Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Италијанската премиерка Џорѓа Мелони денес изјави дека е потребна упорност во прекинот на огнот меѓу Русија и Украина. „Мораме да инсистираме на безусловно примирје и договор за прекин на огнот“. „Не треба да бараме алтернативи, туку да инсистираме на мир, на прекин на огнот“, рече таа во Тирана во пресрет на Самитот на Европската политичка заедница. На прашањето за имигрантите и договорот со Албанија, Мелони истакна дека работата ...
Новиот германски министер за внатрешни работи, Александер Добриндт, изрази денеска решителност во намерата да спроведе строга миграциска политика со цел да го намали бројот на нерегулирани влегувања во Германија. „Оваа политика веќе почна на германските граници“, изјави Добриндт обраќајќи му се на Бундестагот, алудирајќи на новите мерки за враќање на сите лица што не поседуваат потребни документи на германските граници, што се однесува на ...
Во изминативе три дена, од 13 до 15 мај, во рамки на реализираните сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 2018 платни налози од кои што во најголем број, односно половината се однесуваат на прекршоците: непрописно паркирање 600, брзина на движење спротивна од пропишаната 256, како и управување на возило без возачка дозвола ...
Една недела, СДС и Филипче молчат и се кријат, за потеклото на златната виза на чиракот на Заев, Венко Филипче. Откако на Венко му се испушти дека поседува златна виза, за која не го наведе потеклото, го снема од јавноста, а според нашите информации, тој пред 6 дена на граничниот премин Богородица, ја напуштил државата, истакна на прс-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Праша, дали Филипче, кога ја напуштил ...
По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на групата ДНК, Горан Тонев. „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ‘Папаниколау’ во Солун за неизмерната грижа и за негата што ми ги дадоа. Исто така, сакам да му се заблагодарам и на персоналот во Кочани и во Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели што ...
Принцот од Врање, претставникот на Србија на Евровизија, настапи претпоследен во втората полуфинална вечер. Тој се натпреваруваше со баладата Мила, но не успеа да стигне до финалето. Откако беше елиминиран од натпреварот, тој се огласи на својот Инстаграм профил. „Ви благодарам на сите прекрасни луѓе што гласаа и ме поддржаа мене и српскиот тим. Дадовме сѐ од себе, го оставив срцето на сцената и се надевам дека тоа беше почувствувано. ...
Градоначалникот Горан Герасимовски, директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски и вработени од Oпштина Центар, вчера се сретнаа со жители на Центар кај плочникот кај Агромеханика кадешто заеднички дискутираа за проектите што се имплементираат за развој на Центар и се отворија сите важни прашања – од собирањето на млади на игралиштата и нарушувањето на јавниот ред, сѐ до проблемот со паркирањето, зеленила и оштетени површини. ...
Изјавите на Мицкоски, во кои тврди дека цените се намалени, дека инфлацијата е намалена и дека сме биле први во Европа, се во целосна спротивност со секојдневната реалност на македонските граѓани, велат од СДСМ. Очигледно, според нив, Мицкоски живее надвор од реалноста. „Додека Мицкоски зборува за „економски успеси“, граѓаните се соочуваат со постојано зголемување на цените на основните производи, платите стагнираат а стандардот опаѓа. Тоа е ...
Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ...
Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити како еден од лидерите на „Вреди“ денес рече дека предлогот за нов министер за здравство ќе го дадат кога ќе завршат преговорите, кои во моментот ги водат со членови на албанските партии, кои сега се опозиција. Тој е убеден дека многумина членови на Алијансата за Албанците, кои не ја поддржале одлуката на лидерот Арбен Таравари за излегување од „Вреди“ и од Владата, ќе преминат кај нив, ...
Планетите поставија посебна шанса за финансиска експанзија за луѓето родени под еден знак на Зодијакот. Астролозите предвидуваат дека еден хороскопски знак ќе има пари „како кал“ и го советуваат добро да се подготви, бидејќи парите ќе им доаѓаат во лавини. Оваа година ќе биде пресвртница за знакот кој е предодреден за значајни промени во животот, а можеби токму вашиот знак ќе доживее голема финансиска среќа. Астролозите предвидуваат дека ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција. Истакнувајќи дека земјава e фокусирана на спроведување на реформската агенда заради достигнување на европските стандарди, таа истакна дека Копенхагенските критериуми се, и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија и Украина во турскиот мегалополис, изјави синоќа извор од турското Министерство за надворешни работи. „Трилатерални преговори меѓу САД, Украина и Турција“ од една страна и меѓу „Руската Федерација, Украина и Турција“ од друга страна се на дневен ред, рече изворот. Затоа, се чини дека директни преговори ...
