Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, ...

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа. Оваа промена повторно го отвора прашањето: што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ?, прашуваат од СДСМ. „Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност ...

Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација., велат од СДСМ. „Европската Унија не бара промена на Изборниот законик по мерка на една партија. ЕУ бара кредибилни, фер и транспарентни избори, независно судство и борба против корупцијата. Токму тоа е она што ВМРО-ОКГ со години го блокира. Иако подобрувањето на изборното законодавство е дел од пошироката реформска агенда, конкретните ...

По четиридневна потрага, Александар Лазаров – Цуна, кој избега од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и повторно приведен. Според достапните информации, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што полициски службеници го лишиле од слобода, со што е ставен крај на потрагата по него. Иако по неговото бегство беше распишана и меѓународна потерница, тој бил пронајден на територијата на Македонија. Лазаров претходно беше приведен ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе ...

Д-р Борче Серафимовски синоќа беше избран за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, а по тој повод пристигнаа бројни честитки и пораки за успешен мандат. Од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија истакнаа дека неговото именување претставува признание за долгогодишната професионална работа, посветеност и придонес во развојот на земјоделскиот сектор, оценувајќи дека станува збор за кадар со знаење, искуство и ...

Македонскиот шампион Вардар беше на чекор до голем подвиг, но по драматичен натпревар и продолженија беше елиминиран од финскиот КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ успеаја да ја анулираат негативата од првиот натпревар (0:2), откако во регуларниот дел славеа со 2:0. Омерaгиќ во 59. минута го отвори резултатот, а длабоко во судиското продолжение Закариќ беше сигурен од белата точка за израмнување на ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со делегација на Универзитетот „Мајка Тереза“, на која беа договорени следните чекори за соработка во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“. Првиот резултат од оваа соработка е организирањето на Летната школа за пливање, наменета за деца на возраст од 5 до 10 години. Наставата ќе биде бесплатна и ќе се одржува на базенот во Чаир, под водство на професори и ...

Голема тага го обви селото Ињево и пошироката околина по веста дека прерано почина нивниот млад сограѓанин Стојанче Костадинов, кој ја загуби најтешката битка – битката за својот живот. Во изминатиот период, голем број хумани луѓе, компании и институции се обединија во обид да му помогнат, собирајќи донации за неговото лекување во приватна болница. За жал, и покрај огромната поддршка, надежта не успеа да стане реалност. Неговото заминување ...

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“ упати јавно сочувство до семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Бангкок, Тајланд, изразувајќи длабока солидарност со нивната болка. Во своето обраќање, од Здружението истакнуваат дека како семејства кои ја преживеале најголемата човечка трагедија – загубата на дете, брат, сестра или најблизок член од семејството во пожар во објект за забава – добро ја разбираат тежината на ваквата болка ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 ...

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе ...

„Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат“, напиша Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи. „Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека ...

На денешната седница за разгледување на амандманите на Предлог-ребалансот на Буџетот, парламентарното мнозинство ги одби двата амандмани на пратеничката група на Левица со кои се бараше обезбедување дополнителни средства за воспоставување кризни центри за жртви на сексуално насилство, како и за изградба на шелтер-центри и советувалишта за жртви на семејно насилство. Образложувајќи го амандманот со кој Левица предложи 30 милиони денари за ...

Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата ...

Шест нови судии во Апелациониот суд Штип и една судијка во Вишиот управен суд избра Судскиот совет на денешната 549-та седница. Меѓу избраните е и поранешниот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, кој е избран за судија во Апелациониот суд Штип. Советот донесе одлука за избор на вкупно шест судии во Апелациониот суд Штип – тројца во граѓанската и тројца во кривичната област. Во граѓанската област избрани се Маја Џорлева, Александар ...

На Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се одржа меѓународна работилница посветена на испитувањето на аромите во храната и пијалаците. На работилницата учествуваат домашни и странски предавачи и учесници од повеќе европски држави. Според професорот Зоран Поповски, изборот работилницата да се одржи во Штип е резултат на активното учество на Универзитетот „Гоце Делчев“ во европските COST акции. ,,Значењето е во ...

