„Прогресивна Бугарија”, партија на поранешниот бугарски претседател Румен Радев убедливо победи на предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера во Бугарија, додека на второ место по освоените гласови е ГЕРБ на Бојко Борисов. Веднаш зад нив е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ). Социјалистите БСП не влегоа во парламентот. Централната изборна комисија соопшти дека при обработени 91,68% од записниците ...

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците Перо Наков во општината Гази Баба, Џон Кенеди во општината Чаир, како и Гвадалахара во општината Шуто Оризари, известија од скопското комнално претпијатие. Од таму сооопштија и дека нивната Еко-патролата напишала 19 ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека започна акција за отстранување на старите и напуштени возила од улиците во општината, со цел ослободување на јавниот простор и подобрување на редот во населбите. Според него, стотици возила кои со години биле оставени без функција и зафаќале јавни површини, веќе се отстрануваат етапно. Со ова, како што посочува, се создаваат повеќе слободни паркинг-места за жителите, се олеснува ...

Поранешниот претседател Румен Радев извојува убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија. Неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ освои околи 39 отсто од гласовите, покажуваат првичните податоци од излезните анкети на социолошките агенции. Ваква висока поддршка за една политичка опција во земјата не е забележана од 2009 година. Партијата ГЕРБ се соочува со историски најслаб резултат од околу 15 отсто, што е под првичните ...

Денеска беше завршницата на јавниот конкурс за меѓуучилишен танцов предизвик што го организираше Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, а кој се реализира во рамките на солидарниот проект „Мостови на пријателство“. Овој предизвик не е само натпревар по танц, туку беше покана за дружење, поврзување и создавање пријателства меѓу младите од различни етнички и социјални заедници во Битола. ...

Томина Недела денеска беше одбележана во прилепското село Беровци, во храмот „Воскресение Христово“, каде заедно со бројни верници се одржа чествување во духот на православната традиција, верата и заедништвото. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на одбележувањето и упати честитки до жителите по повод празникот, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Тој изрази благодарност за топлиот пречек и ...

Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓеорѓиевски изјави дека ...

Лажни се дојавите за поставени бомби во трговските центри „Ист Гејт Мол“ и „Дајмонд Мол“ во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштија претходно, на електронската адреса на МВР била добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во двата објекта. Веднаш по пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности во и околу трговските центри.По извршените проверки било утврдено дека ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека примиле дојави за поставени експлозивни направи во два трговски центри во Скопје. Според МВР, на 19 април 2026 година, на нивната електронска адреса пристигнала заканувачка порака во која се наведува дека бомби се поставени во трговските центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд“. Полициски екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на наводите, додека во тек се безбедносни процедури во објектите. ...

Во телевизиско обраќање, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ја коментираше одлуката на Иран повторно да го затвори Ормускиот теснец. Тој предупреди дека водниот пат ќе остане затворен ако САД продолжат да го блокираат влезот и излезот на бродовите од иранските пристаништа: „Тие го блокираат Ормускиот теснец веќе неколку дена. Каква глупава и неразумна одлука. Тоа е уште една нивна грешка. Ако не ја укинете блокадата, ...

СДСМ бара за отворање рудник за антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и директно изјаснување на граѓаните преку локален референдум. Од опозициската партија посочуваат дека станува збор за сериозно прашање кое се однесува на тоа како државата одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. „Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто ...

Ново намалување на цените на горивата за од утре, најави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција. Тој објасни дека според владините пресметки се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која бензините и дизелот ќе поевтинат за околу денар и половина. Мицкоски нагласи и дека на сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за ...

Северна Кореја повторно тестирала и испалила балистички ракети кон исток, кадешто покрај Ројтерс, тоа го потврдиле и јапонски извори. Ова е веќе седми пат годинава како Северна Кореја лансира балистички ракети со тоа што само овој месец го повтори тоа четири пати. Јужнокорејската војска соопшти дека балистичката ракета летала кон исток, објави новинската агенција Јонхап. Јужнокорејското Министерство за одбрана сè уште не го коментираше ...

Демографскиот аларм се почесто вришти во се чини малку поспаната Европа. До крајот на векот населението на континентот може да се намали за неверојатни 53 милиони луѓе. Причините се добро познати: се раѓаат сѐ помалку деца. Последиците веќе се видливи – недостиг на работна сила, забавен економски раст и зголемен притисок врз пензиските и здравствените фондови. Вришти ли алармот и во Македонија? Кај јас ситуацијата е уште позагрижувачка. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека Меѓународен аеродром Скопје останува лидер во регионот, со раст од 32 проценти во споредба со истиот период лани. Тој посочи дека во првите месеци од годинава македонските аеродроми бележат раст од 30 проценти по број на патници и околу 20 проценти по број на операции, што, според него, ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот. Во објавата се ...

На протест против владата во Ерусалим, дел од граѓаните изразија незадоволство од актуелната политика на израелското раководство. Еден од демонстрантите отворено го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го дека започнува конфликти кои, според него, не биле неопходни. „Доста ни е од фашизам, доста ни е од корупција, доста ни е од бескрајни војни и дефинитивно ни е доста од оваа влада“, изјави демонстрантот, изразувајќи го ...

