Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Фестивалот Виноскоп, кој со години е едно од најпрепознатливите градски места за вино, музика и урбано дружење, следната недела во Градски парк ни носи богата музичка програма. Во текот на пет фестивалски дена, Виноскоп ќе понуди комбинација од вечерни настапи, дневна саботна програма, бранч-концепт, познати музички имиња, домашни вина и гастрономска понуда. Програмата започнува во среда (13 мај) од 18:00 часот, со настапи на Александар ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 5 Мај – Денот на македонската азбука и македонскиот јазик, истакнувајќи дека овој датум претставува еден од најсветлите мигови во македонската историја. Како што наведе тој, 5 Мај е ден кога македонскиот збор добил своја официјална форма, а со тоа и силна потврда на националниот идентитет. „Овој датум е сведоштво за истрајноста на генерации македонски дејци кои ...
Денеска се одржа 3-та работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на „Пелистер“. На работилницата беше презентирана нацрт верзијата на деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна на домашни и странски експерти кои доаѓаат од Франција, Андора и Словенија. „Пелистер да биде четирисезонски туристички центар, не само од регионално, туку од национално значење. Условите се одлични, треба да се ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека државата гради модерен енергетски систем базиран на стабилност, доверба и одржливост. На состанокот на Секторската работна група за енергетика, одржан во Владата, била потврдена силната институционална координација, како и јасно дефинираните приоритети за наредниот период во партнерство со меѓународната заедница. „Фокусот е ставен на имплементација, ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Скопје, 5 мај 2026 година – Македонската берза ја заврши денешната сесија со МБИ10 на 9.955,12 поени, што претставува раст од 0,02%, додека ОМБ остана непроменет на 129,90 поени, односно 0,00%. Вкупниот промет изнесуваше 19.387.681 денари. Ликвидноста беше предводена од Македонски Телеком, Комерцијална банка и НЛБ Банка, а обврзничкиот сегмент ...
Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 7 мај – четврток, во раните утрински часови, соопштија денеска од Одделението за односи со јавноста при Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, тогаш ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Поради дезинсекцијата се известуваат пчеларите навремено ...
Низа неправилности и неусогласености во работењето на Општина Илинден во 2024 година откри Државниот завод за ревизија при ревизијата на финансиските извештаи. Ревизорскиот извештај открива дека не е извршено соодветно евидентирање на имотот на општина Илинден и не се преземени активности за запишување на правото на сопственост. Изградбата на локални патишта и улици е без одобрение за градење, реконструкцијата на инфраструктурните објекти е ...
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала ја потресе ноќеска Србија, објави Републичкиот сеизмолошки институт на Србија (РСЗС). Според информациите, потресот бил во 2:35 часот наутро, во близина на Бездан, објавија српските медиуми. Како што соопшти РСЗС, интензитетот во епицентарот е проценет на шест степени од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со таа јачина можат да предизвикаат помали штети на зградите во ...
Со стручни и научни трибини на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, како и на ФИНКИ, но и со седница на собраниската Комисија за култура и туризам денеска се одбележа 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и воедно јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика” од Круме Кепески. Денот на македонскиот јазик 5 Мај се одбележува ...
Министерството за образование и наука ќе поништи осум академски дипломи на Филозофскиот факултет при УКИМ, поврзани со претходно поништени осум уписи, а предмет на постапката се вкупно 17 студенти, информира министерката за образование и наука Весна Јаневска и додава дека без две дипломи останал и студент на приватниот Славјански универзитет. Дел од студентите на Филолошки биле запишани на втор циклус студии и веќе стекнале магистерски ...
Владата преговара на билатерално ниво и бара генерално решение заради надминување на пречките со системот ЕЕС (за влез и излез во ЕУ) за македонските граѓани, изјави премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи на опозициската СДСМ која го критикуваше заради неговиот повик за свртување кон домашниот туризам. – Ние бараме генерално решение, не само за летниот период иако вчера имаше одредени кругови кои се обидоа да ме исмејат за тоа што го кажав, ...
„Законот важи поеднакво за сите и тука нема никаква дилема”, го коментираше премиерот Христијан Мицоски вчерашниот случај кога припадник на неговото пошироко обезбедување беше приведен и доби притвор од осум дена откако во саботата сопругата пријави во полиција дека физички на нападнал. -Тоа е втор случај за лице од моето обезбедување каде што законот важи за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедување на претседателот тепаа ...
Во текот на месецот април, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 2750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е расчистено во општината Карпош. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува да ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улиците што се во надлежност на Градот Скопје, преку секојдневно машинско и рачно ...
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека во законскиот рок, 30 април 2026 година, заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто изгенерирани се вкупно 862.896 даночни пријави. Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, додека дневните ќе достигнат од 21 до 28 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во наредните денови се очекува промена на временските услови. Од среда попладне ќе има ...
Повторно огнот заигра на Блискиот Исток. Американската војска соопшти дека потопила шест мали чамци во Ормутскиот теснец, а дека два трговски брода под нивно знаме успешно го поминале теснецот. Министерството за одбрана на Емирати соопшти дека Иран лансирал четири крстосувачки ракети, при што три биле соборени, а една паднала во морето. Британската војска објави дека два товарни брода се запалиле во близина на Теснецот. Иран соопшти дека ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека случувањата во Ормутскиот теснец покажуваат дека „не постои воено решение за политичката криза“. Неговата изјава доаѓа по инцидент за кој има спротиставени информации меѓу Техеран и Вашингтон. Иранските медиуми тврдат дека нивната војска погодила американски воен брод, додека САД категорично негираат дека има погодено нивно пловило. Во меѓувреме, американските сили продолжуваат ...
