Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Со конгресот во Скопје, коалицијата ВЛЕН официјално започна трансформација од изборен сојуз во единствен политички субјект, во обид да го консолидира албанскиот политички блок во власта и да се позиционира како трајна алтернатива на ДУИ. Новата партија најави дека ќе се профилира како политичка опција од десниот центар, со фокус на владеење на правото, борба против корупцијата, независно судство, европски интеграции, НАТО-партнерство, ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска (11 мај), поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во Општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија. Прекинот во снабдувањето е најавен во периодот од 08:30 до 14:30 часот, а без струја ќе бидат дел од жителите на улицата „Јустинијан Први“. Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски до завршување на интервенцијата. Од ЕВН ...
Иран го одби американскиот предлог за прекин на војната, оценувајќи дека тој претставува повик за капитулација на Техеран, објавија иранските државни медиуми. Според телевизијата „Прес ТВ“, блиска до иранското раководство, прифаќањето на понудата би значело покорување на, како што наведуваат, „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Од друга страна, иранскиот контрапредлог предвидува прекин на конфликтите на сите ...
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе преовладува стабилно време, додека попладне се очекува локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, а во западните делови од земјата повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Утринските ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца. На дневен ред на седницата се наоѓаат и повеќе други кадровски и организациски точки. Според документот објавен на веб-страницата на Собранието, прворангирана за нов член на ДКСК е Катерина ...
Тешка сообраќајна несреќа со електричен тротинет се случила во Скопје, откако возач на тротинет удрил 61-годишна жена и потоа избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 9 мај 2026 година околу 14:45 часот во СВР Скопје. Несреќата се случила на булеварот „Крсте Мисирков“, каде електричен тротинет удрил во пешак – 61-годишната Љ.М. од Скопје. По ударот, возачот на ...
Килијан Мбапе нема да настапи за Реал Мадрид во вечерашното „Ел Класико“ против Барселона, натпревар кој може директно да ја реши шампионската трка во Ла Лига. Францускиот напаѓач не се најде на списокот на Алваро Арбелоа за гостувањето на „Камп Ноу“, откако повторно почувствувал проблем со задната ложа. Иако Мбапе претходно се врати на тренинзи со тимот, стручниот штаб решил да не ризикува со негов настап во меч со висок интензитет. Реал ...
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад денеска спроведоа акциска контрола во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, при што беа приведени седум странски државјанки поради нелегална работа. Како што информира Министерството за внатрешни работи, при контролата и легитимирањето на персоналот било утврдено дека жените работеле како танчерки без соодветни работни дозволи и регулиран престој во државата. Меѓу ...
Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел е и вековно патување низ духовната вертикала некогаш наречена Охридска архиепископија (ОА), денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Оваа верска институција, наследник на славната Јустинијана Прима, која низ ...
Во самиот финиш од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, битката за опстанок речиси доби конечен епилог. Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги загубија шансите за спас и заедно со Шкупи следната сезона ќе настапуваат во Втората лига. Македонија ЃП на домашен терен доживеа тежок пораз од Тиквеш со 1-4. Кавадарчани уште во првото полувреме создадоа сигурна предност преку головите на Окере и Сила, а во продолжението ја потврдија ...
Брегалница Штип е многу блиску до враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако во дербито на сезоната одигра 1-1 против Шкендија Арачиново на домашен терен во Штип. Гостите први стигнаа до предност преку Шаркоски во 16. минута, додека Брегалница до израмнување дојде во второто полувреме. Капсаров во 67. минута беше сигурен од белата точка и ги постави конечните 1-1. Натпреварот беше исклучително тензичен и на моменти на раб на ...
Светот изгубил околу милијарда барели нафта во последните два месеци, а на енергетските пазари ќе им биде потребно време за стабилизација дури и ако се обнови снабдувањето, изјави извршниот директор на „Сауди Арамко“, Амин Насер. Во изјава за „Ројтерс“, Насер посочил дека целта на компанијата е да го одржи протокот на енергија и во услови на силен притисок врз глобалниот енергетски систем. Неговата изјава следува откако компанијата објави ...
Седум лица биле лишени од слобода поради семејно насилство, а со едно лице бил извршен службен разговор, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Во последното деноноќие биле евидентирани вкупно девет пријави поврзани со семејно насилство. Полициски службеници од СВР Куманово привеле двајца кумановци на возраст од 49 и 34 години поради физички напади врз членови на нивните семејства, односно мајка и сопруга. Во Скопје, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници на македонското малцинство во Албанија, при што ги посети Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа. За посетата информираше преку објава на Фејсбук, придружена со фотографии, испраќајќи пораки за национално единство и поддршка за сонародниците надвор од државата. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Македонија денес има потреба од обединување околу националните ...
Во кафе-бар во Крапина во Хрватска утрово се случило пукање во кое учествувале две лица, при што најмалку едно лице го загубило животот, пренесуваат хрватските медиуми. Според информациите од Полициската управа Крапинско-загорска, 52-годишен маж со огнено оружје усмртил 52-годишен полициски службеник, кој во моментот на настанот не бил на должност, пренесува хрватскиот Индекс. По инцидентот, истиот маж пукал и во себе. Тој бил пренесен со ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека смета оти војната во Украина постепено се приближува кон крајот, иако само неколку часа претходно, за време на воената парада во Москва, порача дека Русија ќе продолжи со борбата сè до, како што рече, „поразот на Украина“. Путин нагласи дека Москва нема намера да се откаже од своите цели, но истовремено остави простор за можни политички договори и нови безбедносни преговори во Европа. Како можен ...
