Во Македонија во 2024 година се регистрирани 131 случај на сексуално насилство, од кои 31 се кривично дело силување. Во претходните години најмалку кривични дела имало во 2019 – 87, а најмногу 151 регистриран случај во 2013 година, покажуваат податоците објавени од Евростат за сексуално насилство во европските земји. Во земјите од Европската Унија во 2024 година, полицијата евидентирала 256.302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, изјави дека во услови на сложени безбедносни предизвици, полицијата има клучна улога во заштитата на сигурноста и довербата на граѓаните. Тој посочи дека во изминатиот период е забележан пад на вкупниот криминалитет за повеќе од шест проценти, оценувајќи дека државата покажала сериозен капацитет во справувањето со криминалот. Според податоците на ...

Синоќа во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. Во полицискиот билтен се наведува дека при лишувањето, тој го оштетил и службеното возило на МВР. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе ...

Паркот на Франкофонијата на 9 мај ќе биде отворена градска сцена на која европската култура ќе се сретне со македонската традиција, музика, вкусови и препознатлива дружељубивост. Под симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“, настанот е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата на европска отвореност во локален, топол и близок градски формат. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран „брзо да заврши“, нагласувајќи дека целта е да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Во меѓувреме, медиумите известуваат за напредок во преговорите, а Иран потврди дека сè уште го разгледува американскиот предлог. Според информации, САД работат на меморандум од 14 точки кој би можел да биде основа за поширок договор. Предлогот вклучува запирање на иранското ...

Се очекува специјалниот американски пратеник Стив Виткоф да се сретне со секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност, Рустем Умеров, подоцна оваа недела во Мајами. Детали за датумот и темите на разговорите засега не се објавени, а украинската страна индиректно потврди дека Умеров е во странство. Средбата доаѓа во контекст на напорите за воспоставување примирје во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ...

Поранешниот словенечки претседател и премиер Борут Пахор заврши во болница по тежок пад од велосипед. Несреќата се случила при спуштање од Пасја Раван, планински премин во западна Словенија. Пахор соопшти дека скршил клучна коска и лопатка, но нагласи дека е во стабилна состојба. Тој истата вечер бил пуштен од итната помош, а веќе следниот ден се вратил на работните обврски. Поранешниот претседател е познат како страствен велосипедист, а ...

Израел изврши воздушен напад врз Бејрут за првпат по договорот за прекин на огнот со Хезболах, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот. Нападот бил насочен кон јужните предградија на либанската престолнина, познати како Дахие – област која важи за упориште на Хезболах. Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, мета на нападот бил командант на елитните сили Радван, а акцијата лично ја одобрил. Локалните медиуми објавија дека ...

Случајот со врсничкото насилство во скопската населба Ѓорче Петров добива правна разрешница, откако Основно јавно обвинителство Скопје отвори постапка против четири малолетнички осомничени за физички напад врз 13-годишно девојче. Според обвинителството, нападите се случиле во два наврати и биле координирани, а осомничените – една 17-годишна и три 14-годишни девојчиња – се гонат за кривично дело „насилство“. Постапката се води согласно Законот ...

Денеска во Прилеп беше реализирана посета на фабриката за селекција на отпад кај Алинци, во која учествуваа амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, претставници од амбасадата, шведската асоцијација SALAR и работната група од Општина Прилеп. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека Прилеп сè појасно се позиционира како пример во државата за селекција и современо управување со отпад, како резултат на континуирана работа и ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, денеска се обратија на настанот за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), посветен на темата „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој”. Настанот е во организација на МКЦ Битола и Еко-свест од Скопје, а во соработка со Локалниот економско-социјален совет на општина Битола. На еден од ...

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денес им посака добредојде на наставници и ученици од Кајсери, кои престојуваат во градот во рамки на Еразмус+ програмата за размена на знаења, искуства и култури. Гостите се сместени во основното училиште ООУ „Никола Карев“, каде во текот на неделата ќе имаат можност да се запознаат со организацијата на наставата, образовниот систем и секојдневните активности во училиштето. Во рамки на програмата се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови од земјата ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 20 и 26 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време, а претпладне во одделни делови од ...

Македонија денеска го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција, празник посветен на полициските службеници и безбедносните структури во државата. Датумот официјално е востановен со одлука на Владата од 20 април 1993 година, кога 7 Мај го заменил дотогашниот датум 13 мај. Изборот е поврзан со Смилевски конгрес, кој се смета за почеток на организираната безбедност во Македонија. Конгресот се одржал од 2 до 7 мај 1903 година во селото ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 28.155.774 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари тет-а-тет средба со својот словачки колега Ладислав Каменицки, на која беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. На средбата, како што информира Димитриеска-Кочоска, била изразена силна поддршка од страна на Словачка за евроинтегративниот процес на Македонија, како и подготвеност за споделување на искуства и експертиза, особено ...

