Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија. Таа нагласи дека, и покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па ...
До крајот на неделата ќе биде јасно кој кандидат за гувернер ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Од тројцата досега најсериозни кандидати, поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славевски и актуелната гувернерка Анита Ангелова-Бежовска, која е првата жена гувернер, премиерот Христијан Мицкоски не издвои никого. „Не е битно кој е мојот фаворит. Она што можам да го кажам како претседател на Владата е дека сите кандидати што се ...
СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството. Од страна на СДСМ денес повторно слушнавме празна политичка реторика, препакувана во обвинувања кои немаат никаква врска со реалноста. Иронично е токму партијата која со децении го партизираше правосудството, и преку инсталирани кадри, и преку клиентелизам, и преку селективна правда, денес да се претставува како борец за реформи, реагира министерот за правда Игорн ...
Динамички настани и изненадувања ги очекуваат сите хороскопски знаци, а некои ќе се преродат – ова е нивната судбоносна шанса. Ако чекавте момент за нов почеток – мај е месецот кога судбината ве поканува да ја зграпчите среќата. Планетарниот аранжман најавува огномет од настани за сите хороскопски знаци: од ненадејни финансиски добивки и неодоливи љубовни авантури, до бизнис бум и непланирани патувања. Некои ќе се заљубат до смрт, други ќе ...
Ричард Гир креира профил на „Инстаграм“. 75-годишниот актер објави видео на „Инстаграм“ и им се обрати на своите обожаватели. Видеото: https://www.instagram.com/reel/DJjj-foMGn_/?utm_source=ig_embed&ig_rid=50e4bb9e-dbdb-4d7b-90ec-3083ded64da9 „Здраво на сите. Ова е кратка порака за да ве известам дека има многу лажни профили што го користат моето име или се преправаат дека се мои. Ве молам, игнорирајте ги сите други профили што тврдат ...
Актерката Хали Бери е позната по тоа што отворено зборува за својот интимен живот. Таа неодамна го лансира својот бренд, Respin Health, чија цел е „редефинирање на менопаузата и долговечноста“, а меѓу своите производи нуди и гел за „зголемување на интимноста“. Видеото: https://www.instagram.com/reel/DJiNK9Spyuv/?utm_source=ig_embed&ig_rid=e8f621f6-b829-43ea-8a7a-d9b2e2988881 Бери го промовира токму овој производ на необичен начин – во ...
Денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски се сретна со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, Карен Пирс, на која и се заблагодари за континуираната поддршка од страна на Обединетото Кралство во развојот на капацитетите на македонската Армија. „Нашите две држави имаат повеќедецениска интензивна одбранбена соработка која, особено по членството во НАТО го достигна сиот свој потенцијал“, рече ...
Организаторите на фестивалот јавно го окарактеризираа како лош пример. Правилникот беше ажуриран поради неа, со пораката – не се облекувајте како Бела Хадид. И таа им одговори на единствениот начин што го знае: со доминација. Кралицата на црвениот тепих повторно напаѓа – овој пат со повеќе стил од кога било, и помалку облека отколку што сакаа организаторите. Бела Хадид пристигна – и не тивко. На првиот ден од Канскиот филмски фестивал, ...
Полска на овогодинешниот Евровизиски натпревар ја претставува Јустина Стечковска со песната „Гаја“. Јустина успеа да се пласира во финалето на натпреварот, а нејзиниот полуфинален настап синоќа собра речиси половина милион прегледи. Многу обожаватели на Евровизија беа изненадени кога дознаа колку години има претставничката на Полска. Имено, Јустина е родена во 1972 година, односно за неколку месеци ќе наполни 53 години. „Таа жена од ...
Папата Лав XIV денес понуди Ватикан да посредува во решавањето на конфликтите во светот. Ватикан е достапен да им овозможи на непријателите да се сретнат и да се погледнат во очи, за народите да ја вратат надежта и достоинството што им припаѓаат, рече Папата додека примаше претставници на 23 католички цркви од источен обред. Папата, исто така, ги повика источните христијани да не ги „напуштаат“ своите земји, барајќи ги за нив „сите права ...
„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид“, велат од Алијансата за Албанците. „Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има ...
„Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или ...
„Вистината е една, а лагите можат да бидат многу. И затоа, СДС и Венко Филипче, се повеќе се плеткаат во нивната мрежа на лаги и не знаат кога што кажале. Денес зборуваат едно, утре друго. Филипче, кој е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев, слепо тргнал по неговите стапки, дење да зборува едно, ноќе друго“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче прво негираше дека има златна виза за Дубаи, за потоа да потврди дека ја поседува. Иако сите ...
Европската комисија денес реагира на пресудата на Судот на правдата на ЕУ велејќи дека ја зема предвид, дека внимателно ќе ја проучи и ќе одлучи за следните чекори. „Комисијата сега внимателно ќе ја проучи одлуката на Општиот суд и ќе одлучи за следните чекори. За таа цел, Комисијата ќе донесе нова одлука со подетаљно образложение“, се вели во соопштението на Комисијата. Општиот суд на Европската Унија пресуди дека Европската комисија не ...