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна биле преземени сите мерки за заштита. Инспекторите од Кисела Вода на терен констатирале протекување на хемикалии од вентил при дефект, во објект за производството на стиропор во Пинтија. Ѓоргиевски вели дека елаборатот за заштита на животната средина бил издаден и одобрен од страна на Градот ...
Премиерот, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на „Еуроњуз Србија“ истакна дека нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, и изрази жалење што корумпирани политичари претходно за да останат на власт прифаќаа се и сешто. „Ако ние го прошириме ние нашиот Устав со повеќе делови од народи, бидејќи таму се наоѓаат и албанскиот, српскиот, турскиот, ромскиот, бошњачкиот и така натаму, тогаш се поставува прашањето што ...
Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе ...
Јадењето јајца може да помогне во намалувањето на ризикот од Алцхајмерова болест, најчестата форма на деменција. Деменцијата е прогресивен синдром, кој ги засега милиони луѓе, предизвикувајќи постепено губење на когнитивните способности, проблеми со меморијата и промени во однесувањето. Иако генетиката може да игра значајна улога во развојот на болеста, научниците веруваат дека речиси 45 % од случаите на деменција може да се спречат со ...
Том Круз пристигна во Кан за да го промовира новото продолжение на „Невозможна мисија“ на 78-то издание на филмскиот фестивал. Видеото: ...
Турција ќе ги казнува патниците во авион што ќе ги откопчаат безбедносните појаси прерано по слетувањето на авионот и ќе станат од своите седишта. Новиот закон исто така ќе се обиде да ги спречи патниците што сакаат да излезат пред другите патници во редовите напред, па затоа прерано се одврзуваат, ги земаат торбите и бргу излегуваат од авионот, дури и пред пилотот да даде сигнал за тоа. Турските воздухопловни власти соопштија дека добиле ...
Тешко е да се создаде добар впечаток, но има луѓе кои речиси секогаш оставаат силен и позитивен белег каде и да одат. Без разлика дали поради нивното однесување, нивниот однос со другите или начинот на кој се изразуваат, за таквите луѓе ретко се зборува лошо. Според астрологијата, некои хороскопски знаци се познати по тоа што создаваат впечаток на сигурност, смиреност или шарм околу себе што се памети долго време. Нивната добра репутација ...
Иако правилата на Канскиот фестивал оваа година забрануваат „голи фустани“, актерката се осмели да покаже што е можно повеќе и изгледаше одлично на црвениот тепих. Актерката Пом Клементиф присуствуваше на премиерата на „Невозможна мисија“ на 78. Кански филмски фестивал со холивудската ѕвезда Том Круз и иако оваа година беа воведени правила за црвениот тепих, таа се осмели да се разголи. Едно од правилата е „без голи фустани“, меѓутоа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се обрати на јавноста по средбата со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган. Тој рече дека во украинската делегација биле министерот за надворешни работи, шефот на кабинетот на претседателот, министерот за одбрана, началникот на генералштабот, директорот на безбедносната служба и претставници на разузнавачките служби. Додаде дека и Турција ја пречекала Украина со делегација на највисоко ниво. Тој ...
Швајцарската влада денес објави дека бара право да го ограничи слободното движење на луѓе од Европската Унија, доколку фактори како што се нето имиграцијата или зависноста од социјална помош надминуваат одредени граници. Во декември, Швајцарија постигна договор за продлабочување на економската соработка со Европската Унија и покрај противењето на националистите кои го сметаат блокот за закана за суверенитетот. Договорот сè уште се соочува ...
Апелацискиот суд во Ниш нареди дополнување на истрагата во постапката за повторно судење во случајот со исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка Илиќ оценувајќи дека е потребно дополнително да се разјаснат околностите и да се потврди валидноста на собраните докази, вклучително и одбраната на кообвинетите. Според официјалното соопштение, новиот судски совет, со променет состав, ќе има обврска да ги реконструира настаните под идентични ...
За 2025 година, Владата на Република Северна Македонија утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци. Оваа бројка е резултат на внимателна анализа на состојбата на пазарот на труд и изразените потреби од работна сила во различни сектори, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на регионалната конференција за трудова миграција што се одржува во Будва, во организација на Меѓународната организација за миграции (IOM) и ...
Од ноќеска на полноќ, дизелот ќе поскапи за два денари, додека цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 16.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар) Дизел ...
Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во писмената оставка што ја доставил до премиерот, Христијан Мицкоски, наведува дека одлуката ја донел по внимателна лична и професионална проценка. „Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, 16 мај, ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, информира МНР. Ова е прва посета на министерката Беате Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година. „Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на ...
Во врска со прашањата за промените во составот на пратеничките групи, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес бил официјално известен за промените во составот и во раководната структура на пратеничката група на „Вреди“. „Во согласност со известувањето: пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ‘Влен’. Заменик-координатори се пратениците Мерита Колчи-Коџаџику и Аднан Азизи“, соопштија од Собранието. ...