ГФК Тиквеш денес одржа состанок на акционерското друштво и донесени се повеќе одлуки. Се менува целосниот стручен штаб на тимот на чело со тренерот Борче Христов. Освен него, заминуваат асистентите Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков. Исто така, раскината е соработката и со спортскиот директор Љупчо Трајковски. Според најавите од Кавадарци, водењето на клубот ќе го преземе ко-сопственикот Браво до крајот на сезоната. „По одржување на ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод почетокот на претприемачката недела насловена „Се развиваме заедно“. Настанот, кој ќе трае до сабота, има за цел да ги поттикне младите да развиваат стартапи и да придонесат во унапредување на малите и средни претпријатија. Во рамки на ...
Со пригодна порака по повод 4 мај, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на македонските револуционери Гоце Делчев и Пере Тошев, истакнувајќи дека нивното дело и жртва се длабоко вградени во темелите на македонската државност. Проданоски потсети дека на денешен ден во 1903 година загина Гоце Делчев, симбол на револуционерната мисла и борбата за слобода, човек со визија кој верувал во светот како поле за културен ...
Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до 9 мај ќе се одржи првото издание на Вински фестивал Битола, кое денеска беше најавено на прес-конференција во ЈОУ Културен и информативен центар Битола – Офицерски дом. Организаторите најавија дека фестивалот е замислен како нов градски настан што треба да ...
Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата на Гоце Делчев во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, на споменикот на Пере Тошев во центарот на градот, на неговиот гроб во црквата „Свето Благовештение“, како и на Могилата на непобедените, беше одбележана 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев и 114 години од смртта на Пере Тошев. Во рамки на настанот беше одбележан и патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, при што беше истакнато значењето на ...
Кардиологот д-р Стефан Валер нагласува дека за зачувување на здравјето на срцето голема улога имаат и секојдневните пијалаци што ги консумираме. Тој издвојува пет типови пијалаци кои, според неговото искуство и медицинските сознанија, најчесто ги избегнува поради нивното потенцијално негативно влијание врз кардиоваскуларниот систем. Според него, проблемот не е само во очигледните нездрави избори, туку и во пијалаци кои често се перцепираат ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 04.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.952,98 поени, со дневен раст од 0,12%, односно 12,28 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 27.988.103 денари. Ликвидноста ја водеа блок-трансакцијата со Иново Статус Скопје, како и ...
Жозе Мурињо се поврзува со можен трансфер на клупата на Њукасл Јунајтед, во период кога сè погласни се шпекулациите околу иднината на актуелниот тренер Еди Хау. Во меѓувреме, поранешниот англиски фудбалер Крис Водл ја коментираше ситуацијата и дилемата со која би се соочил секој клуб што би го ангажирал „Специјалниот“ – дали приоритет се трофеи или атрактивен стил на игра. Иако Мурињо зад себе има богата тренерска кариера со освоени титули во ...
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник најави дводневен прекин на огнот во конфликтот со Украина, кој треба да важи на 8 и 9 мај, по повод одбележувањето на годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Информацијата ја соопшти руското Министерство за одбрана. Од Министерството наведуваат дека очекуваат и украинската страна да го почитува прекинот на огнот, предупредувајќи дека во спротивно Русија ќе ...
Нотингем Форест приреди изненадување на „Стемфорд Бриџ“, совладувајќи го Челси со 1:3 во натпревар од 35. коло на Премиер лигата. Со овој триумф, Нотингем Форест се зацврсти на 16. позиција со 42 освоени бода и на три кола до крајот има шест бода повеќе од Вест Хем, кој се наоѓа во зоната за испаѓање. Гостите го отворија резултатот рано, откако Игор Хесус реализираше пенал во 15. минута. Тајво Авонији потоа зголеми на 0:2 со гол во втората ...
На 3 мај 2026 година во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода шест лица и тројца малолетници, поради сомнение за физички напад врз семејство. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, приведени се Р.М. (19), Ј.А. (18), М.Ј. (24), Е.А. (19), Н.Ј. (38), како и тројца 17-годишници, сите од Скопје. Тие се товарат дека околу 21:30 часот физички ги нападнале Д.М. (22) и нејзиниот сопруг ...
Голема драма во Тетово заврши со среќен епилог, откако малолетно девојче кое претходно било пријавено за исчезнато е пронајдено живо и здраво. Вчера во 14:25 часот, Ф.К. пријавил во СВР Тетово дека неговата 15-годишна сестра Н.К., за која претходниот ден била поднесена пријава за исчезнување, е пронајдена. Според информациите, девојчето престојувало кај познаник во Скопје, по што семејството било известено за нејзината локација. Од полицијата ...
На 3 мај 2026 година, околу 09:00 часот, на локалниот пат Тетово – село Волковија, во близина на Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 66-годишниот Б.Р. од село Јанчиште. При контрола било утврдено дека тој управувал земјоделска машина – трактор „Фергусон“ со тетовски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола. Тракторот е одземен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. ...