Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Македонија и понатаму ќе биде под влијание на посвежа воздушна маса која продира од северозапад, па времето денеска и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремен локален дожд. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вакви услови ќе има и во делови од Скопската Котлина. Денеска ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, ...
Скопје е полно со институционални недоречености и аномалии. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски уверува дека постојано работи на подобрување на состојбите и нагласува дека затекнал многу лоша состојба во јавните претпријатија. Направена ли е ревизија на работењето на поранешната градоначалничка Данела Арсовска особено ако се знае дека во последните две години од нејзиниот мандат имаше сериозни забелешки за нејзината работа? Станува збор за период ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг во прва државна посета на Кина по речиси девет години, каде веќе се одржува клучна средба со Си Џинпинг зад затворени врати. Посетата се случува во сенка на војната со Иран, кога за првпат на американско – кинески средби прашањето за тајван не е најважното. Најголемо внимание предизвика изјавата на Трамп дека е подготвен да разговара за продажбата на американско оружје на Тајван. „Ќе ...
Во голем руски напад врз Киев синоќа загинало едно лице, а 16 се повредени. Спасувачките екипи извлекле десет лица од урнатините на делумно срушена зграда, додека масовните напади кои траеле цела ноќ. Нешто пред 1 часот по полноќ украинските воздухопловни сили издале воздушна тревога за целата земја, предупредувајќи дека Русија подигнала бомбардери МиГ-31 и дека постои закана од балистички ракети. Началникот на киевската воена администрација, ...
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во интервју за руската државна агенција ТАСС изјави дека очекува доаѓање на рускиот претседател Владимир Путин на осветувањето на руско-српскиот храм во Бања Лука. Според неговите изјави, градежните работи се речиси завршени и дека останува уште осликувањето на внатрешноста. „Тоа ќе го направиме заедно со нашите руски пријатели“, рече Додик. Истакна дека црквата е изградена според проект на храм кој ...
Фудбалерите на Црвена звезда ја освоија двојната круна во Србија, откако во финалето на Купот славеа против Војводина по подобро изведување на пенали. Навивачите на стадионот во Лозница гледаа возбудлив натпревар со четири погодоци во регуларниот дел. Војводина имаше одличен почеток и поведе уште во 2. минута со голот на Шуц. До крајот на првото полувреме тимот од Нови Сад го зголеми водството на 2:0 преку Видосављевиќ во 35. минута. Во ...
86-годишен државјанин на Косово вчера бил приведен на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при гранична контрола во неговиот багаж биле пронајдени куршуми за пиштол. Според информациите од МВР, случајот се случил на 12 мај 2026 година во 13:05 часот, кога полициски службеници на граничниот премин извршиле контрола и во куферот на лицето В.К. (86) од Косово била откриена и одземена пиштолска муниција. Лицето било веднаш лишено од слобода, а ...
Некои хороскопски знаци потешко одолеваат на убави предмети, трендови и импулсивни купувања, особено кога нешто им изгледа естетски привлечно, забавно или како мала лична награда. Сите понекогаш купуваме нешто што реално не ни е потребно – маичка што ќе ја облечеме еднаш, украс за домот што „морало“ да го имаме или ситница што во моментот ни изгледала примамливо. Но според астрологијата, постојат знаци кои почесто подлегнуваат на вакви ...
Дали знаевте дека храната што ја консумирате може да влијае на начинот на кој делуваат вашите лекови? Одредени намирници можат да ја намалат нивната ефикасност или да го зголемат ризикот од несакани ефекти. „Дури и навидум здравите промени во исхраната понекогаш можат да влијаат на начинот на кој лековите делуваат во телото“, вели Марк Бурдон, фармацевт во Англија. Интеракциите меѓу храна и лекови можат да предизвикаат сериозни здравствени ...
Интер ја освои двојната круна оваа сезона во Италија, откако со победа над Лацио од 2:0 стигна до трофејот во Купот на Италија, вкупно десетти во историјата на клубот во ова натпреварување. Екипата предводена од Кристијан Киву одигра сигурен натпревар и уште од почетокот ја наметна контролата на играта. Првите минути минаа во испитување на силите, но Интер прв се закани преку Лаутаро Мартинез, чиј удар во 12. минута мина крај голот. Само две ...