СДСМ обвини дека во владејачката коалиција владеат паника, поделби и внатрешен распад, посочувајќи дека пукнатините веќе стануваат јавно видливи. Од партијата тврдат дека по проблемите во ЗНАМ и повлекувањето на пратеник и советничка, сега несогласувањата излегуваат на површина и во ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението, СДСМ го спомена градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, за кого тврдат дека се повлекува бидејќи не сакал да потпишува ...
Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев, кој неодамна ја формираше владата во Бугарија. Филипче не чека ни една недела за да се огласи со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, нова серија на национални предавства и продолжување на аманетот од Зоран Заев. Тој јавно изјавува дека државата создавала вештачки конфликти со соседите и настапува, како што го нарекуваат, како кодош. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Румен ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер. Во попладневните часови локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат од 21 до 27 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали и слаб променлив ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 25 степени. ...
Антихистаминот Фексофенадин, кој најчесто се користи за ублажување на симптомите на алергиски ринитис, осип и чешање по каснувања од инсекти, може да има намалено дејство доколку се комбинира со одредени пијалаци. Според здравствени експерти, начинот на кој се зема лекот е многу важен, бидејќи некои сокови и алкохол можат да влијаат на неговата апсорпција и ефикасност. Сокот од портокал е меѓу пијалаците што може значително да ја намалат ...
Американската поп-ѕвезда Кејти Пери ќе биде дел од спектаклот на отворањето на Светско првенство во фудбал 2026, со настап закажан на 12 јуни на стадионот SoFi Stadium во Инглвуд, Калифорнија. Пред натпреварот меѓу САД и Парагвај, публиката ќе ја забавуваат и Future, Rema, Lisa, Tyla, Anitta и диџејот Sanjoy. ФИФА објави дека свечени програми ќе има и во останатите земји домаќини на турнирот. На отворањето во Мексико, пред мечот меѓу Мексико ...
Вардар е на чекор до шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска на домашен терен го совлада Силекс со 2-1 и се доближи на само еден бод од официјално крунисување. Избраниците на Гоце Седлоски фуриозно го отворија натпреварот. Уште во 3. минута, Цветковиќ погоди по асистенција на Закариќ за водство од 1-0. Домаќините продолжија со притисокот, а во 17. минута предноста беше зголемена на 2-0, откако Закариќ сигурно ...
Коалицијата ВРЕДИ вечерва официјално се обедини во единствен политички субјект на Конгресот што се одржа во Скопје, во присуство на околу 850 делегати. Еден од ко-претседателите на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во своето обраќање истакна дека постојат моменти кога политиката станува неопходност, а не само натпревар, оценувајќи дека земјата има потреба од единство и нов политички пристап. Тој нагласи дека различни политички ...
Германски турист добил повеќе од 900 евра обештетување по судска пресуда, откако неговото семејство за време на летување во Кос останало без лежалки покрај базенот поради нивно рано „резервирање“ од други гости. Според пресудата на Окружен суд во Хановер, семејството во летото 2024 година престојувало 11 дена во хотелски комплекс со повеќе базени, релакс-зони и пристап до плажа, за што платиле 7.186 евра. Туристот навел дека лежалките биле ...
ГРК Охрид за првпат во својата историја успеа да го совлада РК Вардар, славејќи со 26-24 во натпревар од 8. коло во плеј-офот од ракометната Суперлига. Првото полувреме донесе израмнета игра, но скопскиот тим имаше минимална контрола и на паузата замина со предност од 12-14. На стартот од вториот дел Вардар стигна и до највисоки плус четири (12-16), но потоа следуваше целосен пресврт на домашниот состав. Охриѓани одиграа одличен период во кој ...
Дејан Митески спречил обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во населбата Ново Лисиче. Градоначалникот објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како бара интервенција од инспекциските служби и полицијата, додека возач на камион се обидува да истовари градежен отпад на недозволена локација. Во еден момент, возачот му дава телефон на Митески за разговор со сопственикот на фирмата, а потоа го напушта местото со ...
Весна Јаневска порача дека вештачката интелигенција веќе не е прашање на иднината, туку реалност со која државата мора активно да се усогласува доколку сака да остане конкурентна и технолошки развиена. Говорејќи на научната конференција „Креирај дома, продавај глобално“, по повод отворањето на Технолошки парк – Н99, таа нагласи дека вложувањето во нови технологии, иновации и вештачка интелигенција е клучно за побрз развој и модернизација на ...
Жичница Водно останува затворена откако контролата извршена од компанијата Doppelmayr покажала дека системот се наоѓа во многу лоша состојба и има сериозни недостатоци кои мора да бидат санирани. Од Град Скопје и ЈСП Скопје очекуваат понуда за сервисирање и дефектажа на жичницата, по што ќе биде познато колку ќе чинат поправките и колку време ќе биде потребно за повторно ставање во функција. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека ...
ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „компјутерски фалсификат“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал лажен профил на социјални мрежи и стапил во контакт со вработена во Министерството за образование и наука. Таа, ...
На 08.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 36-годишната З.К. и 55-годишната Д.З., двете од Скопје, при што бил употребен тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 08.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче ...