Со исплатата се опфатени вкупно 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 99 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари, соопшти Црвениот Крст. Како што информираат, за две семејства од починатите лица и 16 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да ...

Украина постигна значителен напредок на руска територија во последните денови, а според извештаите на Институтот за проучување на војната (ISW), украинските сили го зазедоа селото Демидовка во руската погранична област Белгород. Теренските карти ги потврдуваат овие територијални придобивки. Извештаите за напредокот доаѓаат веднаш откако украинскиот ракетен систем со долг дострел ХИМАРС уништи четири руски хеликоптери во регионот на Белгород. ...

Кокаинот некогаш бил статусен симбол на богатите. Денес го консумираат луѓе од сите сфери на животот. Експертите велат дека оваа дрога е сеприсутна во Германија. А тоа има многу сериозни последици по здравјето на граѓаните, пишува Дојче веле. „Едвај постои социјална група во која не се користи кокаин“, вели Хајке Зурхолд, социолог и криминолог во Центарот за истражување на зависности (ЗИС) во Хамбург. Во изминатите десет години, според ЗИС, ...

Една година по исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во Бањско Поље кај Бор во Србија, клучните докази се уште ги нема. Телото на девојчето не е пронајдено, на местото на злосторството не се пронајдени биолошки траги, а обвинетите работници на Водовод во Бор ги повлекле признанијата и тврдат дека биле принудени. Во меѓувреме, како што има сомнеж, Далибор Драгијевиќ, братот на еден од осомничените, бил убиен за време на полицискиот распит. ...

Сѐ повеќе медиуми, и аналитичари, експерти и граѓани се во неверување — како е можно следново: Министерот за внатрешни работи – 13 месеци на функција. Директорот на Јавната безбедност – 9 месеци. Министерот за економија – 9 месеци. Директорот на Државниот пазарен инспекторат – 9 месеци. Управата за јавни приходи – 9 месеци. Овие лица се директно надлежни, институционално и правно, да вршат контрола, надзор и да спречат трагедии од ваков тип. ...

Црногорската полиција истражува сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот околу 10.30 часот во Подгорица. „Мерцедес“ од придружбата на премиерот Милојко Спајиќ се судри со „ауди“ регистрирано на име на адвокатката Ана Ѓукановиќ, сестра на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ. „Аудито“ во моментот на несреќата не го управувала Ана Ѓукановиќ, туку нејзиниот возач. Полицијата се сомнева дека возачот на автомобилот „ауди“ поминал на ...

Советникот за национална безбедност на САД, Мајк Волц, рече дека ја презема целосната одговорност за вклучувањето на главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, во приватен разговор на високо ниво на апликацијата за пораки „Сигнал“, во кој се разговарало за воените планови на САД. „Ја преземам целосната одговорност. Ја направив оваа група. Мојата работа е да се погрижам сѐ да биде координирано“, изјави Волц во интервју за „Фокс њуз“. На ...

Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната изјава за медиумите информираше дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од странство, од кои 4 од Шпанија и еден од Грција, и веќе се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени за враќање. -Добра вест е што се намалува бројот на пациенти што се лекуваат во странство. Во моментот се 113 пациенти, со тоа што вчера се врати еден пациент од Србија и една пациентка од Бугарија. Пациентите кои ...

Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е уште една потврда дека во оваа земја не се почитуваат законите, дека продолжуваат да се спроведуваат конкурси на нетранспарентен и незаконски начин и дека партиска книшка и договор се единствена валидна референца за добивање раководни позиции, реагираат вработените. Љутков денеска донесе политичка, наместо правно ...

Дарко Стојанов кој по страотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство вчера пристигна дома. Тој беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи Арбен Таравари и Тимчо Муцунски. Денеска Стојанов се огласи и на социјалните мрежи. „Драги пријатели, познаници и непознаници. Мили мои ученици премногу ми недостасувате, но ќе се видиме наскоро. Мој македонски народе ви благодарам за солидарноста, емпатијата и храброста ...

Македонската јавност е сведок дека прв пат, како никогаш до сега државните институции посветено работат на целосно расчистување на трагедијата која ја потресе целата држава. За првпат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Во опсежна и сеопфатна истрага се испитуваат сите причини кои доведоа до трагичниот настан во Кочани и сите ...

Вчера од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети, соопшти МВР. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. ...

Бидете внимателни со овие знаци за подоцна да не страдате од невозвратена љубов… Најпопуларната британска веб-страница за онлајн запознавање, IllicitEncounters, ги анализирала податоците од своите оженети членови и открила дека Вагите најмногу ги изневеруваат своите партнери, а 16 отсто од сите прељубници се од овој хороскопски знак. Блиску до Вагите се „двојните“ Близнаци со 14 отсто, потоа Јарецот со 12 отсто, додека Шкорпијата се чини дека е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Турција како добро место и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како добар лидер, јавува Анадолија. Трамп ова го изјави во Белата куќа за време на средбата со кандидатите за амбасадори, каде секој од нив се претстави себеси и земјата за која е номиниран. Том Барак, кандидат за американски амбасадор во Турција, зборуваше за земјата и ја истакна нејзината историска важност. „Турција е ...