На настан посветен на справување со детската сиромаштија и социјалната исклученост, Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од УНИЦЕФ, ги претстави резултатите од анализата и препораките за политики за сеопфатен пакет на услуги кои треба да се разгледаат во рамки на Европската гаранција за децата во Северна Македонија. Дијалогот за новиот пакет на услуги доаѓа во критичен момент: според најновите достапни ...
Познатата Хелена Кристенсен (56), едно од најпознатите лица во светот на модата, останува вечна муза на фотографите и дизајнерите ширум светот. Со богата кариера која вклучува безброј насловни страници на најпрестижните списанија, модни писти и кампањи за водечките светски брендови, оваа данска убавица и поранешен ангел на „Викторијас Сикрет“ ги открива своите ритуали за нега кои зрачат со природност и луксуз во исто време. „Сакам да спијам ...
78-от Кански филмски фестивал, како и секоја година досега, ќе собере голем број познати ѕвезди од различни сфери на уметноста. Организаторите на овој престижен настан одлучија да воведат големи промени за црвениот тепих оваа година. Јавните личности ќе мора внимателно да ги избираат своите облеки, бидејќи голотијата ќе биде строго забранета. Сепак, ова правило не се чини дека важи за гостите кои полека се собираат. Најубавата жена на ...
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ на дневен ред да се стави Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, соопштија од СДСМ. „Го предложивме ова законско решение затоа што не станува збор за обичен законски текст, туку за морална, институционална и човечка обврска на сите нас. Тој произлезе од големата трагедија што ни се случи во Кочани, каде што животот го загубија 62 лица, а ...
Славната Алесандра Амбросио прошета на отворањето на 78-от Кански филмски фестивал и ги остави сите без здив. Убавата Бразилка е позната по својот провокативен изглед, и иако нејзин омилен терен е плажата, таа одлично се снаоѓа и на црвениот тепих. За оваа пригода, таа избра фустан од Ели Сааб во посебна зелена нијанса. Алесандра ги истакна градите, но имаше и висок шлиц кој ги откриваше нејзините долги нозе. Вниманието го привлече и еден ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува Планот за инфраструктурен бум што беше најавен Македонија 2025, изјави: „Да, тоа ќе биде еден, би рекол инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено граѓаните ќе патуваат и ќе можат да го ...
Кремљ ги критикуваше коментарите на францускиот претседател, Емануел Макрон, дека Париз е отворен за распоредување воени авиони со нуклеарно оружје во други европски земји, велејќи дека тоа нема да ја зголеми безбедноста на континентот. „Американците имаат бомби во авионите во Белгија, Германија, Италија, Турција“, изјави Макрон за француската телевизиска станица TF1. „Подготвени сме да ја отвориме оваа дискусија. Ќе ја дефинирам рамката на ...
Вчеравечер во угостителски објект во нашиот град беше фрлена бомба која, за среќа, не експлодирала. Точно 16 месеци одговорноста за безбедноста во државата е во рацете на ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски, изјави Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ Прилеп. „Во тој период во дневните полициски билтени беа регистрирани два инцидента со експлозивни направи, триесетина запалени автомобили, еден опожарен ноќен клуб и недефиниран број на ...
Ќе има автоматски мерки кои ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања. Ако до крајот на месецов се утврди дека има скок на цените откога престана да важи последната мерка за замрзнати маржи, ќе има нови мерки кои ќе останат на сила многу подолго отколку досегашните. Премиерот Христијан Мицкоски засега нема информации за поскапени производи, но остава простор тоа да го утврди ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата. Состанокот се одржа во контекст на актуелните геополитички предизвици, со фокус на поддршката за Украина, улогата на Советот на Европа во заштита ...
Неполна година по формирањето на Владата, големата лагата наречена „Горда Македонија“ се распаѓа пред очите на граѓаните. Ова е логична последица на она што граѓаните го трпат и чуствуваат, целосна нефункционалност на пазарџиска Влада која работи само за лични интереси, вели Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ. „Вчера на површина излезе вистината која ја говориме од првиот ден. ВМРО-ДПМНЕ е без план и концепт, нивната Влада ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA), на која што се разговараше за продлабочување на институционалната соработка и усогласување со европските стандарди во борбата против трговијата со дрога. На средбата се разговараше за значењето на навремената размена на информации преку европскиот систем за рано предупредување, како и за улогата на земјите кандидатки ...
После речиси една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Македонија е далеку од правна држава. Ниту има правда, ниту правна држава. Партизирани институции, селективна правда, отсуство на владеење на правото. Ова, почитувани е вистинското лице на Владата на ВМРО ДПМНЕ, која создава систем само по нивна мерка и нема однос спрема реалните општествени потреби, истакна Снежана Калевска-Ванчева, претседателка на Комисијата за правда на ...
Започнува 78-от Кански филмски фестивал и, како и секогаш, бројни холивудски ѕвезди се обидоа да остават вистински впечаток, овој пат според некои нови правила. Прославената актерка Ева Лонгорија се појави на церемонијата на отворањето на 78-от Кански филмски фестивал и буквално ги остави сите без зборови. Оваа година, за прв пат, имаме ново правило, таканаречените голи изданија се забранети, а се чини дека Ева може да исполни секоја модна ...
Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот. Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во ...
Малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен ...