Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина додека не се сретне лично со рускиот претседател Владимир Путин. „Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, во ред? Очигледно е – тој немаше намера да дојде. Ќе дојдеше, но мислеше дека јас ќе одам. Немаше да дојде ако јас не бев таму и не верувам дека нешто ќе се случи, без разлика дали ви се допаѓа ...
Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат. Денес, преку предложените измени, сведочиме на уназадување на тој напредок, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска. „Со укинување, на став 2 ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. „Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази ...
Додека се распаѓа владината коалиција, граѓаните се оставени сами на себе – цените растат, стандардот опаѓа, економската состојба е катастрофална, обвини потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. „Животот е сѐ поскап, а платите не мрдаат. Маслото за јадење, млекото, лебот, јајцата – основните прехранбени производи – сѐ е поскапено. Пакување од 10 јајца, е веќе 113 денари, маслото за јадење над 90 денари, килограм брашно 49 денари, јогурт ...
Кралицата Летиција, дефинитивно, е другото име за бескрајна инспирација и вечна елеганција, без разлика што носи. Таа ја користи секоја можност да изненади со внимателно избрани модни парчиња и секогаш е меѓу првите што го диктира стилот. Веќе е познато дека секојпат кога се појавува, воодушевува, а неодамна, со неколку модели на пролетни фустани, направи вистинска возбуда во светот на модата. Овој пат убавата кралица покажа дека ...
Тејлор Свифт се противи на судската покана со која таа ќе се бара да сведочи на судењето помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли, кое треба да започне во јуни следната година. „Venable немаше никаква врска со спорниот филм или со кои било од обвинувањата или одбраните изнесени во тужбата“, се вели во официјалното соопштение, според „Пејџ Сикс“. Патем, Venable е компанијата што ја претставува пејачката. „Нема друга причина за овој повик ...
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година активно ќе учествува на 78. издание на престижниот Кански филмски фестивал, во рамките на Филмскиот маркет (Marché du Film), кој претставува една од најзначајните светски платформи за промоција и развој на филмската индустрија. Почнувајќи од 2010 година, Агенцијата континуирано има свој промотивен штанд во рамките на Павилјонот на земјите од Југоисточна Европа (SEE Pavilion), ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени откога ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната. Во обраќањето пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар за време на турнејата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Пакистан и Индија се задоволни од тоа, објави „Ројтерс“. Соседните нуклеарни земји го завршија конфликтот, кој траеше ...
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на с.Морани. Според информациите на МВР, автомобил „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од с.Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска, во рамките на конференцијата на библиотекарите со наслов „Услуги за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост“ порача дека библиотеките мора да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и подостапни за сите граѓани, без исклучок. „На попреченоста не треба да се гледа како на пречка, туку како на предизвик. Таа треба да биде поттик за библиотеките да се приспособат, ...
По излегувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“ сите места отстапени на албанскиот владин партнер остануваат за коалицијата „Вреди“. Министерот за животна средина Изет Меџити вели веќе се подготвуваат за кадровските измени. „Првин треба да ја констатираме оставката на Таравари. Она што е битно, сите позиции што ги има Алијансата за Албанците ќе останат во рамките на ‘Вреди’. Ќе направиме ...
На социјалните мрежи се прошири снимка од претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, како држи говор на англиски јазик. Видеото: https://x.com/slobodanilic78/status/1922345958769148242 Видеото стана хит, особено поради фактот што, според нејзината официјална биографија, српската политичарка дипломирала бизнис администрација на Универзитетот Нортвуд во Мичиген, по што стекнала и магистратура по маркетинг на Универзитетот Хал во ...
Кинеската актерка и инфлуенсерка Ван Кианхуи го украде шоуто на отворањето на Канскиот филмски фестивал со необична облека што го прекрши новиот дрес-код на фестивалот. За време на церемонијата на отворањето, нејзиниот екстравагантен бел фустан привлече поголемо медиумско внимание отколку настапите на етаблираните ѕвезди. Имено, таа се појави во огромен бел фустан кој наликуваше на облак. Косата ја врза во пунџа, а комбинацијата ја ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, општина Чаир, во вредност од 88 милиони денари владин грант. Меџити пред присутните жители истакна дека со реализацијата на овој, како што рече, мега-проект ...
По повод 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој, испратија пораки до јавноста. „Денес, по повод Меѓународниот ден на семејството, заедно со амбасадорот на Турција, ги реафирмираме нашите долгогодишни пријателски односи и нашата заедничка посветеност кон унапредување на семејството ...
Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава по итна постапка против 25-годишниот Ј.К. од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“. По преземени мерки и активности, на 13.05.2025 тој беше лишен од слобода во Неготино поради сомнение за негова инволвираност во ...
Меѓу настаните кои претставуваат традиционални културни обележја на град Прилеп се и „Денови на Крали Марко“, кои се одржуваат кон средината на месец мај, со што се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал и се промовира Прилеп како град каде што живеел најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Манифестацијата ќе се одбележи со концертниот проект „Гласови под ...
Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Оценето е дека мерките и активностите кои ги преземаат надлежните иако придонесуваат за подобрување на безбедноста, сепак, не се ефикасни за намалување на бројот на жртвите до посакуваната состојба на национално и на европско ниво. Исто така, во извештајот се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината на полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави. Тошковски во своето обраќање на самитот даде осврт на улогата на Македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот, мала по ...
Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален чин на внимание, поддршка и интерес за иднината на нашата држава и за иднината на Западниот Балкан да биде наскоро дел од Европската Унија. Во оваа нова етапа, кога граѓаните ја препуштија одговорноста на новата македонска влада, моја обврска како премиер е да зборувам отворено, искрено и ...
Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година. Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје. Краен рок за аплицирање е 29 мај 2025 година, а пријавите се ...
Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи? Венко Филипче вчера далеку од тука, најверојатно уживајќи на грчките плажи или пак на увид на градежни активности на 50катница во Дубаи, заедно со својот партнер и ментор Заев пишуваше фејсбук статуси за памфлетот од Закон за настраданите од Кочани, за кои што морам да потенцирам дека Владата ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес во Анталија, Турција, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Состанокот се одржа во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг и претставуваше значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на самитот во јуни оваа ...
Латино дивата Џенифер Лопез доживеа несреќа среде пробата за нејзиниот претстоен настап на Американските музички награди (AMA). Судејќи според фотографиите, таа си ја удрила главата и си го исекла носот. „Значи… Ова се случи“, напиша Џеј Ло во приказна на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која држи кеса со мраз на носот. После тоа, таа покажа како изгледа нејзиниот повреден нос на втора фотографија, а во трета објава му се заблагодари на ...
Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатата трева на јавните површини. Во акцијата се вклучени сите сезонски работници, кои со тримери темелно ја уредуваат зелената површина низ целата територија на општината. Од Општината информираат дека денес се работи на трим патеката, која поради убавото време интензивно се користи од граѓаните за рекреација и прошетки, како и на поголемите паркови и детски игралишта. Паралелно ...
егализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со Миле Јанакиевски беше дел од тимот што го изготвуваа законот за легализација, изјави денеска градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски на прес конференција на која презентираше нови докази кои, како што рече тој, ја потврдуваат неговата невиност во осудителната пресуда. „Овие докази се однесуваат на постапката ...
Прекрасната Русинка не ја пропушти можноста да биде видена на црвениот тепих, а за нејзината модна комбинација ќе се зборува долго време… Моделот Ирина Шајк се појави на Канскиот филмски фестивал во 2025 година и може да се каже дека ги шармираше сите присутни со својот моден избор. За разлика од скандалозната креација од минатата година, оваа година е олицетворение на чиста елеганција и женственост. Убавата Русинка за оваа посебна ...
„Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани што се случи на 16 март во која кога животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Овој закон предвидуваше сеопфатна, праведна и итна поддршка за жртвите, преживеаните и нивните семејства, со конкретни мерки и гарантирани права. За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против – со што свесно ги ускратија семејствата од ...
Мај обично мириса на сонце, првите планови за морето, пролетното будење и доза оптимизам. Но, не за секого. Ѕвездите подготвуваат емотивен ролеркостер за крајот на месецот за два хороскопски знака кои ќе се најдат во средината на хаос, недоразбирања и доста исцрпувачки ситуации. За нив, мај нема да заврши нежно, туку драматично, со многу прашања и малку одговори. Ако припаѓате на еден од овие знаци – длабоко вдишете, ова е вашата астролошка ...
Денес знаеме дека многу од „забранетите“ прехранбени производи не само што се во ред за консумирање, туку можат да бидат и корисни за здравјето. Со години, некои прехранбени производи се наоѓаат на црната листа поради погрешни информации, митови или застарени препораки за исхрана. Денес знаеме дека многу од овие „забранети“ намирници не само што се во ред за јадење – тие можат да бидат и корисни за здравјето. Јајца – Холестеролот (веќе не ...