Јужна Кореја ги приземји сите противпожарни хеликоптери откако еден од нив се урна утрово додека се бореше со разорните шумски пожари кои го пустошат југоисточниот дел на земјата. Најмалку едно лице загина во хеликоптерската несреќа. Хеликоптерот се урнал додека го гаснел пожарот кој брзо се шири во провинцијата Ујсеонг, на околу 200 километри југоисточно од Сеул. Според извештаите, во хеликоптерот имало само пилотот за кого немало спас. ...

Телото на девојчето на возраст меѓу 7 и 8 години, кое пред три дена беше пронајдено покрај сплав на левиот брег на реката Сава во Нов Белград, е испратено на ДНК анализа за да се утврди нејзиниот идентитет. Полицијата околу 15 часот и 35 минути добила пријава за тело во реката, по што утврдила дека телото на девојчето било закачено за сплав. На сплавот имало забава кога беше пронајдено телото. Според неофицијални информации, телото во моментот ...

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска( среда) без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од ул.Врполе- населба Лисиче. ( Oпштина Аеродром) · во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. Драгиша Мишовиќ бр.12/34.( Oпштина Карпош ) · во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Дрезденска, ул.Римска и ул.Анкарска.( Oпштина Карпош ) · во периодот од 09.00 до ...

Времето денеска, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека желбата на Западот е да ја заузди Русија, што подразбира желба за нејзин стратешки пораз, а тоа, според него, е слично на намерите на францускиот император Наполеон Бонапарта и на германскиот канцелар Адолф Хитлер, кои за време на нивното владеење се обидоа да ја освојат Европа. „Тоа е истата желба што постоеше во времето на Наполеон и Хитлер, желбата да се победи, понижи и ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нападна опозицијата по неколкудневните протести обвинувајќи ја за поттикнување насилство и дестабилизација на земјата. Ердоган ги опиша демонстрациите како оркестрирано шоу ветувајќи дека одговорните на крајот ќе се соочат со правдата и ќе се каат за своите постапки. Настапот на опозицијата ќе заврши и тие ќе се срамат од штетата што ѝ ја нанесоа на нашата земја“, рече Ердоган во телевизиско ...

Со ракоплескање и прегратки беше дочекан денес 19-годишниот Јован Костадинов од гиманизијата „Ванчо Прќе“ од Виница, кој спаси 21 живот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов! Велат дека херојот не е оној кој бестрашно се бори, туку оној кој ја пружа раката за помош во моментите кога другите се изгубени. Но ти Јован не само што ја пружи раката на повеќе од 20 млади луѓе, туку и бестрашно се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 лиценци констатирано е неправилно работење и поради тоа на сите овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците. “ Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така би сакал да најавам дека ќе пристапиме кон законски ...

ладата денес ја одржа редовната 63-та седница, на која беа усвоени низа важни мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето. Овие одлуки, како што велат од Владата, ја одразуваат нивната заложба за постигнување конкретни резултати. На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги ...

Кој е Бране Петрушевски да одговара на прашања упатени до МВР и Јавното обвинителство, прашува СДСМ. „Скандалозно е ова што го прави власта. Поминаа два дена од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, а досега одговори нема. Дали актуелните командири, инспектори и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип – кои биле одговорни по закон да го обезбедат настанот – се изземени од истрагата? Дали е точно ...

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против татко и двајца синови, поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти и кривично дело Криумчарење на мигранти. Имено, во текот на ...

Постојано се зголемува бројот на психолози што се вклучуваат во давањето психосоцијална поддршка за учениците, нивните родители и за наставниците по трагедијата во Кочани. Минатата недела имавме 100-ина, оваа недела во мрежата на училишни психолози имаме 130. Сите тие поминаа специјализирана обука за постапување во оваа кризна ситуација и се активни на терен. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, за време ...

Херојот од Виница, Јован Костадинов, кој од огнот во кочанската дискотека извлече 21 лице, е испишан од болница во одлична состојба, рече утрово Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија. Тој во болница остана седум дена, а од вчера е пуштен на домашно лекување. „Јован е примен на Клиниката поради белодробни тешкотии, односно поради вдишување зголемени концентрации јаглероден моноксид. Третиран е седум дена. Сосема добро ја прифати ...

„Во врска со објавите во дел од медиумите околу наводното излегување на лицето Јован Јанев од партијата Левица, ја известуваме јавноста дека: Јован Јанев не е член на Левица повеќе од една година, и пред тоа, подолго време беше неактивен, никогаш не бил раководно лице на нашиот подмладок и икогаш немал никаква партиска функција, туку беше само член“, велат од Левица. „Жалиме што го користи несоодветниот и тенденциозно одбраниот момент од негова ...

Секторот за инспекциски работи при општина Гази Баба започна со вонреден инспекциски надзор врз угостителските објекти и станбени згради кои се наоѓаат на територија на Гази Баба. Инспекцискиот надзор ќе се реалзира во две фази: 1 фаза – контрола на сите угостителски објекти по што ќе се изготви анализа на состојбата за исполнување на законските обврски и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност. За секој угостителски ...

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејства за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при што се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица што би можеле да имаат ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.04
91%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Сребро

2049.55

Калај

41.29

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Бакар

10.76

Цинк

3.03

Злато

138322.05

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Платина

59937.34

Алуминиум

2.88