Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во некои региони на Македонија ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ...

Иселувањето, особено на младите таленти е голем проблем за македонската економија. Ова го констатираа и големите компании и нивните раководни кадри на самитот „Македонија 2025″. Секако, се очекува соодветна реакција околу овој голем проблем и од државните институции. Но, прават ли доволно самите компаниите и нивните газди за младите таленти да не ја напуштаат Македонија? Младите таленти најчесто заминуваат затоа што бараат подобри услови – ...

Бројот на загинати во рускиот вечерашен напад врз Киев се искачи на 16, меѓу кои има и две деца. Повредени се уште 57 лица, од кои 27 се хоспитализирани, соопштија украинските служби за итни случаи и градоначалникот Виталиј Кличко. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани во населбата Дарницки, каде на терен се ангажирани 170 спасувачи со механизација и тимови со кучиња. На местото има и психолози кои им помагаат на ...

Косовскиот премиер, Албин Курти, обвини дека Србија продолжува со политики на етничко чистење во општините со албанско мнозинство во јужна Србија – Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Според него, поради блокирањето на средствата од косовската влада, околу 3.650 ученици остануваат без бесплатни учебници, повеќе од 750 студенти без стипендии, а над 950 земјоделци без поддршка. Како што наведе, погодени се и училишта, медиуми и организации, ...

Кремастите десерти во чаша се идеален избор во текот на пролетта и летото, бидејќи нудат освежителна комбинација од лесна сладост и овошна свежина. Освен што се брзи и едноставни за подготовка, тие изгледаат декоративно и како да се подготвени во слаткарница, па можат да ги направат и почетници во кујната. За овошниот дел потребни се 300 грама јагоди, две лажици шеќер во прав и една лажица густин. За кремот се потребни 100 грама шеќер во ...

Да се биде прв човек на градот претставува чест, но и голема одговорност кон граѓаните кои ја дале својата доверба со очекување за ред, работа и конкретни резултати, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање. Тој истакна дека целта на актуелната градска власт не е привилегиран живот на товар на граѓаните, туку враќање на средствата назад кај народот преку реални проекти и подобри услови за живот. „Секој денар од буџетот мора ...

Првата вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп помина во пријатен фестивалски амбиент, со уникатни вкусови, средби и наздравувања на Школка во Градски парк. Фестивалот, кој годинава се одржува од 13 до 17 мај, го отвори своето јубилејно издание во препознатлив дух, со програма што ја донесоа Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Посетителите имаа можност да уживаат во винската понуда, гастрономските содржини и првата ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс, на која се разговарало за актуелните состојби, развојните процеси и идните приоритети на градот. На средбата биле отворени повеќе значајни теми, меѓу кои и изработката на новиот Генерален урбанистички план, кој според Проданоски претставува еден од најважните документи за ...

„Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа“, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, говорејќи на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на дводневниот „Energy Transition ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека Македонија треба да го продолжи дијалогот со Бугарија, и покрај актуелните несогласувања и тензии меѓу двете држави. Тој откри дека побарал билатерална средба со бугарската министерка за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска. Муцунски нагласи дека Владата ќе продолжи цврсто да ги брани националните интереси и нема да ...

Јапонскиот производител на автомобили „Хонда Моторс“ ја заврши изминатата фискална година со загуба, првпат по седум децении, откако компанијата се соочи со огромни трошоци поврзани со реструктуирање на бизнисот со електрични возила. Компанијата соопшти дека финансискиот резултат бил оптоварен со околу девет милијарди долари трошоци, што довело до најлош извештај откако „Хонда“ стана јавна компанија во 1957 година. Од раководството оценуваат ...

Сообраќајна несреќа меѓу полициско возило и товарен камион се случила вчера околу 15:00 часот на автопатот „Пријателство“, на делницата од Скопје кон Гевгелија. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР, управувано од 30-годишниот полициски службеник Р.П., и товарно возило „Сканија“ со полуприколка и босански регистарски таблички, управувано од Р.М. (42) од Босна и ...

Фудбалерките на Тиверија Брера убедливо триумфираа над Каменица Саса со 5:0 во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција и го освоија својот втор трофеј во ова натпреварување. Финалниот натпревар се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, а Тиверија Брера уште од самиот старт покажа дека е решена да доминира на теренот. Првата сериозна можност ја имаше Карапузовска, која во осмата минута ја погоди пречката, додека Каменица Саса ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во својот кабинет ја прими амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте, а средбата ја оцени како исклучително пријатна и конструктивна. -Разговаравме за многу заеднички теми, но најмногу се фокусиравме на можностите за идна соработка преку која би ги презеле успешните искуства од романските општини. Посебно ме радува што ја потврдивме и нашата ...

Oд 18 мај Општина Аеродром започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром при што на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните бесплатно ќе можат да го оставаат стариот и дотраен мебел, како и друг ...

Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 86-годишен скопјанец по претходна пријава дека вчера околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Вчера пак во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ...

Уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство откри истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, објави денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе. Според него, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, ...

Германија повлече од продажба замрзнато овошје од Србија поради вирусот на хепатитис А, објави веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна. Како што е наведено, станува збор за замрзната мешавина од бобинки, а српското министерството за земјоделство соопшти дека пратката била произведена од компанијата „Фриго-Паун“ од Пожега. Хепатитисот А често предизвикува симптоми слични на грип, жолтица, гадење и ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ги објави резултатите од анализата на ангажираната странска комисија, во врска со неодамнешните сомнежи кои ги изрази кардиологот Сашко Кедев дека во приватните и државните болници има неправилности во дел од третманите и интервенциите на срце, кои укажуваат на сомнителни упатувања на кардиолошки и кардиохируршки интервенции. Министерот нагласи дека од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со ...

Врховен суд за борба против корупцијата во Украина му одреди притвор на поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Како што објави „Укринформ“, повикувајќи се на извори од Судот, Јермак ќе остане во притвор најмалку 60 дена, освен доколку не биде платена кауцијата. Според ДПА, Јермак и уште петмина осомничени се обвинети дека биле дел од организирана група која наводно испрала речиси девет ...

Во семејниот дом во битолската населба Баир утрово во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство. – Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош. Осомничениот е лишен од ...

Скандалозна е последната одлука на OЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам Абази, да ја стопира постапката за предметот за сторен криминал тежок 167 милиони евра, при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, што постоеја и сомнежи за перење пари и нанесување штета на животната средина, оценува ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија смета дека и покрај сериозните индиции за тежок криминал, Абази не видел докази и од кривична ...

Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и „шминкерски” чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија. За партијата загрижувачка е сумата од околу 2,83 милијарди евра која во 2025 година била уплатена во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија и ја смета за доказ дека коцкарската индустрија прераснала во еден од ...

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение обвини дека ставовите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во однос на уставните измени и евроинтеграциите се совпаѓаат со позициите на официјална Бугарија. Од партијата тврдат дека Филипче е „пиун на Радев“ и „главен лобист за безусловно прифаќање на бугарскиот ултиматум“. Во соопштението се наведува дека СДСМ и бугарските власти имаат исти барања околу внесувањето на Бугарите во Уставот, а дополнително му ...

Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој моментално се наоѓа во затвор во САД, ја дели затворската ќелија со уште 18 затвореници, открил неговиот син Николас Мадуро Гера во интервју за германскиот магазин „Шпигел“. Според него, во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши, кој бил приведен поради прекршување на условите од условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа ...

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека денеска, 14 мај, поради дефект на затворач со пречник од 300 милиметри на улицата Женевска, кај последна „24-ка“, ќе има прекин во водоснабдувањето во повеќе делови од главниот град. Без вода ќе останат корисниците од улиците Женевска, Партизанска крак 1, дел од Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Стокхолмска, Гаврил Лесновски, како и дел од булеварот Партизански одреди на ...

Поради планирани активности во електродистрибутивната мрежа, денеска дел од корисниците во општините Гази Баба и Волково ќе останат без електрична енергија. Според распоредот на планирани прекини, без струја ќе бидат следните локации: Во Општина Гази Баба, од 08:30 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за дел од улицата Благоја Стефковски и дел од булеварот Александар Македонски. Во Волково, од 09:00 до 14:00 ...

Македонија и понатаму ќе биде под влијание на посвежа воздушна маса која продира од северозапад, па времето денеска и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремен локален дожд. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вакви услови ќе има и во делови од Скопската Котлина. Денеска ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, ...

Скопје е полно со институционални недоречености и аномалии. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски уверува дека постојано работи на подобрување на состојбите и нагласува дека затекнал многу лоша состојба во јавните претпријатија. Направена ли е ревизија на работењето на поранешната градоначалничка Данела Арсовска особено ако се знае дека во последните две години од нејзиниот мандат имаше сериозни забелешки за нејзината работа? Станува збор за период ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг во прва државна посета на Кина по речиси девет години, каде веќе се одржува клучна средба со Си Џинпинг зад затворени врати. Посетата се случува во сенка на војната со Иран, кога за првпат на американско – кинески средби прашањето за тајван не е најважното. Најголемо внимание предизвика изјавата на Трамп дека е подготвен да разговара за продажбата на американско оружје на Тајван. „Ќе ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.0
43%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
3.13
58%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.64
64%
1015
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.67
42%
1022
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.13
54%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.35
83%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.94
44%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.58
43%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
1.79
60%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.64
95%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Рутениум

53852.50

Паладиум

40863.60

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66

Калај

54.92

Цинк

0.00

Платина

52920.13

Кобалт

56.29

Сребро

1873.42

Иридиум

252383.36

Бакар

13.13

Злато

130712.08