
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Лондонската кула „Гренфел“, која беше зафатена од пламен пред повеќе од седум години во катастрофа, во која загинаа 72 лица, ќе биде урната, соопштија денеска ожалостените семејства и преживеаните. Пожар ја зафати 23-катницата за социјални станови во една од најбогатите населби во Лондон во раните утрински часови на 14 јуни 2017 година. Тоа беше најсмртоносниот пожар на станбена зграда во Британија од Втората светска војна. Групата Grenfell ...
Градоначалникот на Општина Центар со претставници на Црвениот Крст на Град Скопје, потпиша договор за реализација на проектот „Итно копче“. Со овој проект, локалната самоуправа воведува нова услуга за повозрасните жители над 65 години, со која им се обезбедува помош во итни ситуации во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година. „Итно копче е уште еден проект што го наменивме за повозрасните граѓани во нашата општина. Подолго време ...
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – примање поткуп од член 357 став 1 и проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, а другото е осомничено за продолжено давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик. Првоосомничениот, во периодот од 9.6.2021 година ...
Премиерот Христијан Мицкоски од реновираниот Клуб на пратеници, најави теренски активности по општините каде се градат капитални проекти. „За мене задоволство е што сум денеска ете заедно и со Златко и со Ивица овде во овој реновиран објект, мислам дека треба така да продолжиме да се грижиме за имотот на државата бидејќи тој е заеднички имот на граѓаните. Има неколку работи коишто во периодот што следи јавноста ќе ги дознава, дел од имотот ...
Вчера околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода 28-годишниот А.Б. од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“. Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по ...
Граѓаните не се задоволни од начинот на којшто функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште кое изобилува со многу контроверзии и скандали, оцени премиерот, Христијан Мицкоски. Тој рече дека не може да се направи целосно распуштање или за кратко време да бидат детектирани аномалиите, но може да биде избран Судски совет кој, како што рече, објективно без партиски стеги и интереси ќе може да го разбистри ова политичко ...
Агенцијата за катастар на недвижности, во согласност со најавите, продолжува со дигитализација и модернизација на услугите, со цел целосна дигитална трансформација на институцијата. Од денес, официјално е пуштена во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата поднесени и заведени во електронскиот систем на Катастарот. Со новата апликација, се зголемува ефикасноста, а граѓаните и професионалните корисници брзо и едноставно ќе можат по ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи извести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет. „На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано ...
Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Т.С. од Богданци, удрило во пешакот, 46-годишниот Д.Т. од село Ангелци, струмичко. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот ...
Ограничувањето на долгорочното глобално затоплување на два степени Целзиусови, што е алтернативна цел на Парискиот договор за климата, во меѓувреме стана невозможно, според водечките експерти за климата. Авторите на студијата, предводени од познатиот климатолог Џејмс Хансен, заклучија дека климата на Земјата е почувствителна на зголемување на емисиите на стакленички гасови отколку што се мислеше, објавено е во списанието Environment: Science and ...
Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто и црн елек. Последен пат бил забележан на 30 јануари во селото Марена, во Кавадарци. Од тогаш му се губи секаква трага. Веќе осум дена трае потрагата по 28-годишното момче од Неготино. Полицијата досега го најде само неговиот мобилен телефон кај реката Луда Мара. Тој е спортист, висок околу 185 сантиметри, со кратка коса. ...
Имаше некаков „проблем со надморска височина“ кога минатиот месец хеликоптер „Блек Хок“ се судри со патнички авион во близина на националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон, при што загинаа 67 лица, изјави синоќа за „Фокс њуз“ американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Тоа беше најсмртоносната воздушна несреќа во САД во повеќе од 20 години. https://twitter.com/i/status/1885326298463293506 Истражувачите на Националниот одбор за ...
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека Пентагон е подготвен да ги разгледа сите опции кога станува збор за Газа, еден ден откако претседателот Доналд Трамп рече дека би сакал САД да ја преземат контролата и да го обноват Појасот Газа. „Само би рекол, за прашањето за Газа, дефиницијата за лудост е обид истата работа да се прави одново и одново“, рече Хегсет пред почетокот на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин ...
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Попова Шапка, Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Виница, -2 во Охрид, -1 во Кавадарци, 0 во Велес и 4 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови. Времето денеска Сончево со мала ...
Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море. Најсилниот од 6.400 земјотреси што го погодија овој регион од 26 јануари се случи вчера вечер и беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Бројните земјотреси предизвикаа бројни одрони, а еден од поголемите речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа, ...
Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата за производство на салами Ровањати, јавија италијанските медиуми. Околностите за несреќата засега се нејасни, но познато е дека густата магла ја покрила областа во моментот кога хеликоптерот се урнал на земјиште во сопственост на семејството Ровањати. https://twitter.com/i/status/1887239579826323527 Според агенцијата ...
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека денеска поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат: · Од 10:30 до 14:30 часот, дел корисниците од с.Горно Нерези (Карпош); · Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците Ул. Чаирска од бр. 40 до бр. 90, ул Цветан Димов од бр. 4 до бр. 20 (Oпштина Чаир); · Од 09:00 до 15:00 часот, ...
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 11 степени. ...
Општина Центар, денеска ги исчисти јавните површини во населбата Пролет како важен чекор за создавање на почисто и поубаво опкружување за сите центарци. Герасимовски, потенцираше дека во акцијата за чистење активирана е целата механизација на општината со вредните хигиеничари кои секој ден работат во две смени. „Во текот на денешниот ден, го подигнавме сметот и ги исчистивме улиците во населбата Пролет. Решавањето на комунални проблеми се еден ...
СДС секојдневно се повеќе тоне во сопственото политичко мочуриште. СДС е фабрика за лажни вести, а освен што лаже и манипулира, злоупотребува и податоци со доверлива содржина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако на прес-конференција од страна на Богданка Кузеска од СДСМ беше посочено дека континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните. „СДС и Кузеска манипулираат со ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, учествуваше на Енергетскиот самит во Атина, Грција, каде што беше говорник на панелот со наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“. Во своето обраќање Божиновска истакна дека енергијата не е само економски сектор, туку и стратешки ресурс, дипломатска алатка и безбедносен императив. Таа нагласи дека Македонија, како земја на крстопатот ...
Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Изет Меџити, за време на неговата официјална посета на Соединетите Американски Држави, оствари средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс, член на Републиканската партија и Претставничкиот дом на САД. На оваа средба се дискутираше за билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, со посебен фокус на можностите за продлабочување и проширување на соработката во области ...
Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад живот при сообраќајната несреќа што ја потресе јавноста, се наведува во пишаниот допис до медиумите. „Како судии ги подржуваме граѓаните во нивните барања за системските промени, што впрочем е и заложба на премиерот, а се однесува за зголемување на безбедноста во сообраќајот, што во извесна мера значи и промена на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина, објавено е на веб-страницата на украинскиот парламент. Вонредната состојба и општа мобилизација во Украина се продолжени за 90 дена, од 8 февруари до 9 мај, пренесува Укринформ. На 24 февруари 2022 година, Русија започна целосен напад врз Украина. После тоа, Парламентот 13 пати ја продолжи вонредната ...
Судскиот совет ќе формира комисија која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки кои се воделе против 20-годишникот, Васил Јованов, кој смртно ја прегази, Фросина Кулакова, на булеварот Партизански одреди. „Започнавме, разгледуваме, а утре и формално ќе биде формирана комисија од страна на Судскиот совет. По извршениот увид во сите тие списи ќе излеземе со став и ќе кажеме дали имало пропуст или не. Предмет на разгледување е општо ...
Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски извести дека од денес почнува да функционира редовна железничка линија. „Денеска, тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Тоа го ветивме на отворањето на железничката пруга Куманово – Бељаковце и еве од денеска е вистина. Во 16.30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Патувањето ќе трае 41 ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,61 oтсто во однос на одлуката од 3 февруари. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,437%, кај дизелот за 0,769%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,295% и кај мазутот зголемувањето е за ...
МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи. -Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен jавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за ...
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, извести Обвинителството. Како што потврди Обвинителството, станува збор за предмет поврзан ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека им наредил на своите советници да го уништат Иран во случај на атентат врз него. „Ако го сторат тоа, тие ќе бидат уништени“, им рече Трамп на новинарите додека потпишуваше извршна наредба со која и се наредува на американската влада да наметне максимален притисок врз Техеран. „Оставив инструкции – ако го направат ова, ќе бидат уништени, нема да остане ништо“, додаде тој. Во случај на ...