Пари Сен Жермен ја одбрани титулата шампион на Франција, откако на гостински терен го совлада Ленс со 2:0. Со оваа победа, ПСЖ ја потврди шампионската титула во директен дуел со најголемиот конкурент, на едно коло пред крајот на сезоната. Ленс со евентуална победа можеше да ја врати неизвесноста во борбата за врвот, но парискиот тим одигра сигурно и ја задржа предноста на табелата, која сега изнесува девет бода. Хвича Кварацхелија го отвори ...
27-годишна жена од Тетово пријавила во СВР Тетово дека била намамена да влезе во возило под изговор дека заедно со друго лице ќе пријават злоупотреба на лични податоци и отворање на лажен профил на социјална мрежа. Според пријавата, на 11 мај околу 18 часот таа се сретнала со лицето Х.Е., кое ѝ предложило да одат во полициска станица за пријава на случај поврзан со наводен лажен профил. Откако влегла во возилото, забележала дека на задното ...
Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 13 возачи низ државата поради безобѕирно управување со возила, а дел од нив предизвикале и сообраќајни незгоди. Според информациите, 12 од приведените управувале возила без возачка дозвола, додека еден возач бил под дејство на алкохол. Двајца возачи биле лишени од слобода во Гевгелија, од кои едниот бил и алкохолизиран, а по еден случај имало во Скопје, Тетово, Гостивар, Валандово, Дебар, ...
Педесетгодишен градежен работник од селото Соколарци се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од висина додека работел на градилиште во Кочани, информира МВР. Според полицискиот билтен, инцидентот бил пријавен на 12 мај во 11:15 часот од Итната медицинска помош во Кочани. Повредениот В.Б. работел на градежни активности за фирма од Кочани, а при извршување на работните задачи паднал од висина и се здобил со сериозни повреди. Поради ...
МЗТ Скопје ќе игра против КК Маџари во финалето на македонското кошаркарско првенство, откако во „мајсторката“ убедливо го совлада КК Пелистер со 87:58. Клучна беше третата четвртина, која актуелниот шампион ја доби со доминантна игра и огромна серија, претворајќи го израмнетото прво полувреме во убедлива победа. Марин Петков беше лидер со 23 поени и седум асистенции, Танасковиќ додаде 20 поени, додека Мекејден оствари дабл-дабл учинок. МЗТ ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е шокиран од одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и порача дека очекува случајот повторно да биде разгледан. Во предметот беа опфатени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој се наоѓа во Австралија, како и бизнисмените Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, за кои претходно постоеја сомнежи за ...
Голема градежна офанзива се одвива со силна динамика во Скопје-Север каде во тек е реконструкција улица Боро Менков, една од најголемите и најзначајните улици во населбата. Првиот крак од улицата е завршен и се работи на вториот крак, а реконструкцијата ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки како и паралелните паркинзи. Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски информира дека се реконструира и фасадата на општинското основно ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски ја посети Катерина, жртва на семејно насилство и самохрана мајка која со своите три деца и очувот живее во оскудни услови за живот и донираше хуманитарна помош за семејството. На овој начин Стефковски започна хуманитарна акција и ги повика општествено одговорните компании и хуманите луѓе, да ѝ помогнат на Катерина и нејзините деца со разни донации да ги пребродат тешките животни ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, не поднел оставка, туку користи боледување поради здравствени проблеми и дека во моментов општината има законски избран заменик-градоначалник кој времено ги извршува надлежностите. „Поради одредени здравствени проблеми… Иако имаше такви политички глодари кои излегоа и се ситеа на здравствената состојба на тој човек. Јас нема да ги коментирам тие ...
По последниот случај последниот случај со физичко насилство во основното улилиште „25 Мај“ во Ченто каде со остар предмет беше прободен 15-годишен ученик, министерката за образование и наука Весна Јаневска апелираше до родителите да посветат внимание на своите деца. – Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам ...
Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека со шок и неверување ја слушнал вчерашната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење корупција и криминал да ја запре истрагата за случајот околу набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“, во кој беа обвинети 13 лица меѓу кои газдите на „Пуцко петрол“, Ратко Капушевски од РКМ и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски поради немање докази за незаконски активности. Мицкоски рече дека АД ЕСМ ќе вложи ...
Доналд Трамп, за време на патувањето кон Пекинг, најави дека од кинескиот претседател Си Џинпинг ќе побара „отворање“ на Кина за американските компании. Тој со себе ги води директорите на најголемите технилошки и ИТ компании. Се очекува Трамп и Си да разговараат за продолжување на царинското примирје меѓу двете светски сили, за Тајван и за војната со Иран. Ова е прва посета на американски претседател на Кина од 2017 година, кога исто така ...
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Казем Гарибабади порача дека Техеран нема да прифати договор што го третира како „предавање“, туку бара траен прекин на војната, укинување на санкциите и надомест за штетите. Тој изјави дека нивните барања се „минимални услови“ за сериозен и одржлив договор, а тоа се траен прекин на војната, укинување на санкциите и компензација за воените штети. Ројтерс, повикувајќи се на иранската агенција ...
Откако во јавноста се појавија информации дека во скопската населба Козле било пронајдено животно за кое се тврдеше дека е волк, од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) велат дека тие воопшто не биле официјално известени за случајот.Од АХВ посочуваат дека според првичните информации не станува збор за волк, туку за куче кое е чипирано, а неговиот сопственик веќе го бара назад. Според објавите на социјалните мрежи кучето си има и име – ...
„Кога организираната криминална група ВМРО-ЗНАМ почнува да зборува „бугарофили“ за СДСМ, тоа е класичен случај на проекција, најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија се наоѓа токму во нивните редови. Максим Димитриевски, колаборационистот, нашол да зборува за СДСМ? Човекот кој за пари ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи. Човекот чие здружение се распаѓа затоа што ги измами и предаде и своите колеги“, ...
„До нас пристигнаа вознемирувачки сведоштва од пациенти кои со години се лекуваат на Клиника за хематологија, а кои укажуваат на целосен колапс на на оваа јавна здравствена установа. Клиниката се соочува со недостиг од терапии, како и со недостиг од најосновни медицински материјали“, реагираа денеска од Левица. Според сведоштвата на пациентите, кои ги пренесува партија, директорката произволно кратела терапии спротивно на медицинските ...
Македонската ракометна репрезентација ги финишира своите подготовки за претстојниот двомечот со Словачка во рамките на квалификациите за Светското првенство (СП) в година во Германија. Денеска заминува за Прешов, каде што утре (19 часот) ќе го игра првиот бараж-меч во модерната „Татран Арена“ со капацитет од 3.870 седишта, додека реваншот е в недела (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Црвено-жолтите досега играа на девет светски ...
Бугарија доби нова влада, но реториката кон Македонија остана старата – негаторска. Последната средба меѓу министрите за надворешни работи само го потврди тоа, придружена со ново понижување од Софија. Бугарската министерка, иако добро знае кои сме ние Македонците, без задршка го употребила терминот „северномакедонски партнери”. Македонскиот министер Тимчо Муцунски реагираше остро дека овој термин е неприфатлив и навредлив за македонскиот ...
Во руските напади врз Дњепропетровската област извршени синоќа загинаа осум лица, а најмалку единаесет се повредени. Руските сили во текот на денот извршиле околу 30 напади врз три окрузи во регионот. Во Криви Рих загинаа две лица, а меѓу повредените има и деветмесечно бебе, додека еден маж е во критична состојба. Во Синелниковскиот округ загинаа шест лица во неколку населени места, а повеќе лица се ранети. Напади беа регистрирани и во ...
Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Општина Чаир ќе останат без електрична енергија. Според најавата, прекинот ќе трае од 07:30 до 13:30 часот, а без струја ќе бидат дел од корисниците во Старата скопска чаршија, поточно на улиците „Покриена Чаршија“ и „Самарџиска“. Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности до завршување на интервенцијата. Од ...