Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Градскиот стадион во Штип во периодот што следува ќе добие значително подобрен изглед и услови за следење на спортски натпревари и други настани кои би се организирале, со изградба на преостанатите три трибини. Како што истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, веќе се изработува основен проект за изградба на трибините, со кои значително ќе се зголеми капацитетот на стадионот. Планот е Градскиот стадион да има капацитет над ...
Одбојкарскиот клуб Младост УГД од Штип, кој се натпреварува во Првата женска лига го комплетира стручниот штаб, но работи активно на екипирање и на ростерот за новата сезона 2026/2027. Клубот од градот под Исарот ја продолжи соработката со тренерот Кристина Лазаровска, од каде посочуваат дека нејзината професионалност и посветеност претставуваат значаен дел од стручниот штаб и од континуираниот развој на клубот. Лазаровска има големо искуство ...
По повод 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила, во Општина Ѓорче Петров на локации каде се наоѓаат спомен-обележјата денеска беше одржана комеморација. Со највисоки почести беше одбележан споменот на хероите кои во 2001 година ги положија своите животи, бранејќи ја татковината, мирот и слободата. На настанот присутни беа делегација од општината предводена од градоначалникот Александар ...
По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност – долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце. Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо. Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите – искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и ...
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ја претстави новата дигитална платформа „Пратеници.мк“, која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и организациите на граѓанското општество полесен пристап до отворените податоци за работата на Собранието. „Интерактивниот панел ги претвора сложените и технички формати на собраниските отворени податоци во прегледни и лесно пребарливи информации. Корисниците можат да ги ...
На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањето од СДСМ дека на вчерашниот концерт за 35 години независност било прикажано погрешно македонско знаме. „Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори ...
Министерството за култура и туризам, среде летната сезона, објавува оглас за вработување на двајца посебни советници во Кабинетот на министерот – еден советник за правни работи и еден советник за култура. Рокот за пријавување е само три дена. Министерството, кое и без тоа располага со 17 државни советници, највисокиот ранг во администрацијата, сега има потреба и од дополнителни кабинетски советници со основна нето-плата од 60.000 денари. За ...
Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита од топлото време за лицата над 65 години. Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Зошто? Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица ...
Денеска се навршуваат 25 години од масакрот кај месноста Љуботенски бачила, каде беа убиени осум македонски бранители, припадници на резервниот состав на Армијата. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица ...
Сè уште нема обвинение против Артан Груби иако ВМРО-ДПМНЕ уште во февруари кажа дека судскиот процес за Груби ќе почне наскоро, обвинија од Левица. „Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани денес остана куп партиска хартија и еден спектакуларен автогол – токму Груби, ...
На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, обвинија од СДСМ. „Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога ...
Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката за трауматологија, Игор Мерџаноски. Иако вчера имал покачена температура, анализите покажале дека нема присуство на инфекции и дека реакцијата најверојатно е последица на транспортот и оперативниот зафат. Виталните параметри се добри, започнато е хранење преку уста и физикална терапија. Мерџаноски укажа дека ваквите ...
Шкендија стигна до голема победа од 0:2 против Вардар во натпреварот од второто коло на Првата македонска фудбалска лига, одигран на Националната арена „Тодор Проески“. По мирното прво полувреме без голови, во кое двете екипи не успеаја да создадат посериозна предност, вториот дел донесе сосема поинаква слика на теренот. Шкендија тргна поофанзивно, а притисокот вроди со плод во 52. минута. Тамба ја затресе мрежата на Вардар за 0:1 и го донесе ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Наместо да добиеме одговор дали Артан Груби ја трампа својата слобода за мрачните тајни на ДУИ, денес сме сведоци на нов обид за пренасочување на вниманието на јавноста. ДУИ крева галама за документите во Владата, а фактите ѝ ја расипуваат приказната. Токму Артан Груби, додека беше прв вицепремиер, потпишувал службени одлуки само на македонски јазик. Потписот му стои таму, црно на бело, реагира Влен на објавата на ДУИ. „Животот во опозиција ...
Црн биланс од сообраќајот во изминатото деноноќие. На територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 15 лица поради сомнение дека сториле кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик. Најголем дел од случаите се поврзани со управување возило без возачка дозвола. Осум лица биле затекнати без дозвола, меѓу кои и четворица малолетници. Четири лица управувале под дејство ...
Убави и емотивни моменти во Општата болница во Кочани. Само за два дена, на Гинеколошко-акушерското одделение по природен пат на свет дојдоа седум бебиња – четири машки и три женски. Информацијата ја сподели директорката на Општа болница Кочани, Катерина Мирчовска, која посочи дека ова е уште една убава вест за болницата и за целиот регион. Особено радува фактот што сите седум породувања биле по природен пат, а кочанското породилиште повторно ...
19-годишен жител на Кочани е лишен од слобода откако неговата поранешна 18-годишна партнерка пријавила дека без нејзина согласност направил и споделувал експлицитни фотографии и видеа. Како што информираат од полицијата, на 8 август во 21:40 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М. (19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна партнерка од виничко. Според пријавеното, во периодот од 30 јули ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, објави видео по повод 35 години македонска независност. „Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук. Во видеото се прикажани некои од најзначајните моменти и личности во историјата на независна Македонија, а главен лик во видеото е Игор Џамбазов. Текстот (Видео) Мицкоски објави видео за 35 години независност: Издвоени најзначајните моменти и личности во независна Македонија е превземен од ...
Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата, обвини Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „Повторно на мета се познатите штипски ‘Печурки’. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат. Затоа прашуваме: Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите семејства? Дали како ...
Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава, вели Кети Штерјова од СДСМ. „Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија“. Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда. ...
Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А одговорност од власта досега нема од никого, изјави Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото. Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека дека водата може да се користи па потоа дека има бактерии, а ...
Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат ...
Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот. Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце. „Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење со ...
Православните верници денеска, 9 август, го празнуваат Светиот великомаченик Пантелејмон, познат како голем исцелител и чудотворец. Празникот се одбележува на 27 јули по стариот календар. Свети Пантелејмон бил роден во Никомидија, од мајка христијанка по име Евула и татко незнабожец Евсторгиј. Уште како млад ја изучил лекарската наука, а подоцна, благодарение на свештеникот Ермолај, ја примил христијанската вера и бил крстен. Според житието, ...
Речиси една година записниците од владините седници не се објавуваат на албански јазик, обвинија од ДУИ. „Последниот записник објавен на албански јазик е од 19 септември 2025 година. Оттогаш се одржани 83 седници на Владата, а записниците од нив сè уште ги нема во албанската верзија на официјалната веб-страница. Станува збор за официјална документација на највисокиот орган на извршната власт и за период од 11 месеци. Толкав број необјавени ...
Младата и талентирана пејачка Ангела Илиевска, која го освои првото место на натпреварот „Балкански ковер таленти“, го претстави својот нов музички проект насловен „Лето е“. Станува збор за песна во која Илиевска вложила многу љубов, емоција и посветеност, со желба таа да стане дел од најубавите летни моменти на публиката. „Ова е нашиот омилен хит“, се пее во песната, а Ангела се надева дека овие стихови ќе станат реалност и дека „Лето е“ ќе ...
Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%, забрзува растот на туризмот и Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се ...
Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога. Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на ...