Веќе се видливи последиците од демографската криза во Македонија дека таа не смее да се третира исклучиво како прашање на статистика, оцени премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓународна конференција посветена на демографијата и додаде дека досегашниот пристап, фокусиран главно на бројки, создал политики без долгорочна визија и вистинско влијание. Според премиерот суштината е во квалитетот на животот, во довербата што граѓаните ја ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот на оваа година не се предвидени избори, посочувајќи дека 2026 ќе биде фокусирана на реформи и институционално зајакнување, наместо на изборни процеси. Тој нагласи дека неговата политичка определба е парламентарните избори да се одржат во редовниот термин, напролет 2028 година, во согласност со уставните и законските рокови. Во врска со евентуални предвремени избори во 2027 година, премиерот ...

Македонската влада е подготвена на дијалогот со соседна Бугарија, но подготвеност за уставни измени во овој момент нема и нема дилема по тоа прашање, дециден е министерот за надворешни работи и надворешена трговија Тимчо Муцунски кој утрово оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјата. Муцунски нагласи дека владата прави конкретни работи поврзани со европската перспектива, ...

Цените на нафтата паднаа втор ден по ред поради очекувањата дека испораката од клучниот регион за производство на Блискиот Исток би можела да продолжи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека може да се постигне мировен договор за завршување на војната со Иран. Фјучерсите за суровата нафта „брент“ паднаа за 1,69 долари, или 1,5 отсто, на 108,18 долари за барел. Фјучерсите за американската нафта Западен Тексас се намалија за ...

Се подготвува ли тивко теренот за нови предвремени парламентарни избори во Македонија? Изјавите што доаѓаат од политичките лидери во последните денови сè повеќе наликуваат на најава за ново соочување на партиите со граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски меѓу редови вчера посочи дека избори може да има наскоро. Веќе подолго време и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, предупредува дека власта се подготвува за избори. На тоа се надоврза и лидерот ...

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против пет лица, државјани на Непал и Индија, кои престојувале во Кавадарци, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Станува збор за Б.K.Д. (27), С.М.П. (40) и Т.С.Д. (44) од Непал, како и Р.К. (33) и J.A. (27) од Индија. Според МВР, во просторот каде што престојувале, пријавените неовластено држеле и одгледувале марихуана, ...

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија АД. Според најавата, од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Индира Ганди“ во Општина Шуто Оризари. Дополнително, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и на дел од улицата „Јустинијан ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат меѓу три и 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 17 до 27 степени. За утре се најавува слично време – променливо облачно со услови за локален дожд и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека привремено ја паузира операцијата „Проект Слобода“, која беше насочена кон извлекување на заглавените бродови од неутрални земји од Ормутскиот теснец. Тој појасни дека одлуката е донесена за да се овозможи финализирање на потенцијален договор со Иран, по барање на Пакистан и други држави. И покрај паузата, Трамп нагласи дека американската блокада на иранските пристаништа останува целосно на ...

Кога врската е здрава, не мора постојано да се борите за внимание, почит и место во нечиј живот. Партнерството не е товар што го носи едниот, додека другиот ужива во удобноста. Ако сè почесто имате чувство дека сте споредна улога во сопствената врска, време е искрено да се запрашате што навистина се случува. Секој однос минува низ периоди кога едниот партнер дава повеќе. Но кога тоа „повеќе“ секогаш доаѓа од истата страна, рамнотежата се ...

Арсенал е првиот финалист во Лига на шампиони, откако во реванш полуфиналето во Лондон го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 и со вкупни 2-1 обезбеди пласман во големото финале. По ремито 1-1 во Шпанија, „топчиите“ ја завршија работата пред своите навивачи. Во израмнето прво полувреме, домашниот тим беше поопасен, а решавачкиот момент дојде во 45. минута. По ударот на Тросар, голманот Јан Облак одби кратко, а Букайо Сака ја искористи шансата и ...

По долг период на застој и административни пречки, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје влегува во завршна фаза пред негово целосно пуштање во употреба, информираа од Општина Аеродром. Како што посочуваат надлежните, конечно се завршени процесите на експропријација – една од главните пречки што со години го кочеа проектот. Во моментов се спроведуваат подготвителни и административни активности, како и преселување на жителите од ...

Вардар 1961 оствари победа над Монпелје со 27-24 (17-12), но тоа не беше доволно за пласман понатаму, па скопскиот тим го заврши настапот во четвртфиналето на Европската лига на ЕХФ. И покрај одличната игра, Вардар не успеа да ја надомести високата негатива од првиот натпревар во Франција. Домашниот тим влезе силно во мечот во СЦ „Јане Сандански“, каде уште од стартот се истакна голманот Валах со неколку клучни интервенции. Со головите на ...

Во првата пресуда за полициските службеници обвинети за нивна улога во нелегалното работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани, случај што заврши со трагичен пожар во кој загинаа 63 млади лица, а над 230 беа повредени, ниту еден од тројцата обвинети нема да издржува затворска казна. Судијката Лидија Петровска им изрече условни казни на Кире Богатинов и Горан Лазаров – по една година затвор, условно за три години, додека на поранешниот командир ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.29
31%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
2.68
49%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.56
49%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.87
36%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
0.72
37%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
68%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
4.02
48%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.58
37%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
0.05
33%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
49%
1017
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
2.85
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Платина

52920.13

Рутениум

53852.50

Сребро

1873.42

Паладиум

40863.60

Цинк

0.00

Злато

130712.08

Бакар

13.13

Калај

54.92

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66