Русија и Украина ги интензивираат подготовките за една од најголемите размени на воени заробеници од почетокот на војната, а според досегашните информации, во неа би можеле да бидат опфатени најмалку 1.000 лица. Украинскиот народен правобранител Дмитро Лубинец соопшти дека разговарал со руската народна правобранителка Јана Лантратова за подготовките и начинот на реализација на најавената размена. Во објава на Телеграм, Лубинец наведе дека ...
Народните правобранители на Русија и на Украина, Дмитро Лубинец и Јана Лантратова, разговарале за подготовки и начинот на спроведување на најавената голема размена на воени заробеници меѓу двете земји. Според објавата на Лубинец на платформата Телеграм, Лантратова потврдила дека во размената ќе бидат опфатени најмалку илјада лица. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно неделава изјави дека Киев и Москва разговараат за размена ...
Јана Лантратова, претставник за човекови права во Руската Федерација, изјави дека од почетокот на Специјалната воена операција се реализирани 66 размени на заробеници со Украина, при што се вратени повеќе од 8.000 луѓе. „Нашата институција учествува во напорите за обезбедување на враќање на луѓето од заробеништво. Од почетокот на Специјалната воена операција се спроведени 66 размени, преку кои повеќе од 8.000 луѓе се вратија дома“, рече ...