Водата за пиење во Општина Зрновци не е безбедна за употреба. Последните анализи на Центарот за јавно здравје Кочани покажале дека таа не одговара како вода за пиење, поради што надлежните препорачуваат да не се користи за пиење на целата територија на општината. Од КЈП „Водна Кула“ информираат дека ќе спроведат хиперхлорирање и чистење на секундарната водоводна мрежа. До добивање на нови резултати што ќе ја потврдат исправноста на водата, ...

Избрана е фирмата што ќе ги адаптира просториите во текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“, каде што ќе биде отворен Центар за рехабилитација на деца и младинци со попреченост. Според градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, центарот ќе обезбедува дневен престој и поддршка за повеќе од 40 лица со попреченост. „Од она кое што очекувам дека во наредниот период ќе се реализира е практично до крајот на оваа година да бидат завршени ...

Турците повторно ја преплавија Македонија. Само во мај, повеќе од 34 илјади туристи од Турција ја посетиле земјава, што ги прави убедливо најбројни меѓу странските гости. По нив следуваат туристите од Германија, со 9.578 посети, Србија со 7.605 и Бугарија со 4.858 туристи. Вкупно, во мај годинава, во Македонија престојувале 131.723 туристи, кои оствариле 236.727 ноќевања. Најголем дел од гостите биле странци – 81 процент, додека домашните ...

Да се избегне шетањето на кучињата во периодот кога температурите се екстремно високи, да им се дава доволно вода и лесна храна, и да се заштитат од крлежи и болви, се препораките на докторот по ветеринарна медицина, Зоран Божиков од Штип во текот на летото. Тој упатува апел и до сите сточари, да не пуштаат на паша животните во текот на високи температурите, како и да им даваат исто доволн овода. ,,Па, да секако, значи да се избегнува шетање ...

Православните верници денеска го одбележуваат празникот на Светите бесребреници Козма и Дамјан Римски – лекари, чудотворци и маченици, кои во христијанската традиција се почитуваат како заштитници на здравјето и лекарската професија. Според преданието, светите браќа бесплатно ги лекувале болните и им помагале на луѓето, без да бараат материјална награда, поради што биле наречени „бесребреници“. Нивниот живот останал симбол на милосрдието, ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Присуството на Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Република Северна Македонија и Француската Република. По тој ...

На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава. До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа општината ќе распише јавна набавка за еден ...

Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, велат од „Вреди“ Според нив, тоа е уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност. „Не случајно „Вреди“ го прашуваше Бујар Османи дали и зошто се среќавал со Груевски во Будимпешта? Заедничкиот содржател на трајна врска меѓу Ахмети и Груевски се нивните гревови. Албанскиот народ и две години после ...

Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања. Го немаше да дискутира во Собрание ниту вчера, ниту викендов, ниту пак се јави ...

„Никој не му се плаши на Христијан Мицкоски. Навредите се доказ за неговата слабост и неспособност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека навредите на Мицкоски за опозициските пратеници не е израз на политичка сила, туку слабост. „Кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието. Вчера направи хаос за да ја прикрие ...

Во јавноста денес се пласираат наслови дека Мицкоски се извинил за инцидентите во Собранието (неалудирајќи на оние коишто самиот ги стори и предизвика). Но, само неколку минути пред тоа, од собраниската говорница, Мицкоски лично одржа говор исполнет со лаги, навреди, омаловажувања, лични дисквалификации кон пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, и повторно ги вмешаа семејните прилики на Мециновиќ, велат од Левица. „Најпоразителен е контрастот. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
3.85
22%
1013
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
37%
1014
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.37
38%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
5.17
31%
1014
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.69
28%
1015
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
2.68
42%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.71
40%
1011
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.7
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.87
20%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
31%
1016
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 36ᴼ
1.79
29%
1015
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.17
57%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3279

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Платина

52855.83

Злато

129943.67

Сребро

1853.71

Бакар

13.08

Цинк

0.00

Калај

54.92

Паладиум

40381.34

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.19