светски производител на челик. Сепак, кинескиот челик сè уште влегува на американскиот пазар преку други земји или преку ...
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Сарај и Чаир. – во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Горно Лисиче во село Долно Лисиче во Oпштина Аеродром; – во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов 49, улицата Тодор Чангов 53, улицата Тодор Чангов 51, улицата Диме Илиевски Мурато во Oпштина Аеродром; – во периодот од 10:30 до 13:00 ...
Времето денеска со студено утро, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до ...
Косовскиот премиер Албин Курти прогласи победа на неговото движење Самоопределување на парламентарните избори на 9-ти февруари, но тој нема да може сам да формира влада. Прелиминарните резултати покажуваат дека Самоопределување ќе има околу 47 пратеници во новото косовско Собрание, со освоени 41 отсто од пребројаните гласови. Втора е опозициската Демократска партија на Косово со 22,19 отсто добиени гласови, потоа Демократскиот сојуз на Косово со ...
Обвинителството побара доживотна казна затвор за 33-годишниот, Фадил Зејнелов, кој пред три години ја уби својата партнерка Емилија Пешева. Обвинетиот ја призна вината, а по убиството на 1 ноември минатата година тој самиот се пријави во полицијата. Сепак обвинителството верува дека тоа не треба да биде олеснителна околност, бидејќи Зејнелов веќе 10 години поминал во затвор за други дела. Доживотна казна бара и семејството на Емилија. ...
Новата бугарска влада одбива да преговара со Северна Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги почне преговорите за членство во ЕУ, наведува бриселскиот портал „Еурактив“. Во текстот е наведено дека пред три години, Бугарија и Северна Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот за европска интеграција на Западниот Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со успешно реализирање на проектот за изградба на првата училишна спортска сала во населба Хром. Денес, на терен, се поставуваат челичните решетки од кровната конструкција, што претставува еден од клучните чекори во завршувањето на овој долгочекуван објект, велат од општината. „Ветувањето дадено пред жителите на Хром, денес е во процес на реализација“, изјави градоначалникот на Oпштина Ѓорче Петров, Александар ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари нема информации од Клиниката за токсикологија за труење на млади пациенти поради опасниот предизвик со парацетамол на „Тик-ток“. Таравари одговарајќи на новинарско прашање рече дека првпат слуша за тоа, а и самиот не ја користи платформата „Тик-ток“. Претходно, докторот Нико Беќаровски, предупреди на опасниот предизвик кој почнал од почетокот на оваа година, а се однесува на внесување на големи дози ...
По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денеска извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиот центар. Хируршките сали беа затворени во мај минатата година, откога се појави силна смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. „Денес посебна чест ми е да најавам дека компресорската станица веќе функционира. Имаме три нови компресори, комплетно ...
Понекогаш се чини дека некои луѓе секогаш се ставаат себеси на прво место, без разлика на околностите. Нивната тенденција да се фокусираат на сопствените потреби и желби може да ги направи да изгледаат егоистично во очите на другите. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци. Лав Лавот е, без конкуренција, апсолутен шампион на себичноста. Како крал на Зодијакот, Лавот сака да биде во центарот на вниманието. Егото на ...
Европската унија ќе одговори на последните најави на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Тој за француската телевизија TF1 изјави дека Франција и нејзините европски партнери нема да се двоумат кога станува збор за одбрана на нивните интереси пред заканата од американските царини. Запрашан дали Франција и ЕУ ќе одговорат, Баро рече: „Се разбира. Трамп ...
Во текот на минатата недела, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање на комуналниот отпад во скопската населба Серава, во општината Чаир. Контејнерите беа лоцирани на улицата Серава, а истите се со зафатнина од 1,1 кубен метар, извести Комунална хигиена-Скопје. Микролокацијата веднаш била целосно исчистена од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, по што биле поставени и нови садови за одлагање на отпадот. ...
ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам. „Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Иницијативата предвидува измени на Законот ...
„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија. ...
„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај. Мерките со некакви „кошнички“ доживеаја дебакл. Наместо намалување се случи зголемување на цените на храната, на основните производи, затоа што власта им остави време и простор на трговците да ги зголемат“, соопшти СДСМ. „Граѓаните беа принудени сами да се организираат и преку бојкот на ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц од левичарската Социјалдемократска партија (СПД) и неговиот главен ривал Фридрих Мерц од конзервативниот блок ЦСУ/ЦДУ вчера претставија спротивставени визии за иднината на земјата на првата голема дебата две недели пред парламентарните избори, пишува Дојче веле (ДВ). Шолц ја повика Германија да одвои најмалку два отсто од својот БДП за одбраната во следните четири години. Тој изјави дека Берлин ќе може да ги ...