Во Бугарија почна гласањето на вонредните парламентарни избори, осми по ред за неполни 5 години, кои треба да покажат дали земјата ќе добие нов политички почеток или ќе влезе во нов круг на нестабилност. Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 20, со можност да се продолжи до 21 часот ако има редици. Право на глас имаат над 6,6 милиони избирачи, а отворени се околу 12.000 избирачки места, дел од нив со машинско гласање, како и стотици ...

Сончево и релативно топло ќе биде и денеска, со слаб умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 17 до 24 степени. И во Скопје ќе биде слично: сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. Веќе од утре до среда следува промена на времето со локални врнежи од дожд. Во некои региони на ...

Техеран во меѓувреме објави дека повторно го затвора Ормускиот теснец, повикувајќи се на американската блокада, а преку радио порака им било наложено на сите бродови да не влегуваат. Американскиот претседател Доналд Трамп потврдува дека разговорите продолжуваат, но исто така тврди дека дека САД нема да дозволат притисок од Иран. Техеран во меѓувреме објави дека повторно го затвора Ормускиот теснец, повикувајќи се на американската блокада, а ...

Маж во Голосеевскиот округ во Киев отворил оган со автоматска пушка во супер маркет. Полицијата вендаш пристигнала и при обид да го уапси, го убила. Тој претходно живеел во Бахмут, во Доњецкиот регион, пренесува Униан. Сите околности се утврдуваат. Во моментот, потврдено е дека 5 лица се убиени, потврдува Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко. Маж во Голосеевскиот округ во Киев отворил оган со автоматска пушка во супер ...

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните, информира Град Скопје. Од таму информираа дека денеска официјално се пуштени во употреба реконструираните спортски терени, при што се обновени игралиштата за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и заштитна ограда. Проектот е дел од пошироката стратегија за уредување и ревитализација на ...

Пратеничката група на СДСМ поднела интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, поради, како што рече, „корупција, скандали и штетни политики“. Оваа информација ја соопшти поранешниот министер Љупчо Николовски, кој рече дека „веќе две години земјоделците се жртви на неспособните и криминални политики на Министерството“, додавајќи дека наместо развојни мерки и зголемени субвенции, „Трипуновски го доведе земјоделството до ...

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид успешно беше реализирана симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, во организација на Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, а во соработка со ТАВ Македонија. На вежбата присуствуваа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александaр Јанев и заменик генералниот директор за операции на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, како и претставници ...

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 04 мај. Со оваа одлука се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето на акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани во износ од 2 денари по литар. Оваа интервенција има директен фискален и пазарен ефект, којшто се рефлектира во значително ...

Иран ја поништи својата одлука за повторно отворање на Ормутскиот Теснец, наведувајќи ја како причина континуираната блокада на иранските пристаништа од страна на САД, соопшти денеска Штабот на вооружените сили. – Контролата врз Ормутскиот Теснец се врати во претходната состојба и овој стратешки премин е под строго управување и контрола на вооружените сили – изјави портпаролот на Хатам-ал Анбија, Централниот штаб на вооружените сили на Иран. ...

Компанијата „Титан Усје“ соопшти дека емисиите од нејзиното работење постојано се под граничните вредности утврдени со закон. Според соопштението, од 2007 година емисиите се следат 24 часа дневно, во текот на целата година, преку независен автоматски систем за мониторинг, кој ги мери вкупната прашина, SO₂ и NOx, а резултатите се контролирани од надлежните институции. Компанијата наведува дека технолошкиот процес не дозволува работа на погонот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на заеднички напори за воспоставување мисија која би обезбедила слободна пловидба во Ормутскиот теснец, нудејќи го искуството на Украина од Црното Море. Зеленски се обрати преку видеоконференција на состанок со претставници на 50 земји, коорганизиран од Франција и Велика Британија, предупредувајќи дека одлуките за Ормус ќе имаат глобални последици. Тој истакна дека е неопходно конкретно ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне до 22 степени. И во Скопје ќе биде исто. Слично време како денеска ќе имаме и утре. И покрај повремениот ветер, пролетта веќе ...

Состојбата со снабдувањето со горива во државата е стабилна и нема никаква потреба од ограничување на точењето за државјани од соседните земји, порача премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги актуелните состојби на пазарот со нафта и нафтени деривати. Тој истакна дека во моментов нема никакви нарушувања во синџирот на снабдување и дека државата располага со доволни количини горива за нормално функционирање на економијата и за потребите ...

Со поддршка на Владата и Министерството за образование, денеска започна реализацијата на проектот за проширување на капацитетите на училиштето „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека ова е само дел од низата проекти кои следат во оваа општина. „Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти. Има уште неколку вакви проекти во периодот којшто следи во деновите и неделите, и секогаш сум тука ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.46
28%
1016
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
39%
1017
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
1.39
27%
1016
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.93
28%
1017
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.38
29%
1017
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
47%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.92
41%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.03
33%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.73
34%
1016
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
2.68
43%
1017
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
2.24
45%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 26ᴼ
4.96
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Злато

130712.08

Платина

52920.13

Иридиум

252383.36

Калај

54.92

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Родиум

265243.66

Сребро

1873.42

Паладиум

40863.60

Цинк

0.00

Бакар

13.13