11 лица загинаа, а 48 се повредени утрово во две одделни верижни судири на автопатот Тракија во кои учествувале над 50 возила, објави бугарскиот премиер Румен Радев кој поради несреќата ги откажа сите најавени активности освен средбата со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во Варна. Првата пријава за сообраќајна несреќа пристигнала утрово околу 7:10 часот за правецот кон Бургас, додека втората неколку минути подоцна за лентата кон ...

Македонската атлетичарка Ева Митевска оствари историски пласман на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако се пласираше во финалето на трката на 100 метри во конкуренција до 18 години и го освои осмото место. Митевска во полуфиналната трка забележа време од 12,58 секунди, со што го освои четвртото место и обезбеди место меѓу деветте најдобри атлетичарки на натпреварувањето. Во финалето македонската репрезентативка постигна уште ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одржа проштална средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која беа разгледани резултатите од досегашното партнерство и проектите реализирани со поддршка на организацијата. Тошковски му се заблагодарил на Вал за неговиот ангажман и придонес во унапредувањето на соработката со Министерството за внатрешни работи, особено во процесите поврзани со модернизацијата на ...

Повеќе скопски населби и улици денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа. Според информациите од Центарот за управување со кризи, прекини во снабдувањето ќе има во делови од општините Гази Баба и Чаир, како и во населеното место Ржаничино во општина Петровец. Првиот прекин е најавен во периодот од 8:30 до 11:30 часот, кога без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „Среќко ...

Руски и украински претставници денеска и утре ќе одржат дводневни разговори во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, со посредство на Соединетите Американски Држави. Ова ќе бидат првите директни преговори меѓу двете страни од февруари годинава. Средбите доаѓаат само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност за постигнување поширок мировен договор кој, покрај ставање крај на војната во Украина, би ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, каде што учествува на деветтото издание на Парискиот мировен форум – меѓународен собир посветен на глобалниот мир, безбедност и мултилатералната соработка. Во рамки на посетата, претседателката денеска ќе присуствува на свеченото отворање на форумот, кој годинава се одржува под мотото „Здружување на силите за она што е најважно“. Сиљановска-Давкова ќе се ...

Собранието денеска повторно ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за нивно прогласување. Законот повторно се најде пред пратениците во рамки на 129. пленарна седница. За законските измени се поднесени вкупно 2.158 амандмани. Најголемиот дел се предложени од опозициската СДСМ, додека владејачкото мнозинство поднесе еден амандман со кој ...

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц смета дека светот во следната деценија значително ќе се промени, посочувајќи дека актуелните случувања во Франција и Германија се показател за големите политички и општествени предизвици со кои се соочува Европа. Говорејќи на панел-дискусијата „C3 Business Talk“, Курц оцени дека протестите во Франција се последица на погрешни миграциски политики, при што, според него, голем број млади луѓе ...

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 11 и 15 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер од ...

Вторник, 10 ноември, според астролошките толкувања, носи поволна енергија за три хороскопски знаци. Влијанието на Венера и Марс се поврзува со подобра проценка, внимателно носење одлуки и можност за позитивен напредок. Астролозите сметаат дека овој период може да им помогне на одредени знаци полесно да ја согледаат ситуацијата во која се наоѓаат и да направат избори што ќе им донесат подобри резултати. Сепак, многу ќе зависи од нивниот ...

Русија и Украина во неформалните дипломатски контакти покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијалните прашања пред новата рунда мировни преговори во Абу Даби, тврди висок американски претставник запознаен со текот на подготовките. Според претставникот, кој за Ројтерс зборувал под услов на анонимност, за првпат од почетокот на војната се забележуваат сигнали дека Москва покажува реална подготвеност за ставање крај на ...

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, предизвикувајќи штети на земјоделски насади, приватен имот и јавни површини, како и сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот. Поради состојбата, градоначалникот Сашко Митовски побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. На прес-конференција, Митовски изјави дека барањето е донесено врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, кој оценил ...

Неколку куќи во близина на Бит-пазар во Скопје попладнево беа зафатени од пожар, кој по брзата интервенција на противпожарните екипи е ставен под контрола. Командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томески, информира дека во пожарот нема повредени, а причинета е само материјална штета. Според него, огнот најпрво избувнал на покривот на една двокатна куќа, по што поради непосредната близина на објектите се проширил и на делови од ...

Најмалку 16 лица загинаа, а 14 се повредени во тешка експлозија што се случи во фабриката за железо и челик „Хабаш“ во округот Алиага, во турската провинција Измир. Трагедијата ја потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по седницата на Владата, додека од канцеларијата на гувернерот соопштија дека експлозијата се случила во понеделникот наутро. Според првичните информации, несреќата настанала откако попуштил мостовски кран, кој паднал ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре ќе престојува во работна посета на Литванија, каде што ќе присуствува на отворањето на новата македонска амбасада во Вилнус. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека свеченото отворање на амбасадата претставува значаен чекор во зајакнувањето на дипломатското присуство на Македонија и во продлабочувањето на билатералните односи со ...

Водата од скопскиот водоснабдителен систем е безбедна за пиење, покажале најновите лабораториски анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Од претпријатието информираат дека денеска екипите на секторот Санитарна контрола извршиле земање примероци од повеќе точки низ градот. Вкупно биле анализирани 44 примероци од водоводната мрежа, меѓу кои и еден примерок од бунарскиот потег Нерези. Резултатите од испитувањата ...