Ели Шараби, Израелец кој беше киднапиран од Хамас пред 16 месеци, дознал дека неговата сопруга и ќерките биле убиени во нападот на 7 октомври 2023 година, дури во саботата, кога бил ослободен по 491 ден во заробеништво. Ова го потврдија членовите на неговото семејство кои живеат во Велика Британија, пренесе Би-би-си. Неговата сопруга Лиан Шараби, по потекло од Бристол, и нивните ќерки Ноја (16) и Џахл (13) беа пронајдени мртви во нивниот дом на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори својот контроверзен предлог да ја преземе контролата врз Газа, велејќи дека е посветен на „купување и поседување“ на енклавата разурната од војната. Говорејќи пред новинарите на бродот „Ер Форс 1“, Трамп рече дека Газа треба да се гледа како „одличен недвижен имот“ и дека другите земји на Блискиот Исток би можеле да имаат задача да го решат нејзиниот повторен развој. „Кога станува збор за нашата ...
Повеќе од 1.100 луѓе годишно во Велика Британија го развиваат најчестиот тип на рак на белите дробови, аденокарцином, како резултат на загадениот воздух, пишува „Гардијан“. Анализата на Светската здравствена организација (СЗО) покажа дека изложеноста на загаден воздух е причината зошто 515 мажи и 590 жени во Велика Британија развиле аденокарцином во 2022 година. Стапката на овој тип на рак предизвикан од аерозагадувањето е повисока во Велика ...
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -11 степени, -8 било во Крива Паланка и Маврови Анови, -7 во Попова Шапка и Битола, -6 во Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес и Прилеп, -4 во Кавадарци, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Охрид и Претор, -2 во Гевгелија и Струмица. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови. Времето денеска Студено, преку денот сончево со мала до ...
Франција ќе објави инвестиции од приватниот сектор во вештачка интелигенција (ВИ) од околу 109 милијарди евра за време на самитот за вештачка интелигенција во Париз, објави претседателот Емануел Макрон. Плановите ја вклучуваат канадската инвестициска фирма Брукфилд со инвестиција од 20 милијарди евра и финансирање од Обединетите Арапски Емирати кои би можеле да достигнат 50 милијарди евра во наредните години, соопшти кабинетот на Макрон. ...
Москва допрва треба да добие добра понуда за почеток на преговори за Украина, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Вашингтон постигнува напредок во разговорите за ставање крај на војната во Украина. „Важно е зборовите да бидат поткрепени со практични чекори кои ги земаат предвид легитимните интереси на Русија, демонстрирајќи подготвеност да се искорени ...
Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. „Претешка е судбината на тие кои за семејство ја сметаат татковината. Вистинското семејство е на маргините на болка, жал и голгота! Ако требало да се плати, нека тој биде последната жртва, а ние последното семејство кое ќе остане да се радува на секоја една слика. Игор Југ човекот кој ме научи на многу работи. Најтешката до пред два дена ...
Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени. ...
Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ вчера му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило. „По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна ...
Вчера во населба Илинден во Скопје, полициски службеници од Оперативениот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(47) од населба Илинден. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Њујорк пост“ откри дека имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со завршувањето на војната во Украина. Трамп изрази надеж дека војната наскоро ќе заврши, нагласувајќи дека секојдневно се губат животи, пренесува „Ројтерс“. „Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат“, изјави Трамп, додавајќи дека и тој сака војната што побрзо да заврши. „Се ...
Пожар избувна во околината на Марибор. Уште од доцна синоќа на терен се неколку противпожарни единици. Од противпожарната единица Марибор за N1 Словенија потврдија дека гори фабрика за преработка на пластика. Полицијата ги предупредува граѓаните да ги затворат прозорците и да се држат настрана од пожарот. Според информациите, пожарот избувнал околу 19 часот, а на терен освен професионални пожарникари, на терен се и сите околни противпожарни ...
На средбата одржана во Горица / Корча (Албанија), организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), политичката партија Левица беше претставувана од највисокото раководство – претседателот, проф. д-р Димитар Апасиев и потпретседателот, м-р Реџеп Исмаил – обајцата пратеници во Собранието на Република Македонија. Настанот беше посветен на разгледување на Нацрт-стратегијата предложена од претставниците на македонското ...
На седницата на Собранието што ќе се одржи в среда, ќе биде разгледан законскиот предлог на партијата Левица кој предвидува ограничување на патните трошоци на пратениците. Овој предлог е дел од заложбата на Левица како анти-естаблишмент партија, која бара намалување на привилегиите на функционерите, кои се злоупотребуваат, што предизвикува фрустрација кај народот. „Пратениците во текот на своето работење ги злоупотребуваат патните трошоци, што ...