Косовски државјанин е уапсен на ГП Долно Блаце за поткуп. Според информациите на МВР, тој во пасошот ставил 10 евра за граничарот кој вршел проверки. „Вчеравечер околу 19.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти МВР. Имено, при гранична ...

„Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Колку милиони чини и на кој начин се стекнати? Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото ...

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани, велат од СДСМ. „Наместо правда, јавноста сведочи дека под палката на Тошковски, истрагата за најголемата трагедија во Македонија станува срамна и недозволива фарса. Како е можно после 30 дена од трагедијата да се бара вина само кај оние полициски службеници за периодот од ...

Општина Илинден работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел, како што велат, задоволување на потребите на сите граѓани. „Деновиве, израдувани беа најмалите жители на населеното место Мралино, кадешто во употреба беа ставени две детски игралишта. Едното игралиште се наоѓа на дел од улица „7“, додека пак другото е во дворот на ПООУ „Ристо Крле“. Во рамки на двете детски игралишта се поставени реквизити: лулашки, ...

Од 47 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кои во моментов се на лекување во болниците во Скопје и во странство, само еден е во критична состојба. Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека од двајцата критични пациенти, кај едниот има мало подобрување. Тој додаде дека за утре е најавено враќање на уште еден пациент што се лекува во странство. Министерот информира дека експерти од Велика Британија направиле ...

Скандалот на Кардиохирургија, каде што пациент почина со пукната аората, е реалната и стравотна слика за состојбата во здравството – колабиран систем, кој, наместо да лекува, уништува животи. Ова го изјави Белкиса Зекири, членка на извршниот одбор од СДСМ. Таа рече дека пациентот почина затоа што државната клиника не можела да му ја изведе потребната итна интервенција поради нефункционалност на здравствениот систем. „И Државниот здравствен и ...

Стручната комисија на општина Центар ги избра најквалитетните културни проекти што ќе добијат финансиска поддршка за 2025 година, преку Конкурсот за култура. Поддржани се проекти од различни области: визуелна и изведувачка уметност, музика, литература, театар, филм, како и програми за деца, млади и ранливи групи. „Продолжуваме со континуирана поддршка на креативни и значајни културни иницијативи, бидејќи веруваме дека културата е срцето и ...

Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на ОАЕ, истакна вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација која ...

„На средбата беа потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји, при што беше истакната заемната заложба за нивно понатамошно продлабочување. Акцент беше ставен на потребата од интензивирање на меѓусебниот политички дијалог, како и на унапредувањето на економската и трговската соработка. Во таа насока, министерот Муцунски, во име на Владата, потпиша два меморандуми за разбирање – за економска соработка и за ...

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Време на заедништво“, во режија на Радован Петровиќ, а по сценарио на српската актерка и сценаристка Сунчица Милановиќ, додека продуценти на филмот се Тамара Ристоска и Петар Антевски. Снимен во април 2025 во Скопје, овој независен филмски проект претставува креативна соработка меѓу млади филмски професионалци од Македонија и Србија, а неговата реализација беше поддржана од Факултетот за драмски ...

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради отсуство на адвокатот на Палевски. Судот утрово добил известување од адвокатот Јовица Страшевски дека не е во можност да присуствува поради здравствени причини. Палевски е првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој денеска требаше да продолжи да одговара на прашања од својот адвокат. На ...

Филмскиот фествал „Браќа Манаки“ го најавува своето 46. издание, кое ќе се одржи во Битола и објавува повик за пријавување филмови. Пријавувањето е од 17 април до 27 јуни на https://filmfreeway.com/ManakiBrothers. Награди: – Златна камера 300 за најдобра кинематографија (официјален избор) – Сребрена камера 300 за кинематографија (официјален избор) – Бронзена камера 300 за кинематографија (официјален избор) – Железна камера 300 за најдобра ...

Десет полицајци од Штип и Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според Обвинителството, тие се осомничени дека од 2012 до 2022 година издавале согласности и му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови. МВР соопшти дека шестмина од полицајците се приведени, по еден се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка ...

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“, по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата за Албанците на Арбан Таравари. Првиот вицепремиер кој е дел од коалицијата, Изет Меџити, одговарајќи на новинарско прашање рече дека по завршувањето на средбата јавноста ќе биде известена за ставот на „Влен“. Ова се случува откако претходно, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, соопшти дека неговата партија ...

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, извести Царинската управа. Случајот е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во ...

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници. Ова беше одлучено доцна синоќа на состанокот на партиското раководство. „Не излегуваме од коалицијата, излегуваме со наши листи за советници. АА одлучи дека во сите општини каде што Албанците се кандидираат, ќе настапи со посебни листи за општински советници. Не може 4-5 луѓе од Влен да одлучуваат за кандидати за ...

Се чини дека постојано се бара чудесни комбинации кои го забавуваат стареењето, го изедначуваат тенот и ги бришат несовршеностите. Сепак, две антиоксидантни ѕвезди остануваат неспорни во светот на нега на кожата – витамин Ц и витамин Е. И двете од овие состојки се омилени меѓу ентузијастите за убавина и дерматолозите, а нивното присуство во козметичките формули обезбедува бројни придобивки. Витамин Ц: блескав сојузник на вашата кожа Од суштинско ...

Околу 80 студенти и членови на академската заедница од Србија денеска со велосипед пристигнаа во Стразбур, откако за 13 дена поминаа повеќе од 1.400 километри низ неколку европски земји. Акцијата наречена „Тур де Стразбур“ беше организирана со цел директно да им се пренесе на европските институции загриженоста за состојбата со човековите права и недостатокот на реакција од надлежните органи во Србија по трагичните настани од ноември минатата ...

Владата на Бахамите вчера објави дека ги суспендира сите слетувања на ракетите на „Спејс Икс Фалкон 9“ во земјата, во очекување на целосна истрага по лансирањето. „Нема да се издаваат дополнителни одобренија додека не се разгледа целосната проценка на влијанието врз животната средина“, рече директорот за комуникации Латрае Раминг во објавата на социјалната мрежа Икс. „Спејс Икс“ не одговори веднаш на барањето за коментар. Во февруари, по првото ...

Србија би можела да биде блокирана во процесот на пристапување во Европската унија доколку нејзиниот претседател Александар Вучиќ следниот месец отпатува во Русија на парадата за Денот на победата, објави вчера Телеграф. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, овие предупредувања од Европската унија ги нарече „евронацизам“. „Ако ова е вистина, тогаш евронацизмот се оживува пред нашите очи“, рече Захарова. ...

Шпанската кралица Летиција привлече внимание уште првиот ден кога се појави како свршеница на тогашниот престолонаследник Филип. За нејзиниот физички изглед може да се пишува со денови, со оглед на тоа дека таа изгледа речиси исто веќе 20 години. Не е невообичаено Летиција да не воодушеви со модно издание, понекогаш дури и се осмелува да облече нешто што не е баш типично за кралското семејство, но никогаш не наиде на критики. Дури и во центарот ...

Податоците од Одделот за јавно здравје во Ново Мексико до кои дојде Си-ен-ен открија нови детали за смртта на актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава. Еколошката проценка на распространетиот имот беше спроведена во март, една недела откако Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивниот дом во февруари. Бетси починала од компликации предизвикани од хантавирусниот пулмонален синдром. Тоа е ретко, но сериозно заболување на ...

Секој има свои судбоносни броеви, а нумерологијата ви помага да ги дефинирате и интерпретирате, а со тоа подобро да се разберете себеси и вашата цел. Поточно, нумеролозите веруваат дека секој човек има своја возраст кога се случуваат радикални промени во животот. Тоа може да биде брак или развод, преселување, раѓање деца, болест, промена на кариерата – но на овој или оној начин, целиот начин на живот се менува. Овој период може да се пресмета ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има ...

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари. Иако Таравари упорно манипулира со јавноста, фактите се јасни и потврдени во извештајот на Државниот здравствен иинспекторат“, велат од партијата Левица. „Односно, министерот Таравари поради реконструкција ја затвори единствената сала на Клиниката за ...

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски услови, може да покаже и вистински зимски временски услови. Сепак, синоптичката ситуација ќе биде таква што се очекува време кое наликува на вистинска пролет. За претстојниот празник Велигден, времето низ Европа ќе биде многу пријатно и пролетно. Силен циклон ќе има над западна Европа, а подрачје со висок притисок на истокот од ...

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа, остро го критикуваше Доналд Трамп за начинот на кој раководи со Управата за социјално осигурување и предупреди дека сегашната администрација „уништува систем од кој зависат милиони Американци“. „Трамп и неговите луѓе им пристапија на владините институции со идејата на Силиконската долина, ‘движете се брзо и скршете ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · Oд 06:30 до 13:00 часот, с.Сарај -пат за с.Лубин кај кафе бар Лозана.(Општина Сарај) · Oд 08:00 до 15:00 часот, дел од с.Долно Лисиче реон околу надвозникот.(Општина Аеродром) · Oд 09:00 до 13:00 часот, Тутинска, Мара Јосифовска, Драчевска, Јанко Мишиќ, Бранко Заревски (Oпштина Кисела Вода) · Oд 09:00 до 14:30 часот,дел од потрошувачит на ул.51 во с.Волково ...

Општина Карпош упати апел до ЈП Комунална хигиена редовно да го чистат сметот или во спротивно ќе следат казни за претпријатието. „Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи. Поплаките се во континуитет на една тема – одржувањето на хигиената. Граѓаните на Карпош кои што живеат во индивидуални станбени објекти никогаш не се жалеле на ...

Оскаровката Кејт Бланшет ги изненади обожавателите кога рече дека сериозно размислува да се повлече од актерството еден ден. Зборувајќи за Радио Тајмс, каде што го промовираше своето претстојно и прво аудио шоу, The Fever на BBC Radio 4, таа зборуваше за нејзината кариера. „Моето семејство превртува со очите секогаш кога го кажувам тоа, но јас го мислам. Сериозно имам намера да се откажам од глумата“, рече актерката и нагласила дека има многу ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
93%
1025
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
0.0
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.37
86%
1028
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.16
97%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
95%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Паладиум

53788.20

Цинк

3.04

Родиум

258813.51

Платина

62683.26

Сребро

2105.58

Алуминиум

2.92

Рутениум

29192.88

Калај

43.15

Кобалт

58.42

Злато

139298.91

Иридиум

145787.60