Пет лица, меѓу кои и еден 16-годишен малолетник, се приведени во полициски акции спроведени вчера и денеска на повеќе локации во Скопје, откако кај нив биле пронајдени наркотични материи. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Ј. (33), М.Ј. (19), Н.У. (43), сите од Скопје, 16-годишен малолетник од селото Визбегово и С.П. (38) од општина Сарај. При извршените контроли ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека нема да се овозможи полагање на целиот правосуден испит на албански јазик, туку решението што ќе биде доставено на владина седница ќе содржи два дела. Според него, студентите ќе можат делот од испитот поврзан со нивните додипломски студии да го полагаат на јазикот на кој го завршиле високото образование односно на албански, турски и англиски јазик. Од друга страна, делот од правосудниот испит ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 7,00 ден/лит и новите цени се 86 односно 88 денари по литар. Дизелот се намалува за 5,5 денари и новата цена за литар е 94,50 денари, додека цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 6,50 ...

Со новите правила за одобрување боледување кои ќе почнат да се применуваат од 1 декември, се скратува периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми од досегашните седум на пет дена. За продолжување ќе бидат потребни дополнителни испитувања или специјалистички прегледи, во зависност од здравствената состојба на пациентот. Матичните лекари и натаму ќе можат да одобруваат отсуство до 15 дена, ...

За измените на Законот за јавни набавки, за кои претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот, се поднесени се 2158 амандмани. Владејачкото мнозинство има поднесено амандман во согласност со укажувањата на претседателката со којшто ќе бара бришење на спорниот член 13 од измените. Останатите амандмани се поднесени најмногу од СДСМ. Законот е ставен на дневен ред на пленараната седница закажана за утре. Поврзани вести: МОЖЕБИ ...

Граѓаните на Општина Гази Баба активно се вклучуваат во креирањето на општинскиот буџет и преку буџетски форуми ги предлагаат проектите и потребите кои треба да бидат приоритет во наредната година. Преку процесот на граѓански дијалог, жителите имаат можност директно да ги споделат своите идеи, предлози и проблеми, со цел тие да бидат земени предвид при планирањето на буџетските средства. Општината посочува дека ваквиот пристап овозможува ...

Четириесет и петгодишен жител на Кичево е приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла материјали за кои постои сомнение дека се поврзани со недозволена трговија со дрога. Како што информираат од МВР, претресот бил извршен на 8 ноември со судска наредба, а бил спроведен од страна на криминалистичката полиција при Одделението за внатрешни работи Кичево. При претресот биле пронајдени бела прашкаста материја и фолии со траги ...

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во периодот од 1 до 8 ноември 2026 година отстрани 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Од претпријатието информираат дека возилата биле отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, како дел од активностите за справување со неправилното паркирање на територијата на Општина Центар. Од ПОЦ посочуваат дека за трајно решавање на проблемот со ...

Денешното рочиште за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје е одложено поради здравствени причини на судијката Снежана Марковска. Од Судот информираа дека продолжението на судскиот процес е презакажано за 25 ноември. На последното одржано рочиште, на 5 октомври, во фокусот беше вештачењето на Владимир Даниловски, ангажиран од одбраната, кое се однесуваше на терапиите што им биле давани на пациентите на Клиниката за онкологија. ...

Грчките власти утрово пронајдоа 12 безживотни тела на брод со мигранти што пловел јужно од островот Крит, соопшти грчката крајбрежна стража. Според информациите, товарен брод кој поминувал низ областа успеал да спаси 18 лица од истиот брод и да ги предаде на надлежните служби. Пловилото било пронајдено на околу 28 километри јужно од Крит. Засега нема информации за идентитетот на загинатите, ниту за причините и околностите под кои дошло до ...

Магистралниот пат А-3, на делницата Ресен – Прилеп, кај населбата Баир во Битола, од утрово е затворен за сообраќај во двата правци. Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека прекинот е воведен од 08:05 часот, но засега нема детали за причината поради која е затворена патната делница, ниту информација кога се очекува повторно воспоставување на сообраќајот. Од АМСМ додаваат дека на останатите државни патишта сообраќајот се ...

Жителите на дел од Општина Карпош денеска од 09:00 часот ќе останат без водоснабдување поради интервенција на водоводната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека без вода ќе бидат корисниците од улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“. Прекинот во водоснабдувањето е поради санирање на затварач (шибер) Ф80 милиметри на раскрсницата меѓу улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“. Од претпријатието ...

Возачите во Македонија денеска ќе дознаат дали од полноќ ќе има промена на цените на горивата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се очекува да ја донесе новата одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, со што ќе стане јасно дали бензините и дизелот ќе поскапат, ќе поевтинат или ќе останат на сегашното ниво. Според одлуката што е во сила од 3 ноември, малопродажните цени се: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 93 денари за литар ...

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде поизразен. Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Според најавите на синоптичарите, од вторник следува постепена стабилизација на времето и пораст на дневните ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
8.23
60%
1021
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.0
68%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
3.09
79%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
9.77
59%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
8.25
70%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Тирана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
39%
1020
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.71
92%
1013
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
8.23
68%
1022
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
95%
1012
Currency

61.691

Currency

56.202

Currency

73.671

Currency

37.347

Currency

39.239

Currency

66.875

Currency

8.428

Currency

0.68592

Currency

0.35329

Currency

0.52416

Currency

1.1114

Currency

0.60622

Калај

41.34

Платина

42213.93

Злато

116266.74

Родиум

287749.18

Рутениум

59478.88

Алуминиум

2.84

Паладиум

28164.05

Кобалт

33.53

Иридиум

326330.08

Сребро

1355.97

Бакар

11.01

Цинк

3.67